Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    20.092
    Пол:
    Женски
    Кој сој? Нели британскиот е некаде од февруари? Да не имаше нешто италијански или? Те испозамарав, sorry :)
     
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.722
    Допаѓања:
    41.594
    Пол:
    Машки
    Не знаевме потекло тогаш, само кодот кој не ми текнува :D
    Но мислам дека беше Шпански.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Не.
    Фрката е што имам слаб имунитет.
    Последниве две години не фатив никаква вироза, и на шега овде на форумов неколкупати напишав дека е тоа така заради фактот што мојот организам се подготвува за борба со короната.

    Е сега...
    Јас не мислам дека ќе стекнам имунитет искрено.
    Ќе проверам и ви пишам, ама познавајќи се себе, со своите механизми за одбрана црно ми се пишува.
     
    На mal.ecka, cresa-jagoda, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.522
    Допаѓања:
    38.736
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor ќе имаш имунитет одреден период секако.
     
    На mal.ecka, cresa-jagoda, Nigredo Odor и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.946
    Допаѓања:
    116.944
    Пол:
    Женски
    Црно ѝ се пишувало бе |(
     
    На cresa-jagoda, Kitten и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Уште ова ќе го искоментирам и ветувам дека повеќе не замарам на темава. :bandit:

    Вирусов проститутка да беше, од толку клиенти од Вухан, Шпанија, Бразил, Британија, бар еден ќе одбиеше. Додека Македонија...сите ги прими...двојно. Океј, се губам. Сфатив. :tmi:
     
    На Tajnaotrovna, VDT2906, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.899
    Допаѓања:
    186.738
    Црно на бело, оп ковид пасош;)
     
    На majicka, cresa-jagoda, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.722
    Допаѓања:
    41.594
    Пол:
    Машки
    :rofl::rofl::rofl:

    Абе има одбиено, 99% ги одбива оти грешно фатално се реплицираат :D
    Е сега, некоја ќе се погоди во подобра верзија и вака проблеми ќе прави :doh:

    Немаме Македонска мутација.
    Ниту Српска.
    Всушност имаше "предупредување" дека е можна Српска мутација :bandit:
     
    На senjorita-v и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.773
    Допаѓања:
    40.569
    Пол:
    Женски
    Ама па кога ќе размислиш првата варијанта е потешка за следење контакти и е можност повеќе луѓе да се заразат.Наједноставно, еден човек во десет дена ќе се сретне со многу повеќе луѓе отколку за 3 дена.Секако, не е заразен сите тие 10 денови ама во секој случај пролонгирано време на инкубација значи и пролонгирано време со контакти.
     
    На Peperutce1115 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    2.167
    Апропо тоа нашиве рекоа дека ги секвенцираат во ману и досега имамесамо Британски сој.
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.899
    Допаѓања:
    186.738
    Не може македонска, некој ќе се буни|(

    Ај малку оптимизам, еве го, Тедрос вика пандемијата забележала пад во првите месеци од годинава:?:. Насловот, игнорирајте го. Или не.
    https://press24.mk/direktorot-na-szo-pandemijata-na-kovid-19-e-daleku-od-zavrshena
    Изгледа не му кажале од ЕУ дека немаат намера да успорат со пандемијата:?:.

    Колку често секвенцираат во Ману? Нз зошто, ништо не им верувам.
     
    На senjorita-v, CoverGirl10 и Ahoy им се допаѓа ова.
  12. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    2.167
    Да факт е дека британскиов побрзу се шири и побрзо има симптоми заразениот.
     
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.722
    Допаѓања:
    41.594
    Пол:
    Машки
    Абе види, пример во пон. ќе има симптоми, до среда би бил со решение во изолација, а во тие два дена најверојатно нема ништо раширено. Претпоставувам затоа лани пролетта добро се справуваа сите земји со вирусот, сега е многу потешко, ретко каде се пратат, следат и најбитно, проверуваат контактите.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.722
    Допаѓања:
    41.594
    Пол:
    Машки
    https://centar.mk/blog/2021/04/12/d...a-nekolku-mesetsi-ako-se-pochituvaat-merkite/ :wasntme:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.899
    Допаѓања:
    186.738
    На Celltica и Ahoy им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Процесот на имунизација во Македонија е многу бавен, оценува за Ал Џезира Драган Даниловски, водечки македонски епидемиолог и директор на Институтот за епидемиологија и биостатистика при Медицинскиот факултет во Скопје.

