Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Не сакаат да се вакцинираат а се чудат како крај нема и покрај вакцините(facepalm)
    Ми се чини ќе се влечеме и влечеме со години.
    Се најавуваат за есен нови затварања, јас се надевам вакцинираните и прележаните исклучок ќе сме, пошто не ми е фер пак дома да седам и по цел ден со маска да сум заради дебили пардон мај френч. Зошто тогаш вадиме потврди и дигитални пасоши и курци палци ако на крај сме пак сите на исто? Не се вакцинирав само за здравје туку и за слобода.
     
    На Bratot, green.eyes, Ambrosia и 20 други им се допаѓа ова.
  2. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.416
    За што служат дигиталните пасоши уште не знаат да кажат и тие што ги измислија. :D
     
  3. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.256
    Допаѓања:
    19.041
    Епа сега ќе има вакцини и треба да се паметни тие што прават прослави а и тие што ќе присуствуваат да се вакцинираат
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.315
    Допаѓања:
    259.533
    Јас во ЕУ не видов ограничувања ;)
    Светот функционира како пред короната, маска во некој маркет и тоа е.
     
    На DraganFem, Tajnaotrovna, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.788
    Допаѓања:
    41.876
    Пол:
    Машки
    Тоа сакав да кажам (fingers)
     
    На Tajnaotrovna, mal.ecka, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.416
    Тоа процентите за возрасното население или со се' децата во пакет?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.788
    Допаѓања:
    41.876
    Пол:
    Машки
    Колективен имунитет.

    80% тешко дека би се постигнале без деца, барем 15+.
     
    На Tajnaotrovna, LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Гледав статистика колку се вакцинирани по држава.

    Ѕирнете, ако ве интересира.

    Далеку сме од имунитет на стадо.
     
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Дали се впишани овде тие што се вакцинираа во Србија?
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Ау, не знам искрено
    Тоа што виде ти, видов и јас
     
    На mal.ecka и LejlaD им се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.788
    Допаѓања:
    41.876
    Пол:
    Машки
    Не се.
     
    На mal.ecka, LejlaD, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Чудно ми е затоа, оти пишува по држава, значи ако добро сфатив тие што се имаат ваму вакцинирано а не и во Србија, а голем број отидоа таму.
     
    На LejlaD и WildMk им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    @bicycle , слушај го Морнаров. (y)
    Ако некој знае, тогаш - тоа е он. :inlove:
     
    На mal.ecka, LejlaD, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Близу сме, а и многу прележаа а и има такви асимптоматски што се. :D
    Џабе трипаме.:D
    Сакам да мислам дека сме близу имунитет.
     
    На mal.ecka, LejlaD, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Србија на толку вакцини е уплашена до коска, ние ,,мува не не лази,,

    Кој спомнал седење дома ?
    Не станува збор за дома седење и изолција туку за да се продолжи трендот на хигиена и внимавање кога сме во групи.
    Кој се вакцинира и прележа- ќе здивнат малку со психата, као заштитени до некое време.
    Кој не сакаше и кој не доби термин , мора максимално да си се почитуваат
     
    На dunika, LejlaD, mareane и 5 други им се допаѓа ова.
  16. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Владата на седница го усвои Протоколот за обезбедување бесплатен ПЦР-тест за туристи странски државјани со регулиран престој во земјата, кој е предвиден како мерка од шестиот пакет за ревитализирање на економијата во услови на Ковид-19.

    Со мерката, како што соопштија владините служби, се предвидуваат бесплатни тестови за странските туристи во посета на нашата земја, а на кои им е потребен ПЦР-тест за влез во земјата каде што се враќаат.

    ©Makfax.com.mk
     
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Во Србија исто како кај нас Короната е умрено одамна. Луѓето се скроз релаксирани. Хотели полни, базени полни, молови полни. Да маски се носат внатре, исто како како и тука.
    Србија има проблем со вакцинација. Не сакаат да се вакцинираат и затоа Брнабиќ нон-стоп ги плаши ама џабе и е. Затоа вакцинираат се што ќе стигнат од соседство, да не им пропаднат вакцините.

    Се сложувам дека мора да почитуваме правила. Еве и Израел со толку вакцинација враќа мерка носење маска во затворено заради Делта сојот.

    Ама ако видите лицемерието околу мерките постои секаде. Наводно Велика Британија има строг режим нели заради ширење на Делта сојот, ама вчера Вембли беше преполн. Нит празно место имаше меѓу навивачи нит ништо. Хипокризија до бескрај.
     
    Последна измена: 30 јуни 2021
    На LejlaD, JuLleE, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  18. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Ќе седиш дома ако си вакцинирана ако има такви мерки. По пример на Израел и Велија Британија. Првите враќаат мерки откако прогласија крај, вторите не олабавуваат. Висок процент на вакцинирани имаат и двете, ама им се шири Делта сојот.
    Пак се брани Ковид пасоши и слични такви практики кои само обележуваат луѓе а ништо друго не прават. Се додека цел свет не е со висок процент на вакцинација никој не може да се ослободи. За жал хипокризијата, егоцентричноста и егоизмот на таканаречените развиени земји придонесе за брзо ширење на Делта сојот. Без доволно вакцини за сите подеднакво Ковид ќе мутира. Пример Делта сојот се појави во Индија со низок процент на вакцинација. Британија само за нив не ги затвори границите (нормално зашто така прават пари) па вирусот се прошири во Британија. Португалија за да го спаси туризмот не ги затвори границите за Британците па сега и таму им се шири Делта сојот. Исто и со другите ЕУ држави. Ние бевме на црвена листа со многу малку случаи, Британија не со многу случаи на Делта сој. Дури вчера Германија реагираше со карантин за Британци, ама доби опомена од ЕУ за тоа. Ама и тоа е касно зашто веќе Делта ја има во Германија. Од таму прашање на време е кога ќе се прошири во други земји.

    КОвид пасошите немаат врска со ништо. Тоа беше само начин ЕУ да поентира кај сопствените жители што веруваа во тоа.
     
    На Angie1432, Tajnaotrovna, andromedae и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.857
    Допаѓања:
    41.170
    Пол:
    Женски
    Имунитетот на стадо го сочинуваат и луѓето со природно стекнатиот имунитет.Така што статистика само вака кај што пишува 10 посто вакцинирани со две дози ништо не значи.Како и да е 1/4 од населението веќе има примено барем една доза.Плус тие од Србија, и кога вака сѐ ќе се собере не е толку лошо.