Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Кажав дека бев сестра и знам да боцкам, ако мора ќе боцкам.
    Но, не може од колешка докторка што учела средно гимназија да очекуваш да ти става инјекција. Затоа си има сестри и секаде си има докторот вработена мед сестра. Не знам што не ви е јасно од ова. Да мораше да знаат доктори да боцкаат само сестри средно што завршиле ќе примаа, а не со секое средно да се запишува медицина. Едноставно на докторот е друга работата и тоа е тоа, нема што да мешате струки и работа.
     
    На JoyJoy, Spidy, SkarletOHara и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.212
    Пол:
    Женски
    Точно, ама сето тоа се учи. Факт е дека има доктори што не знаат да стават инфузија или инекција, ама сметам дека е тоа грешка на системот. Мора да бидат оспособени за тоа.
    Јас сум стоматолог и освен анестезии не треба да боцкам друго? Ама ете, научив да ставам интрамускулни и поткожни инекции оти морам да го знам тоа, особено кога треба брза реакција, не можам секогаш да се надевам на сестрата. Е вени не знам да погодам, оти не сум имала потреба. Ама ќе научам и тоа ако е потребно. Сите можат тоа да го научат.
     
    На Kitten, Nigredo Odor, WildMk и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Муабетот е дека нема потреба да бараат доктори да ја работат работата на мед.сестра. Едноставно можат да бараат сестри. Посебно за нив знаеме колку невработени има, а овие обврски се по нивна струка, а и помал ќе е притисокот врз докторите.
    Само јас знам неколку што завршиле средно/дипломирале за сестра и или седат дома или работат по бутици. Тоа е веќе проблем на државата, не на докторите. Знаеме сега колку е тешко да влезеш на државно, барем од искуства на блиски личности..
     
    На oblace1, H.VAGA, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Па буквално последен пат боцкале на факултет евентуално, додека студирале општа медицина и тоа на почеток.
    Едноставно не е нешто што е пракса да го работат.

    Просечен 40 годишен специјалист последен пат боцкал пред 18 години отприлика.

    И не, доктор не може да биде сестра, освен ако не седне да учи за сестра.
    Различна професија се, иако потребна една на друга.

    Докторите не знаат сестринска работа, не знам од каде се претпоставкиве дека докторите се унапредени сестри :|

    И не дека не можат да научат, можат секако, ама сами по себе не работат сестринска работа, освен можеби матичните доктори, не знам.
     
    На WildMk, LSP, H.VAGA и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.212
    Пол:
    Женски
    Јасно, се сложувам. Ама некогаш во моментот мораш брзо да реагираат, ако нема сестра, докторот мора да биде спремен. Мене тоа ми беше поентата.

    Иначе дека има невработени, има. На дел од нив не им се дава шанса, ама поголемиот дел учат не зашто сакаат, оти немаат што друго да прават, и му го држат местото на некој што ќе го работи баш тоа за кое што учел. Не секој што запишал средно медицинско сака да го работи тоа. За жал.
    Јас познавам четворица што завршија средно медицинско колку да се рече дека завршиле средно, ги прашуваш дали им треба работа, ти велат не сакам да работам како сестра. Е, оти учеше за тоа?
     
    На Kitten, Nigredo Odor, KuklickaSk и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.212
    Пол:
    Женски
    Тоа според мене е грешка во системот. Ама дека е така, така е.
     
    На WildMk, Peperutce1115 и LejlaD им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Мора да работи како општ доктор 1 година за воопшто да запише специјализација.

    И тогаш кога ќе ја запише, пак првата година 90% ја поминува како општ доктор во ургентен, со сите видови пациенти и специјалисти, ако запишал пример неврохирургија, со буквално сите доктори на ургентен работат, дали бил притисок, инфаркт, шината нога, запушен катетер...
    Дур стигнат тие да работат САМО тоа што специјализираат, барем 2 години ќе работат свашта. Што и треба така да биде; не е нормално на ургентен да дојде некој со пневмонија, ама тој заборавил стетоскоп да користи. Прва помош и општа анамнеза секој од нив мора да знае.
     
    На Kitten, BloodElf, Peperutce1115 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Абе види, во САД јас бев изненадена што докторот те гледа кога ќе си чичка спремен.
    Сестра со стетоскоп, сестра боцка, сестра ехо користи, кај специјалист со фул документи само.
     
    На LejlaD и Annath им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    @Annath јас не сум ни мед.лице никакво, па знам многу и сестрински и докторски работи, нормално лимитирано и само онолку колку што сум "морала" да научам.

