Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.600
    Допаѓања:
    63.206
    Пол:
    Женски
    Среќа вистина, кога гледам какви глупости се тропаат мене жици ми се спојуваат. Не знам стварно на кој начин да им се објасни на антиваксери зошто вакцина, за репликација на вируси, за мутации, за опасност од тоа да се шета невакциниран народ низ собири, како може да се случи генетска промена што пак може да не рестартира од 0 доколку ги направи вакцините неефикасни. Не измутирал уште клучен компонент на вирусот, затоа овие вакцини сега за сега се ефективни. Тоа може да не е секогаш така.

    Слободно, кој има прашање за генетиката, начинот на работа на вакцините, начинот на кој реагира телото, сандачето ми е отворено, се ќе ви биде објаснето. Ама не е проблем некој да не знае, проблем е некој да не знае и да не сака да соработува.

    Почнаа масивни собири, свадби, едно друго и мене ептен ми е мило. Заслужуваме животот да ни продолжи, доволно пропативме што досега бевме затворени цело време. Ама исто така не заслужуваме заради одредени индивидуи пак да се направи нешто кое ќе резултира со катастрофа. Јас како одговорен граѓанин спрема околината не заслужувам пак да ме зарази некој што бил инкубатор за нова мутација. Не знам како не разбираат луѓево.

    Кој сака навистина да научи за вакцини и да сфати зошто е потребна масивна имунизација, бујрум. Кој не сака - јас и цела генетика овде да ви ја прераскажам пак ќе ми најде некој линк од пичкесиматер некој и ќе се нервираме еден со друг. Ме иритира само што пекаат за нарушени човечки права, а со невакцинирањето тие најмногу штетат на човештвото, со тоа што се потенцијални инкубатори. Пак ќе речам среќа што не се сите како мене, јас сум многу поинаква за ова прашање. Нема што невакциниран човек да се меша со народ. Нека не си се вакцинира, ама нека не се меша со луѓе кои својот дел за одговорност према другите си го завршиле. Толку имам да кажам.
     
    На green.eyes, LejlaD, Amellie13 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Нели вакцините штителе и од мутираните соеви? Патем што правиме со малолетници, тодлери, бебиња или само ,,антиваксерите" се на таргет?
     
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.359
    Допаѓања:
    190.298
    Од 92 000 инфицирани со делта сој, починале 117 во УК. Процент 0,2 или колку? Спинувањето може да го прескокнете https://www.bbc.com/news/health-57610998
     
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.883
    Пол:
    Машки
    Штитат од сегашниве, не знаеме дали ќе штитат од идни мутации, кои секако ќе ги има.

    И не, не се само антиваксерите можност за ноби мутации, туку и неправилната распределба на вакцините. Африка не е вакцинирана и од таму може да дојде некоја чкљ мутација која што целосно би го заобиколувала имуниот систем. @Celltica имаше споделено еден убав текст околу овој проблем.

    Исто и децата треба да се вакцинираат за да се избегнат мутации, пред сè такви кои можеби би биле опасни за нив, ова го кажа и Др. Петличковски. Затоа има интензивни студии за вакцинација на деца, Фајзер е веќе одобрена за 16+, некаде веќе и за 12+, Синовак во Кина е одобрена и за 3+.
     
    На LejlaD, Celltica, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Јас не реков ништо за делта сојот. Општо зборувам, и за идни мутации. Затоа и не го цитирав целото твое мислење.

    Делта сојот е докажано поинфективен, никаде немам сретнато информација дека е посмртоносен и затоа не го коментирав.

    А за УК не знам кој спинува, кога огромен број вакцинирани има, ама кој како си сака си толкува бројки. Може намалената смртност да се должи и на тоа, не мислиш? Еве во Индија процентот е повисок, а не се ни знае ни колку точно се умрени или треба да ве потсетувам дека во Ганг ги фрлаа умрените без никаква контрола? Таму не ни има точна статистика.
     
    На Tajnaotrovna и KateKane им се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.169
    Пол:
    Женски
    Леле, скроз! На еднаков начин се сите вакцини пречекани. Уште од времето на Jenner (cowpox - smallpox) прво од емотивни и религиски причини, пa се до тврдења и наводи за сајд ефект смрт од морбили (пред мрп), во услови кога умирале од реална форма на вирусот и грип. Сајд ефект спонтан, од вакцината, никако рубеола синдром. И преку Салк (полио) оти подоцна замената, па се до кодексот у Нирнберг (нацистичка медицина). Нешто ново да кажеа, вака жими се е Јаре демагогија скроз, мода стара преку 130 години!

    Па уште и наративите за цензура еј. Нешто што предизвикува штета и е целосна невистина, влегува во програмата за банирање сосема заслужено!
     
    На green.eyes, KateKane, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    А како знаеле дека ќе штитат од сегашниве, кога не ни знаеле како ќе мутира, ако мутира?! Тогаш зошто не би штителе и од останатите мутации? Кој гарантира дека следните мутации ќе бидат со поизразени симптоми и хоспитализација или ќе бидат налик обична настинка. Муабетот ми е, вакцината е право на оној што ја прима, твое право е ако сакаш да се вакцинираш. Се додека постои човештвото ќе има вируси и бактерии и нивни мутации и резистенции, за да го спречиш тоа, не треба да убедиш некој на форум да се вакцинира, туку да лансираш нуклеарка и да потепа се што е домаќин на микроби. Ситуацијата не е веќе алармантна и нема потреба сеуште да се крева паника.
     
