1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.722
    Допаѓања:
    41.593
    Пол:
    Машки
    Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

    Во последните 24 часа се направени 4.438 тестирања, а регистрирани се 1.302 нови случаи на КОВИД-19 во:

    Скопје – 523, Битола – 119, Куманово – 87, Прилеп – 55, Охрид – 54, Тетово – 51, Велес – 47, Гостивар – 38, Штип- 34, Кочани – 31, Кавадарци – 30, Берово – 27, Струмица и Кичево по – 25, Гевгелија – 24, Струга – 22, Неготино – 17, Ресен -14, Дебар – 11, Свети Николе и Радовиш по -10, Пробиштип – 8, Крива Паланка и Валандово по – 7, Делчево и Виница по – 5, Македонски Брод – 4, Демир Хисар – 3, Крушево, Богданци, Демир Капија и Дојран по – 2, Кратово – 1.

    Регистрирани се 626 оздравени пациенти од:

    Скопје – 312, Прилеп – 77, Велес – 33, Куманово – 31, Гостивар – 26, Битола – 22, Кавадарци – 19, Тетово – 18, Штип – 15, Неготино и Гевгелија по – 12, Кочани – 9, Струмиица – 7, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Демир Капија по – 4, Богданци – 3, Кичево, Свети Николе, Берово, Крушево и Демир Хисар по – 2, Делчево, Ресен, Виница и Кратово по – 1.

    Пријавени се вкупно 51 починати лица: 20 од Скопје (87г , 81г , 80г , 80г , 79г ,79г, 76г , 73г , 71г , 69г, 68г, 68г, 62г, 62г 60г, 56г, 55г, 53г, 51г, 47г ), по 5 починати пациенти од Прилеп (84г, 82г, 77г, 72г, 72г) и Струмица (84г, 81г, 77г, 76г, 70), по 3 починати пациенти од Куманово (52г, 52г, 32г) и Кочани (63г, 61г, 46г), по 2 починати пациенти од Тетово (69г и 55г), Гостивар (83г, 57г), Кавадарци (77г и 74г) и Охрид (77г и 66г), и по 1 починат пациент од Битола (73г), Неготино (68г), Гевгелија (76г), Радовиш (77г), Делчево (79г), Виница (74г) и Валандово (58г). Пеесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.
     
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Повторно рекорден црн биланс :x ;(
     
    На buba4e89, Rama, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ednostaven

    Ednostaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    216
    Дали некој знае како одредуваат решенија за самоизолација при потврден позитивен корона тест. Дали на сите членови кои живеат на иста адреса по дифол им даваат или прават анкета кој бил во ризик и контакт.
     
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.772
    Допаѓања:
    40.568
    Пол:
    Женски
    На сите што живеат на истата адреса, зашто нормално си биле во контакт со лицето.2 недели е за тие што биле во контакт, 10-20 дена за заразениот, зависно колку ќе одреди матичен.
     
    На Ednostaven му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ednostaven

    Ednostaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    216
    Да ама ако живееме во различни станови а се водиме на иста адреса, има ли начин како да го докажеме тоа и пред која институција
     
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.772
    Допаѓања:
    40.568
    Пол:
    Женски
    Тоа не знам, ќе зборувате со докторите од цјз кои ќе ви се јават и веројатно ќе ви кажат точно.
     
    На Ednostaven му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.798
    Допаѓања:
    14.352
    Пол:
    Женски
    Ме прашаа со кого живеам, и врз основ на тоа пуштија. Да речев дека сум сама, само јас ќе добиев решение. Иначе се водам на адреса кај што живее брат ми, ми ја запишаа новата адреса на која го извадија решението, го пријавив маж ми дека е со мене, него решение на адреса кај мајка му пуштија, иако по лична карта има друга адреса.
    Не се знае кој пие кој плаќа.
     
