Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    6.221
    Епа во Св.Наум ако му дојде инфаркт го праќа на Кардиологија на клиника, не го третира таму.
    Негде ни екг немаат во хирушка амбуланта, а не па до третман да дојдеме.
    Тоа е пропуст на системот, се слагам и јас, мора секој да знае да познае живото-загрозувачка состојба и да укаже помош.
    Ама ете, тие што ја менаџираат болницата рекле дека екг апарат нема потреба да има во хирушка амб.

    Има специјализација ургентна, ама уште не се излезени првите специјалисти.
    Убава е замислата, ама ко ќе дојде време нив да ги вработат ќе видиме дали ќе профункционира тој систем или ќе им биде губење време и пари за џабе.

    Работат и голем дел од приватните во ковид центри во Скопје.

    А за пошироката јавност вака сликовито да објаснам, тоа се оние доктори кои земаат месечен надоместок помал од просечна плата во Македонија и помал од овие сега дипломирани општи што ги распореди министерството по здравствени домови како стаж пред специјализација;

    дежураат без пари;

    немаат здравствено осигурување затоа што треба да го платат од џеб;

    плаќаат семестар 1600-1800€ годишно плус едкукации и книги.
     
    На LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.340
    Допаѓања:
    19.820
    Пол:
    Женски
    Можат барем да бидат во ковид амбулантите, мерење притисок, да ги слишнат на гради општо можат да прават. За докториве кој се поискусни со коронава да бидат повеќе на оделение да не трчаат горе доле ако има потреба од доктор при некоја интервенција. Секако пишав да бидат пријавени и платени како што треба.
     
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.397
    Е тоа... Нема кој да се шета и да прави милионски суми за патни трошоци.
    Баш оној ден даваа на тв на вести немаме поддршка од ЕУ пошто не сме исполниле вложување во здравството одредена сума. Дури на пола од што треба, исто како полани кога немаше Корона.
    Шта речи, а не заплакати. Само не знам каде душата ќе им оди.
     
    На LejlaD и VDT2906 им се допаѓа ова.
  4. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.340
    Допаѓања:
    19.820
    Пол:
    Женски
    Таман работа без пари да работат, пишав сите да бидат платени и пријавени.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Тие самите први се пријавија, секако - пријавени уредно.
    Еве една година ги лажат веќе.
     
    На LejlaD и Autumn Love им се допаѓа ова.
  6. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    6.221
    Епа еве не се, нити биле нити има расположение да бидат.

    И покрај тоа тие пак работат во здравствениот систем со ковид директно, а дел и индиректно со пациенти кои не направиле тест, па поради влошување на дишењето завршуваат на интерни клиники на кои ги прегледува баш тој специјализант кој нема здравствено осигурување. И после испаѓа ковид.

    Никој од нив не седи дома.

    Проблемот е на многу повисоко ниво, медицинскиот персонал е последно виновен.
     
    На LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Добива околу 20 000 денари, како "волонтер", односно колку дежурства ќе сработи.

    За цели денови во амбуланти, тој плаќа, државата денар не им дава. Башка се неосигурани.

    Иначе, знаете ли дека на сестрите што дежураа, до скоро саат им беше 5 денари?
     
    На LejlaD и Autumn Love им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.561
    Допаѓања:
    126.056
    Пол:
    Женски
    Болдот.. Брука!!
    Над 1200 денеска.. машала
     
    На LejlaD и VDT2906 им се допаѓа ова.
  9. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.340
    Допаѓања:
    19.820
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller @Autumn Love Тогаш до нашево никакво државче е ќе немаат за одмор до Мексико после. Ако е така јас на нивно место би се откажала. Еве сега дур го пишувам ова за специјализантите ќе има утре на утринска на Сител за оваа проблематика ќе дискутираат.
     
    На LejlaD, CameliaMiller и nena2010 им се допаѓа ова.
  10. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Ќе има ли измени со полициски час викендов?
     
