Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.440
    Допаѓања:
    90.821
    Пол:
    Женски
    Реинфекции нема,туку ослабен имунитет со долг пост ковид компликации.
    Дури и кај оние кај кои година помина,а сега имаат болни дома,не се заразија.

    Погледнете ги општините кои гореа лани.
    А пр.Општина Теарце,Боговиње.беа првите каде што сите беа болни лани,сега се стабилни.
    Мислам не ни треба уште паника од реинфекции.
    Ноем/дек беше хорор.Ќе помине и ова сега ,па ќе смири ваљда конечно.
     
    На Kitten, fana, JoyJoy и 9 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    Точно, ама народ на пример е тој што прави свадби, крштевки, мекици, кафенца, комшилуци, дреме пред кооперација, не може да диши па не носи маска, се збира по канцеларии на кафе, оди по журки, не верува у корона... итн.

    Епа кога сакаа по дома да влагаат за НГ, нели уставни права ќе беа кршени?
    А ако соберам дома 20 души и славам роденден, чие право на живот кршам?

    Дека и полицијава дреме, и дека државава врска нема со ефективни мерки е вистина, ама не може државата за уши да тегне секој поединец без 2 грама свест во него.

    Секако, убаво е времето, нема зошто да не излегуваме на воздух, и не, ниту во парк, ниту во шума ќе се заразиме, посебно ако држиме дистанца.

    Ама жива сила нема да ме убеди дека свадби, мекици, крштевки, веридби и не знам што веќе се ок, не се ок. А дома нели полиција не смее да ти влезе да ги разбрка :)
    Чаре за тоа?

    Јас лично бев на барем 5-6 места поканета до сега.

    А друга работа е што во С.Македонија е уште 19 век, па газдиве не можат да се навикнат на работа од дома, еден куп луѓе се на работа, без потреба никаква да се физички присутни.

    Битно државна админ дома е, за нив е опасно, другиве кој ги шиша.
     
    На mssuniquee, WildMk, fana и 25 други им се допаѓа ова.
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Многу ми се допаѓа ова што го напиша.
    Камо среќа да е вака Косми. :( :l:
     
    На Annath, LejlaD, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.900
    Допаѓања:
    18.784
    Пол:
    Женски
    Само што се вративме од шетање, казни лепат како ке стигнат.
    Зошто е потребна маска на отворено, кога ни на 2 метри не се доближивме до други?
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    Не мора, ама треба.
    Апсолутно секој што работи администрација (каква било и во било која приватна или државна институција) може да работи од дома.
    Исклучок сме здравствена админ. иако не би требало да бидеме, затоа што има начин да се изведе се' ова без да сме сите комплет физички присутни.

    На пример доста често матични се јавуваат, праќаат резултати, ние од овде пишуваме терапија, нема зошто пациент за хронична терапија да се матка по болници. За ова да го направам не морам да сум физички присутна. Буквално 90% од документите можат и на маил да се праќаат, уште не можам да разберам зошто некој физички треба да дојде за резултати од лаб на пример, или за отпусно писмо, потврда за помагало... тоа се хронични работи, дур е жив нема да се смени состојбата.


    Не можеме се' од дома да работиме, ама апсолутно нема потреба да сме сите на куп, можеме да се поделиме. Ама, ама, овие проблеми постоеа и пред короната, па за обичен печат луѓе се малтретираат од Гевгелија до Скопје, кога истото треба да можеме ел. да испратиме.

    Е таа мувла не можеше да се реши во сред пандемија, затоа сега сите сме на куп, а и незаразен од корона има фини шанси да се зарази во болнички ходник додека беспотребно се мафта ради бирократија, а не болест.

    Ама другиве па, кај што немаат никаква потреба од физичко присуство, еве не разбирам што бараат напикани по канцеларии.
     
    На WildMk, Annath, Biljarkata и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    31.238
    Пол:
    Женски
    Оти немаат мозок ете затоа. Веројатно ја ископирале мерката од некаде. Полесно и попрегледно им е кога нештото важи за сите. Ако седнам на клупа надвор сама и немам маска ќе ме казнат а у кафаната до мене сто души на затворено не се проблем. По идиотска мерка нема. Ниту пак е здраво со часови да лепиш некој партал за фаца и едвај воздух да земаш.
     