    На Ednostaven му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.427
    Допаѓања:
    120.630
    Пол:
    Женски
    Починал Анѓелко Ѓорчев после 11 дена во кома.
     
  9. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Нека почива во мир. Врвен доктор и голем Македонец. Имаше услови и знаење да работи секаде низ светот, но остана да служи на својот македонски народ и својата татковина. Нека му е лесна земјата! Вечнаја памјат!
     
    На Rama и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Денес 19 годишна девојка од Битола починала со симптоми на ковид..
    Страшно е ова..
     
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Наместо 12.000 евра, пациентите кои се лекуваат од коронавирус во „Жан Митрев“ ќе плаќаат од 6.000 до 8.000 евра

    Клиничката болница Жан Митрев ги намали цените за лекување на пациенти со Ковид-19.

    Од болницата утрово соопштија дека одлуката е донесена согласно состанокот одржан со министерот за здравство, Венко Филипче, а со цел да излезат во пресрет на што поголем број граѓани.

    „Досега пациентите плаќаа 12.000 евра, а од сега за пациенти кои ќе се лекуваат на полунинтензивна нега, лечењето во треање до 10 дена ќе чини 6.000 евра; за пациентите на кои им е потребно интензивно лекување, односно се преземени во сериозна здравствена состојба од други институции каде што биле претходно хоспитализирани, цената за максимум 10-дневно лекување ќе изнесува 8.000 евра. Една хемофилтрација претходно чинеше 4.000 евра, сега со намалување од 10%,ќе чини 3.600 евра. Оваа метода на лекување се применува по согласност од страна на семејството на пациентот“, информираат од Клиниката.

    Имајќи ги предвид можните сериозни постковид последици т.е. можните компликации по прележана инфекција од вирусот, за сите пациенти кои се лекувале во нивниот ковид-центар, одобруваат 50 проценти намалување на цената на услугите за МР на срце и КТ на белите дробови.

    Во моментов во болницата „Жан Митрев“ се хоспитализирани околу 100 тешко болни пациенти од кои 40 на респираторна поддршка.

    „За негата на овие пациенти се грижи комплетниот лекарски тим кој како и сите здравствени работници во државава е веќе преморен. Во процесот на нега во нашата болница се вклучени и дел волонтери од немедицинскиот персонал, со цел да им помогнат на своите колеги. Сепак, за да помогнеме секаде каде што е потребно и можеме, еден од нашите лекари ќе биде прераспределен согласно барањата на Министерот за здравство. Оваа пригода ја користиме за да апелираме до пошироката јавност и да ги повикаме сите оние кои се чувствуваат способни да помогнат и би сакале да волонтираат, да се пријават. Ќе бидат соодветно едуцирани и вклучени во нашите процеси. Искрено се надеваме дека наскоро на пандемијата ќе ѝ дојде крајот, а во меѓувреме потребно е сите да останеме максимално дисциплинирани, посветени и да се вложиме како поединцни во справувањето со последиците за доброто на сите“, се наведува во соопштението.

    ©Makfax.com.mk


     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Од Битолската болница за „Макфакс“ велат дека пациентката била со Даунов синдром и била донесена во болницата со тешка клиничка слика. И покрај обидите на лекарите да ја реанимираат, пацинетката ја изгубила битката со болеста.

    „Пациентка беше донесена со екстремно тешка слика со симптоми на Ковид-19 и за жал почина пред да и биде земен брис, така што оваа пациентка не се води како почината од Ковид-19, затоа што немаше тест кој ќе потврди дали била позитивна на вирусот. Во болницата престојуваше неколку часа и за тој период лекарите направија се за да ја спасат. И покрај повеќето обиди за реанимација, оваа девојка ја загуби битката со животот“ изјави директорката на битолската болница, Билјана Гагачовска.

    Гагачовска додаде дека нема информации дали некој од семејството на девојката бил позитивен на коронавурсот.


