Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Колку мерките што имаа смисла досега, така и отсега.
    Место да воведат рестрикции на луѓево од надвор од ризични зони како секоја нормална земја во светов, очекувам полициски да стават :drunk:
     
    На LejlaD, Tajnaotrovna, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски

    Имаше и тоа муабет, од 23 до 5 часот.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.065
    Допаѓања:
    131.110
    Пол:
    Женски
    Ние треба за наш двор да си гледаме.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.883
    Пол:
    Машки
    Да, ама базирано на туѓо искуство.

    Нашиве не се ни способни константно да пратат состојба и да редат држави по бои, оваа зелена, онаа црвена, а не пак да контролираат на влез.

    Нека се забрани влез само за државјани и лица кои доаѓаат од високо ризични земји, не само Индија како што е сега.

    Во меѓувреме Србија тера карантински туризам со Индиски туристи :D
     
    На mal.ecka, LejlaD и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  5. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    13.419
    Дали знае некој во поликлиника Букурешт со која вакцина вакцинираат денеска?
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.932
    Допаѓања:
    203.196
    Пол:
    Женски
    ПЦР тест во никој случај нема да спречи внес на делта ило било кој друг сој на коронавирусот.
     
    На green.eyes, JoyJoy, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  7. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.312
    Допаѓања:
    16.465
    Исти филм со друго име. Исти почеток и веќе предвидливо сценарио. Јас не знам зошто не не затворат едно пет години, нека сопре се, па крај краева не мора ни да се живее. Штом решиле да не ништат батрем да најдеа некој пократок пат.
     
  8. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    И јас го најдов овој податок, ама тој е од 25 јуни.
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.323
    Допаѓања:
    259.556
    Џони, овде кај што сум слободно се шета од држава во држава.
    Јас влегов без ништо, исто можам да минам граница и да влезам во Италија. Делта има цела Европа.
    Сакаме секаде нас да не пуштаат, ама ние да затвориме?
    Лето е, лабаво е и да доста е со мерки. Имаш опција вакцина, затварање и рестрикции веќе не ни треба да има. Никаде
     
    На lovestoneddd, Amellie13, vitamina и 11 други им се допаѓа ова.
  10. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Колективен имунитет на коронавирус веројатно нема да се постигне без вакцинирање деца и адолесценти, објави Германското здружение за имунологија (DGfI).

    „Обично се смета дека колективен имунитет се постигнува кога 60-70 % од населението е заштитено од патогени микроорганизми. Но, тоа претпоставува дека вирусот не може да се репродуцира кај овие лица“, изјави за медиумите потпретседателот на DGfI, Рајнхолд Форстер.

    Форстер нагласи дека со вирусот Сарс-Ков-2 е поинаку: луѓето може да го пренесат вирусот иако не се болни, па дури и ако се вакцинирани.

    Делта-варијантата на вирусот само ја влошува таквата ситуација, додава тој.

    „Оваа варијанта е многу позаразна и силно ги погодува адолесцентите и децата“, објаснува Форстер. „Сè додека таа група воопшто не е вакцинирана или е малку вакцинирана, колективниот имунитет нема да се постигне“.

    Според германскиот Институт за контрола на болестите „Роберт Кох“, најмалку 85 проценти од популацијата на возраст меѓу 12 и 59 години и 90 проценти од оние над 60 години мора да бидат вакцинирани за успешна борба против делта-варијантата.

    „Ако оваа стапка на вакцинација се постигне навреме, најавениот четврти бран за наесен/зимава ќе биде малку веројатен“, објави РКИ во понеделникот.

    Комисијата за вакцинација досега не издаде општа препорака за вакцинирање деца и млади над 12 години и нема одобрена вакцина за деца под 12 години.


    ©Makfax.com.mk
     
  11. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Ти кога ќе одиш за Грција?
    Може да се смени ситуацијата па да ни лупнат карантин на враќање? :D
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.065
    Допаѓања:
    131.110
    Пол:
    Женски
    За сега нема потреба од рестрикции и дај Боже така и да остане.
    Не е муабетот да ги затворат границите,ама да има карантини за патници-повратници од високоризичните земји.Кога веќе има потврден случај(а,и сомнителни случаи),нешто треба да се воведе за да не биде после кукање.
     
