Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.400
    Допаѓања:
    183.625
    Пол:
    Женски
    Како истражувања покажуваат доживотна заштита, кога вирусот постои една и пол година? За да се докаже тоа, треба многу години да поминат, а вирусот сѐ уште да е активен и прележаните да не се заразат повторно.
     
    На Guns N` Roses, mal.ecka, Glowy и 3 други им се допаѓа ова.
  2. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.417
    https://www.collective-evolution.co...tibody-protection-that-could-last-a-lifetime/
    А како вакцините ги истестираа за помалку од една година и докажаа дека се доволно ефективни против истиот вирус?
     
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.400
    Допаѓања:
    183.625
    Пол:
    Женски
    Оти вакцината како превентива не е ништо ново, истиот принцип, различен вирус.
     
    На Glowy и LejlaD им се допаѓа ова.
  4. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.417
    А нормалната реакција и метод на одбрана на имунитетот е нешто ново? Разликата тука е што имунитетот се борел со вистинскиот вирус а не со обработениот состав на вакцината.
     
    На Kitten, Acronia, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.400
    Допаѓања:
    183.625
    Пол:
    Женски
    Не е. Ама изумре пола народ, не доживеа да створи имунитет. А и тие што го створија имунитетот, сега ќе лечат и срце, и бубрези и останати органи на кои ковидот им направи штета. Нешто што постојано се збори страници уназад.
     
    На green.eyes, Leviosa2503, Amellie13 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Другар мој глава не може да крене од ковид последици.
    Проблеми со срце, притисок, косопаст...
     
    На Guns N` Roses, fana, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.417
    Кај одреден процент. Не кај сите. Па и вакцината остава различни последици кај сите. Во темата за реакции од вакцината се збори за тахикардии, трески, болки во коски и мускули и сл. Тие само така се случуваат и поминуваат незабележително? Не оставаат последици? Една од можните нус појави од Фајзер мислам дека беше миокардитис а од Астра стварање на тромбови. Зборуваш како вакцините да имаат 0% ризик и последици а како да секој прележан се бори со последиците кои ги наброја. Исто како што кај секој вакциниран ќе има различна реакција од вакцината така и кај секој прележан има различна реакција од вирусот.
    И така, пак се враќаме на почеток...
    Јас си кажав што имам да кажам на темава.
     
    Последна измена: 2 јули 2021
    На Acronia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.400
    Допаѓања:
    183.625
    Пол:
    Женски
    Прво процентот на последици не е ист. Кај прележаните со последици, процентот моментално е поголем и тие последици се подолготрајни. Еве јас ќе се земам за пример, како ковид прележана со лесни симптоми, а последици лечев 3 месеци, шо и не е така страшно. Но кога ќе се земе во предвид дека сум млада, без хронични болести и дека вируси сум поминувала на нога, е алармантно. За разлика од примената вакцина (да, пак се вакцинирав, не сакам да поминувам низ истите маки), вакцината ја поминав многу лесно. Исто и останатите што ги знам, а се вакцинираа. Досега од моја околина нема некој со последици од вакцината. Ниту пак сум чула за посериозни од дигање температура. Не велам дека нема, туку дека е поретко. Многу поретко од луѓе што умреа од самиот вирус, и поретко од луѓе кои се на терапија за срце, притисок и останато после прележување на вирусот.
     
    На green.eyes, Amellie13, fana и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.788
    Допаѓања:
    41.876
    Пол:
    Машки
    Процентуално знаеш колку е поголема шансата од тромбоза, срцев удар, смрт од Ковид него ли од вакцина?

    Само две бројки да видам и јасен е изборот.
     
    На crimson, green.eyes, Leviosa2503 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.352
    Допаѓања:
    190.247
    Муабетот што се обидува Девојче да го каже е дека ист е принципот на имунитет, дали вакцинален дали прележан. Проблемот е што навистина никој не може да каже, аха имун си 6 месеци, после ти треба нова вакцина. Оти имунитет не се само антитела, барем десетина студии го кажаа тоа. Ама никого не го занима вашиот, мојот, твојот имунитет, нема профит во траен имунитет. А владите во светов тргнаа како продажни агенти да делуваат, тоа е страшното. Замолчени доктори, забранети клинички студии за лекови, тоа ви личи дека е во ред? И прележани вакцинирани, оти не им бил валиден таквиот имунитет? И деца од 12 години вакцинирани?
    По кој предмет се учеше дека секој вирус мутира, да биде полесно пренослив и да дава полесни симптоми? :?: Одлични бројки @Ahoy за индискиот сој, логично е да е така(fingers).
     
    На Kitten, deskarada, GrimTheReaper и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Не знам кој предмет е ова, ама по биологија мутацијата е грешка при реплицирање, може да оди во повеќе насоки. Не мора ни секогаш да резултира со поголема/помала инфективност или полоши/подобри симптоми, може да резултира да речеме со способност за скокање на видови, инфицирање друг вид. Особено кај РНК вирусите кои секако повеќе грешки прават при репликација заради нестабилноста на молекулата и заради тоа што нема проверка на грешка како кај ДНК.

