Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Discussion in 'Коронавирус' started by LovelyGirl3, Jan 26, 2020.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Joined:
    Dec 29, 2013
    Messages:
    9,703
    Likes Received:
    134,981
    Се сигурни до одреден период. Ко што сега вакцинираните ќе бидат до Нова година отприлика. Освен ако не се докаже поинаку. А за така треба да се вакцинираме сите па да се види отпосле дали ќе се појавуваат нови случаи, зошто и како и дали ќе биде потребна ревакцинација. Сега имаш 20, 30 или 40 посто вакцинирани, ќе почнат пак примери нови, додека се убедат (ако се убедат) невакцинираните да се вакцинираат ќе дојде ред сега вакцинираните пак да се вакцинираат пошто вирусот уште кружи, а нема да сакаат кои од инает зошто едни петпати а други ниту еднаш, кои затоа што се вакцинирале само за летен одмор...и така. Ќе тераме до којзнае кога ако не ја стават за задолжителна.
     
    Ambitious, happygirl, Harper and 7 others like this.
  2. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Joined:
    Jul 15, 2020
    Messages:
    4,241
    Likes Received:
    27,884
    За волја на вистината, прележаните (не оние што два пати кивнале и си викаат може прележав, туку тие стварно што прележале) и се посигурни од вакцинираните дека нема да се инфицираат. Додуша, веројатно зависи и кога се инфицирале. Она што повеќето студии го тврдат е дека не се стекнува доживотен имунитет. Не знам кој е периодот на распаѓање на антителата, ама веројатно е дека после одреден период и прележаните ќе се инфицираат, како што е случај кај повеќето респираторни вируси. Колку ќе трае тој период кога ќе ги сметаме прележаните во колективен имунитет, никој не знае, пандемијата трае 1.5 година, што значи кратко за да почнат да се појавуваат значителен број на реинфекции.

    Ама со оглед на големиот број на хоспитализирани и брзиот раст, веројатно имаме доста и непрележани. Имајте предвид дека сме на почеток со бранот и поприлично е евидентно дека не следува баш мирен период.
     
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    7,414
    Likes Received:
    39,185
    Gender:
    Female
    Зш? :?:

    Инаку.... за губење антитела, имунитет итакодаље не ни требаат претпоставки, црни сценарија и слично... доволна е светската статистика која вели дека е многу, многу мал бројот на реинфекции :nod:
     
    Kitten likes this.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    22,277
    Likes Received:
    205,245
    1% според последните информации:?:
     
  5. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Joined:
    Jul 15, 2020
    Messages:
    4,241
    Likes Received:
    27,884
    Зошто во сѐ гледате црни сценарија? Едноставно е, кога ќе дојде моментот кога ќе се изгубат антителата, ќе си се вакцинираат. За една и пол година е прерано да се кажува за доживотен имунитет. Пандемијата година и пол трае, не трае 100 години па да речеме еј нема шанса пак да се заразиш.
     
    LejlaD and Angie1432 like this.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    8,644
    Likes Received:
    47,104
    Gender:
    Female
    А од кај тоа дека пак брзо се полнат болници? Има некои официјални бројки?
     
    eliesaab and Biljarkata like this.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    24,571
    Likes Received:
    207,284
    Gender:
    Female
    Искрено, прележаните се посигурни од вакцинираните. Тоа е непишано правило за било која болест за која се стекнува подолготраен имунитет. Не дека јас го измислив ова, факт е, докажан од медицината. Можеби како деца сме примиле ММР, ама имунитетот после толку време го немаме, за разлика од прележаните.
     
    Kitten, azelea, eliesaab and 13 others like this.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,885
    Likes Received:
    94,034
    Gender:
    Female
    Колку Бриџит?
    Нема ни 50 хоспитализирани низ цела Мк.
    @nena2010
    Прележаност е посигурна од вакцина.
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    22,623
    Likes Received:
    142,882
    Gender:
    Female
    @Cosmi @Annath @An-na ок :) Искрено верувајте ме излуде веќе ова. И сега баш зборев со еден другар што се немам видено со години да се видиме, прво го прашувам дали е вакциниран или прележан. Значи стравот уште ми е тука. Иако сум вакцинирана. Аман се шекнавме.
     
