1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.411
    Допаѓања:
    22.660
    Пол:
    Женски
    Може не е реален ама е намален сигурно. И редно беше...
    Пишував и порано дека познавам луѓе кои со симптоми воопшто не ги пратија на тестирање зошто веќе имале еден позитивен дома.
    Има и такви шо од инат не се тестирале има и асимптоматски.
    Сигурно и како мене, да не прати на тестирање пошо симптомите не укажувале на корона. (Јас доброволно си седев дома а и дете не носев во градинка). Така да не ме чуди. Во последниов бран што покоси скоро сите што ги познавав беа позитивни, изгубивме доста луѓе.
    Не се слагам со попуштање на мерки одеднаш, а глупиот полициски да остане(кој секако не се почитува а и ми нема логика).
     
    На mal.ecka, MarijaMi90 и LejlaD им се допаѓа ова.
  2. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    3.714
    Пол:
    Женски
    Јас ќе продолжам да носам маска надвор иако ме гуши. Не ризикувам и не им верувам до толку на владава со бројкиве.
    Кога спомнаа на вести дека пропуштиле да спомнат неколку починати од април, јасно беше, бројката никој не ја знае дали реално е повисока или пониска. Гледам пак есента можат да не затвараат...
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.897
    Допаѓања:
    130.015
    Пол:
    Женски
    Камо да е реална бројкава.
    Ама,дека се тестирале сите што треба,мало морген.
    Има некои со полесни симптоми што не се тестираат мислејќи дека имаат обична настинка.
    Некој што не верува дека вирусот е реален,и да има симптоми,нема да се тестира(можеби само ако мора да патува).
     
    На edna_malecka и Цвет88 им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    И имаш секој ден по 2500+ тестови.

    Не секој растечен нос е корона, посебно не сега кога се актуелни алергиите!

    Ситуацијата е ептен смирена, тоа може и да го забележите околу вас. Или сите прележаа или се вакцинирани.

    Како да сакате постојано да имаме 700+, сериозно. Кога има многу ау бау катастрофа, кога нема и ситуацијата е мирна бројките биле лажирани. Интересно како и да е.
     
    На Amellie13, vitamina, WildMk и 20 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.897
    Допаѓања:
    130.015
    Пол:
    Женски
    Не,бре,Ахој.Сите сакаме да заврши веќе.
    Имаше грешки и доцнења во евиденцијата повеќе пати.Ради тоа очекувано е некој да се посомнева во вистинитоста на бројките.
    Ама,скоро секој од нас знае за луѓе кои не се совесни.
    Секако дека не секој растечен нос е корона,ама не е во ред некој со повеќе симтоми да шета нетестиран.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.790
    Допаѓања:
    122.579
    Пол:
    Женски
    Аууу и да знаеш.
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  7. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Па на народот никогаш ништо не му чини, тоа не е ново.
     
    На MarijaMi90, LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    Доцнењата беа од смртни случаи, никогаш поз. случаи.

    Процентот на позитивни случаи најдобро говори:

    637377673789630000.jpeg cdc-chart-1-2.jpg

    "Процентот на позитивност се движи од 0,5% до 3,1%, просечно 1,8%.", од извештајот на ИЈЗ.

    Ова за пред претходната седмица, утре ќе видиме за оваа што заврши вчера, иако ќе е ист, или евентуално и помал процент.

    Screenshot_20210531-210841_Chrome.jpg


    Понатака, бројот на хоспитализирани, најнизок од пред година дена:

    Screenshot_20210531-211346_Chrome.jpg

    Активни случаи, најниски од пред година дена:

    Screenshot_20210531-211351_Chrome.jpg

    7- дневен просек на позитивни, најнизок од пред повеќе од година дена:

    Screenshot_20210531-211402_Chrome.jpg
     
    На MarijaMi90 и LejlaD им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Другари, прележавме и ,,поминавме".
    Некои од нас со последици, некои со тромбови и тромбоемболии ама тоа е што е.
    Битно, бројките се тие од прилика. Зошто би лажеле?
     
