Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    1.496
    Пол:
    Женски
    Битола кај се тестираат сега за ковид?
     
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.719
    Допаѓања:
    263.186
    Да, сега им се намали бројот, но претходно беа како нас.
    Од она што моите го добија како болни, можам да кажам дека димери и кс нема, ако не ти е лоша состојбата, ако не си ризичен за згрутчување, а овде не спаѓа притисок и шеќер, ако сатурација не ти падне под 90.
    Нема ртг, нема антибиотици.
    Клучно - НЕМА АНТИБИОТИЦИ!
     
    На CameliaMiller, Autumn Love, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.866
    Допаѓања:
    42.498
    Пол:
    Машки
    На државно?
    Во Месната заедница Панде Кајзеро.
     
    На LejlaD и MikicaBt им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    Луѓето станаа само статистичка бројка.

    Да ми кажуваше некој пред 2-5-10 години, дека ова ќе го живееме, немаше да поверувам.
     
    На noteforself, tinka-mace, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.831
    Пол:
    Женски
    Словенија до месец јануари во статистиките за починати по старосни групи, во групата од 35 до 45 години имаше само 12 случаи. Од почетокот на пандемијата до тогаш немаа ниту еден починат под 35 годишна возраст (збориме од вкупна бројка од околу 3000 починати). Сега ги немам најновите податоци, ама сигурна сум дека статистиката не е многу поразлична. 85% од починатите во Словенија се постари од 80 години, Словенија како држава има второ или трето најстаро население во Европа, население со многу различни животни навики и стил од нашето. Што значи таа бројка на смртни случаи не треба да се гледа само како бројка и да се споредува со нашата, зашто суштински не е примерлива. Исто така и бројот на новозаразени деновиве, точно, се движи околу 1000, меѓутоа процентуално од вкупниот број на тестирани е константно под 20%. Бројот на хоспитализирани е моментално околу 500, што е за 3 пати помал од бројот на хоспитализирани кај нас, бројот на дневни смртни случаи последниве денови (недели) се движи под 10. И тие се тие релевантни податоци за споредба, не вкупниот број на новозаразени или починати.
     
    Последна измена: 6 април 2021
    На 1209, vitamina, Bridget и 8 други им се допаѓа ова.
  6. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    1.496
    Пол:
    Женски
    @Ahoy за на државно..и рекле цјз... Ама не знаеме точно каде.
     
  7. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.010
    Допаѓања:
    217.919
    Пол:
    Женски
    Да не е позади болницата,кај микробиологија,,мислам,проверете...
     
    На MikicaBt му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.719
    Допаѓања:
    263.186
    Ама сега, пред еден месец беше поинаку.
    Инаку за старосната граница, животот овде и таму не е ист. Почни што Словенија е најчистата држава во ЕУ, а Македонија го има најзагадениот воздух. Плус ние имаме многу болно население и пред се отпорно на антибиотици. Пијат по 3 антибиотици за короната. Епа таму едвај 1 дали ќе добиеш.
     
    На CameliaMiller, tina2018, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.866
    Допаѓања:
    42.498
    Пол:
    Машки
    Известување 30.03.2021 година

    Почитувани,

    Ве известуваме дека од утре 31.03.2021 година (среда) пунктот за земање брисеви за COVID-19 се преместува од Амбулантата на ОУ Даме Груев во просториите на Месната заедница Панде Кајзеро, во близина на зградата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола.

    Со почит,
    ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола
     
    На LejlaD и MikicaBt им се допаѓа ова.
  10. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    После година дена, памет не иде, да одиш на работа (а си во пензија) со симптоми и да ставиш свесно цела фабрика која всушност е твоја, е еднакво на кривично дело. Па уште ти вели ако некој се зарази нема термини за тестирање, на приватно. Човек од околу 60год вчера пред мои очи си плукна во кесето и ги испофаќа сите краставици ,па во врат ми се пика на каса. Да одбиваш да провериш д димери, да се инаетиш со доктор. Не се чудете веќе од каде толку заразени, хоспитализирани и умрени. Се нема совест. Ама Венко е крив. Да, крив е за други нешта, но за глупостите на секој од нас не е.
     
