Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.729
    Пол:
    Женски
    Добро луѓе, како може никој да не отвори тема за политиката и короната? Не е за тоа темава, темава е за состојбата и како се шири короната во Мк и во светот, оф топици се таквите постови тука сосема.
    Може ли, кој сака да пишува за тоа и кој го интересира, да отвори нова тема, со јасен вовед дека е за политика, не е за состојбата со короната, туку е чисто од политички аспект.
    Ве замолувам да отворите таква тема, не може од овдешните мислења ништо посебно да се издвои како асален вовед. Не секој го интересира политиката или сака да чита и дискутира за тоа. Затоа, отворете нова тема, тука во овој подфорум и можете таму слободно да дискутирате. Без навреди само нормално, цивилизирана дискусија.
     
    На green.eyes, oblace1, noteforself и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Како што беше првично најавено, за престојните празници Велигден и Рамазан Бајрам, односно од 1-ви кон 2-ри мај и од 12-ти кон 13-ти мај ќе нема никакво ограничување на движењето на граѓаните, со тоа што продолжува да важи мерката за угостителите да не работат од 21 часот до 05 часот наутро.

    Амаа намерно ставаат полициски, за Велигден да сме затворени како лани !!!11
     
    На Anne Boleyn, Angie1432 и Ahoy им се допаѓа ова.
  3. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.847
    Пол:
    Женски
    :D
    Аааа зошто Бајрам иде,иначе нас пак за Велигден ќе не затвореа,сатанисти едни:D,ова од најновите бисери:D.
     
    На Ambrosia и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  4. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    20.092
    Пол:
    Женски
    Дечки, може да си кажете после колку дена се развиваат симптоми после британскиот сој ?
     
  5. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.181
    Допаѓања:
    1.052
    Пол:
    Женски
    До 15ти мај трае полициски час или?
     
  6. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    7.442
    Пол:
    Женски
    Сите што ги познавам неодамна беа болни, најверојатно со британскиот, многу брзо развија симптоми после контакт, брат ми после 3 дена, и тоа според вредностите на пцр тестот рекоа од лабораторија дека најверојатно одма после контактот станал активен вирусот. Исто и друг познаник, утредента одма разви симптоми..
     
    На mal.ecka и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  7. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    20.092
    Пол:
    Женски
    Значи може и за еден ден? Во случајов станува збор за еден ден, нецел дури :) Ама никој од контактите засега нема симптоми. Што викаш ништо веќе не се знае.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.858
    Допаѓања:
    186.395
    *превземено од https://off.net.mk/vesti/balkan/indiskite-kovid-brojki-vo-hrvatski-kontekst
    Се вика, експлозија - 314,835 новозаразени во еден ден - светски рекорд! Навистина звучи импресивно. Но, Индија има 1,4 милијарди жители. Тоа значи 225 новозаразени на еден милион луѓе. Хрватска во истиот ден имаше 2,885 новозаразени, а тоа е 721 на милион лица.
    Хрватска има 3,2 пати повеќе новозаразени на милион луѓе од Индија.

    Одиме понатаму, број на умрени? Во Индија на 22 април починале 2,256 луѓе со ковид а во Хрватска 46. На милион жители тоа во Индија е 1,6 а во Хрватска 11,5.
    Хрватска има 7,2 пати повеќе починати од ковид од Индија.

    Ако ситуацијата во Индија е толку катастрофална, ако е „тотален колапс“, ако луѓето масовно се спалуваат на улици, како би требало да е во Хрватска каде е од три до седум пати полошо? А во Хрватска, еве, нормално. Никој никого не спалува по улици.

    Не разбирам зошто медиумите имаат потреба на секои неколку месеци катастрофично да драматизираат ситуации од некои делови на светот. Прво беа луѓе кои се струполуваат по улиците на Вухан, па снимки од ломбардиска црква со наредени ковчези, па дека „Сараево падна“... Која е целта? Не можам да се сетам на ништо друго освен на кликови.

    Оригиналот овде https://www.liberal.hr/indija-covid-19-koronavirus-mediji-index-hrt-jutarnji-list-854

    Дали за кликови, дали за паника- небитно. Битно паниката мора да биде жива.
     
    Последна измена: 28 април 2021
    На buba4e89, marchi-cool, Tajnaotrovna и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Nikolina35

    Nikolina35 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.046
    Пол:
    Женски
    Значи се изнервирав, а пошто е поврзано со корона ситуација овде ке си кажам. Имено, некои сте запознаени со тоа дека мм е короносан, јас не сум позитивна. Е сега од центар за јавно здравје ме ставија и мене во карантин со него 14 дена.

