Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.315
    Допаѓања:
    16.511
    Може ли линк од студијата од којашто ти се прибавени податоците?
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Ти девојче имаш проблем со системот, не јас. Имам право да го изразам своето гледиште за оние кои одбиваат да се вакцинираат. Што аргумент сакаш од мене? Треба да се вакцинираш, зошто, поради децениски познати причини. Тебе како ти чини.
     
    На Harper, smooch, mssuniquee и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.418
    Допаѓања:
    190.630
    А како мислиш дека олку опасна болест, се лечи со аспирин и зошто е тоа така? Зошто ниеден антивиротик не даваат по протокол, истите оние земји кои признаваат само Фајзер за вакцина?:^)

    Состојбата во Европа денес-просечен пораст на број на случаи, на неделно ниво е 50%. Пораст во Хрватска 1%. Хрватско приморје од денес во портокалова зона. Доста им беше туризам, нека садат и јадат нешто, маслинки, мандаринки и сл:|
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Еднаш треба да разберите дека во заедница имаш права и одговорности кон заедницата

    Сите сте се фатиле за 'правата', ко пијан за бандера, а никој не спомнува одговорност.
    И за се' е така.
    И дома ако се понашаш неодговорно, беља ќе напрајш.
    Оди имај секс без кондом и акни му се на маж ти после пренеси му некоја зараза и речи му дека 'имаш право' на секс без кондом.
    Себичл'к се вика тоа, не 'право'
     
    На green.eyes, SuperGirl24, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Сум за вакцинирање. Прво тоа да кажам за да не ме нападнете.
    Ама еве ако пример ти си вакцинирана а јас не, како јас тебе ќе ти наштетам?
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Додека не се постигне имунитет на стадо на глобално ниво, ќе имаме пандемија.
    Ќе има локдаунс, ќе има карантини, ќе има изолации, ќе има нефункционален економски систем, ќе има преполни болници, ќе има луѓе кои умираат.

    На општеството во целина му правиш штета.
    И сите ние, како дел од тоа општество и индивидуално ќе ги сносиме тие последици.
     
    На fana и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.886
    Пол:
    Машки
    Така што ќе придонесеш кон поголем процент на вакцинирано население што подоцна ќе резултира со намалени, т.е. минимални до никалви шанси за мутации кои потенцијално би го загрозиле стекнатиот имун одговор.

    Невакцинирано население е плодно поле за мутации, а моментално таков е во просек, цел свет.
     
    На smooch, dunika, Amellie13 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Ама и онака помал број се оние кои не сакаат да се вакцинираат. Или не?
    Еве во мојата околина од најблиски и не толку блиски и познаници, сите сме вакцинирани.
     
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.886
    Пол:
    Машки
    Добро, некој впечаток имам дека 60% сме за вакцинација, а останатите 40% не, зборувам за возрасното население. Ама тоа не е доволно и важи само за Македонија. 85% имунизирано население да имаме, тоа ќе ни биде добра одбрана од мутации.
     
    На buba4e89, LejlaD и WildMk им се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.540
    Допаѓања:
    20.181
    Пол:
    Женски
    Ова е таа драматизација стара преку 130 години. Минимизирање последици/закана од болест се вика. Другото име е наводи дека вакцините предизвикуваат болест, не се ефективни или и двете. Многу вивидна имагинација! Сакам да кажам, сте во право, освен кога контекстот ви е погрешен. А второто е секогаш!

    И со тие права и устав, аман, никако не знаете дека за време на пандемија, па дури и епидемија важат други правила. Што мислите, за време на елементарна непогода или што знам, било која вонредна состојба ќе имате право да правите што сакате и да идете каде сакате или ќе важат други правила? Второто е! Исто е и сега.

    Државите имаат целосно право да го ограничат слободното движење на индивидуите, а со цел заштита на населението и справување со вирусот. Закон за заштита од заразни болести се вика и скроз важи во вакви случаи. Секоја држава има таков. Пошто ситуацијата никако не е нормална, едноставно се потребни правила/рестрикции за да се постигне колективен. Да се избегнат мутации и да се стави под контрола. Па и задолжителна вакцинацијата скроз да се направи, ама скроз! Освен за медицински загрозени лица секако. Сега, продолжете со игнорантноста!
     
    На green.eyes, Cosmic Girl, oblace1 и 19 други им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Не е ни ново ова со ограничувањето на вакцинирани. За време на вариола вера дури била присутна само на Блискиот Исток, повеќето земји вовеле задолжителна вакцинацијата за секој кој сака воопшто да излезе од државата. Значи немало напуштање граници без вакцинација. И во моментот немале овие земји ни еден активен случај.

    Епидемијата во Југославија е предизвикана од некој паметњакович вакциниран во Скопје на инфективна на кој некој близок му кажал да го пребрише местото со медицински алкохол за да нема последици во смисла осип. И ја поништил вакцината, отишол на аџилак, се вратил кај нас и почнала епидемијата.

