Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.335
    Допаѓања:
    19.795
    Пол:
    Женски
    Ако делта сојов се развлече како Индијска серија е**вме работава. Само вакцина му е спас дефинитивно.
     
    На Amellie13, Tajnaotrovna, noteforself и 4 други им се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Оф топик
    Се снима продолжение на Малечката невеста па ти сега види. :(
     
    На VDT2906, LejlaD и Ygritte им се допаѓа ова.
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.311
    Допаѓања:
    16.449
    А што ако и покрај вакцината се заразиш? Ќе бидеш безопасна за околината? Та нели вакцината обезбедуваше "полесна клиничка слика" а не и заштита од заразување и ширење на вирусот. Или од вас вакцинираните ќе излегува неутрализиран и безопасен. :D
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.931
    Допаѓања:
    203.195
    Пол:
    Женски
    Клиничката слика на ковид кај вакцинирани и невакцинирани не е иста. Не е исто да се зарази лице кое веќе има имунитет, со лице кое немало никаков имунитет на вирусот. Ако се зарази вакцинирано лице, обично полесно поминува, а може да зарази многу помал број на лица отколку заразено невакцинирано лице кај кое бројот на активни вирусни честички е многу поголем, за разлика од веќе имунизираната популација. Потентноста на вирус кој се шири од вакцинирани и невакцинирани лица е различна. Поточно, кога вирусот ќе наиде на вакцинирани лица, ослабува ширењето и јачината, а кога се шири меѓу невакцинирана популација, предизвикува различни клинички слики, зависно од тоа на колку честички и колку долго било изложено лицето, како и од неговиот имунитет. Затоа и може многу полесно да мутира кај невакцинирани, а скоро ич кај вакцинирани, оти кај вакцинирани постојат антитела кои од примарниот контакт започнуваат да го неутрализираат, што не е случај со невакцинираните.
     
    На Ygritte, Glowy, Anabelle.Amorette и 21 други им се допаѓа ова.
  5. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.311
    Допаѓања:
    16.449
    Значи ли тоа дека сите вакцинирани со сигурност го имаат створено тој имунитет? Кај некој е појак, кај некој послаб, некаде незачителен. А што со тие вакцинирани со вакцини кои се покажаа неефективни? Ако е некој вакциниран со кинеската на пример, треба ли да биде слободен, да не се пази и да биде сигурен дека ако се зарази дека ќе помине лесно? За ова што го тврдиш треба веќе да е докажана барем 90-процентна ефикасност на вакцините.

    А што ако некој прележан има створено добар имунитет? Што ако и после шест месеци има висок број на антитела? Во овој случај не се земаат антителата како аргумент и не се важат, туку се битни само ако ае створени со вакцина?

    Треба да биде казнет затоа што неговото тело се изборило со вирусот или пак без разлика на тоа мора пак да се вакцинира? Зошто вакцината во сите случаеви да биде единствена опција? Тоа мене не ми е јасно.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.931
    Допаѓања:
    203.195
    Пол:
    Женски
    Нема неефективни вакцини, сите се ефикасни, оти создаваат каков-таков имунитет, односно телото веќе стапува во контакт со вирусна честичка, која е доволна да предизвика имун одговор, ама не и да предизвика болест.
    Тоа што се препорачуваат прележани да се вакцинираат ми нема смисла, ама уште не знаеме дали создава доживотен имунитет, допрва ќе видиме. Коронавирусите генерално не создаваат доживотен имунитет, бидејќи луѓето скоро секоја зима поминуваат настинки предизвикани од оваа група вируси, ама од друга страна, овој вирус не личи како класичен вирус од групата на коронавируси, поблизок е со САРС и МЕРС.
     
    На Glowy, Amellie13, green.eyes и 11 други им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.061
    Допаѓања:
    131.091
    Пол:
    Женски
    Затоа што нема друга опција,нема лек.Ова е јак вирус,не е обична настинка која може да се помине само со лекови.
     