    Има медицинари на темава, нека кажат дали зголемувањето на трансмисијата е секогаш поврзано со jaчината на болеста. Колку што се сеќавам Зика вирусот од пред 4-5 години не беше таква мутација, т.е. варијантата имаше и поголема трансмисија и поголеми последици во однос на болест, така што не знам дали секогаш е правило и дали можеби е некое правило за вирусите што се развиваат во пандемиски облик. Може ако гледаме еволутивно, ќе опстане онаа мутација која нема да ги убива веднаш домаќините, ама дали толку брзо во 1.5 година и толку паметно се приспособуваат, не знам. Еве може некој што е медицинско лице или студентиве баш да кажат, и мене ме интересира :)
     
    На green.eyes, Glowy, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.788
    Допаѓања:
    41.876
    Пол:
    Машки
    Јас колку што знам вирусите мутираат и кон полесни и кон потешки форми, но не значи дека поголем потенцијал за трансмисија директно ќе значи и потешка форма на болеста, напротив, целта на секој вирус е да опстане, а доколку убива голема бројка на инфицирани, вирусот и самиот си се самоубива.

    Британскиот беше полош и во однос на трансмисија, и во односна клиничка слика, но Индскиов по бројките што ги гледам не ми изгледа така, и се надевам дека не е.
     
    На fana, mal.ecka, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Сега за премин кон Грција дали е задолжителен тест и која е цената на брзиот антиген тест ако некој знае и каде се прави ?
     
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.597
    Допаѓања:
    63.139
    Пол:
    Женски
    Јас да сум на власт нема да ве пуштам невакцинирани ни до маркет да отидете. Нема да можете во кафиќ да седнете без код, ни на одмор, ни во банка, ни во нешто административно, деца нема во школо, ништо. На достапно решение некој да ми води инает и да ми пласира линкчиња од некои антиваксерски организации нема да може. Кога може цел свет да се врати во нормала и да го надминеме ова зло а некој упорно не сака, нема што да се меша со луѓе.

    Ради невакцинирани вирусот уште се реплицира, мутира и може да завземе нова форма која може да не врати пак на почеток. Масовна имунизација отстранила еден куп болести низ минатото, така ќе е и со оваа.

    Ускратени човековите права им биле, жими Тасе. Тоа што ниедна држава не сака да прими некој без тест и не сака пак некој чкљ сој да им се закачи па мака да мачат пак со карантини, изолации, падови на економија и лудило било нарушување на човекови права.

    Одбивање на вакцина и можност за трансмисија и мутации на вирусот не штети на популацијата. Тоа што глава не можеме да кренеме од рестрикции и мерки исто не. Само тоа што ве тераат да се вакцинирате штети.

    Милијарда доктори ви објаснија на лаички, на професионален на не знам ни каков начин веќе, пак истиот муабет. Пак ќе речам имате среќа што не е некој будала ко мене на власт, нема нигде да смеете да отидете.
     
    На crimson, Bozica1980, green.eyes и 26 други им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.788
    Допаѓања:
    41.876
    Пол:
    Машки
    Ако не сте вакцинирани или прележани пред 6 месеци макс., задолжителен е да, го има во сите лаб. и чини 1000ден.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.792
    Допаѓања:
    145.347
    Никоб лав прават кај нас. Брз тест 800 ден. Мислам спроти Филип Втори на бензинската е пунктот за земање брис.
    Признаени се на граница.
     
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.857
    Допаѓања:
    41.170
    Пол:
    Женски
    Па добро среќа што не си на власт зашто не е сѐ толку црно-бело како што го опишуваш.
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    На Amellie13, NarCis@, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  19. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Ако ти се вакцинираш, зошто те загрижува друг ако не се вакцинира? Ти не си на власт, а и според она што го пишуваш не си ништо поразлична од диктарурата на Ким Јонг Ун. Вакцинирањето е право на примателот и никако поразлично. Патем сум вакцинирана и не ме афектира ако Стојанка не сака, нејзин проблем и ризик. Се пласираат секакви информации по медиуми и сосема е нормално да имаш сомнеж за ефикасноста и ризикот на истите.
    Друго, да не беше наша драга соседна Србија, голем дел од граѓаните сеуште ќе чекаа ред за вакцинација. И таквата ,,екскурзија" ме кошташе 100 евра, што секој реално нема да ги даде. Вирусот се реплицира, мутира, поради неспособноста на нашата власт што сеуште не се снабдува со доволни количини, што никако не зависи истото од нападната членка. Патем ти вакцинирана си или не? Ако си, како дојде на ред? А ако не си, целото пишување ти пропаѓа во вода.
     
    На deskarada, andromedae, 999 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.788
    Допаѓања:
    41.876
    Пол:
    Машки
    Затоа што тие што остануваат невакцинирани се плодно поле за мутации, кои подоцна имаат потенцијал да го афектираат и невакцинираните, со избегнување на имунитетот.
     
    На green.eyes, LejlaD, Leviosa2503 и 8 други им се допаѓа ова.