    LejlaD, Cosmi, mal.ecka and 1 other person like this.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,885
    Likes Received:
    94,034
    Gender:
    Female
    Не шекнаа тотално,се сложувам.
    И треба да се прекине со предизвикување стресови кај луѓево.
    Има Ана, знаеш колку го поминаа вирусот со затнат нос два дена,или главоболка од еден ден ??
    Никој не се тестираше за такви симптоми.
    Да не направија проверка на антитела, појма ќе немаа дека прележале.
    Не знам што ќе биде есенва,ама јас мислам ни пола нема да биде од тоа што беше во ноември и април.
    Премногу паника се дига со делтата.
    Ене ги моите, прележани,вакцинирани со две дози ,и надвор маска носат.:headbang:
     
    Kitten, happygirl, azelea and 3 others like this.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,352
    Абе само филозофирате без веза.
    Ојте вакцинирајте се сите и да го намалиме ризикот од ширење, зеднички.

    Стварно не ве разбирам.
     
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,439
    Likes Received:
    28,575
    Голем дел од прележаните се вакцинирани зошто видoа мака од вирусот и не сакаат да се повтори.
    Инаку, да не заборавите, иако е мал %, сепак има позитивни и вакцинирани. Сите научни студии покажуваат дека % на заштита од заразување после вакцина е многу помал кај делта сојот. Ама останува висок % на заштита од смрт.

    И паѓаат антителата после некое време. Имам близок, прележан со хоспитализација и вакциниран во април. Преку работа проверува антитела, и гледа дека паѓаат. Што не значи дека може пак да се зарази.

    Не, нема. Ама мала земја, па имаме инфо што се случува.
     
    Ang_ela, Lianna Anna, Sofi.ja and 5 others like this.
  13. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Joined:
    Mar 16, 2020
    Messages:
    1,368
    Likes Received:
    3,456
    Gender:
    Male
    Пишува Петар Гошев.

    Кој ги убива луѓето?

    Врз основа на резултатите од мерењата со вака конструиран индикатор, наведениот Институт, меѓу другото, ги рангирал 20-те земји во светот (медиумите во Македонија регистрираа дел од оваа информација во месец мај) кои имаат највисока стапка на починати како последица од пандемијата.

    Редоследот на овие земји е следен:

    [​IMG]

    Македонија, не само што се наоѓа во групата од 20 земји со највисока смртност (што е вистинскaтрагедијаи срам) туку таа е и во првите шест од нив.

    Институтот вели дека, заклучно со месец април, македонските власти известиле за 237,1 починати од ковид-19, на секои 100.000 жители. Македонија, според Државниот завод за статистика, брои 2,1 милион жители. Ако се помножат 237,1 починати со 21 (во 2,1 милион жители има 21 пати по 100.000 жители), излегува дека бројот на починати од ковид -19 во Македонија заклучно со април изнесувал 4.979,1 жители.

    Но, Институтот од Вашингтон (IHME)пресметал дека во Македонија, во тој период, не починале 237,1 жител, како што известувале надлежните од државата, туку 482,3 лица на 100.000 жители. Тоа, пак, значи дека во Македонија не починале „само“ 4.979,1 жител (до крајот на април) туку 10.128, односно за нешто повеќе од два пати од тоа што соопштиле нашите државни органи. (Имено, 482,3 помножено со 21 ја дава токму таа бројка). Ако на оваа бројка се додадат и дополнително починатите за месеците мај, јуни и јули, јасно е дека вкупниот број на починати според методологијата на Институтот од Универзитетот Вашингтон, ќе биде помеѓу 11.000 и 12.000.

