Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.883
    Пол:
    Машки
    Терминот ти важи 7 дена, но од понеделник почнува вакцинација без термини, така да ќе можеш во сњкое време да одиш и да се вакцинираш :)
     
    На LejlaD и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.731
    Допаѓања:
    182.351
    Дали и веке прележано лице (пошто веке има стекнато имунитет) ке помине полесно ако се зарази со делта?
     
    На LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. Sestra :)

    Sestra :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Ај аирлија, се појави и ламбда сој.
     
    Последна измена: 7 јули 2021
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.932
    Допаѓања:
    203.196
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема шанси да се повтори заразата. Полесно дали ќе помине - не знам.
     
    На eli25, fana, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Уште колку соеви до крајот?
     
    На noteforself, LejlaD и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.883
    Пол:
    Машки
    Делта варијантата не ја одминува ниту нашава земја. Веќе имамем неколку потврдени случаи, но истовремено бројките на новозаразени се на многу ниско ниво на дневна основа, па засега остануваме безбедна земја, со празни болници и според оценките на експертите со добро темпо на вакцинација против Ковид-19. Сметаат дека и децата се важна алка во стекнувањето на колективниот имунитет и дека Во оваа насока, професорот Драган Даниловски, еден од најистакнатите епидемиолози во Македонија во разговор за Фактор оценува дека и натаму ќе бидеме земја во т.н. зелена зона.

    - Очигледно е дека веќе летово ќе почне полека да расте бројот на случаите, но ако успешно се неутрализираат жариштата – идентификација и изолација на сите нивни контакти – нема да има нивно разгорување. Не верувам дека повторно ќе бидеме ризична земја. Во моментов сме меѓу ретките земји во светот во т.н. зелено подрачје. Тој статус уште долго ќе го имаме, вели професорот.

    [​IMG]
    Што се однесува пак, до евентуален есенски бран на корона вирусот, проф. Даниловски вели дека интензитетот на тоа што се предвидува за од септември натаму, зависи од неколку работи.

    - Секому е јасно дека, штом сме дел од еден затворен систем на врзани садови, неизбежно е и кај нас да се прелее новиот сој. Така и се случува. Есенскиот „бран“ може да има облик на грба (од камила), брдо или планина. Каков облик ќе поприми, зависи од:
    • Успешноста на сопирање на влезот на инфицирани поединци од странство преку барање негативен ПЦР тест за секој патник;
    • Локализирање на настанатите жаришта на локално ниво;
    • Достигнатиот праг на колективен имунитет до настапување на есента.

    За да се минимизира ризикот од епидемиско ширење, потребен е праг од 80-85 проценти на колективен имунитет. Во моментов, се проценува дека, врз основа на прележување и вакцинирање, тој се движи некаде околу 70 проценти или околу 1,2 милиони (во однос на вкупно население од 1,8 милиони, според евиденцијата на ФЗО). Тоа ниво на колективен имунитет очигледно беше доволно да го потисне алфа сојот („британецот“) и да нѐ доведе во „зелена“ зона според на висината епидемиолошките ризици. За делта сојот 9 („индиецот“), кој е за околу 70 проценти попренослив од алфа, потребно е ниво од околу близу 85 проценти (1,5 милиони). Со сегашната динамика на вакцинирање од близу 15.000 дневно, а имајќи предвид дека интерес за вакцинирање пројавиле 492.000 граѓани (дел од нив сигурно се веќе прележани) – со малку среќа – верувам дека целта од 1,5 милиони имуни луѓе ќе биде достигната до септември. Инаку, ако продолжи трендот на зголемување на случаите каков што е последниве неколку дена, 14-дневната инциденција на 100.000, која денес е 5 (при ефективен репродуктивен број од околу 1,4), ќе ја достигне граничната вредност од 20 за околу 2-2,5 месеци – значи, некаде во септември. При таа вредност, ќе излеземе од зелената зона на ризици (според Европскиот центар за контрола на болести – ЕЦДЦ), појаснува професорот Даниловски.

    [​IMG]
    И покрај ова, како што посочува, не очекува преполнување на болниците во нередниот период, пред се поради фактот што делта варијантата пред се се шири меѓу помладата популација која се уште не е вакцинирана, а помладите, како што објаснува проф. Даниловски болеста ја поминуваат со полесна клиничка слика.

    - Делта варијантата се шири меѓу невакцинираните и вакцинираните само со една доза – во преку 99 проценти од случаите, според искуството во Велика Британија, САД и други земји. Тоа се претежно луѓе од помладите генерации, кои и инаку болеста ја поминуваат полесно. Оттаму, очекувам пораст на инфекции, но преполнување на болниците не треба да се очекува, вели тој.