    На Nigredo Odor, orevokrsacka, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.900
    Допаѓања:
    18.784
    Пол:
    Женски
    Не ја ископирале, да налолнат буџет мораат. Нема смисла во природа да шеташ со маска. Излегуваш на воздух а носиш маска.
     
    На azelea и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.857
    Допаѓања:
    41.170
    Пол:
    Женски
    Зашто треба некаде да казнат.Во кафич каде нема ни 1 метар растојание не можат, па ајде на улица.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    Нема ништо нездраво во обична хируршка маска, ама дека ако држиш растојание не ти е потребна е вистина. Поглупа мерка амин.

    Ај на пазар нормално дека со маска треба, ама да пешачиш сама со маска?
     
    На WildMk, fana, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.900
    Допаѓања:
    18.784
    Пол:
    Женски
    Таму селективно казнуваат. Затворија некои локали со оправдување дека нема растојание на 1 маса, а други локали работат со полна пареа.
     
    На Angie1432 и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    Битно свадби без денсање може :D
    Оти ако не направиш свадба, исто како бракот да не е склучен.
     
    На WildMk, oblace1, SuperGirl24 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.365
    Допаѓања:
    190.324
    Сигурно? :?:
    Носење маска при контакт е минимизирање ризик, носење маска на отворено е идиотизам. Од светски размери е, ама идиотизам е.
    И ова не е само мое мислење, врвни пулмонози од земјава кајшто живеам го тврдат. Они врска немаат, политичарите се поумни;)
     
    На LejlaD, orevokrsacka, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    Се согласив за носење маска надвор чинам?
     
    На WildMk, LejlaD, MilaSs12 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    37.090
    Пол:
    Женски
    За маскиве и претходно е праен муабетот.
    Носење маска на отворено во сите ситуации е глупост невидена освен можеби на места каде има голема фрекфенција на луѓе како пазар, автобуски постојки, големи собири итн. Иако... не сум сигурна и за овие случаи оти нели ако циркулира воздухот, шанси за зараза се минимални. Ама нејсе...
    Едно време зборев и за едукација и дека истата недостасува од пресветиве надлежни, ми се смееја на форумов. Пак стојам на истиот став. Запнале маска, та маска. А каква, небитно, битно маска да е. Па, така кај нас најчесто се носат гаќа маски, со шалови се шетаат а тие проѕирни, проѕирни, со т'нки марами. Ама... небитно тоа, битно „заштитени„ се. А сега се виде дека баш не е сеедно каква маска се носи. Е, ова требаше на почетокот некој да седне и да им го каже на граѓаните. Јас уште во април / мај дигнав раце од нашиве и нивните препораки, па си следев сопствени, базирани на мои истражувања и совети од соодветни лица. И освен кн95, друга маска не носам.
    Е сега, и јас се заразив, ама тоа е најверојатно од ќерка ми од училиште. Имаат протоколи и таму, ама џабе изгледа, оти се повеќе заразени дечиња гледам и таму. Најверојатно за новиов сој треба голема дисциплина, нешто што дечињава го немаат.
     
    На Annath, azelea, Dandra и 3 други им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.900
    Допаѓања:
    18.784
    Пол:
    Женски
    А ако животот ти дава шанса да се предомислиш? Кумашинците три пати ја преместуваат, во мај финално ставаат потпис макар само ручек ке е во прашање.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  16. blackhorse20

    blackhorse20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    107
    Голем дел веќе знаат дека памучни маски не штитат, туку само хируршки и кн95. Ама не секој може нон-стоп да фрла пари за маски, особено што мораш не само во затворен простор да носиш, туку цело време дур си надвор.
    И јас носам памучна на улица оти кн95 ја чувам за поризични места.
    Маскава на отворено ти е нож со две острици.
    Носиш цело време, ама така и поретко ги менуваш и попрљави се маските.
     
  17. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Чинам дека ти беше таа што почна да ги наметнуваш маските на отворено во муабетов. Никој не зборува за маски на отворено, дури и ти кажуваат членките погоре дека се согласни со контрадикторноста кога е во прашање носење маски на отворено, а неносење маски во кафана. И ти кажуваме во неколку наврати дека тоа не е клучната проблематика, никој не го начна тоа како проблем во муабетот (освен ти), туку степенот на свесноста на народот и ти пак упорно за маските зборуваш.

