Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.291
    Допаѓања:
    28.046
    знаеш за што ми е најмногу коментарот? за тие што свесно земаат минималец за да даваат помалку пари кон државата, а се први за користење услуги и кога е непортребно. да, секогаш сум in favor за социјална држава, ама кога секој ќе плаќа на целата сума која ја заработува. а кај нас, само се бараат начини да се изигра системот.
    Не зборам за лица кои заработуваат мимималец, туку за тие кои заработубаат повеќе од мене и тебе заедно, а не даваат ништо во купот.
    Убаво пиша, државата треба да го реши тоа. ама некако не го решава, туку им дава уште и ваучери за куои домашно кои пак, јас и ти ги плаќаме.
     
    На Bezimenka90, LejlaD, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    Ти одговорив.

    Не смеам да протестирам ниту штрајкувам во моментов.
    А и те како имам причина, повеќе од една.

    Имаат сите, ама сега се' се сведува на тегнење ластици со надредени и министерство.

    Во пракса си никој и ништо, па биди и професор на медицински ако сакаш, веќе објаснив дека нашево здравство толку недомаќински се користи и лошо менаџира, што расипан апарат е дури само капка во океан.
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    И за работникот е подобро цела плата да зема Кукле. Поголема пензија има после, има се свои предности (освен за оние "татковците" што молат да ги пишат на минималец за да плаќаат помалку алиментација).
    Тоа што работниците се плаќаат на црно е одлука на работодавецот и поддржано од државата, оти државата да сака ќе си го реши тој проблем. Очигледно на сите им одговара. Знам вработени што немаат к-15 земено годинава, а фирмиве им се утепаа од работа. Уште и пријавен работодавец, и шо дека...
    Државата треба да постапува ако сака да се решат такви проблеми. А ние имаме држава што за ништо не постапува, јбг...
    И да, ко што реков претходно, не е тоа темата.
     
    На cresa-jagoda, VDT2906, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.291
    Допаѓања:
    28.046
    не зборев за ренген секако
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    Нема, ќе не казнат дисциплински, ќе поднесат пријави... мојот штрајк денес (кој мора синдикат да го организира инаку, а секако дека не го организира оти е противзаконски) е еднакво на дезертерство.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Смееш-смееш.
    И јас реков:
    Не можат сите доктори и медицински лица да ги уапсат, ако сите протестираат.
    Ок.

    Владата: Не
    Медицински лица: Не
    Синдикат: Не
    Народот: Не

    Ами кој?
    Цацко? :D

    Одбивам да прифатам дека нешто е 'безнадежно' и 'непроменливо'.

    Ако тргавме сите со таа премиса, уште ќе живеевме во пештери и ќе ловевме срни по шумите.
     
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.773
    Пол:
    Женски
    Да кампирате? Кој? Можеби и да излезат во поголем број на народ а уствари нема да излезат оти секој оди на работа, гледа фамилија и деца, има обврски, не може да излезе на ова лошо време и да сака да кампира или стои пред влада. Значи и да сака и да има желба, а и кој ќе илезе? Сите се борат со времето, со 24 часа во текот на денот да излезат на крај со деца со работа со ручеци со садеви и обврски, ако не па да остават се и да кампираат 1 месец на пример? Не е нормално ниту има логика, ниту ќе излезе оти имаат многу поважни работи од седење пред влада и кампирање.
    И она дека ќе се дигне цел народ да излезе да кампира да протестира како не па ќе излезе секој еден се бори со своето време и проблеми.
    Не е толку лесно тоа што ти го зборуваш, уствари ич не е лесно.

    И за ова народот е крив?

    Еве по фб на социјални мрежи колку само коментираат и се жалат? На анкети на интервјуа? Власта мислеш не чита и не слуша што се треба да се смени и колку народот е назадоволен и се мачи? Мислеш не читаат и не знаат .... ама.... се знаат вајлд јасно им е, исто така знаат многу добро дека никок ништо не иж може очигледно, се краде, корупции на сите страни... решението треба да е од корен.... народот на гласањето треба са покаже дека не фунционира.... а и уствари секој си е веќе научен да фунционира како што фунционирало и пред 10 15 години, секој за себе си се снаоѓа како може и умее...
    Ќе излезе некој ќе кампира со денови.. секој еден си има свои проблеми и обврски и глава не може да дигне од свои проблеми...
     
    На BloodElf, LejlaD, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Владата има своја вина, која фино се транслатира во: Апсолутна неодговорност и необезбедување услови за работа - кои се во нивна надлежност, како и отсуство на правна држава.

    Ама и народот има вина.
    Ако сакаш да живееш во заедница, треба да имаш чувство за заедница и да сносиш лична одговорност кон заедницата.

    Ако не, стварно нема смисла да се нарекуваме 'цивилизирани'

    Племенските заедници се поцивилизирани од нас... по нашата дефиниција за 'цивилизација'
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Вајлд, што придонесуваш ти на ова општество? Кое чувство на заедница го имаш и кој е твојот придонес освен кажување на форуми кој-како треба да прави?
     
    На Discovery, BloodElf, orevokrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    Па истото не го кажав?
    Ама нели, зависи што си и колку лично те засега :)

    Пошто работам во болница, еве сакам бе на 2 недели лаб да правам, колку ќе ја коштам државата годишно беспотребно?

