Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.788
    Допаѓања:
    41.876
    Пол:
    Машки
    Делта сојот се повеќе се регистрира во повеќе европски земји. Во понеделник на состанокот на Комисијата за заразни болести ќе разгледуваме дали ќе воведуваме некоја форма на рестрикција, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

    Сите сега препорачани мерки во овој период остануваат на сила, засега, вели Филипче, нема план да се направи промена.

    - Разговараме и евентуално би носеле некаква одлука во однос на штитење на границите, во однос на тестовите. Да се процени ризикот, дали е тоа вистинска марка со која навистина може да се заштитиме, објасни министерот.
     
    На WildMk, LejlaD, NPN и 2 други им се допаѓа ова.
  2. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.416
    Да беше така немаше да биде толку сензационална ситуацијата. Еден период во исто време, на медиуми од различни држави се трубеше дека биле кнап местата на интензивна. Истите вести буквално. Не ми е јасно како можеше да биде исто во Македонија, Германија и Србија кога се работи за различни земји со различни капацитети. За на крај да излезе скандал во Германија дека ги пумпале бројќите и лажно пријавувале зафатени кревети за да добијат повеќе пари.

    Иначе кај маж ми пола фирма се зарази во исто време, и ние со ќерка ми покрај него се заразивме. Сите поминавме со по две недели изолација, без посебни лекови и третмани а за хоспитализација и да не зборувам.

    Ама ако не се кажуваа на вести сензационално и секој ден како ударна вест бројката на новозаразени немаше како да се шири толкава паника и стрес меѓу народот.

    Како и обично никој не чувствува одговорност за огромната штета на менталното здравје кај огромен број на луѓе. Исто како што никој нема одговорност за евентуалните последици од вакцините.

    Кој што сака нека каже, никој не може да ме убеди дека ова е случајност и дека не е испланорано сценарио години уназад. Има гооолем број на нелогичности за кој на народот му се мачкаат очите и го прават будала. Според мене, овие две слики ја отсликуваат таа нереалност.
    FB_IMG_1625166426227.jpg FB_IMG_1625166181649.jpg
    Нарекувајте ме антиваксер уште колку сакате ама и вие што се правите многу интелегентни, медицинари и научници добро знаете дека има многу работи што не штимаат во целава оваа приказна само не сакате да признаете. Искрено ве жалам тие што мислите дека ако се вакцинирате ќе придонесете за крај на оваа лудило. Уште доолго ќе не малтретираат.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Шо не ти 'штима' конкретно?
     
  4. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.416
    Прочитај го пак мислењето ако не сфати до сега.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Тоа што во повеќето земји истовремено паѓаат и се качуваат бројките и тоа што вие лесно поминавте, те прави да се сомневаш во сликата која се презентира по медиумите?
     
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.416
    И бројните скандали поврзани со короната во државата кадешто живеам. И да, за разлика од Македонија тука народот не е заслепен да потпаѓа на уцената со вакцинирање со цел враќање на одземеноте основни човекови права.
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Бројките слично се качуваат и спуштаат исто како што и со грипот се качуваат во есен и во рана пролет.
    Тоа што вие поминавте лесно, не важи за сите.
    За жал, милиони починаа од ковид-19.

    Какви скандали има таму каде што живееш?

    Јас лично, не мислам дека е одземање на човеково право да се вакцинираш.
    Грижа за себе и за заедницата е вакцинирањето.
    За било која вакцина.
    Не се чувствувам уценета, напротив.. молев Бога да најдат навистина вакцина за 18 месеци, како што ветуваа и среќна сум што го исполнија ветувањето во дадениот рок.
     
    На Amellie13, Gilderoy, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.416
    Скандали? Прво со сомнителни набавки на огромни количини на кинески маски, после со лажирање на број на тестови, па лажирање на бројот на хоспитализирани итн..