    „Во моментов немаме доволно вакцини. Знам дека нови количини на вакцини ќе пристигнат до крајот на овој месец. Исто така, имам информација дека се договорени нарачки од близу 2,5 милиони дози на Фајзер, Спутник V и Синофарм . Но, да оставиме времето да покаже кога ќе пристигнат“ вели Даниловски за Ал Џезира.

    „Во просек, днево се вакцинираат по 1.500 луѓе, според Националната стратегија за имунизација“ вели Даниловски кој смета дека тој број треба да повеќекратно да се зголеми.

    „Досега се дадени 20.118 дози, што е 0,5 проценти од населението “, вели тој.

    Ал Џезира потсетува дека претседателот Стево Пендаровски, неодамна изрази надеж дека масовната вакцинација, која започна на 31 март, ќе продолжи се додека не се вакцинираат 60 проценти од населението, што е потребно за да се добие колективен имунитет.

    Даниловски смета дека земјата дефинитивно не може да смета на вакцини во борбата против сегашниот бран на епидемијата.


    „Хипотетички, дури и да има доволно вакцина во моментот, тоа не би било корисно затоа што е потребно најмалку месец и половина или два за да се создаде заштита. Вакцините дефинитивно би биле потребни само за високо ризични и изложени групи, а можеби и за справување со евентуален есенски бран – или нов мутант “, објаснува Даниловски, додавајќи дека„ тој нема да биде изненаден ако не успее масовната вакцинација “.

    Според проценките на Даниловски, околу 50 проценти од граѓаните на Северна Македонија веќе биле во контакт со вирусот.

    Сепак, тој верува дека – ако го земеме предвид бројот на вакцинирани и бројот на оние кои развиле антитела по страдањето од КОВИД-19 – можно е да се постигне колективен имунитет во блиска иднина.

    „Комбинацијата на околности направи колективниот имунитет постојано да се гради на природен начин. Според една моја проценка, многу веројатно е дека реалната стапка на граѓани кои биле во контакт со вирусот е околу 50 проценти. Тоа е некаде околу 950.000. Со цел да се намали епидемијата на спорадични случаи, потребен е колективен имунитет од околу 85 проценти. Тоа значи уште 35 проценти, или околу 650 000 луѓе.

    Ако се остави природно да се здобие со имунитет, ќе бидат потребни околу три месеци. Вакцинацијата значително ќе го забрза овој процес.

    Еве како да се биде мала нација понекогаш носи одредени придобивки “, вели Даниловски.
     
    На Doozy и Ahoy им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    За нас има надеж дека ке сме набрзо готови.:)
     
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.722
    Допаѓања:
    41.594
    Пол:
    Машки
    Др. Кунгуловски за мутациите:

    За бразилскиот и други соеви

    Како сој се дефинира тип на вирус што се разликува од изворниот според акумулација на мутации коишто водат до промена на неговите биолошки особини (пр. зголемена преносливост, зголемена смртност, избегнување на имун систем и слично).

    Соевите како британскиот, јужно-африканскиот и бразилскиот се дефинирани од 10-тици мутации според коишто се разликуваат од изворниот Wuhan-ски сој, но фокусот е ставен само на 2-3 од нив.

    ➡️N501Y мутацијата - води до зголемена преносливост на SARS-CoV-2 вирусот. Ја има во британскиот, јужно-африканскиот и бразилскиот сој.

    ➡️Е484К мутацијата - води до зголемена имуноевазивност (избегнување на имуниот систем). Ја има кај јужно-африканскиот и бразилскиот сој.

    Бидејќи во Македонија е доминантен британскиот сој (можеби над 98-99% од сите новозаразени), а бразилскиот и јужно-африканскиот сој се пренесуваат подеднакво брзо или побавно од британскиот, истите доколку сега влезат и се детектираат во Македонија, најверојатно нема да станат доминантни бидејќи ќе бидат само капка во морето со британскиот сој.

    За некој сој да стане доминантен, треба многу побрзо да се пренесува од сојот што тековно циркулира во популацијата (во случајов кај нас е британскиот). Во случајов, бразилскиот и јужно-африканскиот ги немаат тие својства.

    Среќа во несреќа, засега.
     
    На TheDongerino, P.S.love, Kitten и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Тоа е позитивната вест.

    Негативната е дека само август месец ќе ни биде "слободен" за дишење, пошто празниците согласно летото кое следува автоматски одат во out.

    Уште ако го продолжат карантинот +10 дена минимум..
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.899
    Допаѓања:
    186.738
    Како, зошто, што само август?:?:
    [​IMG]
     
    На eliesaab, LejlaD, CoverGirl10 и 2 други им се допаѓа ова.