Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    48.560
    Пол:
    Женски
    @Ahoy кај можеше да се видат активни случаи по градови?
     
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.886
    Пол:
    Машки
    На линкот што го постирав имаше, или тука (регистрирани случаи во посл. 21 ден) :)
     
    На fana и anastasijaki им се допаѓа ова.
  3. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.352
    Допаѓања:
    278.782
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам искрено и македонците пеиродов прават иато такви свадби на затворено со преку 400 души И еден куп други прослави.Неизживеаност.Одкако се промешав со поширок круг периодов видов дека имало еден куп што ме веруваат во вакцини во корона а пола од нив едвај преживеаа а и изгубија членови од семејство.Ама така ги пишале само.Страшно кој слаб интелектуален склоп го имаме како нација.
    Нема свест ни кај народ ни одговорност кај држава.
    Да се надеваме само дека бројкиве се сепак од дијаспорците и дека ние имаме кол.имунитет
    Имаку уште една тешка есен не чека.
    Извини што се надоврзав на твое мислење ама општо зборував.
     
    На Ang_ela, Amellie13, green.eyes и 17 други им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.560
    Допаѓања:
    126.044
    Пол:
    Женски
    Лесно ќе беше да беа само дијаспорците. Свадби се прават буквално секој божји ден. Ако порано се правеа само петок сабота недела сега секој ден. Фул се термините. Отворено, зарворено, гушкања, пеења на уфце короната е умрено!! Така да не ги крибите дијаспорците. И ние овдешниве не сме поарни. Концерти, журки гужви.. Оха!
     
    На dunika, azelea, LejlaD и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    90.971
    Пол:
    Женски
    Сигурно е точно дека прават и македонците ама се помалку,имам инфо дека секојдневно има во Те/Гв по 10 свадби:drunk:
     
    На mareane и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    17.449
    Пол:
    Женски
    Нема врска и македонците прават, од кога ги ослободија меркиве не се престанати и тоа бараат да се игра и со многу гости прават свадби :worried:.
     
    На LejlaD, oblace1 и mareane им се допаѓа ова.
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.778
    Пол:
    Женски
    Инаку јас сум канета на 3 свадби со 500 души во хотел во затворен простор |( нема албанци - македонци сите од балканов исти е менталитетот
    е тек сега ке биде што ке биде
     
    На LejlaD, Guns N` Roses и mareane им се допаѓа ова.
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Јас кога зборував, тука ме нападнаа, ехеее сакаме нормално лето.
    Спомнав ќе видеме од есен ама еве порано.
    Еве ја цената со олабавените мерки.
    Немам ништо против свадби, ама не со 5857585 гости посебно пак у затворена просторија.
    Ок се журки, ама не со толку народ.
    Секој со секого да си диша у врат.

    Пред некој ден, мој роднина славеше име со 9686958 гости плус музичари.
    А да не зборам уште колку имаше вакви примери низ град.

    Чему кукање сега?
     
    На venus♡, LejlaD и nena2010 им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Време е да се вакцинирате и да престаните да наоѓате изговори.
    Ем не се вакцинирате, ем најгласни сте за 'правата' и 'правилата'
    Па преку веќе!
    Себични створења.
     
    На Leat и boomsleng им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.560
    Допаѓања:
    126.044
    Пол:
    Женски
    Косми е прележана, не е антиваксер.
     
    На Принцезичка1, Celltica, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Епа нека престани да шири информации за тоа колку се опасни вакцините и незнамтишо
     
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    90.971
    Пол:
    Женски
    Прибери се.Јас прележав и имам доволно антитела,редовно давам пари да проверам.
    Нема зошто сега да се вакцинирам.
    Ти провери колку имаш антитела?
     
    На joy1, christinnn, Celltica и 2 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Не и нема да проверам.
     
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    90.971
    Пол:
    Женски
    А да заборавив и ти си промотор на "сигурен" вакцинален имунитет.Важи.
    Твоја работа,ти во моја не се чепкај и не туку ми кажувај да се вакцинирам прележана.
     
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Ако немаш клеточен имунитет и да имаш ,,куп,, антитела џабе е.
     
    На boomsleng и LejlaD им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    90.971
    Пол:
    Женски
    Клеточен имунитет имаат прележаните плус и поширок имунитет од само вакцинираните,антителата се мерливи ,клеточниот многу потешко.
     
