Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.319
    Допаѓања:
    124.991
    Пол:
    Женски
    Е тоа е тоа. Ама ете есенцијално за живот е да се оди на кафе!! И после имаш А ве се пазевме не знам како фативме..
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, anastasijaki и 2 други им се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.590
    Допаѓања:
    63.034
    Пол:
    Женски
    Јас мразам насилство од се срце. Ама ако некој пред мене ми рече дека е само вируФче, има така да му ја залепам една, да го превртам. Каква сакате мислете ме.
     
    На dunika, mssuniquee, Jana06 и 18 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.319
    Допаѓања:
    124.991
    Пол:
    Женски
    На rainbowmama, butterfly6223, candy.cane и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.425
    Допаѓања:
    90.751
    Пол:
    Женски
    За 50 починати во еден ден одговорноста не може да ја носи народот!
     
    На Harper, Ivan4e04, DAngel и 21 други им се допаѓа ова.
  5. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    1.369
    Пол:
    Женски
    Да истресам што ми е на ум додека се уште го имам:

    Зошто имаме здравствен хаос? Затоа што касапот ни е министер за здравство. Се наоѓаме во време на светска пандемија каде сите држави побрзаа да набават вакцини како би можеле нивните економии да се отворат после цела година мачење. Ние сме сакале да видиме какви искуства ќе имаат другите, со кои вакцини ќе се зезнат, па после како главни фраери да набавиме од најбезбедните. Смешка беа колку пати најавуваа и никако да обезбедат вакцини. Едвам поклоните успеаја да ги примат, се некои документи им фалеа, па овие од Хонг Конг не им работи факсот, башка кинеска Нова година беше, русите не се во Нато и глупо е нивна да земеме, освен ако не е. Се колневме во Ковакс системот како да е лидер на партија.. .
    Прво ни соопштија дека AstraZeneca не се препорачува за лица над 55 години, сега велат не е за лица под 55 или 60 години. Прво Covid-19 предизвикуваше згрутчување на крвта, па сите набавија Clexane, сега вакцината на AstraZeneca предизвикува згрутчување. 15.000 Македонци се вакцинираа со истата вакцина. Касапот рече дека ревакцинација ќе има во Македонија. Помладите од 60 сега кај да одат? Во србија немаше условување, тука како ќе биде, преку матичен, преку мој термин, а доколку не сте осигуран? Сега војскава што е помлада од 60 години со која вакцина ќе ја вакцинирате? А полицијата што е под 60?
    На почетокот немојте маски, сега маски и на отворено, Ивермектин ќе ја реши, па никако Ивермектин. Пијте Sumamed, никако антибиотик за вирус. Растојание од 2м обавезно, освен во автобус, самопослуга, банка, шалтери. Никако седење заедно на маса и викање, освен ако седите во кафана и нема жива музика. Додека касапот сам себе си е контрадикторен, народ умира.
    А ние никако да разбереме дека е огромна среќа што постојат неколку вида на вакцини, бидејќи можеше да нема ниту една и ќе испоцркавме ко глувци. Никако да разбереме дека пола од нас немаше да бидат живи да прашуваа нашите родители што има во составот на секоја вакцина и да бираа дали им се допаѓа конзервансот употребен во вакцината. Некој спомна дека ќе беше ужасно да се појавеше пеницилинот во време на youtube, се сложувам. Ама сега се смени работата. Ковакс ни даде 24.000 дози од вакцината која никој ја нејќе или така кажаа дека е најефтина. Тоа што половина планета со неа се вакцинира не е важно. Важно е сепак, дека по конечната набавка можеше касапот да се одмори и со мотор да ја изора Македонија.
    Направивте избори лани за да можете итно и квалитетно да ја решавате кризата, но штом ве избравме веднаш отидовте на одмор, некако кризата падна за вас во втор план. После се вративте на работа од дома и ви беше чудно што еден куп народ кука дека е останат без работа. Наместо да смислите мерки кои ќе ги опфатат оние на кои навистина им е потребна помош, гладните големи фирми ги наполнивте, а на работниците им останаа сусамот. Промовиравте домашен туризам со фотографии од странство и со постери кои велеа дека не ви требаат туристички агенции за одмор, во исто време кога туристичките агенции останаа со 0 приход. Имавте цела година да стекнете искуство за хендлање на кризава и не научивте ништо. Најновава фора е најјака, многу раширен бил вирусот па нови мерки немало да дадат резултат...па да си чмаеме вака следниве 3 години некои од нас со забрана за работа, додека ви текне дека цели сектори од културата ќе ги изгубите засекогаш и неповратно, зборам за онаа култура која ќе ја чувавте и која е најтесно поврзана со идентитетот македонски кој постојано велите дека го браните. Јако го браните со најмал буџет за Култура.
    Македонија изгуби животи колку во 3 скопски земјотреси...И за земјотресот велиме дека бил катастрофален, а пандемијава ни е како настинка, не е катастрофална. Повеќето лидери на држави јавно се вакцинираа за да ја потврдат безбедноста на вакцините, нашиве мува не ги лази. Или не се вакцинираат бидејќи не веруваат во она што пробаат да го уверат сопствениот народ или веќе се вакцинирани, а заборавиле да ни кажат со која приоритетна група. Е затоа ни е хаос, затоа многумина не веруваат во вакцини, ниту во решенија и мерки, затоа што појма немате...и уште се критикуваат луѓето кои отишле на свој трошок во Србија за на српски трошок да се вакцинираат.
    Секако дека постојано има нови сознанија за вирусот и мутациите, за можни последици од новите вакцини, за калибрирање на мерки за заштита и тие информации се менуваат секојдневно. Се менуваат и во светот протоколите за третирање на заболените. Проблемот е што нови и контрадикторни мерки тотално паушално им се соопштуваат на народот и се губи доверба во системот кој го плаќаме за да не заштити. Секоја нова мерка или спротивно сознание мора внимателно да се соопшти и да се појасни за секој граѓанин да може да разбере. А да, оној типот што прво се журкаше во Мош на Цетковиќ, па откако убаво си помина реши да им забрани на музичарите да настапуваат, се уште се слика позади касапот на прес конференции. Ни тој нема срам, исто како министерот, па професионално супер соработуваат во корист на „сите“. Лани касапот рече: Нека протестираат музичарите пред инфективна, пред оние што најверојатно се заразиле на нивните настапи и свадби. Еве година дена како никого не сме заразиле, ама некако не се курчеше така кога лекарите од Нефрологија се журкаа кај Баба Цана, па ги заразија своите пациенти. Во неговото министерствување на родилка и собраа 3 органи, оперираат докторки без лиценца, ама мува не го лази...