    И некогаш пар раце се од нужна потреба и сум ги понудила и се' било ок, ама па ете, јас не мислам дека така треба.

    Тоа било од човечки побуди кај мене, ама сметам дека секој треба да ја работи својата работа.

    Со коронава искрено постојано јас гледам резултати; а сериозно, можеби знам, ама, како е тоа исправно? Не сум доктор. Да, знам да препознаам кога мора доктор да дојде и да соблече скафандер, ама не е ок таа одговорност да се дава на лице нестручно во областа.

    И сега сите свашта работиме, а навистина тоа што треба е да се ВРАБОТИ кадар кој чмае по дома.
     
    На H.VAGA, SkarletOHara, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    И во Велика Британија е така. Сестрата на матичниот лекар дури и ПАП тест зема. Специјалист гледаш само ако приумреш. Во Германија па обратно беше. Таму се чудев која е работата на сестрата (ко фикус седеше до докторот и само помагаше). Докторката земаше крв од вена и се останато.
    Секоја земја своја приказна. Затоа треба организацијата на работата да се прилагоди на она што го имаме како кадар и начинот на кој нашето здравство функционира.
    Ама држи вода дека сме и ние како пациенти размазени. Ем не водиме сметка за сопствено здравје повеќето, ем сакаме све одма да се заврши. Во Велика Британија за матичен лекар се закажува недела дена унапред (дури и ако те боли уво акутно во моментов. Ако ептен те боли оди на ургентно па ќе добиеш приоритет 10 на скала од 1 до 10 зашто не ти тече крв во моментот). Во Германија чекавме на угретно 6 саати за дијагноза на дете што не можеше да стапне на нога. И никој не вика и не плука ни по систем ни по доктори. Да е кај нас онаа Менче Точи одма ќе се нацрташе пред болница и ќе имаше две истепани сестри и двајца лекари со пукнати глави. Едноставно такви сме, размазени, а „многу паметни“ и сезнајни.
     
    Последна измена: 17 март 2021
    На Kitten, LSP, KuklickaSk и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    6.221
    Оваа одлука е од лани.


    Кажи ми еден УЦ кој е хирушки, кој лечи притисок и инфаркт (и 8 септември се поделени хирушка од интерна амбуланта различни специјалности дежураат).

    Се препраќа на дежурниот интернист, односно специјализант од интернистичка гранка.

    @Annath и вие стоматолозите имате предмети од општа медицина и сте полагале, ама сте специјализирани за уста.
    Дали тоа значи дека и вие треба да бидете вклучени?
    Сега ќе ки кажеш дека не е исто и дека се учеле половично.
    Ама сте поминале и интерна и инфективно и рентген.
    Знаете и вие да прочитате крвна слика и ртг слика тогаш.
    Бујрум.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.861
    Допаѓања:
    41.192
    Пол:
    Женски
    Ако не знаеме тоа е грешка на факултетот.Не можам сама дома да си вежбам.
    Како и да е , до крај на 6та година се поминува сѐ и сешто од практична работа, во еден момент сигурно има средба и со основни работи како ставање инфузија и инекција.
    Само разликата е што некој што еднаш на вежби ставил игла, после 10 години нема баш пак да биде вешт, зашто како за сѐ си треба пракса така и за тоа...не е тука така брцни го пациентот и готово.Ако сакаш некој да научи, може секако, ама не можеш да очекуваш секој да биде однапред спремен.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  13. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.340
    Допаѓања:
    19.816
    Пол:
    Женски
    Јас пишав еднаш за специјализантите дека можат да работат да помагаат во ковид центрите, ме распнавте дека не можеле не знаеле... Мене ми е чудно искрено како доктор пример..кардио хирург да не знае да боцне, безразлика мускулно, венски, крв да извади.. канила да стави... Хирург што срце оперира, вади од човек што буквално го " воскреснува" да не знае да боцка. Не викам сега дека треба хирурзиве да работат во ковид центриве ама специајалистиве можат секако и плата да добиваат и да се осигурани.
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka и LejlaD им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.550
    Допаѓања:
    126.010
    Пол:
    Женски
    Затоа што они можеби знаат ама не боцкаат секој ден. Ако е така лесно ај сите да земеме сите дома шприцеви, да научиме и да се боцкаме у вена да си вадиме крв и да ги носиме во лабораторија. Дајте доста веќе, ако идат сите да работат во Ковид кој бре ќе ги лечи другите. Не е само ковид болест. Не ви биде очи што доктори од Нефро журки си правеа , ви боде кој специјалист каде работи. Си имаат таму кој каде треба да биде. Ако не ви одговра ајт сите волонтери па одите и пуштајте кислород ( затшто така е тоа божем вентил у кујна е па знаеме сите како и колку се пушта), одете бе.. Слободно. Еве скафандери јас ќе ви купам, одете сите вака ведри јадри да припомогнете.