    На LejlaD, Anne Boleyn, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.311
    Допаѓања:
    16.449
    Тоа тек треба да го докажат резултатите од студиите за ваквините кои ги одобрија за итна употреба, а тие ќе бидат познати во 2023. Не е точно дека не може да се помине само со лекови. Од искуство зборам. А некои и без лекови го поминаа а некои дури и без симптоми.
     
  9. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.311
    Допаѓања:
    16.449
    Тогаш значи дека и вакцината не создава доживотен имунитет. По логика на нештата би требало секоја година да се вакцинираат луѓето исто како и за обичниот грип.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.931
    Допаѓања:
    203.195
    Пол:
    Женски
    Па ако се покаже дека не создава доживотен имунитет, најверојатно ќе треба вакцина секоја година, можеби само за ризичните групи. Допрва ќе видиме.
     
    На Amellie13, mal.ecka, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.311
    Допаѓања:
    16.449
    Со тоа се сложувам и јас. Но непоимливо ми е секоја година да се вакцинира 80% од светското население па плус да биде услов за нормален живот како што веќе многу посакуваат. Или пак како што викаат тука и кога ќе завршела пандемијата невакцинираните да ги немале сите права како вакцинираните. (facepalm)
     
    Последна измена: 5 јули 2021
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.061
    Допаѓања:
    131.091
    Пол:
    Женски
    Обични настинки/сезонски грипови за кои има чаре и не е потребна вакцина секогаш и новооткриен вирус не се исто.
    Во некои земји се спомнуваа реинфекции.Уште аргументираат околу тоа и кој имунитет е подобар.
    Плус,велат дека вирусов ќе си остане и сезонски ќе си врти.
    Условите ќе ги тргнат кога ќе има секаде доволно и повеќе од доволно вакцинирани.
     
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.931
    Допаѓања:
    203.195
    Пол:
    Женски
    Па со останатите вакцини кои се даваат во детска возраст, глобално се вакцинира светската популација за да создаде имунитет против заразните болести кои имаат тешка клиничка слика. Што е поразличен коронавирусот?
     
    На Anabelle.Amorette, green.eyes, JoyJoy и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.169
    Пол:
    Женски
    Не е. Ама ќе почнам со цензурата, па ќе се вратам на него. :D
    Пред неколку години имаше конгрес на СЗО, на кој се сподели програма за борба со дезинформации, меѓу другото и соработка за истото со јутјуб, фб, твитер и останати. Она што е веќе познато како неточно и без докази се банира веднаш. Останато, подлежи на проверка и ако се покаже за неточно се банира. Зошто‽ Затоа што СЗО вика дека acting on the wrong information can kill! Уназад години штета од ваквиот наратив.

    Сега Malone, пошо не сакам да верувам дека го валидизираш. :D
    Во самиот текст, цитирам: "So, if there is one single most qualified mRNA expert to speak about the covid-19 vaccine, it’s Dr. Malone". Жити сеее, WTF! Логичка грешка, повикување на авторитет, па уште и во самиот вовед, веднаш отвара прашалници за кредибилитет! Бтв сајтот е questionable.

    Типот иначе немам поим кој е, ама дека е основач на мрна е неточно или барем делумно неточно. Гуглај за Katalin Kariko, подоцна и Drew Weissman. Не знам само дали ги пишав точно. Големото откритие на кое се основани денешните мрна вакцини е на Каталин, која активно работи на мрна од крајот на 80 - тите. Успеала да ги елиминира грешките, кои дотогаш не можеле да бидат елиминирани. Роберт има некои истражувања за мрна и обид да ја употреби, ама нигде не можам да најдам релевантна референца дека направил откритие. Има само некои обични текстови кои го тврдат ова, а изворот е од неговиот веб. Може си го присвоил патентот, откако стана мрна експонирана. Why not? :D А скроз најреално, мрна е "новост" уште од 60-тите. Sydney Brenner (discovery of Mrna), подоцна во комбинација и со други научници, ама само него го запамтив.
     