    На tina2018, noteforself, Sofi.ja и 7 други им се допаѓа ова.
  11. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.831
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е се, живеам во Словенија. Да, имаше поголем број заразени, ама поентата на коментарот ми беше дека 4000 починати и 4000 починати не се исто, кога ќе ги сецираш и едните и другите. Отпорноста на антибиотици, болести и хронични состојби се во најголема мера токму тоа - резултат на лоши животни навики, не се работи само за загадениот, односно чистиот воздух. Затоа ги посочив Словенците како пример на нација за која спортот и здравиот начин на живот е религија, каде во кафичи и ресторани за викенд гледаш само туристи и ретко Словенци зашто во истиот период тие искачуваат планини или возат точак. Да не ја спомнувам високата еколошка свест и грижата за себе и за околината, за квалитетот на храната што се произведува и конзумира. Нормално, игра улога и здравствената грижа и разликите помеѓу здравствениот систем во Словенија и нашиот, ама јас лично коренот за ваквата ситуација првенствено го лоцирам во самото население и лошиот начин на живот кој го практикува.
     
    На tina2018, tinka-mace, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  12. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    1.496
    Пол:
    Женски
    @Ahoy фала ти многу.
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.719
    Допаѓања:
    263.186
    Се согласувам освен за делот со здравството. Не е идеален, за нијанса подобар од нашиот, разликата е што кај интни случаи реагираат веднаш.
    Инаку си се чека. А со короната пак, ете ако не си ептен лошо, не добиваш ништо.
     
  14. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.831
    Пол:
    Женски
    Кога пишав околу здравството конкретно мислев на протоколи и терапии што ги применуваат за лечење на ковид, пренесено од искуства на познати што заболеа, не генерално за здравството. Инаку, во право си, јас две и пол години бев без матичен лекар и во константна потрага по матичен што сеуште прима пациенти, и покрај тоа што редовно си плаќав и основно и дополнително здравствено осигурување. Матичните лекари и тука лечат по телефон и не примаат пациенти за ништо, да не зборувам за енормните периоди на чекање за специјалистички прегледи и ред други работи. Но, да не дигресирам, здравствениот систем во Словенија не е предмет на дискусија во темава :)
     
    На LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.719
    Допаѓања:
    263.186
    Нема протоколи, или има, ама тоа е витамини. Толку. Моите беа болни. Сумамед мајка ми доби откако ја повтори.
     
    На LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    Ќе излезе на крај дека не "прскаат" со антибиотици. Сериозно, си дојде ѓаволот по своето, барем за еден аспект од борбата со пандемијата може да се каже дека имаме дупка во одбраната - таблетоманијата. А луѓе од надвор секогаш се чуделе за високиот број на аптеки, зарем до толку сме биле болежливи како народ.
    И мислам дека не е толку до економската состојба и добриот здр. систем на некои земји што имаат ниска смртност, колку што е до тоа дали човекот соработува со имунолошкиот систем или го репресира со апови за "се што мислиш дека ти е потребно за да се излечиш".
     
    На azelea, eliesaab, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.831
    Пол:
    Женски
    За тие што лежеа на клиника, има, и тука нема збор колку се приправени. Имам пријателка, докторка е на инфективна на УКЦ Љубљана, добивам информации од прва рака што и како се случува. Друга пријателка, со многу тешка клиничка слика, трудна во седми месец ја ставија на респиратор и ја породија со царски. Се опорави и она и еден куп слични случаи, што кај нас завршуваат трагично.

     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Се е ок што сте напишале, ама причина за плус за големиот број мртви може да биде и големиот број хоспитализирани, а малиот број инфектолози, анестезиолози и пулмолози.
     
    На tina2018, 1209, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  19. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.378
    Допаѓања:
    10.535
    Пол:
    Женски
    Отворени ќе бидат обложувалниците, ама ќе работат со шалтер-систем. Т.е ќе имаат пластики пред шалтерот, меѓу апаратите и нема да се служи пиење...

    Бтв, не знам зошто не ги затворат моловите, ние како ќе се заштитиме од муштериите? Гардеробите отворени, внатре маски оставаат, не почитуваат дистанца никаква ни едни со други ни со вработените, не дај боже да им речеш да ја стават маската (ќе те заколат), нема никакви ограничувања колку купувачи може да се во продавницата, па ние немаме пластики да се заштитиме...
     
    На tina2018, Adi888, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.907
    Допаѓања:
    133.198
    Пол:
    Женски
    Носи маска и визир. Не се зезам.
     
    На LejlaD и Biljarkata им се допаѓа ова.