Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Жити сè, кои прописи?
    Убаво си пишува да цитирам
    Ама поарно кажи си дека не верувате во Короната, не ми кажувај само дека било по прописи...
     
    На deskarada, oblace1, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Еве, верувам во Корона и сакам да се вакцинирам.

    Има ли каде да се вакцинирам? :D

    Во Србија има, во Бугарија има, во Грција има. Сакам утре да одам и да се вакцинирам/ Има ли вакцини?

    Ете ти го одговорот на многу прашања зошто ситуацијава е дно и ќе трае уште многу месеци.

    Не мислам да се објаснувам понатаму. Седи дома уште 10 месеци, не излегувај никаде и чекај милост од Филипче вакцини да ти набави и да те лаже дека само уште што не стигнале за некоја недела.
     
    На orevokrsacka и fana им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.609
    Допаѓања:
    140.410
    Сите овие на кои им смета денешниот протест, да си најдат мислење каде им сметаше протестот за монструм. Нема нели? Или ќе пишете демек и тогаш сметало ама не сте знаеле, не сте пишале....
     
    На pilenka, VDT2906, WaitTillTheEnd и 6 други им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Баш прееска беше кога напишав во друга тема дека единствена надеж гледам во Апасиев, зашто добро паметам што правеа 11 години Вмро и гледам што прават сега Сдсм. Така да ни едните ни другите ги бранам.
    А ти текнува ли Мицко ли беше кој ли беше пред неколку месеци во кафана во затворен дел кога седеше кога не беше дозволено? :wasntme:
    Така да, ако плукаш, плукај реално. Не се ни едните ни другите цвеќиња за мирисање.

    А народов послушен ли е? Вмро има ли свест и одговорност? Кој организира протест од река народ без почитување протоколи?
    Со ова денес јасно се гледа дека исто ќе беше и да беше Вмро на власт. Штом денес немаат свест, ништо немало да преземат повеќе од што преземаа Сдсм за справување со Корона ситуацијата.
     
    На deskarada, Ahoy и bicycle им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.609
    Допаѓања:
    140.410
    Па со полиција го бркаат, инспекции идеа, а сега Српче си седи у полициски час у кафана, така требало. Абе позло не можеше да ни се деси од неспособниве у време на пандемија. Да немаше власт подобро ќе беше
     
    На LejlaD, DAngel, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    Ниту еден протест не е во ред, не само денешниов.
    Светот се бори со пандемија, луѓе умираат, болниците преоптоварени, вакцини нема, ним им текнало протести.
    Утре ќе квичеме по форуми, сакаме вакцини, не сакаме пол. час, не сакаме карантини ама не почитуваме ни мерки.
     
    На smooch, Tajnaotrovna, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.769
    Допаѓања:
    41.738
    Пол:
    Машки
    Имало вака масовен протест за немањето вакцини? Петиција нешто?
    Зошто не?
     
