Од Скопје ама немала никаков контакт со други луѓе освен со шоферот, од граница право на инфективна ја однеле
Да Зависи со кого биле во личен контакт од како се овде Патничкава веднаш се јавила во болница значи нејзиното семејство нема да оди ако другиве патници не биле во контакт со нив
Ајде со среќа нека нѝ е.. Чувајте си го здравјето. А женава со колку души била во контакт неќам ни да знам
И сега што ќе биде, што ќе се случува? Хаотично ми е во главава, како човек да се заштити? Сите идеме на работа, школо, контакти со луѓе колку сакаш... Не сакам ич да паничам ама почнувам. Ме јаде мисла, јанѕа ...
Таа била од Скопје, ама патниците во комбето со неа ништо чудно да се упатиле и во други градови од внатрешноста. Од друга страна, велат периодот на инкубација кај неа бил поминат некое време... Но не се само тие вратени од Италија.
Со тие што била у контакт ќе бидат 14 дена у карантин, ќе се мониторираат. Нема простор за паника не се плашете
Сега ќе се стават во карантин сите што пристигнале со неа. Ако се потврдат, веројатно школите некое време ќе бидат затворени, карневалите откажани тоа за почеток а потоа како ќе се развива ситуацијата така ќе постапат
А во период после инкубација не се пренесува вирусот? Сепак имала симптоми штом се упатила во болница, значи не и бил поминат вирусот.
Барај n95 или n99 тие се со најдобра заштита заштитуваат дури од полен а колку што знам корона вирисот е поголем. Види ако успееш да најдеш додека не почнат да апелираат за овие и цената сеуште им е 600 ден. Од другите немаат. Среќно!