Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.554
    Допаѓања:
    37.401
    Пол:
    Женски
    Да така е Венко е крив што бројот на заразени ни е ист со некои држави со многу повеќе жители од нас.
    И Венко е крив што кај нас за секоја мерка на ограничување на движење може да се вришти како се огранучуваат човекови права. И што во некои градови никој маски ни во затворено не носи. Ги носат под нос или во џеб и ги ставаат ако видат Полиција во близина. Инаку не носат.
    До свеста е.
    Убаво мислиш им е во змеји каде што освен супермаркети ништо друго не работи. Ама не Венко ни е крив за се. Зашто секогаш е најлесно некој друг да е крив, а не ние самите.
     
    На Adi888, maaraa96, SuperGirl24 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Кој им одредува терапија на заразените од Ковид? Венко ако им пратил на сите матични еве лечете ги вака според овој метод повторно нема да е крив тој?
    Кој требаше да обезбеди вакцини навреме?
     
  3. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    Молам?! Да речеше на дете од 3 години да пробам да му објаснам, ќе разберев некако, ама на овие од 18-25г.нема потреба од објаснување. Треба сами да се свесни и одговорно да се однесуваат. Ај да ги заштитиме тие генерации со закон, нека си прават што сакаат оти требало да се мисли само на нивното здравје.:^)
    А, ние другите, што? Асоцијални сме, не мора да сме здрави, ние и за нив ќе издржиме, мора да носиме маски, дистанца, мора на работа да се оди, мајка ми мора по 12 сати да работи со ковид пациенти оти сакате газот да си го шетате и не можите без друштво во затворен простор.

    Има луѓе што цела година не се виделе со најблиските, а вие преку леб-погача барате.
    Еве и ние, дедо ми со месеци не сме го виделе. Брат ми неколку месеци од Ск нема дојдено. Контакти на минимум.
    Луѓето секојдневно се борат за живот, ама вас тоа не ве засега.
    Од сите држави, само кај нас е најлабаво. Кафичи, кафани,шопинзи...удри бригу на весеље. И тоа било малку.(facepalm) Во 21 век со сета достапна технологија |(
    Нормално дека на сите ни е смачено, ама ситуацијата е таква.
    После повеќе од 1 година ако не научивме, џабе е сѐ. :x
     
    На edna_malecka, noteforself, Ivan4e04 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.629
    Допаѓања:
    92.172
    Пол:
    Женски
    Венко е крив што поставена модуларна болница во еден град не работи зошто немаат набавено (сеуште) кислородни маски.
    Венко е крив што на време не ги нарача рускитe евакцини кои беа понудени на време,а со тоа ке почнеше вакцинацијата на време и немаше да дојдеме до ова сега.Не е народот крив.
     
    На Harper, noteforself, smooch и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.979
    И народот си има свој удел.
     
    На noteforself, smooch, le.soleil и 8 други им се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.554
    Допаѓања:
    37.401
    Пол:
    Женски
    А во Србија со вакцинирано население кој е крив што има толку заразени. Умрените не се споредуваат зашто кај нас се што е позитивно на Ковид во време на смрт се брои како починато од Ковид (дури и случаи на самоубиства имаше заведено на почеток). Во Италија што сеуште не може да се оправи кој е крив. Менталитетот на луѓето е дефинитивно. Не сме ние туак во Јужна Европа по почитување на мерки за дистанца или било какво почитување на мерки.
    И да имаме нешто што се вика надворешен локус на контрола. Се некој друг е крив.
    Сега е ете Венко крив, зашто никој лично не може да биде крив. Скраја било да кажам јас не почитувам мерки, одам по гости и слично. Кај нас одење на гости не се смета за прекршување мерки (тркнав до кај комшиката на кафе не се смета за страшно, а ако комшиката има КОВИД и јас дома го донесам пак Венко ќе биде крив).
    Дека на младите стварно им е битно една година од животот да не пропушат (а имаат толку мнгоу пред себе). Побитно е ум моментов јас убаво да си пројдам за утре не мислиме. И таков ни е менталитетот. Планирање ниво 0. Затоа сме и до тука. И немаме заедништво и солидарност. Никакво и за ништо. Од фрлање смет по улица до непочитување КОВИД мерки. Просто е.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Секој си гледа од сопствена преспектива како му одговара.
    На крај вие што ги пазите постарите-пензионерите браво за вас. Ама освен од контакт со член од вашето семејството вие да го заразите не гледам како некој Петко од Велес би го заразил.
     
  8. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Овде во Германија надвор скоро сите без маски а кафичите кога се отворени полни што народ ќе беше тоа.
     
  9. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    150000 народ пријавен за вакцинирање и голем дел се немат пријавено оти знаат дека ќе нема за нив вакцини.
    Со среќа нека ви се мерките :)
     
  10. sass

    sass Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2016
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    431
    Пол:
    Женски
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    42.982
    Пол:
    Женски
    Каква врска има тоа што јас го напишав со тоа што ти ми го враќаш?
    Прво изрелативизира со процентите и после се вадиш со тоа што пишуваш сосема трето.
     