  11. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    6.514
    Пол:
    Женски
    Не.
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.561
    Допаѓања:
    126.056
    Пол:
    Женски
    Аман падобранциве на темава за полициски час. Во рок од пола саат 4 брза помош помина накај 8ми септември.. Језа ми ствара звукот веќе..

    Во последните 24 часа се направени 4.094 тестирања, а регистрирани се 1.293 нови случаи на КОВИД-19 во:
    -Скопје 626
    -Прилеп 88
    -Велес 60
    -Гостивар, Кавадарци и Битола по 48
    -Тетово 46
    -Штип 41
    -Неготино 36
    -Охрид 34
    -Струмица 33
    -Куманово 28
    -Кочани 23
    -Радовиш 18
    -Гевгелија 17
    -Пробиштип 12
    -Валандово и Демир Капија по 11
    -Кичево 10
    -Делчево 9
    -Струга, Крива Паланка и Берово по 8
    -Крушево 6
    -Ресен 5
    -Богданци 4
    -Свети Николе 3
    -Дебар, Виница, Пехчево и Дојран по 1

    Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 49 – 90 години и тоа: 14 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2 и по едно починато лице се регистрира од Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и Пехчево. Дваесет и три пациенти се починати во болнички услови, додека едно лице е починато во домашни услови.

    Регистрирани се 339 оздравени пациенти од:
    -Скопје 220
    -Прилеп 25
    -Гевгелија 14
    -Тетово и Велес по 9
    -Куманово 8
    -Гостивар 7
    -Струмица 6
    -Крива Паланка и Богданци по 5
    -Штип и Битола по 4
    -Кичево, Берово и Демир Хисар по 3
    -Кавадарци, Кочани, Пробиштип и Виница по 2
    -Охрид, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш и Кратово по 1 лице

    Досега во земјата се направени вкупно 575.162 тестирања на Ковид-19.

    Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, а бројот на активни случаи изнесува 12.819.
     
  13. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Ајде не ме зезај. Еве јас сум со општа гимназија запишана на медицина. Мене би ми било срам утре да нема сестра во амбуланта, а јас да не знам да му ставам инекција на пациентот и да треба да ја чекам сестрата да дојде. Не е точно дека не нè учат. А и да ти се погоди пример таков асистент што нема да те научи, ти треба сама да сакаш да научиш баш заради горенаведените причини.

    Општ лекар неможе да не знае да земе анамнеза и да направи физикален преглед на пациент. Алфа и омега е тоа во медицината. Четврта, петта, шеста година само тоа се прави на вежби. Инспекција, палпација, аускултација и перкусија. Да чита крвна слика и екг, да направи преврска, да стави катетер. Со завршена општа медицина имаш положено интерна медицина, хирургија, инфективно, анестезиологија и ти мора да знаеш основни работи од овие предмети. Можеби специјалистите со текот на времето забораваат многу работи, ама основните нешта добар лекар никогаш нема да ги заборави без разлика на неговата специјалност.
     