    Ама ЈАС сакам.
    Пошто работам во болница ќе ми судиш.
    Да бев рандом хипохондрик ќе речеше - си има мака, треба да користи.

    И пак да повторам, ова е ситница во сите глупости, како на пример прво и основно менаџерите на тие пари што не ги менаџираат; до најобичниот надничар што користи бесплатно здравство, заработува и не придонесува.

    Свест - само со казни и сносење одговорност, реперкусии за секоја постапка. Од министер - до пациент.

    Така се учи заедништво, солидарност, памет, разум.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.857
    Допаѓања:
    41.170
    Пол:
    Женски
    Како да протестираат сите медицински лица? За пациентите кој ќе се грижи?
     
    На cresa-jagoda и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    Некогаш луѓето не сфаќаат колку е специфично штрајкувањето во здравство (пожарна, полиција).
    Не може да не работиш.
    Затоа и не' дриблаат колку сакаат.
    И кога протестираме работиме.
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.397
    Вајлдка има идеи, сега и да прави нешто бараш??? Ццц...се да се очекувало од само еден човек значи....:!:
     
    На BloodElf, senjorita-v, le.soleil и 2 други им се допаѓа ова.
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.601
    Допаѓања:
    63.231
    Пол:
    Женски
    Не е етички воопшто да протестираат докторите со неработење. Затоа што доктор не е човек кој само прави диши диши, туку е цела гранка во која спаѓаат луѓе на ургентно, луѓе на онкологија кои третираат пациенти со незамисливи болки, гинекологија, кардиологија што во секој момент се справува со луѓе со инфаркти и многу други да не ги редам.

    Не можам да замислам гинеколог да си излезе на протест а ваму има жена што ако не се породи може многу лесно да резултира со два смртни случаи и на мајката и на детето. Значи нема логика во тоа барање, ниту е етички, ниту пак може добро да излезе од тоа.

    Конкретно мајка ми работи со ковид пациенти секој ден. Еден ден да соблече мантил може за некого да е фатално, вирусов дава претешки клинички слики кај индивидуи и ако не се реагира толку е.

    Е сега тоа што не можат да излезат на протест не значи дека се заспани. И го имаме дискутирано тоа пред некое време дека апелираат, специјализантите цело време ги притискаат министрите, бараат, се водат цело време дискусии и цело време имаат барања кон министерството за здравство.

    Резултат на спиењето на инситутциите резултира со најмасивно исселување во таа бранша. Имав постирано статистика колку лекари во 2019 и 2020 заминале од тука и беше коса да ти се исправи. Тоа е најголемото црвено знаме и најголемата "казна".

    Ќе се сетат колку е лош одливот на мозоци, само касно ќе е. Многу.
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, Doozy и 15 други им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.792
    Допаѓања:
    145.347
    Власта, и таа и претходната, и секоја, се свесни за се. Само помили им се парите во џеб, неголи да ги инвестираат таму каде што треба.
    Кај нас зјае нова , цела болница и баш сите пред избори ја отвараат. А никој вистински да ја среди. Ама важно, при цело ново крило, зграда цела, неотоврено, се издига модуларна болница.
    Ама пари треба да се перат.
    Жално е.
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, Doozy и 12 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.899
    Допаѓања:
    18.781
    Пол:
    Женски
    Па работодавците се криви, не конкретно тие што земаат минималец а на рака им го даваат на рака.
    Решението е да дадат отказ ама веќе нареден ден ке бидат заменети со нов работник кој ке се согласи на се само да работи.
    Во држава со ограничени можности, најмалку се виновни вработените.
     
  18. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    6.221
    Здравствен сектор не може да ги затвори вратите и да излезе на штрајк.

    Никогаш не било и нема ни да биде.

    Може да не возат автобуси низ градот, ама да стои доктор дури некој умира пред него, едноставно се коси со сите морални, човечки, етички, физички и секакви закони. Било кој да види човек во невоља ќе му помогне, а не доктор кој чувствува морална обврска.

    И кога се протестира надвор, што гледате на тв, тоа е пола саат-саат, во меѓувреме цело време има луѓе кои ја покриваат цела работа.

    А тоа што викате нема апарати за притисок, верувајте е поголема нервоза за докторите отколку за пациентите, зошто тие параметри му помагаат на докторот да знае што да прави со пациентот. И има многу што сами си купуваат и ги носат на работа, па ги снемува и така во круг, ама не можеш до бескрај да даваш од свој џеб.

    За заштитна опрема во време на пандемија пак нејќам ни да почнам да зборувам!
    Па никој не излезе да рече не работиме, немаме N95ки и ракавици.

    Така да, се слагам, имаат.
     
    На cresa-jagoda, BloodElf, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Имаше штрајкови во здравство, по саат време на паркингот кај хирургија, пред министерство. Имаше и контра штрајкови да не се заборави:) Се е тоа симболично за да се искаже незадоволство, барања итн...Само што дејноста не смее да запре.
     
    На cresa-jagoda и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Машки
    Порака до ВАС, мои сограѓани, соселани, жители на оваа држава, па и пошироко, како и да е. 101320265_10222308802769477_3197523634847481856_n.jpg
     
    На bicycle и Fifi84 им се допаѓа ова.