1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    2.167
    Според мене според сериозноста дефинитивно треба нашиве на аеродромите 14 дена карантин од странство луѓе па и на границите за влез кај нас 14 дена карантин.Ке ни се доближи сојов.
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.882
    Допаѓања:
    186.626
    А како знаете дека го нема? :^) Да не треба да ви се претстави? Од јануари постои п1 во Бразил, на 8 март прилично го има во Австрија...
     
    На dunika, orevokrsacka, Nigredo Odor и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини

    Во тек е трка помеѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на коронавирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриле научниците што се занимаваат со овој проблем. Тие најавуваат дека науката ќе има подобрена вакцина за секој нов вид коронавирус.

    Експертите, сепак, предупредуваат дека сè уште не е време за олабавување бидејќи вирусот сè уште мутира и дека прекумерната релаксација може да биде најгорливиот проблем.

    Вакцините се помалку ефикасни против некои соеви и колку повеќе се шири вирусот, толку почести ќе бидат мутациите, односно вакцините ќе бидат помалку ефикасни. Досега ефикасноста на вакцините е проучена во мали групи во лабораториски услови, а како што почна масовната вакцинација, ефикасноста на вакцината е проучена во реалниот свет.

    Вакцините на „Фајзер/Бионтек“ и на „Модерна“ се повеќе од 90 проценти ефикасни во спречување каква било инфекција, со или без симптоми, соопштија од Центрите за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ), кои спроведоа студија на здравствени работници. Откриено е дека овие вакцини се ефикасни дури 80 проценти по примена една доза.

    Друга студија на ЦДЦ спроведена во домови за стари лица покажала дека вакцините спречуваат сериозни болести и смрт кај најранливата популација. Луѓето постари од 65 години се исто така најтешко погодени од Ковид-19 во САД, односно тие сочинуваат 80 проценти од пациентите.

    Повеќе од половина од постарата популација досега примиле барем една доза вакцина, а бројот на смртни случаи и хоспитализации се намалува.

    Некои експерти стравуваат дека ќе почне четврт бран на инфекција, што ќе донесе нови позаразни видови на вирусот. Иако во САД не се предвидува таква масовна инфекција како што беше досега, постојат индикации дека падот на бројот на заразени лица забавува и дека е достигнат врвот, вели Мајкл Ли од Универзитетот МИТ.

    Мутацијата што се појави во Јужноафриканската Република е најзагрижувачка досега бидејќи овозможува вирусот да го нападне имунитетот, дури и посилно од неговата основна верзија.

    Вакцините на „Џонсон и Џонсон“ се покажале како ефикасни 57 проценти во спречување на инфекција со вирусот во Јужна Африка, а 72 % во САД, каде што тој вид е помалку распространет.

    Вакцината на „Астра зенека“ е ефикасна само 10 проценти во спречување на јужноафриканскиот сој.

    Новиот вид регистриран во Бразил исто така се шири побргу и се покажа дека може да ги зарази и оние што веќе го прележале коронавирусот.

    Сојот од Танзанија ги содржи речиси сите познати мутации. Вирусот, како што повеќе ќе се шири, така повеќе ќе мутира.


    ©Makfax.com.mk
     
    На WildMk, Peperutce1115, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.722
    Допаѓања:
    41.593
    Пол:
    Машки
    Јас само се мислам како соевите станаа толку актуелни баш откако се пуштија во употреба вакцините... затоа што нели вирусите постојано мутираат :?:
     
    На eli25, happygirl, Принцезичка1 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    Бизнис Ахојчо бизнис, за секој сој нова вакцина. Тешки пари се у прашање, чоек да помисли дека намерно го праат ова:worried:
     
    На azelea, ALISA0000, Принцезичка1 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Да е само во Австрија добро ќе беше.
    Штом е од јануари присутен во една држава, и вирулентноста му е толку висока сигурно го има и овде, но, надлежните не споделуваат за да не се крева дополнителна паника. Инаку, според симптоматологијата и развојот на болеста не ќе да хара само момо Британо во Мк периодов, него и 90 други армиски војници паралелно со него. 8-|

    Јас на пример еве, имав инкубација од 10-13 дена. Мојата мајка исто.
    На Бразилскиот инкубацискиот период ако му е приближно толкав, ништо чудо да сме го прележале.

    Еве, еден месец од први симптоми сеуште поткашлувам и вадам шлаем, иако не развив пневмонија. За последиците кои може да се случат во тековниве месеци не сакам ниту да размислувам...
     
    На mal.ecka, LejlaD, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Мхм, само така дрско.
    Наздравје сезонско боцкање.
    Пошто здравјето и имунитетот така се добиваат.
    Нека удрат и појако, нема проблем. (facepalm)
     
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.722
    Допаѓања:
    41.593
    Пол:
    Машки
    @Nigredo Odor така ефикасен вирус не би требало да има толку долг период на инкубација, затоа што, така веројатно не би се ширел толку брзо и ефикасно. Вака претпоставуваат во Австралија, откако имаа случај пред брзо каде лице доби позитивен тест на 16ти ден, а претходно 14 дена во хотелски карантин.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    20.092
    Пол:
    Женски
    Не разбирам. Може да појасниш? Во периодот на инкубација нели си заразен? Зошто тогаш не би се ширел вирусот брзо? И што значи случајот во Австралија? Нели тоа потврдува дека сепак инкубациониот период е долг? Или за кој сој станува збор?
    Не те негирам, немам нешто многу читано за новиве соеви, само стварно не ми е јасно што сакаш да кажеш.
     
  10. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Е не бе, случајно вирусот им избега од лабораторија...
     
