Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Не, немаше. Не сакаа ни инфузија да му дадат, еве вака најискрено. Им падна пред нозе.
     
  2. МалДух

    МалДух Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Тоа е страшно! Многу ми е жал што сте поминале низ тоа. Јас сакав да имам малку надеж дека не дескриминираат по старост ама изгледа нема човечност во земјава :(
     
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Татко ми не е многу стар. Напротив, 58 години направи годинава (ако тоа нешто значи). :)
     
  4. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Сакам одговор на прашањето зошто имаме застрашувачки број на починати лица од корона? Ова е најзагрижувачкото нешто во цело ова лудило, и барем на мене, не ми дава мир.
    Еве не мора подалеку, ја гледам Словенија, горе доле ист број на жители, ист број новозаразени на дневно ниво, ама... кај нив по 5-6 починати дневно, кај нас....ужас!
    Каде грешиме, во протоколите ли за лечење, премногу/премалку/погрешни антибиотици, прекасно хоспитализирање, нешто трето ли, што ли?
    Имаше некоја вест за романска докторка која не изгубила ниту еден пациент од ковид благодарение на успешниот протокол за лечење. Мислам давала комбинација на клиндамицин со некои други АБ на... цин што завршуваат, и не знам уште што, меѓутоа резултатот бил фасцинантно успешен и ефектен. Кај нас каков е протоколот за болничко лекување, ист како од почеток? За матичните знам дека оче наш им е сумамед и панцеф, секако на невидено. Е после ако завршиш во болница можеш само да нагаѓаш дали претходнава терапија ти помогнала или одмогнала за понатамошниот тек на болеста. Па затоа Пановски ќе го проколнува денот кога го донел сумамедот во Македонија.
    Затоа за промена, нека се растрчаат малку овие од МЗ и нека научат нешто од поуспешните земји, оној Венко место да менаџира и бара некое решение, му изумре народов, тој си ужива во улога на министер за црна хроника, и ништо друго не го интересира. Излези на тв, прочитај бројки, кажи "се е под контрола," и наседни го пак газот на фотеља, така Венко? И баба ми знае така да министерува.
    Редно е да си ја заработите платата и да си го спасите народот од изумирање. Време е да направите и вие некое чудо, за да не останете запамтен само како министер за задгробен живот. Крајно време е!
     
    На Принцезичка1, noteforself, DAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  5. МалДух

    МалДух Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Без разлика колку години и да има треба да му помогнат ако му е многу лошо :(
     
  6. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.761
    Пол:
    Женски
    Блиска почина една од родилките, иако млада врски фаќале за да има соодветен третман. Без врски никој не те гледа посебно сега кога е хаос. На познаничка татко исто почина едвај го примиле со триста молења. Не ми е јасно и на мене со што ги лечат, а има толку починати и тоа млади и здрави..инаку здравството ни е веќе во колапс не пред како што викаат.
     
    На noteforself, azelea, emiliana и 5 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Ние што сме скоро месец во локдаун ( не работат кафичи,ресторани,барови,молови,локални дуќани..) од 500 на ден нови заразени последниве неколку дена бројката опадна и смртноста опадна. Масовно се вакцинира и се тоа придонесе до брзо отворање, сега ќе ги отворат школите.
    Рестораните што беа затворени добиваат бенефити од државата и плус сите работат со достава.
    Бенефитно излезе за сите добар овој локдаун, а тие што се без работа односно што седат дома добиваат 800 евра месечна плата до крајот на годината како помош.
    Нека затвори Мкд се ама нека дадат помош,а не некои едвај крај со крај да сврзат. Нека важи за сите празници,а не двојни арашини.
    Се претерува со полицискиот час и малите казни,смешно е, не е лошо да земат пример и од други држави.
    Еден месец целосен локдаун верувам ќе придонесе резултат.
     
    На Принцезичка1, noteforself, emiliana и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Во последните 24 часа се направени 1.431 тестирања, а регистрирани се 301 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 174,Кавадарци -17, Велес -16, Прилеп -14, Куманово, Тетово и Штип – по 11, Гостивар – 8, Охрид – 7, Струга – 6, Кочани – 5, Кичево – 4, Виница – 3, Неготино, Свети Николе ,Берово и Делчево – по 2, Битола, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар и Демир Капија –по 1.