    Мило ми е за тебе штом ти се исполниле молитвите.
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Ама тоа не го менува фактот дека е опасен вирусот.
    Македонија дека е мала, испадна, сите да знаеме барем еден што починал од ковид.

    Ако власта лажи, не лажат мртвите кои ги закопаа.
    Нека почиваат во мир.
     
    На oblace1, Amellie13, Glowy и 5 други им се допаѓа ова.
  10. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    5.936
    Да го поминеше вирусот потешко, или да имаше близок кој починал или завршил во болница борејќи се за живот ќе размислуваше поинаку? Сериозно ме интересира...
     
    На Amellie13, spacegirl92, Frosty! и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.416
    На колку од мртвите од корона им направија обдукција? Зошто такво нешто не се дозволи никаде?
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Ама зошто обдукција, кога заминале во болница со позитивен тест?
    Се знае од што е.
    И од грип можеш да починеш, само што е помала стапката на смртност, во однос на ковидот.

    'Забранија' заради предострожност.
    Не може туку-така да се прави обдукција на тело кое е полно со смртоносен вирус.
    Треба со Хазмат одела да ја прават обдукцијата.
    Во Македонија, немаа основна опрема медицинскиот персонал, не пак да прават обдукции со хазмат и тоа за сите починати.
     
    На spacegirl92 и bicycle им се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Па еве лично неколку мои познати, во ноемврискиот бран починаа на нешто околу 45-50 години, без претходни болести, откако се заразија со вирусот. Сакаш да кажеш дека и во нормално време така наеднаш умираат луѓе на ете нека се 50 години пример од грип во сезона на грип? Или на неколкумина што ништо не им било претходно случајно во рок од некој месец нешто друго им се случило во истиот момент кога заболеле од корона?

    Лесно ви е зошто лесно сте минале и мислите дека сите така минале и немате пост ковид последици.
     
    На Amellie13, tinka-mace, Glowy и 5 други им се допаѓа ова.
  14. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.416
    Тоа не се однесува само на Македонија.
    А колку е процентот на смртност од корона на светако ниво? 5, 10, 20%?
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Официјално меѓу 3% до 5%
    Доправа ќе се пребројува, а за некои земји најверојатно никогаш нема да дознаеме.
     
  16. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    5.716
    Пол:
    Женски
    Апел упатувам до сите невакцинирани, а посебно непрележани - вакцинирајте се. Свекор ми едвај жива глава спаси од овој вирус, еве после 2мес.од прележување сеуште е на антибиотска терапија, со последици на б. дробови. На колешката татко и, за жал, почина,а и колку познаници починаа. Само преку масовна вакцинација ќе го искорениме!
     
    На Amellie13, Gilderoy, bicycle и 6 други им се допаѓа ова.
  17. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.416
    За 3 до 5% да се вакцинира 80% од светската популација? Има логика?
     
  18. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    5.716
    Пол:
    Женски
    Има логика за оној кој го гледал најмилиот како се бори за здив, за воздух, не можејќи ништо да стори..
     
    На spacegirl92, LejlaD и Frosty! им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Има, да.
    Затоа што на 7 милијарди 3% се 210.000.000
    Башка што цели системи се преоптоваруваат и блокираат поради тоа што мора да се воведуваат мерки на заштита, луѓето заразни, па отсуствуваат со недели од работа, болниците се преполнуваат, економијата страда, да не прајме муабет за психолошкиот притисок, зголемување на семејно насилство итн итн...

    Ако имаме имунитет на стадо, нема да има ваков импакт врз секојдневието.
     
    На green.eyes, vitamina, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.788
    Допаѓања:
    41.876
    Пол:
    Машки
    Сакаш да кажеш дека е малку? :o

    Знаеш дека 3% од популацијата на Македонија (1 800 000) е 54 000 лица?

    Плус додај оптеретеност на болници и колапс на здравствен систем поради кој страдаат и лица со други состојби.
     
    На crimson, green.eyes, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.