1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Ок се е за вас несоодветно. Брат ти носел маска под нос несоодветно го казниле. Маж ти излегол пешки од кафич без маска до кола (небитно биле 2 чекора или 2м) несоодветно го казниле. Да, така е намерно за да полнат буџет.

    Затоа пазете и ставајте маски, да не им полните џебови на функционерите.
     
    На cresa-jagoda, Anne Boleyn, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.903
    Допаѓања:
    186.797
    Децата од септември беа на школо со платнени маски, индивидуални случаи имаше, кластер од школо немаше. Ама и отворени прозори:!:
    Во некоја катакомба од затворен трговски и пред ковид можеше ковид да фатиш, толку за затворените простори со вештачка вентилација.
     
    На Ahoy и LejlaD им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    18.639
    Пол:
    Женски
    Маж ми само што излегол, немал време да ја стави. Не е ни битно.
    Нелогичен е законот, во рамки на кафичот нема корона, веднаш штом стапнеш надвор има.
    Кикснаа во справување со кризата. Лани за Велигден карантин, една недела по тоа за Бајрам немаше корона.
    И после кажи дека маските се за заштита а не за казни.
     
    На Milkiway, christinnn и honey.11 им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.742
    Допаѓања:
    129.137
    Пол:
    Женски
    Аман со тој бунт.И на отворено може да се најдеш во гужви.
    Додека вие се жалите од маските,што со пациентите кои се на кислородна поддршка или на респиратор?
    Тие се оние кои не можат да дишат.Што да речат нивните фамилии кои секој ден стравуваат за нивните животи?
    Лани рекоа дека неправилно ставена маска е исто како да немаш маска на лице.
    :!: Едноставно е.Носете правилно маски додека трае мерката и никој нема да ве казни.
     
    На IronLady, Anne Boleyn, Autumn Love и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    6.103
    Еве јас имав “среќа”. Три саати во затворена просторија со мајка ми, кај која после се испостави дека и е втор ден од почеток на симптоми (или во превод - во најинфективен период).

    Ама со маски, и јас и маж ми и таа. Цело време. Без тргање ни за кафе ни за јадење. И фала му на Бога не се заразивме.

    Од ко е почната пандемијава ние двајцата не сме седнале дома со нашиве без маски (за со други да не прам муабет, скоро и да не се гледаме со никој во затворен простор), прво за да ги заштитиме нив, а сега плус ради мене дека сум бремена.

    Ако беше така да не штитат (доколку се носат правилно), тогаш само медицинскиот персонал ќе ги наполнеше болниците, на некои само маската (и тоа многу почесто обична хирушка, оти не секој имаше пари за н95 да мења на почеток кога беа по 350ден) и тук таму по некој визир им беа заштитна опрема цела пандемија.

    Така да носете маски! Макар и хирушки.
    Не за да не ве казнат, туку за да се заштитите вас и тие што ги сакате.
     
    На cresa-jagoda, JuLleE, Lepoticata и 8 други им се допаѓа ова.
  6. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.457
    Допаѓања:
    211.156
    Пол:
    Женски
    Маска не носам поради казна,маска носам да се заштитам колку можи себе си и другите...На улица,во маркет,кога и да сум излезена од дома,не ми е проблем,се до сега фала богу штитела.Домашниве исто носат,детево на пракса со физичко присуство и секако маска која ја фрла во канта и става друга....Не сме нон стоп затворени дома,под стаклено звоно,но ваљда штити,барем до сега....Во случај пак и да фатам вирус,другите ќе се заштитени од мене,затоа носиме нели...
     
    Последна измена: 5 мај 2021
    На cresa-jagoda, Hellobeautiful, H.VAGA и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.217
    Пол:
    Женски
    За затворен простор си е во ред. Нормално дека не би влегла во автобус без маска. Проблемот е кога одам по улица, се случува по 3 саати да пешачам низ град сама а според некого, треба притоа маска да носам и едвај воздух да земам. Прво и прво цајканите сите од прв до последен се со спуштени маски, па ќе казнувале, први не се придржуваат до мерките.
     
    На renata77, christinnn, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    34.933
    Пол:
    Женски
    Хирушките (медицински) маски штитат исто како Н95 (многу блиску се). Тука може да кажеш дури и платнени (зашто тие не се со толку супериорна заштита).
     
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Знам случај кај што двајца од иста адреса во кола биле казнети ради различно презиме. Пар, верени биле, ама не венчани. Или сеа у кола може да си префрлат, а дур водат љубов не?
    Не знам стварно кого од кого ќе штитат ако носат кога се заедно.

    И ја со моите у кола носиме. Е до толку неам доверба.
     