    ©Makfax.com.mk
     
    На buba4e89, mal.ecka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.698
    Пол:
    Женски
    Е сега е таман.. ја зголемија платата за 250 ден. и таман ќе биде сега ќе можеме да се лечиме во Жан. Сполај му за добринава. |(
     
    На Принцезичка1, темјанушка, Indiegurl и 19 други им се допаѓа ова.
  14. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.698
    Пол:
    Женски
    Луѓево не барале лекарска помош, како да бараат кога ги враќаат безразлика што во полусвесна состојба одат. И ќе имало нов коктел од лекови кој ги користел Трамп, достапни ќе бидат 1500 парчиња кој кризниот штаб ќе одлучува за кого ќе бидат користени. Не мора да ни кажете знаеме за кого ќе бидат за обичниов народ сигурно не.
     
    На noteforself, tinka-mace, vitamina и 6 други им се допаѓа ова.
  15. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    stvarno 'namalil' cenite ..ko ke dodades + hemofiltracija i snimki se na se 10% ke se fati .. a nemaat nekoi lekovi ko onie regeneron pa da reces aj tolku skapo

    ama bitno volonteri bara ...ako nekoj volonter se zarazi go sleduva li besplatno lecenje kaj nego ili ke si plati po "namaleni ceni"
     
  16. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Лекари во Јапонија денеска објавија дека успешно ја извршиле првата трансплантација на ткиво на белите дробови од жив донор на пациент што имал сериозно оштетување на белите дробови предизвикано од Ковид-19.

    Примателот е жена од западниот регион Кансај, а таа закрепнува по речиси 11 часа долгата операција извршена во средата, соопшти универзитетската болница во Кјото, од каде што додаваат дека нејзините сопруг и син, кои се донори на дел од своите белодробни крила, се во стабилна состојба, објави агенцијата АП.

    Универзитетот додаде дека ова е прва трансплантација во историјата на ткиво на бели дробови од жив донор на пациент со оштетување од Ковид-19.

    Трансплантациите од донори кај кои е прогласена мозочна смрт се ретки, а живите донори се пореална опција за пациентите, се додава во соопштението.

    „Ние демонстриравме дека сега имаме можност за трансплантација на бели дробови од живи донори. Мислам дека ова е третман што им дава надеж на пациентите со сериозно оштетување на белите дробови од Ковид-19“, рече докторот Хироши Дате.

    ©Makfax.com.mk
     
    На CameliaMiller, Angie1432, Ambrosia и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.211
    Пол:
    Женски
    Жан барем намали малку, колку да се рече де, ама оние од Систина не се одважија ни на збор да намалат ич, ама не се тие виновни што нашава државичка ги оставила да бидат ратни профитери.
    Година и кусур хара вирусов кај нас, а на министерот вчера му текна да разговара со приватните болници и да бара намалување, ама ете се измачи човекот а тие не му го уважија зборот:emo: во нормална држава немаше да се дозволи тоа, ама во што сме ние нормална држава па.

    Ни полициски не' не оправа, ни смешки карантин од три дена како лани, за овој народ само локдаун, ама заборавив сиромашна ни е државата, а големците да трошат на храна по 14 000 евра за неколку месеци, од државна каса, е за тоа имаме де:puke:
     
    На темјанушка, deskarada, VDT2906 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ова е добар предлог.Британија со една доза ја намали смртноста за 90%
    ама со его трипот на Филипче тешко.
     
    На Angie1432, LejlaD, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Само таткото на дм доби решение, ние не добивме, од цјз ни рекоа по можност седете дома.
     
    На Ednostaven му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    22.585
    Пол:
    Женски
    Уште еден смртен случај...

    Зборете ми како е тешко да се почитуваат мерки.
    Не можеле дома да седат, не можеле маски да носат, не можеле да не се дружат...

    Не знам како народов не сфати дека колку подисциплинирани бидеме побрзо ќе заврши лудилово.
     
    На noteforself, Peperutce1115, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.