Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.363
    Допаѓања:
    198.028
    Нас обично 6 недели ни требаат, ама ако вика професорот:?:
    Кој е тој бтв?

    Не разбирам зошто доцна, како очекуваат да запре?
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.866
    Допаѓања:
    42.498
    Пол:
    Машки
    Доста истакнат професор на Техничкиот факултет во Битола, ептен прецизно ги прави анализиве.

    Секој ден точно ги предвидува бројкиве на позитивни :D
     
    На Peperutce1115, cresa-jagoda, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    38.011
    Пол:
    Женски
    Со колективен имунитет :D оти ваксајнс и така немаме :?:
    Навистина не ја гледам поентата на било каков локдаун кај нас. Толку е многу раширено што чиста среќа е ако некој не фати. Колку и да се пази, освен ако не е во целосна изолација без било какви контакти со надворешен свет :|
     
    На Doozy, KuklickaSk, IronLady и 3 други им се допаѓа ова.
  4. greenday

    greenday Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    28 години од Охрид.... имал/а претходни болести?
    Господ да ги прости сите, ужас...
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.712
    Допаѓања:
    121.987
    Пол:
    Женски
    Дијабет и проблеми со тироидна жлезда.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.363
    Допаѓања:
    198.028
    Мислам ова со претходни болести е веќе срамота и ирелевантно. НЕ МОЖЕ ковид да биде смртна причина, што направил тој ковид за да дојде до фатален исход. Па кога веќе се објавуваат имиња и дијагнози и конкретна причина треба и политичка и лекарска одговорност. Ова не е нор-мал-но.

    И како е тоа-толку е раширен вирусот што нема поента? Баш затоа што е раширен има поента. Нит има време да се прегледа, нит да се тестира, нит да се дијагностицира. Не е нормално ваква лабавост, сите на работа, сите на шопинг, сите по кафиќи. Ама маски се носеле на улица. Ма немој да ме ј***ш:@
     
    На Cherry333, Ambrosia, Peperutce1115 и 26 други им се допаѓа ова.
  7. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.849
    Пол:
    Женски
    Се согласувам и јас сметам дека сме пуштени кон колективен имунитет .Друго беше на почетокот,имаше ред пред маркети,во институции.Сега никаков ред ,ни во маркети,ни во банки службеничките без маски.Наутро кога одам и кога се враќам од работа гледам полицаец со маска,во раце носи тефтерче,тоа го носат кога казнат за маски.Покрај него си поминуваат минувачи без маски,него мува не го лази,очигледно тргнал по наредба на одредено место и гледа да одработи формално,ради реда.Се во оваа држава функционира ради реда.Што имаше К15 еден скеч со деца ,им викаат што правите? а тие еве си играме држава.Е така си играат овие наши политичари од како станавме држава,пишуваат закони што не се спроведуваат.Вечна да ни е!
     
    Последна измена: 4 април 2021
    На happygirl, Peperutce1115, emiliana и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Сега пандемијава коси по доминантно македонскиве средини. И, така ќе ги доутепа помалите градови економски и на секаков друг можен начин, затоа што во тие градови живее претежно старо население и смртноста и заразеноста ќе се зголемува.
     
  9. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.557
    Допаѓања:
    281.866
    Пол:
    Женски
    Не сме пуштени кон колективен имунитет туку кон колективен морталитет.
    Страмно и страшно.
    Барем децава да ги заштитеа...
     
    На Anne Boleyn, LejlaD, Peperutce1115 и 12 други им се допаѓа ова.
  10. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    20.158
    Пол:
    Женски
    Апсолутно си во право. Македонија наша мила е толку контрадикторна, значи стварно човек да не знае дали да се смее или плаче. На почеток толку строги мерки, ајде тогаш согласно неизвесност и незнаење како со нешто ново. Ама сега? Економска состојба разбирам, ама не разбирам тој што може да работи од дома, да оди во канцеларија, не разбирам кафичите да работат и внатре, па и надвор со начичкани маси. Не разбирам 100 луѓе да се бутаат во мало продавниче. Ништо, ќе си постигнат природен имунитет, а новиов сој не гледам дека ги поштедува младите. Или до што и да е.
    28-годишното момче. Не можам да опишам колку ми е жал. Дошло од Словенија да се грижи за болната мајка, а каква трагедија им се случи.
    Јас не ги сфаќам тие коморбидитети што ги навеле, дури мислам дека и погрешна порака се испраќа со објавувањето на тој факт. Како тоа да треба да не смири на било каков начин, дали за себеси да не се плашиме толку или ситуацијата со детето да не ја доживуваме толку трагично. Мн луѓе имаат проблеми со тироидна, мн луѓе имаат скриен шеќер, пред дијабет состојба, а не се свесни. Не знам што да речам. Тоа е како за мене да кажат дека имам коморбидитети зошто пијам терапија за покачен пролактин пример. А ниту тегоби, ниту симптоми сум имала.Реални да сме, ако е така сите може да имаме ризик фактор за којшто не сме свесни. Секако не ја знам ситуацијата детално и не ја знам неговата состојба колку била сериозна, ама мислам дека генерализираат малку. Има проблем со тироидна и проблем со тироидна. Исто има и проблем со шеќер и проблем со шеќер. Има луѓе кои земаат глукофаж и луѓе кои се боцкаат со инсулин. Ќе прочита некој помлад и ќе си рече, а па добро јас немам ништо, не сум во ризична ситуација, болно било детето. А знаете како велат, нема целосно здрави, само непроверени. Не сакам со ова да ги направам сите со здравствен проблем, далеку од тоа, напротив сакам да кажам дека јас оваа информација сметам дека е сосема нецелосна.
    Ако сакате да донирате или некако да помогнете еве што најдов на фб. Не знам дали ова е побарано од семејството или е иницирано од пријател на детето, ама еве ќе го споделам со вас.
    20210404_235507.jpg