    На Принцезичка1, VDT2906, vitamina и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.882
    Допаѓања:
    186.626
    Тој од Танзанија е тој од занзибар?:^)

    За да знаете шо имате, лаборатории треба да секвенцираат, новинари треба да истражуваат, а Венче треба да престане да дава соопштенија како за мали деца, од типот, многу е опасен вирусот, многу лоши клинички слики.
    Ние во ЕУ од сите соеви си имаме, значи сегде е исто, само неспособноста на здравството е поинаква. Тие што ги бива- преморени, тие што не ги бива- никому ништо. :|

    Е е, најнов тренд- во Словенија намерно се заразуваат, за да можат летово раат да патуваат:|
     
    На Sofi.ja, Angie1432, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.722
    Допаѓања:
    41.593
    Пол:
    Машки
    Заразен си два дена пред симптоми обично, а Британскиот сој на пример со оглед на тоа што за 2- 3 дена може да даде симптоми, тоа значи дека лицето практично веднаш после контакт може да го пренесува вирусот, затоа е и многу тешко да се пратат контакти.

    На почетокот, најчесто симптомите се појавуваа околу 10- ти ден, што го редуцираше ширењето и го олеснуваше пратењето контакти.

    Затоа што, на пример А утрово имал контакт со Б, а Б вечерва појавува симптоми. Во меѓувреме, А денес може да има многу ризични контакти. И сега, ако бил Британскиот сој на пример, лицето А потенцијано ако појави симптоми задутре, уште денес го раширил доста вирусот без да знае. Него Б можеби ќе му каже утре дека има симптоми, ама веќе е доцна. За разлика од тоа, ако бил на пример сојот од Вухан, кој веќе веројатно и го нема, и лицето А појави симптоми на 10ти ден, тој го ширел вирусот од 8ми ден, што е под знак прашалник дали го ширел ако навремено се изолирал самостојно или со решение, како што беше на почетокот. Б го известува утре, А веднаш се изолира и тешко дека некому пренел.

    Ова засега се претпоставки, но логични.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Не знам Ахој.
    Јас и претходните денови чувствував благи симптоми, нешто како - повишен притисок, несоница, главоболки, немир и жештина.

    Гарант имав и тт ама првите денови не мерев зошто немав време.
    Највисокиот степен на ескалација го доживеав 11 ден кога почна да ме гребе грлото и суво да кашлам (симптоми кои еден ипол месец подоцна - сеуште ми траат).

    Така да стварно не знам за кој сој станува збор според мојот опис, ако имаш поим дај ми некој hint. :)

    Претпоставувам дека е Британскиот, ама не можам да бидам сигурна.
     
    На mal.ecka и Ahoy им се допаѓа ова.
  14. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    20.092
    Пол:
    Женски
    Фала ти на објаснувањето. Постојано се различни теориите за тоа кога точно се луѓето заразни, особено асимптоматските, па затоа чудно ми падна. Само не можам да се сложам со тебе дека вирусот од Вухан даваше симптоми најчесто на 10 ден. Напротив, секаде тврдеа дека во најголем број од случаите е тоа до 5-6 ден, а беше прилично ретко некој покасно да развие симптоми. Освен ако кај нас оддамна веќе го има британскиот :)
    Зошто јас сите што ги знам, што прележаа минативе месеци (пред да почне муабетот за британскиот сој) развија симптоми околу 2-3 ден или еве 4ти.
    Во однос на тоа ти што пиша погоре дека ти е чудно како почнаа да стануваат толку актуелни мутацииве само што се појавија вакцините и се почна со имунизација. И мене ми беше тоа чудно многу и си го поставувам истото прашање. Во интервју со Васко Ефтов, Даниловски рече дека како што ќе се имунизира населението, вирусот ќе станува попаметен и ќе бара нови начини да се шири. Така настанувале мутациите. Не се сеќавам само што кажа дека би било решение за тоа. Дали рече дека ќе се усовршуваат вакцините, па со boost дози ќе не имунизираат и против новите соеви, не знам. Ако не си го гледал тоа интервју изгледај го.:)
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.882
    Допаѓања:
    186.626
    Ама ич не е битно кој сој е, ниту некој може да ти каже. Си поминала, оправај се, билдај железо и спремај се за летување. Со надеж дека се ќе се среди, а би требало со тек на време.
     
    На LejlaD, Angie1432, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.084
    Допаѓања:
    257.293
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.522
    Допаѓања:
    38.735
    Пол:
    Женски
    Имаше епидемиолог изјавено овие дена дека скоро 100% од моменталните случаи на заразени се од британскиот сој.
     
    На mal.ecka, LejlaD, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Билјо, лесно ти е тебе.
    Јас имам апла бразилска градба - широки колкови а потесна половина.
    Тенот среден накај малку темен, и се плашам искрено.
    Вака смешно делува кога ќе го напишам,
    што вика Дузи - 'it's okay to laugh', aли боље кога ќе размислам не ми е баш до смеење.
    Јер осеќам дека имам предиспозиции, хаха. :D :D :D
     
    На monibejbi, Biljarkata и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.882
    Допаѓања:
    186.626
    Па ко нема вакцини, барем планирано. Замисли фатиш непланирано, а немаш залихи тоалетна.

    Не разбирам шо ти менува сојот @Nigredo Odor секако поминало, рачунај раат си од нареден ковид барем 6 месеци. Или не?
     
    На Kitten, JuLleE и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.722
    Допаѓања:
    41.593
    Пол:
    Машки
    Вуханскиот беше доминантен до јуни, после стана доминантен друг сој :)