    Неговиот став околу вакцинацијата на децата, која и кај нас започнува од понеделник е дека епидемиолошки е оправдано да се вакцинираат и тие, пред се поради фактот дека ако вирусот остане да кружи меѓу најмладите, ќе го направи ендемичен. Истовремено, како што посочува, не постојат никакви докази дека вакцината против корона вирусот предизвикува стерилитет, за разлика од тоа дека една од можните сериозните последици по прележан ковид е стерилитет.

    [​IMG]
    - Децата се дел од вкупната популација и вирусот, во своето циркулирање низ неа, не ги поштедува ниту нив. Во колективниот имунитет не може да не се смета и на нив. Со зголемување на процентот на вакцинирани (и имуни, воопшто) граѓани меѓу полнолетните граѓани, вирусот ќе се префрли да циркулира претежно меѓу нив. Настрана фактот што тие лесно ја поминуваат болеста, но фактот што тој ќе кружи меѓу нив ќе го направи ендемичен. Непреченото пренесување („пасажа“) на вирусот меѓу децата ќе го зголеми ризикот и за појава на мутации. Оттаму, следи заклучок дека, ако имаме цел да го ерадицираме вирусот, епидемиолошки оправдано би било да се вакцинираат и децата. Се разбира, мора прво да се вакцинираат полнолетните граѓани – особено оние со хронични болести и други фактори на ризик. И не би се согласил со наводите за стерилитет од вакцината. Само ќе потсетам за една сериозна последица што се јавува кај децата, при која се зафатени повеќе органски системи, т.н. мултисистемски воспалителен синдром (мultisystem inflammatory syndrome - MIS-C). Тој се јавува само при инфекција со ковид! Тоа за стерилитетот е обична будалаштина. Не постои ниту еден доказ дека било која вакцина предизвикува стерилитет. Но, затоа, пак, постојат докази дека после прележан ковид може да се појави стерилитет.

    [​IMG]
    Истовремено, проф. Даниловски смета дека училиштата треба да ги отворат вратите конечно од 1. Септември.

    - Наставата конечно треба да почне „во живо“. Наспроти растечките ризици, тоа мора да се стори, зашто во септември сѐ уште времето е топло и постојано ќе може да се вентилираат училниците, па дури наставата би можела понекогаш да се одржува и на отворено – ова во случај на појава на заразен ученик, на пример. Дали ќе се остане на настава „во живо“ илине, ќе зависи од развојот на епидемиолошката ситуација.

    И за крај во нашиот разговор, проф. Даниловски заклучува дека за да си ја заштитиме државата и да останеме во зелената зона, добро е да се засили контролата на границите со барања за ПЦР тестови и други потврди за прележан ковид или сертификат за вакцина, иако, како што појаснува за делта сојот ниту ваквите потврди не се гаранција.

    - Во изминатиов период, јас постојано јавно изјавував дека е потребно да се бараат негативни ПЦР тестови за сите што влегуваат во државата – наши државјани и странци – или барем брзи антигенски тестови. Видовме дека кај нас тоа не се воведе. Нелогично е ние тоа да не го бараме за патниците, а соседните држави тоа го бараат за наши луѓе, иако тие имаат неспоредливо поголем број случаи со делта сојот – а ние сме сѐ уште во зелена зона! Ако така остане, вирусот слободно ќе си биде внесуван, а нам на располагање ќе ни биде само „герилски“ приод – да ги ловиме и локализираме појавените жаришта.

    Инаку, за делта сојот потврда за прележаност или сертификат за вакцинираност веќе не обезбедува доволна гаранција дека лицето не е инфицирано.

    Анита Буховски
     
    На eli25, fana, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.442
    Допаѓања:
    90.835
    Пол:
    Женски
    Многу брзаат со препораките за вакцинирање деца.
    Даниловски тврди дека 60% го прележале вирусот кај нас.
    Колку % имаме вакцинирани плус? Со 20% вакцинирани веке имаме 80%
    За разлика од кај нас каде експресно воведуваат вакцинирање на деца во Хрватска одлуката е поинаква.
    Родителите можат ако сакаат да го вакцинираат своето дете но дека сеуште не даваат препорака поради истражувањата за појава на миокардитис.
     
    Последна измена: 8 јули 2021
    На lovestoneddd, Annath, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.883
    Пол:
    Машки
    Исто е и тука, вакцинирањето е по желба на родителот, значи нормално не задолжително, ниту (за сега) условно :)
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.442
    Допаѓања:
    90.835
    Пол:
    Женски
    Ама збориме за препорака ,не за задолжителност.
    Кога ќе дозволиш вакцинирање на малолетни лица,треба да е регулирано.
    Во Хрватска нема препорака за вакцинирање поради сомнежот за миокардитис,ако сака родител може да боцка ама го информираат дека нема препорака од државата.(значи поради можен проблем,државата не препорачува)
    Кај нас никој ни збор,само може да се боцкаат малолетници.
     