    На Harper, Sofi.ja, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.372
    Допаѓања:
    90.416
    Пол:
    Женски
    Вие што не верувате на бројкиве ко да немате комуникација со луѓе :^)
    Па кој да се разболи луѓе?Нема веќе кој.
    Многу се реални бројкиве.Многу голем дел го прележаа,дел се вакцинираа и толку.
    Една шака народ сме.
    Толку е во мали држави ,нека му ја мислат тие со милиони жители.
    Од утре фала Богу и без маски на отворено и во кафана со друштво.:party:Животот се враќа назад.
    Апокалипси на есен нема да се случат.
    Прележаните по најновите студии ќе имаат долготраен имунитет.
     
    Последна измена: 31 мај 2021
    На Принцезичка1, Kitten, vitamina и 20 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.897
    Допаѓања:
    130.015
    Пол:
    Женски
    Лесно е од странство да кажеш.Оди прошетај се повеќе денови во некои Скопски населби и вози се во некои автобуси да видиш што зборат и што прават.
    И чекај,за маските на отворено не е одлучено уште,само е прифатен предлогот.Утре ќе биде одлучено на владината седница.Веројатно ќе биде усвоено,ама да не се збори пред да кажат.
    @Ahoy Не,и за заболени имаше.
    Апликацијава што ја постираш стално нема секогаш точни податоци.
     
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.790
    Допаѓања:
    122.579
    Пол:
    Женски
    Дај боже да е така. Дај боже да се заборави веќе ова. Вервај страв ми е да се радувам, да се опуштам..
     
    На edna_malecka, Billy Idol, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    Не сум сретнал за заболени, мислам дека ни немаше.

    Ковид Трекер е точен затоа што извор на сите податоци е ИЈЗ и нивните дневни извештаи :)
     
    На mal.ecka и LejlaD им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.372
    Допаѓања:
    90.416
    Пол:
    Женски
    Од кое црно странство да кажувам кога тука живеам.
    Што е битно што зборат и прават по автобуси.
    И тие се сигурно прележани.
    Не само што ќе ги тргнат маските и полицискиот ќе го тргнат на 15.06.
    @nena2010
    Празни се болниците.
    Опуштете се и почнете да живеете .
    Доста беше година и пол.
     
    На lovestoneddd, Angie1432, vitamina и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.862
    Допаѓања:
    202.990
    Пол:
    Женски
    Имам комуникација со луѓе, ама во моето опкружување и најблиските, оние со кои секојдневно комуницирам, значи роднини и пријатели, на прсти се бројат оние кои прележаа, фала му на Бога што е така, и така и да остане.
    Ама ова не е само мое мислење, туку и на доктори кои работат во ковид центар. Дај Боже да грешиме, не сакам веќе да се повтори изминатиов период.
     
    На noteforself, oblace1, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.372
    Допаѓања:
    90.416
    Пол:
    Женски
    Од доктори кои работат во ковид центар ми е информацијата дека наплив нема.
    Страшно е намален бројот на пациенти и луѓе кои доаѓаат на прегледи.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.790
    Допаѓања:
    122.579
    Пол:
    Женски
    И јас само 2 познавам што прележале.. Бар што ми се тука блиски. А родниниве во помалите градови Битола и Прилеп скоро сите го прележаа..
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka и LejlaD им се допаѓа ова.
  18. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    20.115
    Пол:
    Женски
    Жал ми е, многу ;( Истово го имам слушнато за болницата во Тетово мислам беше или можеби Гостивар.
     
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    145.270
    Во нашиот Ковид центар моментално се лечат само 8 пациенти.
    Тоа е доволен доказ дека бројката е значително намалена.
    Во пикот беа 80 пациенти, од кои 40 лежеа, други доаѓаа на дневна болница. Тука не е бројот на оние кои испаѓаа негативни, а беа со ковид слика.
     
    На Doozy, WildMk, Ambrosia и 10 други им се допаѓа ова.
  20. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    20.115
    Пол:
    Женски

    Не ти треба тест од Германија за Македонија, за жал, ти треба само од Македонија за Германија.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.