    Очигледно многу сме напреднале во ставови, просто да не ти се верува.

    Едит: Ковид вакцината на страна, тие со ваквите ставови како сликата горе имате среќа што не сте мајки на дете кое не смее да прима вакцини. Да не сте им нив во кожа, ќе се молевте секоја вечер да има повеќе што ќе се вакцинираат. Лесно е да се зборува од позиција на удобност.
     
    Последна измена: 17 јули 2021
    На green.eyes, dunika, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.849
    Пол:
    Женски
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.540
    Допаѓања:
    20.181
    Пол:
    Женски
    За Ибрахим ли? Не знаев дека се бришел на местото на убодот. Ама знам дека преживеал оти бил вакциниран. Ја направил првата трансмисија и преживеал. На сметка на тоа, други страдале.

    Итна, масовна и задолжителна вакцинација било тоа. Со војска и полиција на секој чекор, кои го регулирале и контролирале движењето на населението. Невакцинирани не смееле нигде. Со целосно право. Затоа и таков резултат, искоренување на болеста во 1980 мислам беше.

    Полио е на добар пат да ја следи истата судбина, а трет вирус на листа за искоренување е Морбили. Ама само ако намалиме со twitter сензација и игнорантност. Оти во пракса, постојат фактори кои го отежнуваат колективниот имунитет, а тоа се луѓе кои не можат или не треба да се вакцинираат од здравствени причини и е скроз оправдано. И луѓе кои одбиваат да бидат вакцинирани. Што е со вториве, на чија сметка страдаат првиве? Кажав негде, Вариола Вера сценарио, да видат што е присилна вакцинација! А да рокне пак, ќе молат за вакцини, ако воопшто знаат за каква болест се работи.
     
    На green.eyes, dunika, NarCis@ и 12 други им се допаѓа ова.
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.338
    Допаѓања:
    119.337
    Пол:
    Женски
    Во јануари 2019 ќерче требаше да оди во градинка и букна епидемија од морбили :( од морбили бе :headbang:
    Остана со моите во друг град (вакцинирана нормално) дур ги натераме другиве да се вакцинираат.
    2019.
    21 век.
    Куку ноне (facepalm)
     
    На green.eyes, Harper, tina2018 и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Да за него. Преживеал да, благодарение на вакцината иако делумно успешна била. А 150 луѓе и повеќе умреле не заради него само, туку и заради заобиколување на процедурата.

    Во тоа време вршеле и контрола дали вакцинацијата е успешна пред да издадат сертификат (не знам точно на кој начин, дали проверувале за осип и слично зошто вакцината давала физички симптоми кои укажуваат на успешност), ама кај нас очигледно не секогаш ја следеле процедурата и човекот никој не го проверил, добил сертификат, отишол на аџилак.

    А инаку исто тоа е еден од големите контрааргументи против ковид вакцинацијата. Зошто смртноста од Ковид била 5%, а не 50% како кај овие болести. За тоа било оправдано.

    Куку ноне баш.
    Дете на мои блиски беше во тој момент со медицинска причина невакцинирано. Детето буквално седеше изолирано цела епидемија. Среќа после си се вакцинира детето, немаа раат луѓето.
     
    На Lianna Anna, Chantal, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.540
    Допаѓања:
    20.181
    Пол:
    Женски
    Да, имало и тогаш грешки. Ама затоа пак во 10 дена државниот апарат постигнал вакцинација на преку милион жители. Јас не можам тоа да го замислам денес. А за неколку недели, преку 15 милиони. Одбивале и тогаш вакцинација, иако минимален процент, секако со истите реторики, ама скоро занемарлив бил тој број. Затоа пак не смееле нигде оти сегде имало контрола од војската. Нема сакам/не сакам, има мораш!

    Неколку училишта биле направени карантин центри, што има голема улога во справувањето со вирусот пошо ги ставале во посебни простории веднаш и сите нивни контакти. Немало мешање и имале многу добра организација. Болниците да не бидат толку зафатени.

    Има филм Селти. Ти препорачувам да го гледаш. Вариола Вера се вика, со Раде Шербеџија е. Од 1982 е. Потресно сведоштво за потресна болест.

    Иначе, иглата со која боцкале била прилично страшна. Ништо налик денешната. Јас ја викам иглата за плетење на Jenner. Да ја видат денес, ќе мислат ги колат. :D Прво имало поткопување на кожата/месото. Може така ја гледале реакцијата за ефикасност, не знам.

    Како се одвивала вакцинација на вариола вера, ми има раскажувано свекрва ми. Дефиниција за присила тогаш и во денешно време, разлика небо и земја. Ние (за среќа) не сме живееле во тоа време, затоа сега имаме образ да минимизираме последици и да правиме неспоредливи споредби со цел истото, пошо не знаеме што е жетва од болести! И никогаш да не дознаеме! На жалост има многу на кои овој дел никако не им јасен.
     