    Се јавувам на работа, кажувам и ми вика паметната е де, тебе ништо не ти е. Ако не си болна до 10 ден, да се црташ на работа.

    И сега дилемата ми е, да им отидам јас на 10ти ден, ама да ги пријавам предходно, шо викате?
     
    На buba4e89, LejlaD, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Пред толку да го идеализирате тој скапан полициски, помислете на тоа дека пред некој ден еден човек од службен пат брзал дома над дозволеното за да стигне дома на време. Дозвола за движење при полициски немал. Ризикувал и себе и некој друг да убие ради тој полициски.
    Можда полиција ќе покажела разбирање ако закаснел, ама психолошкиот ефект е тој, се плашиш од казната прво и ризикуваш, сакале или не. Не го кажувам примеров од ракав, лично знам.
    Се треселе неговите зашто знаеле дека брза.
     
    Последна измена: 28 април 2021
  11. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Што не ќе прочитам...Нема изговор за возење над дозволена брзина. Кој страв од казна, ќе имале разбирање едноставно ако се јавел на 192 и ја објаснел ситуацијата. Крај краева боље ќе преспијам во градот и е тргнам следниот ден во 5 него себе да се ризикувам, а и пази ризикувам други луѓе и животни на патот. Многу непромислена одлука. За над дозволено возење возачка треба да му се земе ...не ми се верува какви дискусии правите. Не, не е во ред!
     
    На buba4e89, oblace1, noteforself и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Да, не е. И јас знам дека не е во ред. Ама истиот муабет се правеше ради гужвите во маркети лани кога имаше полициски од 4. Демек што морате да се пикате у гужви. Ефектот е тој едноставно.

    Ок, нека му се одземе возачката. Ама не е единствен. Факт е дека не се вози безбедно тој последниот саат и ова е последица на полицискиот.
    Полициски час е глупа мерка, без разлика дали воопшто има такви последици. Мене па не ми се верува колку знаете да се запнете, полициски па полициски.
     
  13. Nikolina35

    Nikolina35 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.046
    Пол:
    Женски
    Остај го муабетот, да е само тој така арно, него пред полициски пола саат полни маркети, после летаат ко муви без глави ко улави се брзале... Не не бива ко народ луѓе, не не бива и точка. Никој друг не ни е крив. Извинете на негативност, еден пост погоре ќе сватите зашто оваа нервоза.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Да си седиш дома. Ништо не ти можат. Не кревај на телефон кога те бараат од работа. Што имаат нека ти пишат мејл или смс, за да имаш доказ дека додека си во изолација те бараат на работа да одиш. За ако сака да те избрка, да имаш доказ со кој ќе можеш да се жалиш.
     
    На mal.ecka и tina2018 им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Не ги бива и тие шо после година дена не разликуваат полициски час од карантин. Карантин никогаш немавме, једино у Дебар тоа беше карантин.
    Ефектот е тој, реков. Не е нешто што свесно и од ќејф го правиш
     
  16. Nikolina35

    Nikolina35 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.046
    Пол:
    Женски
    А да те прашам нешто, ако е полициски час од 20 часот, дали ти треба у 19 и 15 лагано да си пазари, низ маркет, да се шеташ сеуште низ град итн итн... Значи гледам шо се дешава, у сред центар сум... 15 до 8 летаат. Незнаеме да се организираме сами себе сироти, тоа е.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    40.479
    Пол:
    Женски
    Ако излезеш ризикуваш казна. Не смееш да излагаш додека си во карантин со решение.
     
    На mal.ecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Ако се задржал покасно на работа, го задржале, како да тргне порано или да се организира?
    Лани кога беше од 4 луѓе пазареа после работа. И како гужви да немаше тогаш? Не можеа порано да испазарат.
     
    На christinnn и Angie1432 им се допаѓа ова.
  19. Nikolina35

    Nikolina35 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.046
    Пол:
    Женски
    Па нема ни да влезе у маркет за една вода ако е на работа да речеме. Ако гледам дека немам време, одам дома... Ама не гледаме.
     
    На LejlaD и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    7.442
    Пол:
    Женски
    Ќе и сликаш решение за изолација и нека се слика она. Бог да чува, речи и ако ме казнат ти да плаќаш казна. Луд народ..
     
    На mal.ecka, tina2018, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.