    На mKdevojce и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.359
    Допаѓања:
    190.298
    Само да потсетам дека Индија нема ни вода за пиење. Чисто за претстава за што правиме муабет.
     
    На LejlaD и fana им се допаѓа ова.
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.883
    Пол:
    Машки
    Не знаеле дека ќе штитат, дознале откако се појавиле, со испитувања.

    Битен е поединецот, но битна е и колективната слика. Исто е да е вакцинирана 5% популација и 85%? Не е исто, 5% не можат сами да се одбранат од мутации, 85% можат и те како. Т.е. не само вакцинирани, туку имуни, на било каков начин.

    Екс- Ју државите можда и стигнаа веќе 80% имунитет, комбинирано, затоа е сега вака мирно, се надевам така и ќе остане. Плус Албанија и Бугарија.
     
    На Glowy, Tajnaotrovna и diskreten32 им се допаѓа ова.
  10. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.302
    Допаѓања:
    16.431
    Дај докази дека тоа што го тврдиш е точно. Зарем пронаоѓачот на ХИВ вирусот не излезе со тврдење дека вакцините ги создаваат мутациите. Или пак вие се поупатени во темава. Нека си лаат научниците кои добиле Нобелова награда кој ги слуша. Битно е компанијата "експерти" медицинари на фемина што пишува.
     
  11. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Па искрено не знам за што правиме муабет, оти за мутации тргна муабетот и по кој предмет се учело.
     
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.883
    Пол:
    Машки
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    Имаш бегано од часови по Биологија :D

    Девојче кога беше Британската мутација прв пат откриена? Септември 2020. Која вакцина се користеше тогаш? :o
     
    На crimson, green.eyes, LejlaD и 8 други им се допаѓа ова.
  13. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.302
    Допаѓања:
    16.431
    Извинете докторе имунолог. Ма да уште чекам да ми одговориш на прашањето што си по професија дека многу експертиза делиш тука. Не знам зошто одбегнуваш да дадеш одговор на тоа прашање. :?: Можда имаш добиено Нобелова награда во областа па скромен си не сакаш да се фалиш тука.
     
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.883
    Пол:
    Машки
    Имам :$ :D

    А ти? :D
    Проф. Др. Пронаоѓач на теории на заговор? :inlove:


    Инаку за она последно шо го пиша дека вакцините прават мутации мислам, ни средно образование не треба да имаш за да знаеш дека СЕКОЈ вирус мутира, природен процес си е тоа.
     
    На Tajnaotrovna, mal.ecka и bicycle им се допаѓа ова.
  15. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.302
    Допаѓања:
    16.431
    Ако имаш и кога ќе имаш ти деца слободно да си ги вакцинираш.
    https://sorendreier.com/why-children-should-not-receive-the-covid-shot/
     
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.302
    Допаѓања:
    16.431
    Одговори ми прво ти па после јас ќе ти кажам.
     
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.857
    Допаѓања:
    41.170
    Пол:
    Женски
    А ти докторка си, биолог, па за да делиш бесплатни лекции?
    Нема везе, не си единствена што разбира генетика и вируси.Само обично во медицината 2+2 не е секогаш 4 така да секогаш има простор за нови прашања.Набрзина ви ја прочитав дискусијата и не се ни согласувам со сѐ што кажува @mKdevojce, плус ја памтам пошто ја имам цитирано по темиве ама има и неколку нормални поенти на кои што реагирате преарогантно.Зошто?
    И не бидете наивни дека моментално се работи само за нашето здравје.Бизнисот е секогаш побитен и од тука произлегуваат многу нелогичности кои нема поента да се игнорираат.Како на пример да не те примат во бар со синофарм а да те примат со астразенека.Не знам дали во пракса некој го праби ова ама имам читано дека било легитимно право на сопствениците.Или пак, тоа што се замижува пред фактот што фајзер се поврзува со случаи на миокардитис кај млади.Мене еве исто така ми е пологично масовна вакцинација да започне со веќе проверена технологија наместо со целосно нова како што се пропагира.
    Значи не е само саркастично да се напаѓаме, фактички со таков тон не ни докажувате некоја поента.Спуштање на тоа ниво вреди само за ликови што ти викаат дека ќе те чипираат преку вакцина, ама не може на ист начин да разговарате со секого што посочува нејаснотии.
    Иначе пред да ми пишуваш зошто треба да се вакцинирам, имам термин за вакцина, не се секирај.
     
    Последна измена: 3 јули 2021
    На Kitten, deskarada, andromedae и 3 други им се допаѓа ова.
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Конкретно во МК, вакцинирани се повеќе од 5%, плус вакцинираните во Србија и на Бугарска граница. Не знам што се крева џева за поединци. Друго, самиот пиша индискиот сој дека не е толку опасен за да има повторни рестрикции во септември. По она што го гледам вирусот слабее во однос на клиничка слика, која е веројатноста да има повторна мутација со поагресивни симптоми?
    Плус, не верувам дека сегашните цифри се должат на вакцинирани граѓани. Драстично опаднаа, а голем број се само прва доза. Нешто не штима. Или вирусот веќе ја нема истата моќ за трансмисија, или сите се прележани, а не знаат или....
     
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.883
    Пол:
    Машки
    Не се должи на вакцинирани, туку на имуни. Во Македонија за жал имаме мноооогу природно имунизирани, а како резултат на тоа и многу жртви.
     
    На Gilderoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Епа што е проблемот ако се повеќето имуни, да останат невакцинирани?
     
    На Kitten и mKdevojce им се допаѓа ова.