    Број на починати изведен од извештаите на Државниот завод за статистика на Македонија (ДЗС)

    Ако некому не му се допаѓа оваа „сложена“ методологија на наведениот Институт за утврдување на фактичката состојба на починати како последица од ковид-19, односно има забелешки на таквата методологија, ќе направиме друг вид на проверка на (не)точноста на објавените податоци од нашите здравствени институции. Ќе се послужиме со податоците на ДЗС кои ги објавува со големо задоцнување. Имено, ДСЗ вели дека во период од пет години, заклучно со 2019 во Македонија умирале секоја година приближно по дваесетина илјади жители. Просечно месечно по околу 1.700 граѓани (мажи, жени деца). Во 2020 година, ДЗС соопштува дека починале вкупно 25.049 граѓани на Македонија. Над 5.000 повеќе од просекот.

    ДЗС, исто така, информира дека во првиот квартал на 2021 починале 6.925 жители, што е меѓу 1.800 и 1.900 жители над кварталните просеци пред пандемијата. Со ланскиот вишок на починати над неколкугодишниот просек (плус 5049) и со овој од првиот квартал (плус 1.800 до1.900) доаѓаме до близу 7.000 починати над просеците од пред пандемијата. Но, во овие податоци не се вклучени податоците од вториот квартал на 2021 (април, мај, јуни) зашто ДЗС податоците за вкупниот број на починати и родени ги објавува со три месеци задоцнување. Во земјите од Европската Унија истите податоци се објавуваат на неделна основа, а во Британија ваква статистика постои од 1990 година. Дури, и овие податоци на ДЗС, за првиот квартал од оваа година сѐ уште се со ознаката, „претходни“. Според тоа кога, конечно, ќе пристигнат податоците за починатите и за вториот квартал од годинава, повеќе од веројатно е дека нивниот број собран до овој момент од постоењето на вирусот, ќе биде поголем за најмалку 11.000 над просечниот за истата временска секвенца од пред пандемијата. Тоа значи, двојно повеќе од бројот на починати објавен од нашето Министерство за здравство и не баш различно од пресметките наIHME (Институтот за здравствени мерења и проценувања при Универзитетот Вашингтон, САД).

    И, кога сме сѐ уште кај бројките за починатите, да потсетам на уште една запрепастувачка информација. Пред нешто повеќе од една седмица, во пладневното информативно издание ТВ Канал 5 објави информација од Институтот за јавно здравје, која гласеше: околу 44 проценти од хоспитализираните пациенти во Македонија не се вратиле живи дома. Но, информацијата брзо ја снема, без заслужените коментари, како да им избегала од контрола на контролорите на вистината. Ужасно, зарем не? Или, Бог да чува од бетер?

    Од тие исповеди (благодарност за пожртвуваноста на малиот број медицински персонал) може да видиме: како пациентите биле третирани од немоќните матични доктори ширум државата; како не можеле навреме, или воопшто да добијат болничко сместување, за потоа, откако починале, да им се кажува на блиските и на јавноста дека не се јавиле навреме; со какви протоколи се лекувани; како некои безглаво бегале од некои државни болници, гледајќи го лошиот третман и полнењето на црните вреќи; колку се задолжиле одејќи на лекување во приватните болници, со надеж дека таму ќе преживеат. Би било корисно секој да ја прочита потресната исповед на новинарот Сашо Ангелески (објавена во „Женски магазин од 28 јули годинава) за тоа низ што сѐ минале во битката за спас на неговата, на крајот сепак почината 24-годишна ќерка Симона, зашто токму тој пример е вистинската слика за состојбата во нашето здравство и за начинот на „успешното справување“ со пандемијата.

    Нема лекови и адекватна здравствена нега, има изобилство вештачки образи

    Наспроти грдата стварност која вреска, надлежните институции и лица имаат друга: бришат стварност, пишуваат дека сме Шангри Ла. Вештачките образи се менуваат секој ден – ги има во безброј варијанти. Само нема бројни важни лекови, нема чисти болници, нема доволен број и доволно квалитетен медицински персонал; нема грижа на совеста, нема трошка емпатија и има бесрамна навредана починатите и нивните зацрнети семејства. Еве неколку изјави и пози како да сме земјата на Џејмс Хилтон, опишана во неговиот роман „Загубениот хоризонт“.