    На LejlaD, Ambrosia, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Искрено годинава не сметам дека карантин е решение. Пред се, постојат и совесни луѓе. Како почна пандемијава, јас се отуѓив од секакво човечко битие, ретко излегувам од дома, ако морам, и се се одразува на моето психичко здравје, па и физичко, со оглед дека ни до болница не сакам да отидам, а сум имала проблем. Наместо да отидам некаде за Велигден, во природа, на чист воздух, да мрднам од дома, повторно јас морам дома да седам, а зошто? Ако веќе има карантин и е пожелен, нека има и за Бајрам, или тогаш не може да се заразиш со корона?!? Друго, свеста е на црквите и џамиите. Ако ги затворат своите врати и апелираат на ,,мирно" прославување на празниците во своите домови, нема да има групации, со тоа нема зголемување на бројот на случаи. Преку глава ми е да гледам за општо добро, ако се гледаше, до сега пандемијава ќе беше неколку месеци во минатото. Ако некој решил да се групира, слободно. Останува на мене да се заштитам како знам и умеам, и не со маската на брада и под нос.
    Така да, нека остане на свеста на народот. Јас доста трпев и ми е смачено. Се чувам за баба ми, она пие кафе со комшиките на ,,дистанца". Секој за себе, најпаметно. После нека не се пцуе по држава зошто е зголемен бројот. Филипче не зарази никого. Сам себе се доведуваш во контакт. Носи маска, затегната кај носот, не се бутај во маркет на каса, нема возот да ти избега, не мораш да одиш по гости, не мораш да правиш свадби, нема момчето да избега, не мораш да пиеш кафе со другарка во кафич, може и во природа да се видиш, на воздух и дистанца.
    Не се обраќам на тебе, не ме сфаќај погрешно. Едноставно ми е создаден огромен револт, што постојат луѓе што почитуваат се и се заштитуваат без некој да воведе казни и да е затворен во својот дом, додека други око не им трепнува. Нивни проблем....Уште се мислиме дали да примиме вакцина или не. Сито и решето сме направени од мали нозе, проблем било да се прими сега. Доволно е да знам дека моето семејство се штити и да се вакцинира. Останатите не се мој терет ниту пак можам нешто да сменам. Ако некој не ја разбира тежината на болеста и не ја разбира тежината на ситуацијата, не е воопшто мој проблем. Свесните луѓе плаќаат за несвесните во случајот, ако ова не е себично, не знам што е. Овој пат и јас сум себична, празник ми е, сакам сонце да видам, пошо само четири ѕида гледам. Жити животот во кафез за друг што слободно и без разум живее.
     
    На LejlaD, nena2010, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Мене секој протест и непочитување на мерки ми смета. И избори ми сметаа. Не бевме на гласање бев бремена.И секакви злоупотреби. Најмногу ми пречеше што ги нафрцкаа пратеничињата да ги вакцинираат пошто нивните животи се поважни од нашите. Ама не ние ќе се поколеме за партиите.

    Не мора да сум вмро или сдсм за нешто да ми смета.
    2 години дома бдеам моиве бебево едвај го гледаат они се истопорија денес да протестираат :clap:
    Се надевам ќе се дочуваме и еден ден ќе се појават некои трети. Доста е и од едни и од други..:x
     
    На LejlaD, azelea, Ambrosia и 5 други им се допаѓа ова.
  10. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.949
    Допаѓања:
    2.188
    Navistina denes ne bese vo red da pravat protest.Trebase da ostavat za podobro vreme.Tie treba da mislat stobile tamu i samite da se zastitat.Sega za golemi sobiri ne e.
    Ubavo vreme ke bide i smetam deka merkite treba da ostanat vkvi kako sto se.
     
  11. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...е па не се сите протести исти, едно е да се протестира достоинствено, а друго да се крши, да се фрла со боја по објекти затоа што луѓето збеснаат, да се кршат излози, посебно претседателскиот кабинет, или пак да се крши све пред себе по патот кога се протестира со туѓи знамиња! така да постои хулигански протести, анархија и хаотични протести, но и достоинствени човечки протести... не смее да се стават сите во ист кош, без разлика од целта на самите протести!
     
  12. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.847
    Пол:
    Женски
    Ти да си одиш во природа,не е тоа себичност,себични се оние што цела година не сфатија и една маска не ставија на работа.Е од нив постојано сме во ризик. Истите тие за празници ќе одат,ќе се бацуваат пошто секако се без осет и не како што викаш,нивни проблем е, зошто потоа ќе дојдат на работа каде работиме во затворена просторија и ќе ти го пренесат вирусот.Точно, мој проблем нема да бидат кога ќе се вакцинирам јас и моето семејство. Тогаш нема да покажам ни трошка емпатија и сожалување ако се заразат е тогаш да ,нивни проблем. Ич нема да ми биде тогаш жал,ама ич .
     