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.883
    Пол:
    Машки
    Во сабота прв пат, па во Август, се надевам :D

    Нека лупнат, 3 недели прифаќам да седам дома кога ќе се вратам :emo:

    Инаку не верувам :)
     
    На mal.ecka, LejlaD и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.323
    Допаѓања:
    259.556
    Ама ја има во Европа. Каде да ставеш рестрикции?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DomD

    DomD Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Да не се ризик тие .Пред да дојдат тука биле по 10дена заразени веќе во Ирак.
     
  16. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.424
    Допаѓања:
    8.592
    Пол:
    Женски
    Исто како што беше ситуацијата под контрола зимава кога умираа по 50 души дневно.
    Тогаш само тоа верглаше секој ден, ситуацијата е под контрола...
    За него ситуацијата е секогаш под контрола така да...

    Мора да воведат некаква контрола на границите и не требаше да дозволат свадби на затворено ни со 5 гости, а не 250.

    Од грешките воопшто не учат, се надевам нема пак да умираат луѓе.
     
    На John Snow, nextredstyle и venus♡ им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Добро е со име и презиме што не го напишале |( иако во селото изгледа веќе го знаат, Велес, 40 и кусур години, вратен од Англија, во болница. Поарно матичен да напишале.
    Секаде го има вирусот, Мк не проверува ништо на граници и после ќе испоставува луѓе вака во јавност ко на сред село. Барај вакцинација и тест па ќе има колку толку контрола. Ама полесно е да се посочи еден човек и демек тој е крив. Свашта.
     
    На Harper, Lianna Anna, John Snow и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Како да не, ние си имаме тука правна држава и демократски вредности, не сме ко вас. |( :D
     
    На LejlaD, oblace1, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.883
    Пол:
    Машки
    Д-р Кунгуловски на Фејсбук:


    Денеска се потврдени 6 случаи (4 во Јавно здравство и 2 во Жан Митрев клиник) позитивни на делта варијантата на SARS-CoV-2.

    Голем број на студии досега укажуваат дека овој сој на SARS-CoV-2 се пренесува побрзо од алфа сојот (барем 50%), а претходно алфа сојот се пренесуваше барем 50% побрзо од D614G сојот кој пак се пренесуваше за 20-30% побрзо од изворниот Wuhan-ски сој.

    Има големи шанси делта да стане доминантен сој во светот, Европа, па и Македонија во наредниве неколку месеци. А тешки месеци ќе бидат, посебно за невакцинираните и непрележаните.

    За да ги направиме малце полесни овие неколку месеци, треба да знаеме дека:

    1. Вакцините сеуште ја добиваат битката и со новите соеви. На голем дел од нив им се намалува ефикасноста, но истата е доволна за да се неутрализира и сузбива пандемијата. Вакцинацијата ни е најсилната алатка во борбата.

    2. Вирусот еволуира со тоа што се дели во својот домаќин. За да престане да еволуира и да прераснува во нови форми (за коишто можеби тековните вакцини нема да може да помогнат), треба да престане да се дели - а за да престане да се дели треба да престане да скока од еден домаќин (човек) на друг. За да престане, треба да се стесни ланецот на трансмиција. Тоа се прави со вакцинирање и следење на рестриктивни мерки (на сите ни е преку глава од истите, ама мораме).

    3. Откако ќе се вакцинира голем дел на населението (се надевам), а и многу порано ќе треба да се спрема стратегија за вакцинирање со booster доза (но моментално тоа е секундарно).

    Луѓето да се вакцинираат, одговорните прво да набават доволно високо ефективни вакцини и второ да спремаат стратегија за вакцинација со booster дози.
     
    На mal.ecka, JoyJoy, nadenadia и 7 други им се допаѓа ова.
  20. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.111
    Пол:
    Женски
    Малку офф топик прашање.
    Сакам да го одложам терминот за вакцина поради тоа што ќе ми се фати баш на одмор викендов. Веќе резервиран одмор, пораката ја добив вчера за во сабота.
    Дали знаете каде би можела да го направам тоа?
    Пробав да се јавам на некои броеви што ми ги даде матичната ама еден исклучен, другиот не крева никој.
    Фала ви.