    Кога подоцна ќе почне да се ниже бројот на мртвите и кога ќе се види дека стануваме негативна перјаница, истиов ќе каже, запрепастувачки навредливо и за мртвите и за нивните семејства: „Не е најдобар критериум бројот на мртвите“ за оценување на (не)успешноста на политиките и мерките.

    Радмила Шекеринска, која никогаш нема проговорено за свињариите на нејзините сопартијци и нејзината партија, а на другите им посоли памет да не шепотат, туку да зборуваат, веднаш, како вистински министер за одбрана, притрча да помогне со изјава која инстантно стана хит за мајтапење на социјалните мрежи, велејќи: „Она што го правевме… е да ги добиеме вакцините без некој да каже дека ние го нудиме нашето население за тестирање… Тоа не го направивме (набавката) зашто сакавме да прифатиме практично завршен период на тестирање“ (ТВ Сител, 28.01.2021). Истиов борец против молчењето и шепотењето, на 07.02. оваа година, на ТВ Телма, со нов дострел: „Не брзаме со определувањето на бројот и видот на вакцините за да не ни останат непотрошени“. Значи, не брзаа да набават вакцини за да не „експериментираат“ со нашите граѓани, наспроти сите влади на западните земји (кои се „неодговорни“). Не брзаа да набават и да се определат за видот на вакцината за да не им останат непотрошени (големи домаќини). Произлегува дека само луѓето сеquantite negligeable.Имено, се одлучија да го тестираат природниот имунитет на своите граѓани и видовме: добивме запрепастувачки голем број мртви – со што нѐ сместија во првите шест најлоши земји во светот.

    Претседателот Пендаровски (без потреба) во обид да се правда зошто не е како Вучиќ, ни кажа дека „се јавувале секаде, по служби, држави… па и преку единствениот наш нобеловец кој бил член на бордот на „Фајзер“, ама оттаму им одговориле дека „не ги интересираат земји под два милиони жители“. (Плусинфо, 11.03.2021) Прилично се помачи да каже дека никој не нѐ „есапи“ или не ги „есапи“ за ништо. Арно ама, министерот Филипче веднаш го исправи – „не разговарале со „Фајзер“ туку со „Модерна“, дека тој „направил лапсус“.

    Потоа, се случи, Пендаровски да каже една очигледна вистина дека „граѓаните се оправдано незадоволни од досега направеното… дека сликите од Србија (Ниш и Белград) се срам за нас… и дека нашата држава мора да се грижи за своите граѓани“ (30.03.2021, изјава по седницата на Советот за безбедност). Овој пат не беше „исправан“, беше искаран и од министерот Филипче и од премиерот Заев… и тој си знае уште што! Им избега од контрола уште една изјава, кога епидемиологот Александар Стојанов, уште на 24.07. 2020, искрено изјави: „Нашиот систем не може да издржи голем број на тестирања“. Внимавајте, тестирања, а не нешто друго.

    Заев, како секогаш, посебна приказна. Еднаш ќе рече дека со вакцините задоцниле затоа што „се држеле до западните партнери“, другпат ќе рече: „Ако земеме 2, 3, 5 илјади вакцини, што ќе правиме со тоа? Ќе се натпреваруваме со други дека нешто сме направиле? Трет пат ќе го поздрави лажното ветување на Борисов дека Бугарија ќе ни подари 5 до10.000 вакцини, а пред тоа ќе позира на границата со Србија за неколку илјади вакцини во функција на пропагандата на Вучиќ, и ќе го мести вештачкиот образ да оддава задоволно дете што добило сладолед од некој возрасен, промовирајќи го тоа понижување како чин на голем дострел во соработката на братските народи на Балканот. Па, според изјавите, произлегува дека не се знае: сакале, не сакале или не можеле да набават вакцини. Во меѓувреме, со министерот за здравство, преку посредник, ќе се обидуваат за двојно повисока цена од продажната да набават кинески вакцини преку Хонг Конг од една од најцентрализираните држави на светот, каде провизиите остануваат во кругот на државните и партиските функционери, а не кај белосветски посредници „пронајдени“ од нашите „државници“.