    И сега уствари зборуваш за некаква си едукација дека требало, а немаш аргументи за твоите факти.
    Да, читајќи ги твоите постови во темава, дефинитивно треба едукација.

    Еве што има пишано Проф. Даниловски за маските во една од групите низ фејсбук:
    Ако ми дозволите, ќе се вмешам, по подолга пауза. [​IMG] Ова со маските е некако баш епидемиолошко прашање. „Британецот“ е околу 70 проценти позаразен. За заштита официјално се препорачува да се носи N95 (KN95) или нејзиниот еквивалент FFP2 или две маски (хируршки). Aко би се носела само eдна препорачана маска, таа би обезбедувала заштита од 95%. Но, само под услов правилно да се носи. Тоа значи, таа да дихтува добро на кожата на лицето, а металната прачка да биде цврсто стегната околу носот. Но, кај нас се продаваат само KN95. Тоа се кинески маски произведени според кинески стандарди, што подразбира дека се дизајнирани имајќи ги предвид антрополошките карактеристики на жолтата раса. А тие имаат во просек помали лица од нашите. Затоа, KN95 се помали од N95 и FFP2. Сте забележале сигурно дека кога ќе ставите KN95, како да сте ставиле детска маска... Овој (навидум неважен) факт може во голема мера да ја компромитира ефикасноста на маската! Едноставно, нема да „фитува“ како што треба - како да сте ја натакнале на „врвот на носот“... За да се надмине, колку толку, овој хендикеп, сметам дека е мудро да се носат исклучиво две маски, но не две хируршки, туку KN95 и врз неа хируршка. Зошто не обратно? Затоа што тогаш KN95 нема да се лепи директно на кожата на лицето, туку на ткаенината на хируршката маска. И тогаш, без добро дихтување, безбедноста се редуцира. Опцијата две хируршки маски ми изгледа премногу ризична. Освен тоа, мислам дека досегашната препорака за одржување дистанца од два метра, треба да се модифицира на три. Заради тоа што кај „британецот“ многу помал број вируси се потребни за предизвикување инфекција, во споредба со оригиналниот.

    Ако некој треба да го слушате кога е во прашање таа проблематика, тогаш тоа е Професорот.
     
    На CameliaMiller и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    37.090
    Пол:
    Женски
    Каква едукација ми треба мене? Од нашиве надлежни? Не фала.
    Јас доволно се едуцирав себе си од други, за мене релвантни извори.
    Ако добро помнам „дискусијава„ ја започнавме со тоа што ти единствено што правеше плукаше по сопствениот народ како биле неодговорни итн. Јас од друга страна реков дека нашиве пресвети надлежни се единстено одговорни за ситуацијава. Народот може да е неодговорен и секаков, ама затоа постојат закони, мерки (нормални и логични) и применување на истите.
    Е сега... тоа што ти ми го цитираш господинов погоре ништо не ми значи, оти тој до сега едно 100 пати се дематнираше себе си. Башка за маскиве муабетов му е датебогсачува. КН маски има од најразлични големини на пазаров, ама господинот очигледно не е запознан со ова.

    И за крај... не ми барај аргументи, факти, извори и слично. Ич, нема да се замарам и да ти докажувам тебе или било кому. Фактите се реалнава ситуација на терен. Толку!
    Тој што е заслепен и не сака реално да ги согледа фактите, за жал ништо и никакви факти не го просветлува.

    позз
     
  19. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Па дај бре да ги прочитаме сите твои докази кога е во прашање оваа проблематика. Зошто си таква и не сакаш да споделиш со нас нешто од твоите релевантни извори? Каков сограѓанин си ти човече? Ништо, ние што слушаме врвни доктори и стручњаци, изгледа живееме во заблуда.

    Настојувам да добијам линк од местата од кои се едуцираш. Ме интересира. Сакам да се едуцирам.
    Обично во недостаток на аргументи и докази, луѓето одбиваат да продолжат понатамошна дискусија. :)

    Реалната ситуација на терен се согласувам дека се аргументи (а не факти), но не ти оди баш во прилог. Статистичките податоци од бројот на новозаразени на дневно ниво и бројот на починати е се поголем!
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    Па само треба да се потпишат де, церемонија и за 3г може да има.
     
    На WildMk, LejlaD, MilaSs12 и 2 други им се допаѓа ова.