    Ништо лично кон тебе само се надоврзувам на расправава.
     
    На LejlaD, JoyJoy и Autumn Love им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.212
    Пол:
    Женски
    Да, го учевме. Како што кажав, учевме и да распознаеме на слушалка бронхит, пневмонија, учевме како се ставаат стентови, како се прави бај пас. Реално, ако дојде нож до коска и стоматолози може да се вклучат, ама не како лекари.
    Во нормални услови секој треба да си ја работи својата работа. Ама пандемија со која се справува цел свет не се нормални услови. За тоа треба да биде подготвен медицинскиот персонал, без разлика во која област се. Не може еден дел од медицинарите да го понесе целиот товар, други да дремат.
     
    На Harper, cresa-jagoda, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    6.221
    Епа за мерење температура има персонал, тоа секој знае да го прави. И за боцкање има, за преглед има, фалат лекари кои ЛЕЧАТ.

    И јас може знам што е кариес или гингивит и да раскажам од почеток до крај, ама пациентот со болки е дојден да го реши забот, а не мене да ме слуша колку знам.

    А еден куп се без работа, зошто да не се вработат сите дипломирани лекари, сите со свежи знаења, па тие да ја прават тријажата, туку се фативте за постариве специјалисти дека требало да мерат температура или да слушаат, а реално слушалка не виделе 20 години.

    Јас стварно не знам толку да не ја разбирате поентата на муабетов или само колку во муабет да се најдете?

    Ова е моментот. Тој што стигнал за хоспитализација со полна плуќа, хирург ли ќе го лечи?

    За нови болнички кревети почнавме да се расправаме, кој ќе лечи такви пациенти за кои знаеме во каква клиничка состојба се, а не кој ќе чита лабораторија, оти реков више и лаици знаат да видат и да кажат колку е сериозна клиничката слика, а да не правиме муабет за доктори.

    И не се возбудувајте толку, секој доктор и да не знае да боцка, научува за еден ден. Па ни за толку.

    Ќе научиш феморалка или субклавија да боцкаш за еден ден, не инекција во кук.

    Ама секој треба да си ја работи својата работа за истата да тече побрзо, никој оддел не е без персонал оставен и секој си зема плата за својата работа (а во многу од случаите не ни чека доктор на сестра, ама нека ви биде муабетот).
     
    Последна измена: 17 март 2021
    На LejlaD, H.VAGA, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Само Св. Наум (стара градска) е скроз хируршки.

    Ама, мислам дека сега има специјализација ургентна медицина, значи ќе стане специјалист по ургентна медицина. Нема да може слепо црево да извади, ама ќе знае површинска рана да сошие, итн.

    Многу е лошо кај нас што се' уште се поделени, само специјализантите работат се' живо пошто се општи лекари. А треба да си постојат доктори што ќе бидат секогаш на Ургентен и тоа ќе им биде работа. Да пружи прва помош и испита пациент, па после да викне друг специјалист. Не мора да вика ортопед за ртг на зглоб пример, или интернист па тој ако се погоди кардиолог, ај ќе вика пулмолог итн.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Специјализантите помагаат во ковид центрите, барем оние што се вработени од болниците.

    Тие што приватно си плаќаат специјализација, што не само што денар не земаат а дежураат, што немаат ниту здравствено, што дур да почне да им тече стаж ќе имаат најмалку 32 години, извини, ама апсолутно нема што да бараат во ковид центар, освен ако имаат пари и за приватно после ковид да си лечат.
     
    На cresa-jagoda, LejlaD и Autumn Love им се допаѓа ова.
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.397
    Многу е гревно вака што целата вина се префрла на докторите/сестрите/специјализантите.
    И е правен тој муабет, доктор е доктор, сестра си е сестра. Не може да биде докторот и сестра и болничар и се. Никаде го нема тоа. За сестра има и ВЗШ што си учат посебни предмети и тоа е тоа. Нема ниедно медицинско лице што ова ќе ви го потврди пошто ви е исто како да е професорка на факултет и наставничка од прво до петто. Нема врска.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    Јас имам другар на приватна специјализација и добива пари од државава додека спцијализира. Не знам точно колку добива ама добива пари, ама дежурствата секој викенд се негови (дури и сега со пандемијава).
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.