    И, така, лаги, лаги, лаги… и одеднаш „се истура“ реалноста. Морфеус во Матрикс би рекол: добредојдовте во пустината на реалноста. Распиштолените лажговци, пијани од значењето на функциите и мирисот на пленот, и самите почнуваат да веруваат во своите лаги. Секој ден нови навреди на здравиот разум, нови лаги и гротескни позирања. Ќе се з‘гнат, на пример, до Струмица (зашто директорот на болницата ги изненадил со искрената изјава) и Заеви ќе ѝ подарат на болницата возило купено на старо со негов личен благослов „да се служат со него со децении“. Како да не знае дека болницата има такви уште од времето на Јосип Броз. Министерот, директорот и неколкуте вработени (по службена должност) ракоплескаат пред камерите. Истото и во Дојран, донација од приватник, а министерот го посветил денот да се слика до подареното возило.

    Подлабоките причини за големата смртност

    Секторот на јавното здравство е еден од тие домени. Речиси експлицитно се туркаше во процес на комодификација – божем здравјето е како и секоја друга роба и кој сака да ја има, ќе си ја купи на пазарот. И последниот министер, како нов социјалдемократ, заедно со неговиот нов лидер кој вели дека „сепак и јас сум социјалдемократ“, тргна во дополнителна распродажба и разградување на јавното здравство. Се сеќавате (не нè погодиле сите амнезија и аналгезија) започна со отстранување на детската хирургија од јавниот сектор, потоа ја промовираа идејата и за приватизација на брзата помош, во меѓувреме трошејќи огромна енергија, во партнерство со приватниот сектор, на местење на повеќе тендери, по мерак и на новиот „бизнис-ориентиран“ премиер и нормално, на големо задоволство на старо-новата фармацевтска тајфа околу нив.

    И, гледајте чудо: на 10.06.2021, овој министер ќе изјави: „Сега гледаме колку бил важен здравствениот систем“. Ако во тоа „сега гледаме“ се сместува и себеси, тогаш штета што му бил советник на Никола Тодоров, кој исто така туркаше комодификација на здравството и штета што бил именуван за министер за здравство. Пред да дојде на тие функции и до појавата на пандемијата, како да не знаел колку е важно здравството и за кого. Ако мисли на други, пак, треба да ги каже за да знаеме кои се тие што оневозможувале здравството да биде важно во нашите животи. Неговите претходни, или неговите сегашни. И политичари до кои се лепел и министри, негови колеги по струка, за кои можеби шепотел, како Радмила, а никогаш јавно не проговорил. Но, како и да е, од вакво незнаење, или занемарување на таквото знаење потиснато од лукративни причини, во Македонија умреа толку многу луѓе.

    Втората голема причина за катастрофата е осакатениот фискален потенцијал во времето на избеганиот „патриот и борец за македонски правдини“, кога јавниот долг беше зголемен од околу 24 на близу 50 проценти од БДП.

    Третата причина се самите мерки за неширење на пандемијата. Во нив клучно значење имаа: одржувањето физичка дистанца помеѓу луѓето и тестирањето, изолирањето на заболените и најважно, вакцинирањето. Мерките најчесто доцнеа и претежно се кршеа. Нивното непочитување беше најголемо од тие што ги пропишуваа. Се забрануваше вршење на економски активности, се дозволуваа крајно неразумни верски собирања. Им се угодуваше на алчните верски лидери („Парите се отепувачка“); се организираа политички собири, во исто време кога се забранети економски активности и се казнуваа помали собирања и неносење маски на отворено (Власта е опиум, или како што вели Кисинџер, најголем афродизијак); се организираа предвремени избори (во Штип) за градоначалник за мандат пократок од една година, за да се истера кадровската комбинација со новиот министер за транспорт, како подобен за бизнис комбинациите на „бизнис крилото од Источна Македонија, кое ги начека своите „пет минути“; додека еден дел од „ресторантско-кафеанската“ бранша не смееше да работи, пријатели и роднини на власта во најголемиот пик на епидемијата собираа на ноќни журки и по повеќе стотици млади луѓе. Набавката на вакцините, видовме зошто не им се брзало, доживеа целосно фијаско. И сѐ уште сме земја со исклучително низок процент на вакцинирано население, а тоа беше клучот да се намали смртноста и да се обнови економско-социјалниот живот.