    На Ygritte и KateKane им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Да се надоврзам, тоа е најголемo недоразбирање мислам во однос на вакцините како деца што ги примаме. И нивниот имунитет се губи со тек на време. Ама кога цела популација (освен оние кои медицински не можат да примат) примиле вакцина, автоматски вирусот нема како да се шири, па небитно е дали имаш имунитет на 20 години, кога вирусот не е активен и нема од кого да го фатиш.

    Затоа штом падне бројот на вакцинирани под одреден процент некои вируси се јавуваат веднаш како епидемии, па заболуваат и вакцинирани, особено при потентни вируси.
    Многу често луѓето кои се против вакцини (генерално, не за корона) ова го користат како некаков против аргумент, а всушност не постои доживотна и целовремено јака заштита од било која вакцина во однос на тоа дека нема да се зарази вакцинирано лице. Ама дефинитивно ќе помине полесно. А и секако бустер дози се примаат кај што има потреба, особено при појава на епидемиско ширење.

    Ја оставам короната на страна, ајде нови работи секогаш исто се дочекуваат, ама не можам да сфатам како антиваксериве не сфаќаат кои штета на човештвото прават со невакцинирање за болести многу посериозни од оваа. Уште мутиран морбили ни фали.
     
    На Glowy, Ygritte, JoyJoy и 9 други им се допаѓа ова.
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.317
    Допаѓања:
    119.207
    Пол:
    Женски
    Во два збора ти е одговорот на прашањата за вакцините :)
    Некои така ќе поминат се сложувам, јас така поминав.
    Другите?
    Што со нив?
     
    На Peperutce1115, Celltica, Frosty! и 2 други им се допаѓа ова.
  17. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.311
    Допаѓања:
    16.449
    Тие што мислат дека не би поминале лесно сами нека си одлучат дали ќе се вакцинираат или не.
     
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    63.261
    Пол:
    Женски
    Како би се одвивала проценката дали добро или лошо ќе ја помине некој? Пошто на мајка ми на смена и умре 32 годишен здрав маж без ниту една болест.
     
    На Glowy, Anabelle.Amorette, Amellie13 и 14 други им се допаѓа ова.
  19. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.966
    Допаѓања:
    2.223
    Дали има некој Нормален и стручен во таа Комисија за заразни болести?
    Па каде ужасно се снајдоа со никаквите мерки затоа и ни косеше вирусот, не е целата кривица во граѓаните туку дел носат и они одговорност.
    Сега место да учата од грешките и да имаме контроли на границите со тестови, тие пуштаат масовно секој да ни влегува и да, во ваква ситуација за 2- 3 недели ако немаме контрола ке ни го донесат сојот.
    Па дали има некој здраворазумен во таа комисија?
    Па нели гледаат во Грција какви мерки има?
    таму се пазат а не како овде,ј.Уште дозволија свадби на затворено?
    За побрзо да се прошири вирусот.
    Или нека носат мерки или да се сменаѕт.
     
    На noteforself и BlackNight им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.883
    Пол:
    Машки
    Министерот Венко Филипче, денеска потврди дека вчера е детектиран нов случај на индискиот сој на пациент кој се лекува во Велес. Тој има лесна клиничка слика. Исто така министерот потврди дека се прават испитувања за уште четири пациенти.

    „Детектиран е уште еден случај, кој се лекува во Велес, и има лесна клиничка слика и чекаме резултати за четири пациенти, само еден е во потешка слика на респираторна машина, другите со стабилна клиничка слика. Скринингот кој се прави на тестовите ја исклучува британската варијанта. Што значи дека секаде каде скринингот ќе покаже дека не е британската варијанта, се прави испитување дали е индискиот сој.

    Треба да имаме поорганизирана во рамките на комуникацијата, за да завземеме заеднички став. Би биле вкупно осум. Не се поврзани случаите меѓу себе. Тоа што сега следиме, сега излегуваат соодветно издржани публикации за овој сој.“, рече Филипче кој додаде дека четирите пациенти кои се испитуваат, не се поврзани со случајот во Велес.
     
    На LejlaD, Tajnaotrovna и mal.ecka им се допаѓа ова.