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.629
    Допаѓања:
    92.172
    Пол:
    Женски
    Има.Ама не можат да се перат со народот.Вчера сретнавме албанска свадба кога поминавме низ Тетово,ниту еден сообраќаен полицаец не виде свадбарска колона возила?
     
    На Harper, noteforself, orevokrsacka и 10 други им се допаѓа ова.
  13. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Не може светски процент од 3% да не важи ништо. Упорно истото го пишувам барајте ја вината во здавствениот систем. Која е логиката во 200 држави да има 3-4% смртност во Македонија 7-8%? И само во Македонија да има најмногу млади починати тоа треба сериозно да се истражува и да сноси одговорност некој.
     
    На orevokrsacka, Brinetka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    Ете то е проблемот, што си гледате како ви одговара, од себичност.
    Не ја набљудуваме Месечината па да гледаме од различна перспектива. Ситуацијата е таква во цел свет, па ти ако сакаш и од Марс гледај ја. 8-| Проблемот е што не сакате да ја прифатите реалноста.
     
    На tinka-mace, nextredstyle, Ambrosia и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.866
    Допаѓања:
    42.498
    Пол:
    Машки
    Владата донесе нови мекри, а тоа се:
    1. Забрана и посебен режим на движење на граѓаните во временски период од 20 до 05 часот следниот ден, почнувајќи од 6 април до 20 април 2021 година;
    2. На граѓаните кои извршиле имунизација во центарите на вакцина, за временскиот период непосрено пред почетокот на забраната, им се дозволува враќање во своите живеалишта, врз основа на потврда за извршена вакцинација
    3. Забрана за посета на гости во сите угостителски објескти, и други објекти кои даваат угостителски услуги. Угостителските објекти може да работат на алтернативни начини: онлајн или телефонски нарачки, и да вршат нарачки самосотојно, или надвор од угостителскиот објект на пункт – штанд, почнувајќи од 7 април до 20 април. Исклучок се угостителките објекти на меѓународните аеродроми;
    4. Целосна забрана за посетители и гости во обложувалниците, односно работата да биде организирана на шалтер, штанд, пункт, односно да не работи угостителскиот објект, почнувајќи од среда 7 април, до 20 април;
    5. Целосна забрана на сите посетители и гости во сите вежбални, сали за вежбање и фитнес центри;
    6. Се забранува организирање на секаков вид семинари, работилници, курсеви почнувајќи од 6. април до 20 април;
    7. За време на забраната и посебниот режим на движење, сите граѓани кои живеат во станбени објекти, кои имаат домашни миленици, може да ги изнесуваат милениците од 22 до 23 часот.
     
    На noteforself, Kom.pot, Karamela12 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.363
    Допаѓања:
    198.025
    Јас се плашам и за нив, не само за постарите. Мислиш по години бира дали ќе ти се откачи тромб на пример? А 3 % на 1 милион колку е? И не ми расправајте дека нема милион народ да го помине, не знам што би се случило за да не го помине.
    И збориш за кафичи во Германија на отворено. Германија пола година има затворени кафичи, олабави 2 недели за Велигден, од утре пак ќе ги стегне Мути. Во мк недај боже да затвориш кафичи и теретани на 2 недели, јер нужни се за добробит и здравје на популација. Плаче времево за дружба на отворено, ама не, мора по дупки да се пикаат. Не знам како да ви се нацрта- не се пикајте во затворен простор.
     
    На noteforself, oblace1, Ivan4e04 и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    42.982
    Пол:
    Женски
    Изгледа не читаш убаво.Кај реков јас нешто чија е вината, дека здравствениот систем не е крив?Не ми се обраќај во множина, не мислиме тука сите исто.
    Тебе ти реплицирав зашто кажа како 3 проценти да се ништо и ти реков погледни ја реалноста и кој товар го имаат болниците.
     
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.325
    Допаѓања:
    17.895
    Пол:
    Женски
    Конечно им текна дека треба да се донесат мерки од кога почнаа да умираат по 50 души дневно. Ама нее требаше да се протурка попис по цена на овие животи. Касниме, многуу, а народов уште по сабајле се набутал по кафичи, абе како немаат грижа на совест на секоја минута свири сирената на брза помош. Целосен карантин треба, малку е ова.
     
    На noteforself, Reina.Gitana, koritsaki и 4 други им се допаѓа ова.
  19. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Се согласувам скоро во се ама еве кој сака нека побара смртност на лица 20-29 години во другите држави да спореди со Македонија.
    Еден податок памтам во Америка од голема бројка на студенти 100000+ мал број биле хоспитализирани но на крај немало ниту еден починат.
    Од друга страна Мкд секој 2-3 ден еден почнат на 20-29 годишна возраст да не набројувам па и за малку повозрасните. Стварно ми е мистерија како ги лечат младите дали не се замараат со нив или грешат многу при терапија не знам. Да беше нормална држава ќе се бараше виновникот но тоа е тоа затоа сме таму кај што сме.
     
    На orevokrsacka, Karamela12, deskarada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.194
    Допаѓања:
    40.564
    Пол:
    Женски
    Петко од Велес ќе ми го донесе мене на работа, а јас на моите. Појасно е сега зошто сите треба да сме внимателни?!
     
    На SuperGirl24 и Ambrosia им се допаѓа ова.