    Народот е болен, сиромашен, без работа, очаен. Ги имаме сите потребни состојки за зголемен криминал во иднина, граѓанска непослушност, недоверба во здравствениот систем и државата. Ама секако нема да има потреба од полиција оти е многу проширен криминалот и нема потреба од возачки дозволи, оти и онака има многу сообраќајки, не мора филтри на загадувачите, и онака ни е загаден воздухот.
    ПР-от ви е топ за време на избори, а бос за кризен ПР или тие се супер, а вие не чините и не ги слушате нивните совети или сите политичари и нивниот ПР се супер, ама ние не чиниме. Јас лично знам дека многумина од нас не чинат, ама знам и за вас. Ојте си, срамота е вака да си ги прљате имињата кои ги носеле вашите претци и деца..оти на крај ќе останете сами. Секој нормален ќе проба да избега од казанов во кој не варите 30 години.

    Facebook post - Copy paste oд John IIija Apelgren
    Го прочитав се согласив 100 посто па да споделам
     
    На Sarence, Waverly Raven, Ivan4e04 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    Лошо стварно. Маж ми со 27 год, ни пушач ни ништо се колнев во него и неговиот имунитет па едвај глава извлече, на наодот дури му пишува Масовна пнеумонија на двете крила, дури и плукаше како крв од ксарелтото, 10кг ослаби за десет дена,хаос некого постар и со болести така да го фатеше немаше да преживее сигурно..
    А па, денес гледам дури венчавка со се гости си праеле едни познаници. Колку е без свест народов чудо едно..
     
    На dunika, Ivan4e04, emiliana и 22 други им се допаѓа ова.
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Абе и јас сум против насилство како @KateKane ама некои се да земеш да ги тепаш, тепаш дур памет не им дојде. Еднаш да броиш, сто стапа да им удриш. Да не веруваат дека постои Корона и да се однесуваат лабаво, а да го шират вирусот и да умираат луѓе, тоа е надвор од секој здрав разум и треба многу построги мерки. За нас само како во Кина, па после нека се жалат како им била скратена слободата и човековите права...
     
    На Ivan4e04, magnolija09, emiliana и 10 други им се допаѓа ова.
  9. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    @cresa-jagoda Маж ми не беше во изолација оти правел два теста, првиот негативен вториот позитивен, ама кај матичната стасало дека е нег.
    Кога дојдоа тетките на мм изненада да го видат загрижени као, па кога почнаа по него да го гушкаат, тој бега се лути тие “ајде бе тете вирус е само”:|:puke:Почна да им вика дека за нивно добро треба да се чуваат и се затвори во соба. Затоа, секакви луѓе има и затоа до оваа бројка стигнавме:(
     
    На noteforself, buba4e89, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.985
    Тоа едно, а друго што многу луѓе немаат избор.
    Иако можат да работат од дома, мораат физички да одат, па 8 саати во конфекција, канцелариичка итн напикани седат.