    На bicycle и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Ако така гледаме, и тоа е точно. Но, тој што сака да се групира и бацува на празник, не му менува ништо. Истото може да го прави и друг ден. Тој што носи маска под брада, ја носи и пред и после празник. Тој што си носи, ќе се штити и сега и после. Сепак сметам дека не треба да не затвараат, едноставно црквите да апелираат да се поминат празниците во својот дом и да нема традиционално одење пред црква како секоја година претходно во нормални услови. Лани, не си бил помалку верник што не отиде во црква, нема ни оваа да бидеш ако се чувствуваш религиозен и си прославиш само со семејството со кое живееш.
    Буквално не би имало ефект. Единствено може само властиве да превземат нешто во однос на вакцинирањето да биде што помасовно и побрзо да се одвива. И да постои можност и да си платиш ако сакаш да си купиш вакцина за побрзо. Мислам во ред што се бесплатни, ама еве сакам да платам да не чекам. Србија вишок вакцини има, ама не, ние молиме ко просјаци за донации и милостиња. Огромно разочарување од тој аспект.
     
    На lovestoneddd, Nigredo Odor и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.066
    Допаѓања:
    117.784
    Пол:
    Женски
    Да не претеруваме :)
    И лани за први мај така се збореше па ништо не се случи.
    Тресила се гора, родио се миш :)
     
    На lovestoneddd, LejlaD, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.769
    Допаѓања:
    41.738
    Пол:
    Машки
    Дај Боже да е така.

    Ама цела Македонија денес беше во Скопје. Покрај гужвите таму, не ни сакам да помислам како стигнаа луѓето од другите градови...

    Плус лани за 1. мај беа по 20-30 заболени дневно Фана, не по 500- 600, а многу повеќе непотврдени. Немавме потврдени 17 000 активни, каде- каде помалку беа :(
     
    На LejlaD, Anne Boleyn и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.910
    Допаѓања:
    36.745
    Пол:
    Женски
    Пак ли бе со плукање по народов и амнестирање на власта?
    Не сте интересни веќе :shake:
     
    На TheDongerino и christinnn им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Инаку до денес не се ширеше неконтролирано, па баш заради протестот ќе се прошири?
    До денес сѐ беше под контрола, па сега протестот ќе е причина за ширењето?
    Протест е легитимен начин на јавно изразување на незадоволство. Ако веќе прифатила државата да се живее со вирусот, мора да се живее и со протести додека хара вирусот.
    Пандемијата ќе трае со години, со недостатокот на вакцини - Македонија нема наскоро да заврши со вирусот. Повеќе од една година се кратат основно човеково права и изразувањето незадоволство кон власта е едно кое баш и не смее да се скрати.
    Моментот кога сѐ скрати, можеш да бидеш сигурен дека живееш во диктатура.
     
    На Harper, Angie1432, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.847
    Пол:
    Женски
    И ти си во право ,тие што не почитуваат не почитуваат секако,бил или не бил празник.А за апелите кај нас се покажа дека не вредат ништо,ниту од Филипчета,ниту од верските лидери.Апелите вредат таму кај што има цивилизиран народ,што ми рече една блиска што живее во Словенија,тоа беше на почетокот мислам,ми рече кај нас нема казна ама сами луѓето се тргаат во маркет и носат маска.Така исто и во Шведска.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.769
    Допаѓања:
    41.738
    Пол:
    Машки
    Имаше и други протести минатиов период кои беа добро организирани и каде мерките беа главно запазени.
    Тука нема ниту дистанца, а ниту сите ги носат правилно маските, некои ни воопшто не ги носат. И добар дел од нив беа за лошото справување со пандемијата кај нас. Имаа смисла барем. И не беа вака масовни.

    И овој протест можеше да се расцепи низ повеќе градови, не мораше цела Мк да оди во Скопје организирано и неорганизирано без никаква контрола. Така ќе беа и повеќе припазени мерките, секоја општина сама за себе.
     
    На Black__ и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  20. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски

    Сите биле со дозвола од инфектолог!.... јбг....