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    Врз кој основ се казнети ако живеат на иста адреса по лична карта, кога ова нема никаква правна логика?
    Јас и маж ми имаме различни презимиња, а иста адреса. Законот ми овозможува што сакам да правам со моето презиме, не сум обврзана да се презивам исто ни со родител, ни со маж, ни со дете.
    Баш сакам да ми се погоди некој јунак да тргне да ме казни за ова.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Еве уште еден случај што самата го постирав
    Али да, битно си ја работат работата како што треба.
    Кога се десило ова цитираното не ни беше задолжително на отворено.
    Тоа "другото" што ѝ го побарал веќе бајаги отвора сомнеж дали сите знаат како да спроведуваат закон:)
     
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    Не дека сакам да заземам нечија страна, но од пишаниов статус не е јасно ни дали имаат иста адреса поткрепена со документ, тоа што живеат во иста куќа не мора да значи дека се водат на иста адреса. Второ, ако биле надвор не знаеме дали биле во гужва, па можеби секако требале да носат маска.

    Затоа прашав, затоа што вака информации без контекст секој си интерпретира како му одговара. Ако нема законски основ, баш да видам како ќе ме казни.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    А ко божем кога казнуваат ти покажуваат закони и членови и све и правник носат со нив да потврди. Аха важи.
    Ако решил да те казни, ќе те казни. Не верувам дека ќе му докажеш спротивно со цитирање закони.

    Океј, не верувајте дека стварно има оштетени без потреба, шо да ви кажам.
    Тоа "другото" што ѝ го побарал го занемари некако гледам.
     
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    Па не сум полицаец, не знам како оди точно процедурата, но сум сигурна дека полицаец мора и да се легитимира и да ти образложи зошто те казнува.
    Како ќе ги казни извини ако стварно живеат на иста адреса? Врз кој основ? Ќе им земе податоци од лична карта за да ги легитимира и да запише податоци за казна и ќе види дека двете имаат иста адреса. И како ќе им пише казна и врз кој основ, кога очигледно се дел од исто домаќинство?
    А ако се шетале низ парк или по улица каде што има и други луѓе, секако треба да носат маска, како што носиш и во маркет кога влегуваш со семејството.

    Не може да ме казни без да наведе легитимна причина и точка.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Нема законска основа и судија да ослободи човек кој убил друг човек и тешко ранил уште еден (нема самоодбрана никаква тука) па се случи тоа лани. Гоце, што беше убиен кај млечен.
    А ти за полицаец се чудиш.
    Ко да никогаш не сте чуле кај што сами полицајци и судии и обвинители кршат закони и постапуваат по своја глава па ај ќе се убедуваме дека сѐ е по закони.
     
  16. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    Не ми текнува за кој случај зборуваш но ок. Сеедно, не ми се вергла веќе на темава, пошто очигледно јас зборувам едно, а ти друго.

    Секој ден со очи ги гледам тие лични интерпретации, апсолутно ми е јасно.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DomD

    DomD Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Не се тресете од земја бе сакале да полнат буџет немаат друга работа.600 казни низ Рм пишуваат дневно по 10евра.Мвр има 15000вработени(12500 службени лица со дозвола за оружје другите 2500 се цивили.4000-5000на улица се секојдневно 1600-700на смена.Ако сакаат стварно да казнуваат можат неколку десетици илјади казни да удираат секој ден.Ова со 600-700 е заебанција да има на вести дека нешто се работи.
     
    На Ahoy и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  18. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Еве и јас со партнерот во кола бевме сами, не запре полиција, побара лични карти, ние секако не носевме маска бидејќи во кола сами и заедно живееме, кој кого ќе штити?

    Кажавме дека живееме заедно на иста адреса ама за жал документот кажува друго. И не можеш да ги убедиш дека живееш заедно, и така него го казнија а мене ми прогледаа низ прсти.

    Така да, кога кажувате дека од иста адреса казниле двајца треба да кажете дека на документите не е иста адресата. Не верувам некој до сега така да го казниле ако навистина имал иста адреса по документи.
     
    На Luminary, cresa-jagoda, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  19. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    1.172
    Здраво на сите. дали некој има точна информација за исплата на боледување од работа кога си во изолација со решение колку се исплаќа од платата - дали е 100 % или ? никаде неможам да најдам точен податок .

    благодарам и со лесно
     
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Ама ти и партнерот значи треба да носите маски само за да избегнете казна оти нели, не можете да докажете дека живеете заедно, не зашто се штитите еден од друг. Значи пак доаѓаме до моментот дека во некои ситуации нема смисла да носиш, ама мораш за да избегнеш казна, како во вашиот случај.:)
    Оти секако дома сте постојано во контакт, значи не е за заштита носењето маска кај вас.:)
    Океј, нема да се убедувам.

    Јас носам и со моите кога сум оти не знам на кој полицаец како му прднал денот. А ќотек да јадам и дополнителни проблеми да си создавам со нив, не планирам.
     
    Последна измена: 5 мај 2021