    Регистрирани се 1.091 оздравени пациенти од: Скопје – 429, Охрид – 107, Прилеп -74, Велес -42, Куманово 40, Штип и Струга – по 37, Битола – 36, Кавадарци – 34, Гостивар – 29, Гевгелија -26 , Крива Паланка -24, Тетово -23, Струмица – 17 , Неготино – 13, Кочани и Делчево – по 12, Берово, Пробиштип и Богданци – по 11 ,Валандаво – 10, Радовиш – 8, Дебар и Крушево – по 7, Кичево – 6, Свети Николе и Демир Капија – по 5, Ресен – 4, Виница, Кратово и Пехчево – по 3, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2 и Македонска Каменица 1.

    Пријавени се вкупно 37 починати лица: 9 од Скопје ( 74г , 81г , 47г , 60г ,69г , 76г , 79г , 77г , 61г , ) , 6 од Прилеп ( 42г, 58г, 72г, 74г, 75г и 56г) , по 3 од Тетово ( 65 г, 59 г и 57 г,) и Гевгелија (73 г, 65 г, и 56 г) , – по 2 од Куманово (90г и 67г) , Кавадарци (85г и 57г) , Струмица (73г и 62г) и Виница (79г и 62г) и – по 1 починат од Битола (59г) , Охрид (82г) , Кичево (37г) , Неготино (64 г) ,Свети Николе (79г),Крива Паланка (73 г) и Дебар ( 43г). 36 пациенти се починати во болнички услови, додека 1 пациент е починат во домашни услови.
     
  9. Bernini

    Bernini Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2019
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    62
    Пишував јас и предходно, мајка ми почина во Декември во Тетовската болница, каде јас бев со неа цело време, на барање на медицинскиот персонал кој бил преоптеретен. Со свои очи видов каков персонал имаме, грижа нула, освен задолжителна терапија друго ништо не ги замара. Ни ддмери не и испитаа а шест дена беше во болница. Кога и беше најтешко никој не дојде да ја види, сите спиеа. Кислород боци не проверуваа, самите ние од семејството ги регулира ме. Е затоа народот умира. Сликата која ја видов и доживеав и денеска не ми се брише, секој ден ми е голежа болка што ја изгубив мајка ми и секој ден си викам дека можеше нешто да се направи.
    Затоа кога слушам секој ден за медицинскиот персонал кој е оптеретен мака ми е. Вистината на терен е различна.
     
    На rainbowmama, noteforself, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  10. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.761
    Пол:
    Женски
    Ама ова е Македонија државава се "покака" од тоа што им дадоа по 6000илјади и ваучери на народов како божем со тоа решија се " збогум сиромаштијо". Од тие 6000 илјади мислеа година ипол треба да живеат луѓево. Како да дадат за тие што не работат помош па кој ќе се вози со хеликоптер тогаш? Кој ќе троши 25.000 илјади евра во ресторани ( тоа било за да им помогнат на угостителите...). Оддамна оваа држава е влезена во " длабоки г**на"..За нас спас нема.
     
    На Justicija, Cherry333, Ева33 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. GoldLeo

    GoldLeo Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    8.281
    Пол:
    Женски
    Со тоа што сега велат дека прво училиштата ќе ги отворат па потоа полека се друго, што мислам дека е добар потег. Не мислам дека треба од 12 април одеднаш се да се отвори, не знам колку е точно дека до крајот на месецот треба се друго да отворат, така слушнав.
    Тек вчера излегов од карантин ама како што гледам сите почитуваат мерки.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Сеуште и тие не ни ги префрлија на нас што ни беа приговорите прифатени. Едни 6000 од декември никако да ги префрлат.
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    И нас ни дадоа лани ваучери без дискриминации по 100 евра. И требаше пак да дадат сега во Јануари ама се побунија сопствениците на дискотеките кои се затворени со месеци дека за сите друго објекти има бенефит за трошење,а за кај нив не и не ни дадоа.
    Сакам да кажам Македонија како земја ја сакам,родена сум таму но се ова е ужасно што не мислат за доброто на граѓаните и за нивното преживување. Не дека и надвор е поарно,секоја држава за себе меѓутоа рестораните им беа најмал проблем, проблем е несовесноста на поголемиот дел од граѓаните.
     
