Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    И како е сега ова, женава што нема видено ефекти на бразилски сој, ни па го видела и испитувала, тврди дека може да има полош ефект, или вакцината да не е ефективна. И ок, како е релеватно ова кога е на ниво на обична претпоставка.
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.847
    Допаѓања:
    186.342
    Ќе кажам што сум прочитала, ќе речете измислувам.
    На мк читав иначе ама ме мрзи да го барам, во истата насока беше муабетот.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.722
    Допаѓања:
    41.592
    Пол:
    Машки
    Владата на Република Северна Македонија на денешната 65-та седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за здравство добива дополнителни овластувања во услови на кризна состојба прогласена заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест.

    Со предложените измени се уредува и начин на вршење на здравствена дејност од страна на приватните здравствени установи при утврдено постоење на кризна состојба заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест, а на Владата и се овозможува законско овластување да определува највисоки цени во приватните болници во висина на референтните цени утврдени од страна на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за да се овозможи овие услуги да бидат подеднакво економски достапни за сите граѓани, со што ќе се заштити јавното здравје и економските интереси на сите граѓани.

    Со предложените законски измени е предвидено и користење на ресурсите на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа согласно состојбата предизвикана од пандемијата во име на заштита на јавното здравје и се забранува преземањето на здравствените работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании.

    Измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита ќе бидат испратени на усвојување во Собранието по скратена постапка, а во нив се предвидени и измени во делот на глобите за прекршоци доколку приватните здравствени установи не постапуваат согласно законските одредби.

    На предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, на денешната седница Владата ја утврди Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, со која се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 31 декември 2021 година и донесе заклучок оваа предлог одлука да ја достави до Собранието.

    https://mk.tv21.tv/65-ta-sednitsa-na-vladata-ova-se-novite-odluki/
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    На крај со пресметкиве x6, x8, x10 ќе излезе едвај од милион ипол жители во Македонија 2 ипол милиони дека го прележале вирусот. :D
     
    На mal.ecka, VDT2906, темјанушка и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.847
    Пол:
    Женски
    Токму за тоа зборуваше проф.Данилоски во,,Центар ,,кај Ефтов,дека кај сарс и кај мерс воСаудиска Арабија забележан е клеточен имунитет дури со децении,а што не е изненадувачки да се случи исто и со коронава, зошто нели припаѓа како што мислам на иста фамилија корановируси.Многу убаво објаснуваше професорот ,гледајте ја ако ве интересира.
     
    На Peperutce1115, cresa-jagoda, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Па така е. На почеток беше бројките на заразени да се множат најмалку со 10. 143 000 официјално потврдени по 10, плус вакцинирани ете ти 100 посто. Од каде излеваат овие 1000 на ден секојден не знам, изгледа од тие 2 ипол милиони.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    И не го заборавај процентот на луѓе кои никогаш нема да заболат, имало и такви.
    Ако при одредени мутации и прележани и вакцинирани имаат голема шанса за реинфекција, тогаш крајот не се гледа и при 100% имунизирано население од првичниот сој. Мутациите ќе немаат крај.
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Да не одиме толку далеку, да пробаме прво со вакциниве па за понатаму ќе мислиме. Дали и колку ќе штитат, дали и како ќе мутира вирусот...ако вака размислуваме да си легнеме и умриме уште сега, ако не.
     
    На fana и LejlaD им се допаѓа ова.
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    7.442
    Пол:
    Женски
    Јас не знам куќа кај што коронава не влегла. Мислам дека ретко кој од нас не бил директно под ризик да се зарази. Со ова темпо не ми е јасно кој на есен ќе остане да се заразува..
     
  10. DomD

    DomD Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    1.7m жители 143,000позитивни 8.4%.Здравствен дом Кавадарци(општина Кавадарци+Росоман 43,000 жители 2002 околу 40,000 денес).Официјално позитивни 4,900 и нешо ситно или 12% ×8 96% хаах.Нека се тешат море и ×10.Реално кога ке дое докај 60% заедно прележаност+вакцинирани ке останат само спорадични случаи.
     