    И, наместо да се реагираше посоодветно на наведените прашања, слушаме небулози дека бројот на мртвите не е најдобар индикатор за (не)успехот на здравствените политики. Но што да се прави. Имаме власт во согласност со една изјава на еден работник од Србија за тоа што мисли за претседателот Вучиќ. На новинарското прашање тој одговори: „Подобар немаме, полош не можеме да најдеме!“

    Ова е само мал дел од фантастичната колумна. Целата може да ја прочитате тука:

    https://plusinfo.mk/ko-gi-ubiva-lu-...EYCcXDs1LNprjEchcMdDSnNEUiorXz6PxbbSfYBOaxrQw
     
  14. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Joined:
    Jun 26, 2010
    Messages:
    2,029
    Likes Received:
    2,295
    КОјОД ЗДРАСТВОТО СЕГА КЕ ПОКРЕНЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ЗГОЛЕМЕНИТЕ СЛУЧАЕВИ И КЛАСТЕРИ ВО ЗТЕТОВО ОД ЗАТВОРЕНИТЕ СВАДБИ?
    ЕВЕ ПОЧНАА ДА СЕ ЗГОЛЕМУВААТ БРОЈКИТЕ И ВОСКОПЈЕ И ВО тЕТОВО
    кОМИСИЈАТА ДА СИ ПРИФАТИ ОДГОВОРНОСТ ШТО ДОЗВОЛИЈА СВАДБИ.
     
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,922
    Likes Received:
    42,848
    Gender:
    Male
    Почитувани,

    Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

    Во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на КОВИД-19:
    Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1.

    Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1.

    Пријавени се три починати лица : две лица од Гостивар (68г и 86г) и едно лице од Скопје (82г), починати во болнички услови.

    Направени се 5.276 тестови преку: ИЈЗ-163, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-32, ЦЈЗ Тетово–43, ЦЈЗ Куманово–58, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-6, Институт за микробиологија–21, Жан Митрев (Филип Втори)-94, Авицена-304, Биотек-203, Систина-108, лабораторија Лаор-677, Синлаб-69, Ремедика-16, Плодност–51, Генеа–2, Никоб лаб-799, ВФВ Медикал-40, Ели Медика-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.466.

    Досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на Ковид-19.

    https://mk.tv21.tv/visok-skok-na-po...4-sluchai-na-koronavirus-pochinati-tri-litsa/
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,352
    Here we go again...
     
  17. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Joined:
    Jul 5, 2021
    Messages:
    566
    Likes Received:
    1,114
    Gender:
    Female
    Да не испадне дека пропагирам или нешто, ама со повеќе тестирања нормално е пропорционално да се зголеми бројот на новоткриени.
     
    Ahoy likes this.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    22,623
    Likes Received:
    142,882
    Gender:
    Female
    Машала!!! Очекував септември ама машала порано почнавме.. @venus♡ а бе не ќе да е.. Поентата и на 10.000 тестирања да имаме 0.. или вентиално 5 до 10...
     
    LejlaD and WildMk like this.
  19. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Joined:
    Apr 6, 2017
    Messages:
    1,368
    Likes Received:
    7,862
    Gender:
    Female
    Се знаеше дека ќе биде вака, многу неодговорност.... Ама оди речи му некому нешто, да стави маска на затворено,да држи растојание. За душман ќе те има.
     
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,885
    Likes Received:
    94,034
    Gender:
    Female
    Време е да се смени стратегијата и да почнат да ги бројат само тие со симптоми.