    На LejlaD, Annath, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.883
    Пол:
    Машки
    Ама сепак државата ја одобрила вакцината за употреба, исто како и кај нас.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.442
    Допаѓања:
    90.835
    Пол:
    Женски
    Да,ја одобрила, но не ја препорачува сеуште.
    "Ние не препорачуваме,ама ако сакате,вакцинирајте го детето"
    Кај нас ја одобриле и нема никакво известување или информирање за родителите.
     
    На LejlaD, Annath и Ahoy им се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    И јас не сум за вакцинација на деца, барем не без поконкретно искуство или студии понатаму, ама конкретно мислам дека оваа математика не е скрос вака, зошто од тие што се вакцинирани, добар дел се и прележани. Што значи имаме доста ни вакцинирани, ни прележани, и тоа така веројатно и ќе остане во Македонија, дури не прележат и тие што не сакаат да се вакцинираат или дури не го снема вирусот комплетно.
     
    На LejlaD, Cosmi, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.402
    Допаѓања:
    183.646
    Пол:
    Женски
    Пошто знаат дека кај нас нема да има никаков проблем за невакцинирање, особено што за деца се работи. Што да известуваат, кога ни возрасните не можат да ги натераат.
     
    На fana, noteforself, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Ама и кај нас е ако сака родителот може да го однесе детето на вакцинација. Вакцината е само одобрена за употреба. Никој не кажа мора, треба и слично. Само дека има можност за вакцинирање на деца од 12 нагоре со Фајзер. Толку.

    И никако не ми е јасно зошто се споредбиве цело време со Хрватска. Не знам дека Хрватска е нешто премногу референтен центар за медицина, а посебно епидемиологија и имунологија.

    За за процентот на прележани не знам од каде Даниловски извади 60%. Официјално сме на околу 10%. Се друго е претпоставка и оптимистичко гледање на работите. И плус дел од прележаните се вакцинирани што значи не може да се додадат на вкупната бројка. Она што не знаеме тука е колку проценти од население се вакцнирани во странство (претежно Србија). Се додека немаме прецизна статистка одиме со шпекулација. Имаме само една студија за антитела и тоа пред неколку месеци и тогаш бројката на луѓе со антитела во Скопје беше околу 10% што беше околу два-пати повеќе од официјално регистрираните случаи на Ковид. Така што без истражувања не знам како се кажуваат бројки и слично.
     
    Последна измена: 8 јули 2021
    На green.eyes, LejlaD, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.442
    Допаѓања:
    90.835
    Пол:
    Женски
    Полека @JoyJoy
    Не е исто одобрена и препорачана и за кого е препорачана.Може да е одобрена и препорачана само за ризични категории деца.

    Каде се истрча Филипче?
    Не е ниту Србија некој центар за имунологија,па ти сама даваше примери со доктори од Србија што рекле,од Хрватска еве нека не се важат.Небитно.
    За процентот на прележани се согласуваат и Пановски и Даниловски,знаат повеке од нас.
    Тоа скринингот со 1000 лица е смешка,а и сите знаеме дека бројот на прележани е многу поголем од официјалниот .Какви само 10%:o
    Во Србија појма немаат колку луѓе се вакцинирале,џабе пуштени сајтови за ревакцини.
    И оваа вест
    https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...e-dvajtsa-povratnitsi-od-germanija-vo-tetovo/
    Кој тоа во Тетово го детектирал делта сојот кога до вчера ни пцр заводот не правеше.:mm:
    Ова во склоп да се оправдаат идните мерките за дијаспорци и сите што ке допатуваат.
    Тие ке бидат виновни,а не Филипче и неговото доцнење со вакцини.
    А и исполнување на тергетот од 500 000 вакцинирани до следен петок.
    :angel:
     
    Последна измена: 8 јули 2021
    На fana и LejlaD им се допаѓа ова.
  16. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.813
    Пол:
    Женски
    Добро сите нови 19 денес се делта? Не слушнав.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.792
    Допаѓања:
    145.347
    Нема Делта од денешните.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.813
    Пол:
    Женски
    Од памет се извадив, па затоа си прашувам на сигурно место...
    Пишувало некаде сите дека се делта.
     
  19. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Па ако не денес, кај и да е сите ќе се делта. Очекувано е да се случи. Другите соеви се во замирање, прашање на време е кога другиов ќе стане доминантен.
     
  20. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.813
    Пол:
    Женски
    Јасно е тоа, ама не мора вака одеднаш...
    Јас реков толку ќе е од летово ако е вистина.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.