     
    Последна измена: 5 април 2021
    На ForeverYoung, Nikolina35, Принцезичка1 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.110
    Допаѓања:
    165.927
    Проблемот е што лани додека траеше вонредната бизнисите открија дека е 21 век и дека се може да финкцонира електронски. Се опуштија и пак по старо е се.

    Воздржувајте се од се што ве става во искушение наредниов месец. Мора да се издржи.
    Се ежам кога гледам како се собрале за родендени, прашуваат за украсување на родендени, поддржуваат собиранки...
    Прееска еден познаник ставил слики 15 души млади кај него на роденден. Му искоментирав!
    За сечие добро е... сите имаат поводи, сите сакаат да се дружат, аман...воздржете се.
    Нема веќе прележано, непрележано, нема правила!

    Денес разбрав за уште еден згаснат млад живот..без болести претходни...
    Цитокинска бура може да го фати и најздравиот. Глупаво е веќе да мислиме на коморбидитети како предуслов.

    https://galama.website/2021/04/denis-jas-im-zemam-bris-a-tie-mi-velat-ma-nema-veze-ova/
     
    Последна измена: 5 април 2021
    На Elena69221, LejlaD, Anne Boleyn и 18 други им се допаѓа ова.
  12. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    20.158
    Пол:
    Женски
    Така е. Нема веќе ни прележано, ни непрележано, ама ние пример се гледаме само со еден пар, зошто се вакцинирани. И мислам, или барем се надевам дека тука нема ризик. Единствен контакт ни се тие нас, а дечкото има контакти на работа, ама е вакциниран, а плус и мн често го тестираат од на работа, за секој случај.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    Ми текна нешто.
    А да не чекате владата да изгласа некакви мерки, туку сами да прекинете контакти кои не се нужни?
    Еден месец од прилика, доста ќе биди.
     
    На noteforself, LejlaD, Mishela и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.363
    Допаѓања:
    198.028
    А што има врска нужни, не нужни? Дури работат кафани, за да работат, нели, треба луѓе да има, не ќе одиш сам во кафана... Тие шо можат да работат од дома, ваљда за инат ги тераат на работа... итн
    Кај нас едно време фабриките сами бараа да им дозволат да не работат, еј. (не им дозволија, пари на државата и требале)
    Ама ова во мк е као гледаш дека ќе напраиш судар, нит кочница на педал, нит рачна, сето во лер:tmi:
     
    На LejlaD, oblace1 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    Како нема врска?
    Со оние кои не мора да се гледаш, ќе издржиш еден месец да не се гледаш.
    Толку.
     
    На LejlaD, Peperutce1115, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.363
    Допаѓања:
    198.028
    Абе издржувам јас, да речеме моите, пензионери, цела година. Ама другите што одат на работа? Оди врзи тинејџер да не оди по кафичи. Дури е отворено, ќе оди- павлов ефект
     
    На LejlaD и oblace1 им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    Нема што да врзуваш некој.
    Реков: Сами да прекинете контакти.
    На тинејџерот сам да му текне, на мајка му сама да и текне, на татко му сам да му текне, на баба му сама да и текне итн итн

     
    На LejlaD и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  18. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.543
    Допаѓања:
    38.809
    Пол:
    Женски
    Кој ќе работи? :D
     
    На tina2018 и LejlaD им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.979
    Прво на работа ви текнува :D Ќе си одите на работа, кој работи рамо да рамо со колегата и си диши во врат? Не ми текнува, повеќето имаат дистанца и се што треба е маска да носат. За дружби се збори.
     
    На LejlaD, Peperutce1115, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    Реков: Контакти кои не се нужни

    ---------------------------------------

    Една реченица не мојте да ја прочитате
    Полека
     
    На LejlaD, Hellobeautiful, Peperutce1115 и 5 други им се допаѓа ова.