  11. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Абе какво умирање... :o само барам логика.
    Сакам да кажам дека е многу веројатно Бразилците да се веќе присутни и овде, посебно што многу се жалат дека веќе по вторпат се борат со корона, а првиот пат им бил потврден, утврден, со симптоми со све. И сега пак јово на ново.
     
  12. DomD

    DomD Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Такви кругови се движиш најверојатно млади,активни,социјални.Од друга страна ја па ретко знам куќа со корона со луѓе во изолација.
     
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    7.442
    Пол:
    Женски
    Не, воопшто. Брат ми спаѓа во тие луѓе, беше болен и моите во изолација, но ние дома не се заразивме. А сите најблиски или поминале или имале ризик од брат ми ете да се заразат, среќа никој не се зарази. Кај што работам повеќе од пола фирма потврдено биле болни со тест, рачунај колку се реално..
     
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.333
    Допаѓања:
    89.987
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека проф.Даниловски не знае што збори?
    Бидејќи коментираме на негова изјава.
    Јас верувам дека добро знае што збори.
    Но еве тој не е стручњак,вие сте поголеми од него.
    Како и да е,ќе видиме што ќе се случи за 3 месеци и дали човекот бил во право.
     
    На Harper, LejlaD, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. DomD

    DomD Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Нема шо да рачунам очигледно си во круг/или немаш избор (колеги) кај шо има стока од луѓе.Кај мене на периферија во Скопје,бутел од 60-70куќи(300-400луѓе)на улица 2-3до сега биле во изолација.На работа исто од 10тина луѓе 0.0 болни/изолација(од почеток па до ден денес).Пријатели/роднини ретко по некој.Запрашај се кај е грешката?
     
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    61.893
    Пол:
    Женски
    Јас откако се вакцинирав тргнав ептен психички товар. Претходно цело време стравував да не заразам некого, да не ги поболам моите најблиски, сеа со вакцинава каде каде лакше се дише. Не ни имав некои јаки симптоми, ниту пак сите кои се вакциниравме во таа група развивме некои симптоми кои се страшни. Почекувам уште некоја недела за да направам антитела и после ќе можам каде каде подобро да функционирам. Не дека ќе ја извадам маската кога работам, ама пак поинаку е.

    Навистина не разбирам како може антиваксери да постојат, не ми е јасно како некој може да верува дека вирус кој покоси 4000+ луѓе кај нас е помалку штетен од вакцина. Со секое чекање на вакцинирање се ризикува пак да се јави некоја мутација и пак Јово на ново. Ако се вакцинираме еден грст народ наеднаш сите може комотно коронава зад нас да остане.

    Ама зошто да е просто кога може комплицирано да е.

    Аман вакцинирајте се, еве ме, жива здрава, како и сите кои примивме вакцина од таа група.
     
    На Doozy, fana, Peperutce1115 и 15 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    257.181
    А зошто вакцинирана, со антитела треба да носам маска?
    Зошто тогаш воопшто се вакцинираме?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    61.893
    Пол:
    Женски
    За ако закачиш ковид да не поминеш тешко, туку лесно, на нога. Или па ич да не развиеш симптоми. Маска носам иначе оти уште не можам да се опуштам и да бидам во контакт со непознати луѓе без. Психолошки момент е пред се кај мене. Здравје кога ќе се вакцинираат уште повеќе луѓе ќе гледам и неа да ја тргнам, сега за сега страв ми е.
     
    На azelea, fana, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Само уште 3 месеци предвидува? Само уште...3 или 4000 умрени и ќе сме радосни оти човекот успеал да погоди? Пошто тоа се бара сега, доктор над докторите што ќе паметува дали колективен ќе има после 3 или 5 месеци. Не ги прави истите математики што вие ги правите овде?
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.333
    Допаѓања:
    89.987
    Пол:
    Женски
    Бизарности пишуваш.Каде не излегуваат со изјави како и што ќе се случува со епидемијата?
    Што ти смета не те разбирам.
    Го слушаше некогаш кога објаснува?
    Што сакаш ти да каже?
    -Нема никогаш да стигнеме до колективен имунитет во Мк ?
    Тоа ли сакаш да го чуеш?
     
    На Harper, Ambrosia, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.