    На Harper, cresa-jagoda, rainbowmama и 17 други им се допаѓа ова.
  14. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Само да не заборавиме дека не може сите доктори и сестри од цела Македонија и од сите одделенија да се пренасочат во Ковид центрите и да лечат само Ковид.
    Вирусов е присутен повеќе од една година, веќе една година знаеме како течат останатите интервенции. Само јас 2-3 пати сум вратена од болница со изговор дека ништо не функционира, се' било осврнато на корона вирусот.
    А вирусов нема да исчезне за скоро, значи не може уште 1-2 години да се лечи само корона и ништо друго. Мора да остане персонал и за лечење на други болести. Многу брзо може состојба за која сметаме дека не е итна да се влоши. А не пак ако чекаме со месеци.
    Сега тие што (фала богу) немаат друг здравствен проблем или па член на негова фамилија, ќе речат ама страшно е,се шири, пандемија е, умираат млади, крахира здравствениот систем - да, ама има и други состојби кои што бараат третман. И од други болести умираат, тешко на тие што им треба здравствена грижа моментално, или тие што имаат болен човек во фамилија.
    Дека треба помош на инфективна - треба.
    Јасно е дека најголемиот товар е на тие во Ковид центрите моментално. Ама пак ќе речам, тоа е пропуст на државата. Чисто се сомневам дека земаат плата според трудот, не плаќаат специјализанти и сл.
    А проблемов не е од сега, само сега испливаа на површина сите гадости во државава. Тие требаа да мислат порано, пред да замине сиот квалитетен кадар надвор од државава. Во ваква ситуација не можат магично да најдат персонал, и ќе враќаат пензионирани доктори што автоматски спаѓаат во ризична група, во ковид центри. Па и за помладите исто, сиот товар е на персонал што се брои на една рака. А да вработуваа како што треба, да даваа нормални плати и да не се чека за решение по 10 години, да не треба да трчаш по партија за да влезеш на државно, немаше да е до овој степен.
    Знам дека не се сите држави спремни за огромен наплив на пациенти за брзо време, ама кај нас апла е отидена во неповрат ситуацијава.
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, pilenka и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.886
    Пол:
    Машки
    Др. Кунгуловски за реинфекциите:


    За реинфекциите

    Во Македонија за реинфекција се смета втор позитивен резултат кај иста личност што се јавил барем три месеци после првиот позитивен резултат [колку што јас сум информиран]

    За да се потврди реинфекција со SARS-CoV-2 потребна е ригорозна наука, односно секвенционирање на вирусот од првиот пример и секвенционирање на вирусот од вториот примерок. Разлики во РНК секвенците може категорично да потврдат дека се работи за инфекција со различен вирус. Во Македонија нема таква студија, нема такви докази. Исто така во Македонија нема силно имуноевазивен сој, односно сој кој избегнува имуна реакција и последователно води до реинфекција (пр. Јужно-африкански).

    Поедноставното објаснување (Occam's razor) е дека овие таканаречени "реинфекции" може да бидат поради:

    1. Еден од тестовите бил лажно позитивен. На светско ниво околу 3-5% од сите позитивни тестови се лажно позитивни поради крос-расејување низ примероците (зборувам за акредитирани лаборатории, неизбежно е ова). Oва е најверојатното сценарио.

    2. Траги од истата инфекција којашто се случила пред неколку месеци (дури и кај пациенти што имале последователни негативни тестови после позитивниот). Ова е репортирано во светска литература многупати. Затоа препораките од сите сериозни агенции за лекови се да нема повторно PCR тестирање кај потврдени PCR позитивни случаи во наредните 6 месеци. Тие велат дека дури и кога има симптоми, прво треба да се бара друг предизвикувач на респираторна инфекција, па доколку истиот не се најде, повторно да се тестира за SARS-CoV-2. И ова сценарио е реално.

    Доколку се исклучат овие две точки, дури тогаш можеме да почнеме да размислуваме за реинфекции.

    Extraordinary claims require extraordinary evidence.
     
    На Kitten, 1209, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    90.973
    Пол:
    Женски
    Важно се истрчаа со податоци колку реинфекции имало без врска ,да стресуваат народ.
     
    На Kitten, LejlaD, Fifi84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    163
    Здраво на сите. Дали можеби некој има информација дали во поликлиника Јане Сандански се уште функционираат другите одделенија т.с. Ми треба одделот за редовни вакцини за бебиња.. Дека ми рекоа (од несигурни извори) дека ја направиле цела поликлиника како одделение за ковид вакцинација..
    Фала ви, поздрав
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.561
    Допаѓања:
    126.056
    Пол:
    Женски
    Јави се таму најубаво ќе ти кажат. Врти по телефони сите што се таму.
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    На JuLleE, LejlaD и duffi им се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.362
    Ама важно направија паника со нивните ,, испитувања,, .
    Па излезе оти има повеќе реинфекции у Мк неголи низ цел свет.
    Закон сме значи.
     
    На Kitten, Harper, TheDongerino и 8 други им се допаѓа ова.