    На LejlaD и VDT2906 им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Да, но скоро 1300 души биле казнети зашто маската ја носеле под нос. Најголем дел Непалци.
    Па на дм другар го казнија 50 евра зашто зборел на тел без маска. Ако ја платиш одма е 50евра,а после 100 евра.
     
    На cresa-jagoda, Ева33, GoldLeo и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.848
    Пол:
    Женски
    Абе блиска моја во ноемврискиот бран со веќе примени 3од 9 инфузии,кои преходно ги прими болна,по позитивниот тест,ниту ја примаја,ниту дома прифаќаа да дојдат со болничко(не се криви неможеа да стигнат) да ги до прими.Потполно сама да се држи по ѕидови да не падне се вртела во болничкиот круг некој да и каже што понатака.Потоа фаќање врски,на сопствен трошок си плати да доаѓаат.Епа тоа е кога викаа чувајте се слабо ние здравството ќе падне на колена, а немаме држава да не заштити, е тоа ни се случува сега.А некој пак си свирка ,одговорност 0 и после верници ти биле гоооолеми.
     
    На МалДух му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.829
    Допаѓања:
    163.224
    Автоимуните се темпирана бомба.
    На светско ниво статистиките кажуваат. Во Британија веќе Хашимотото го гледаат во топ 3 предуслови за компликација зошто има широко влијание.
    А и има дефинитивно некоја генетска слабост што ја лови вирусов. Цели семејства исти/слични симптоми дел од семејството, дел нема ни да фатат...

    Не знам зошто, ама мислам дека статистиката на починати не е точна...
     
    На cresa-jagoda, Cherry333, emiliana и 6 други им се допаѓа ова.
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.784
    Допаѓања:
    15.572
    Пол:
    Женски
    Не знам само кој им ги предлага "меркиве", кога после, на Велигден (па и по празникот) ќе има гужва многу поголема. На луѓето ќе им се смачи, секој ќе сака кафич/ресторан/продавници итн. Како бре, ако има вирус, скроз нормално си се одвиваат онлајн нарачките? Па нели препраќаат, карго-ова она. Пратката минува низ неколку луѓе.

    Светот некако се позиционира кон дигитализација, онака "неосетно". Роботи, чипови, ќе станат реалност за неколку децении.
     
    На emiliana и christinnn им се допаѓа ова.
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    145.294
    Не е точна Лилит. Кај нас само колку има плус... А каде се другите градови.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, emiliana и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.848
    Пол:
    Женски
    Сигурно има генетска слабост,јас само колку лично познавам по двајца ,тројца од куќа што умреа.Ете и шоферот што кажуваа,тој ,мајка му ,вујко му починале,па и детето критично.Не сум медицинар ама очигледно од мајчина страна генот ...кај некој сите лесно а кај некој скоро цели семејства починаа,не да стварам паника ама реалност е.
     
    На 1209, cresa-jagoda, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Во јануари кога бев позитивна освен до кај матичната на договорено за преглед не смеев никаде по здравствени установи да влегувам.
    Денес во биохемиска на клиника каде имаше најмалку 15 луѓе само во чекалната, девојка што стоеше до мене со епруветки крв ми рече да бегам подалеку од неа зашто е позитивна на ковид.
    Како смеат ковид позитивни пациенти лабаво да чекаат ред со сите останати луѓе во чекалната?

    Ај што луѓето немаат совест и не се свесни што можат да им направат на тие што се во чекалната, не ми е јасно како им се дава упат и им се дозволува да одат и да шират вирус.
     
    На Принцезичка1, 1209, noteforself и 6 други им се допаѓа ова.