    На green.eyes, Harper, babydust и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Се сложувам ептен.

    За споредба, баба ми има прележано морбили. И тоа што раскажуваше е трауматично. Прво, една е од ретките што преживеале, второ, уште поретко, преживеала без значителни последици. А цело село каде живеела било болно во ист момент, значи баш покосување, а тие што се избориле со болеста биле со трајни последици (слепило, изгубен слух) заради превисока температура која немале ни лекарства да ја симнат.

    И после некој ќе збори за природен имунитет, ц и д витамин и добар појадок. За споредба, генерацијата на баба ми била 1000 пати поздрава физички од нашиве генерации. Ние немаме ни приближно иста шанса со повеќето болести, повеќето млади веќе се со хронични болести.

    Јас искрено скептицизмот го разбирам, нормално е секој да се грижи за здравјето и да помисли кои би биле последиците ете нека е од вакцина или лек, ама не го разбирам моментот на комплетна антикампања или споделување неточни и половични информации.

    Или уште помалку разбирам како може да смета некој дека е подобро да прележиш отколку да примиш вакцина. Не знам, освен дека биле среќни да не видат како изгледаат луѓето кои потешко прележаа, да не виделе како фаќаа врски луѓе за еден болнички кревет во ходник, немам друго објаснување. Тоа не можам да сфатам само, дали се заборави тоа што помина, или едноставно некој имаше среќа да мине лесно и да не знае како минаа некои други.

    Гледам исто некои луѓе пишувале на соц. мрежи за тоа дека после 5-10 години ќе се појавиле разни последици од вакцината, дали имунолошки, дали невролошки. Само се прашувам како ќе знаат дека е баш од вакцината, кога пред неколку месеци беше најден сусам со висока количина на пестициди кои се опасни, веќе пуштен и во продажба и во индустрија. Како ќе докажеме дека е од вакцината кога и онака секојдневно сме сите изложени на најразлични предизвикувачи на болести, најверојатно за добар дел од нив не сме ни свесни?

    А филмот се спремам да го гледам веќе некое време :)
     
    На Ambitious, Peperutce1115, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Муабетот со природен имунитет не е дека треба сите со природен да поминеме и да не се вакцинираме, туку дека во колективен имунитет се игнорираат тие што прележале, и се вакцинираат и скоро прележани, а не би требало.
    А бтв јас сум и да бидат државите притиснати да ги прифатат сите вакцини, биле кинески или западњачки. Пошто вака сори ама испаѓа дека к*р ги боли за здравјето, само политика тераат.
    Ама тоа не е можно, секоја држава сама си одлучува, нажалост.
     
    На BlackNight, Kitten, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Не зборам за тоа.
    Тоа е во ред, не треба да се игнорираат.
    Зборувам за оние кои ја намалуваат сериозноста на болеста зошто лесно прележале, не било страшно. Или кои тврдат од друга страна, дека во секој случај е подобро да прележиш отколку да внесеш "отров" во организмот. За таа игнорантност зборувам, негде и низ темава прочитав како ќе не научеле да си го билдаме имунитетот, а инаку се согласувам за прележаните.
     
    На WildMk, Anne Boleyn и Tan4ence им се допаѓа ова.
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.540
    Допаѓања:
    20.181
    Пол:
    Женски
    Тоа е цената на природниот имунитет. Последиците од морбили се толку минимизирани што се тврди дека порано децата намерно ги носеле да се инфицираат од веќе инфицирано лице. Како да не! |(

    Големата илузија за природен имунитет кој го минуваш демек како да не ти е ништо. Цената вика вака за морбили конкретно, слепило, пневмонија, воспаление на средно уво, воспаление на мозок, а најлошото субакутен панцефалитис. Ова е природниот имунитет на кој јас не сум и никогаш нема да бидам спремна да ги изложам моите деца. Да не редам за другите болести, верувам дека повеќето се доволно информирани, за другите едноставно не вреди.

    По 5 години ќе ни никнат крила од вакцината, а по 10 рогови. Може и ќе станеме еднорози. :worried:

    Здраворазумски скептицизам е нормална ствар и во ред е да се испитува и преиспитува за она или ова, во однос на било која терапија, ама никако не е нормално да се споделуваат неточни информации и да се цели кон параноја со намерни кампањи за истото. Да не се прави разлика меѓу факт и сопствено убедување еј. Да се верува во фантастика. Ништо корисно тука, напротив, хаварија од болести. Натуралистичка демагогија, сапунче за раце, амин на икона, сончеви зраци и Велков. И никој ништо не ти може човече! Лол!
     
    На Peperutce1115, babydust, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.