    Последна измена: 5 август 2021
    На Принцезичка1, riba79, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  17. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.352
    Допаѓања:
    278.782
    Пол:
    Женски
    219 позитивни и 4 смртни случаи...
    :(:@
     
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.886
    Пол:
    Машки
    Сто и пет заболени од ковид-19 се хоспитализирани во Скопје и во другите градови, информираа за МИА од Министерството за здравство.

    Најголем број хоспитализирани има во Клиничката болница во Тетово – 32, а потоа следат Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје – 20, Општата болница во Гостивар – 20 и Општата болница во Куманово – 10.

    Во болницата во Струмица има седум пациенти со ковид-19, во болницата во Прилеп шест, во Битола и Штип по четири пациенти, и по еден во болниците во Велес и во Струга.

    https://mk.tv21.tv/hospitalizirani-se-105-zarazeni-so-kovid-19-najmnogu-vo-tetovo/

    -------------------

    Најмногу хоспитализирани во Тетово... воедно, Тетово е четврт најмалку вакциниран град во Македонија, со само 19.1% вакцинирано население... пред него, во Топ 3 се Кичево (18,2%), Дебар (18,6%) и Гостивар (18%).

    Гостивар како најмалку вакциниран град, исто така е во топ 3 листата на хоспитализирани пациенти- 20, исто со Скопје.

    Има ковид центри во Дебар и Кичево или се транспортираат до Тетово?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  19. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Они не ни веруваа во вирусот, а не па да се вакцинираат.
     
    На Leat, Waverly Raven, Sofi.ja и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.886
    Пол:
    Машки
    Горан Кунгуловски на Фејсбук:


    Делта сојот на SARS-CoV-2 веќе доведува до нови бранови во Европа. Во Македонија, врвот најверојатно ќе го достигне на средина на Септември.

    Делта сојот е позаразен:

    1️⃣Потребно е пократко време од контакт до PCR позитивен резултат при инфекција со делта сојот. Ако со изворниот сој просекот бил 5.7 денови, со делта сојот е 3.7 денови. И тоа со делта, околу 12.5% стануваат позитивни после 2 дена, 27% после 3 дена, 20% после 4 дена, 24% после 5 дена и останатите после 6 или 7 денови.

    2️⃣Кај заразени со делта сој се детектира просечно околу 1000 пати повисока концентрација на вирус отколку со изворниот сој.

    Што ова значи за периодов?

    1️⃣Бидејќи времето од контакт со PCR позитивитет е намалено и бидејќи концентрацијата на вирус е повисока, ќе треба АГРЕСИВНО следење на контакти и изолација на заразените и нивните контакти. Исто така одговорност и на населението коешто нема решенија, ама има сознанија за контакт со позитивен или за појава на симптоми.

    2️⃣Бидејќи концентрацијата на вирус е повисока, таа спаѓа во опсегот на детекција на рапид антигенските тестови. Значи 70-80% од PCR позитивните би се детектирале и на рапид антигенски. Ова ќе овозможи побрзо тестирање и скрининг на населението.

    Што значи ова за вакцините?

    1️⃣Вакцините сеуште си ја вршат својата работа. Во зависност од вакцината, ризикот за зараза е 10-20 пати намален во споредба со невакциниран (непрележан). Значи луѓето сеуште може да се заразат, посебно тие што се во постојан контакт со заразен, ама веројатноста е драматично намалена. Вакцинираните покрај тоа што имаат помала веројатност да се заразат, доколку се заразат имаат помала шанса да заразат некој друг.

    2️⃣Вакцините сеуште си ја вршат својата работа. Во зависност од вакцината, ризикот за сериозни симптоми и смртен исход е десетици можеби и стотици пати намален во споредба со невакциниран (непрележан). Пример ако кај невакцинирано население би имало 20 смртни исходи, кај вакцинирано би имало 1.

    Неопходно е приоритетно вакцинирање на постарото население и населението со коморбидитите. Така ќе се намали бројката на сериозно болни и бројката на смртни исходи. Со понатамошна вакцинација и евентуално трета доза, ќе може да се намали и ланецот на трансмисија. Така ќе се сузбие пандемијата.

    Нема друг начин, само вакцини, редовно тестирање и одговорност.
     
    На Ang_ela, Nellie, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.