    Двајца познавам што се разболеа и починаа зошто на терен морало да одат двајца во кола, зборам за подалеку пат, иако носеле маски цело време... едниот беше болен, ќе речеш, другиот и здрав, и млад...
     
    На emiliana, cresa-jagoda, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Karamela12

    Karamela12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Ма,нема ова веќе “правило” дека постарите и хроночно болни најтешко минуваат.

    Лично познавам постар човек со астма,го прележаа ковидов еве го здрав и прав фала му на Бога,а и од блиска околина постар човек,физички активен,послаби симптоми,претходно прилично здрав и добро се држеше во рок од еден ипол ден отиде на најлошото.

    Како е судено така ни останува многу внимание и да се прележи со лесна слика.
     
    На cresa-jagoda, Ahoy и LejlaD им се допаѓа ова.
  12. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Си направија моите тест на антитела. Резултатите 0,00001 :D.
     
    На Waverly Raven, mal.ecka, emiliana и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Абе тоа со антителата... малку ми е :cash::cash::cash: 8-|

    Јас малку расчитав деновиве за антитела и одлучив дека нема да правам. Евентуално на Имунологија. :wasntme:

    Во ниедна друга земја не проверуваат антитела, а и од тоа што сфатив, резултатов може да биде различен од денес до утре. И да имаш високи антитела, буквално ништо не ти е гаранција дека тие нема да се „потрошат“ до утре.

    Ова не важи за вакцинираните :angel:

    Тако дааааа, t-cells се надевам нешто запамтиле, па за шест месеци вакцина, хир ај каммм, хир ај гоу :D
     
    На dunika, malerozna, mal.ecka и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Мајка ми имаше развиено бронхопневмонија. Ризична е, со корона пациенти работи. Се тестираше и негативна излезе. Не и се веруваше, мислеше дека е лажно негативен тестот. Затоа направи. Татко ми покрај неа. Инаку татко ми на сам почеток (кога вирусот беше во Кина) имаше тешка бронхопневмонија, ама најверојатно беше грип во прашање. Никој друг од нас не се зарази во двата случаи.

    Знаев дека немаме прележано. Ама ајде, си истераа ќејф. :D

    И според мене нема потреба од испитување антитела. Не знам, мене лично ништо не би ми значело. Можеби, евентуално за пред вакцинација, за да се направат приоритети. Баш читав, има медицински работници кои прележале, со висок титар на антитела се, искористиле вакцина и се вакцинирале. Од друга страна, има такви кои немаат прележано, немаат антитела и нема вакцина за нив.
     
    На emiliana, LejlaD и Doozy им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.985
    Последново, така е препораката. Т.е. секако да се вакцинираш, без оглед на ат. Никој од нас не ни проверуваше ат пред вакцина, ние бевме првата група и само беше важно во минати 3м да немаш прележано. Ако се пројдени 3м препорака беше да се вакцинираш секако.
     
    На mal.ecka, emiliana, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Знам дека е така. Ама кога веќе немаш вакцини, рационализирај. Домаќински распредели ги.
     
    На Ambrosia, saki13, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.785
    Допаѓања:
    141.961
    20210403_110841.jpg
     
    На mal.ecka, NPN, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.319
    Допаѓања:
    124.991
    Пол:
    Женски
    На темјанушка, Autumn Love, Waverly Raven и 9 други им се допаѓа ова.
  19. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    @Cka Ццц.. А на маж ми му понудиле да го хоспитализираат додуша, он сам потпишал и дошол дома. Дали дека е млад за него имало место.
    Од паника дека требало да лежи во болница и во Систина баравме тие одма не ме ни ислушаа ми рекоа “ Девојчеее немаме местоо”
    Он е мн задоволен од третманот во Ковид Центарот.:)
     
    Последна измена: 3 април 2021
    На dunika, Autumn Love, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.425
    Допаѓања:
    90.751
    Пол:
    Женски
    Игг антителата кои најчесто се испитуваат кај нас ,најбрзо и исчезнуваат со тек на време.
    Многу побитна анализа е Игг на спајк протеин.
    Познавам луѓе кај кои воопшто немаше игг антитела но на анализата на игг спајк протеин испадна дека имаат имунитет и тоа со високи бројки.
    Истава анализа се препорачува и за вакцинирани.
     
    На duffi, Doozy, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.