Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.265
    Пол:
    Женски
    Во последните 24 часа се направени 7.647 тестирања, а регистрирани се 378 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 118, Тетово – 114, Гостивар – 51, Кичево – 20, Куманово - 18, Струмица – 16, Битола и Охрид – по 9, Кавадарци – 6, Велес – 4, Кочани – 3, Струга и Радовиш – по 2, Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и Македонски Брод – по 1.

    Регистрирани сe 25 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Тетово – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар и Кавадарци – по 1.

    Пријавено е едно починато лице од Скопје (71г), починатo во болнички услови.
     
    На LejlaD и fana им се допаѓа ова.
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.691
    Пол:
    Машки
    Владата на вечерашната седница ги донесе следните одлуки со цел спречување на ширењето на новиот бран КОВИД-19.
    Апелираме до граѓаните крајно внимателно да ги почитуваат постоечките и новите мерки:

    - До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на КОВИД-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.
    - За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.

    - Од 15 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.
    - Од 15 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

    - Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст.

    Се задолжуваат надлежните инспекциски служби во претстојниот период да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на КОВИД-19.

    https://mk.tv21.tv/vladata-ja-odrzh...rechuvane-na-shirene-na-nov-bran-na-kovid-19/
     
    На WildMk, Amellie13, Anne Boleyn и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.191
    Допаѓања:
    145.293
    И на работа значи
     
    На LejlaD, BlackNight, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.691
    Пол:
    Машки
    Според ова, и за во КАМ ќе треба :D

    Сигурно ќе кажат подетално од утре :)
     
    На LejlaD, Cka, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.959
    Допаѓања:
    6.611
    Не ни треба да влеземе во Еу, да почнеме да се понашаме европски :D
    Не очекував дека толку рано ќе донесат ваква храбра одлука. Се надевам ќе вроди со плод. Иако оваа мерка ги исклучува тазе прележаните што според сите истражувања и статистики се подобро заштитени од вакцинираните и тоа не е во ред.
     
    На green.eyes, deskarada, Spidy и 8 други им се допаѓа ова.
  6. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.349
    Јас прележав во декември, уште имам антитела, бремена сум, не се вакцинирам засега. Како ќе влезам во болница каде што секако има повеќе од 30 луѓе? Малку им треба појаснување на меркиве, за кого се и за каде се ќе важи. Вака испаѓа сакам да влезам во автобус а не сум вакцинирана, ама изгледа има повеќе од 30 луѓе, ќе го чекам наредниот што ќе има 25 луѓе внатре.
     
    На Kitten, azelea, mal.ecka и 11 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.270
    Допаѓања:
    38.680
    Пол:
    Женски
    Оф, мори мајко! Европска одлука!? Храбра одлука!?
    Во Северна Кореа имаат поголема слобода од нашиве "европејци"!!!!
     
    На Kitten, Stefi_555 и BlackNight им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.728
    Допаѓања:
    138.382
    Пол:
    Женски
    Во Северна Кореа ги убиваат заразените. Затоа нема Ковид таму :)
     
    На venus♡, LejlaD, le.soleil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.270
    Допаѓања:
    38.680
    Пол:
    Женски
    Знам. Затоа и ја направив паралелата :!: Поголема "демократија" имаат од европејциве.
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.728
    Допаѓања:
    138.382
    Пол:
    Женски
    Веќе ништо не ме изненадува.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.976
    Допаѓања:
    123.768
    Пол:
    Женски
    Мерката за вакцинација ич не е разбирлива. Значи ако сум на семинар со 10 луѓе, не мора да имам сертификат за вакцинација?
    И зошто пишува вклучително и угостителски објекти? Нели затворени ќе се? :^)
     
    На azelea, venus♡, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.336
    Допаѓања:
    44.970
    Пол:
    Женски
    Треба да важи и прележувањето до 6 месеци, нема логика вака.
    Нека воведат потврди, сум за, ама на тие да има повеќе опции, доказ за вакцина или доказ за прележаност преку позитивен тест или испитани антитела.Пошто пак нема логика да имаш антитела до плафон ама да не ти важат зашто немаш ни позитивен пцр ни вакцина.
     
    На azelea, Ahoy, tina2018 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.849
    Пол:
    Женски
    Зар верувате дека ова ќе се спроведе???
    Колку што се спроведе се до денес,колку што проверуваат редарите дали се носат маски,инспекторите дали фирмите го спроведуваат законот,толку и во иднина ќе се проверува вакцинален статус .Шкртнале тие нешто како и секогаш ради реда,абе ајде од сто души на работа што влегле во еден ден едвај десет ако имаа маски.Почнав да се прашувам дали со мене нешто не е во ред ,или со повеќето,зошто очигледно за нив завршила пандемијата .А докторка ми вика полно ние одделението....
     
  14. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    4.860
    Пол:
    Женски
    Од 16,ама ПАЗИ од 16:!:,а до тогаш капут(facepalm)(facepalm)(facepalm),браво:clap:кога ќе заминат што ли ќе правиме без генијалциве:puke:,тешко на народот:sweat:
     
    На azelea и BlackNight им се допаѓа ова.
  15. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.405
    Допаѓања:
    5.907
    Пол:
    Женски
    Што правиме со потврда за прележан ковид? Колку само се трудат да ја наметнат вакцината по секоја цена, чудо едно.
     
    На Kitten, Stefi_555, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.270
    Допаѓања:
    38.680
    Пол:
    Женски
    Смејурии :D
    Колку се целосно вакцинирани кај нас? 400-500 илјади? Уште милион за да се вакцинираат сите. А ние колку вакцини имаме? Или тоа не е битно? Донеси забрана, па луѓево нек се заколат меѓу себе кој попрво да фати врски! :^)
    Идиоти :envy:
     
    На azelea, Stefi_555 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.138
    Допаѓања:
    204.198
    :D
    Види стварно(facepalm)
    4 пати го препрочитувам и ништо не разбирам:drunk:
     
    На azelea, fana, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.589
    Допаѓања:
    18.311
    Пол:
    Женски
    Ќе се штанцаат потврди на големо.
     
  19. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.959
    Допаѓања:
    6.611
    Не бе, боље да не преземат ништо и да се растерети пензискиот фонд. Меркава е нејасна, недоволно добро обмислена, дискриминира прележани и луѓе што не смеат да се вакцинираат од медицински причини. Ама таа демократија што ти ја бараш не донесе овде. И видовме колку прекрасно се справивме.
    За невакцинираните поради свој избор ич не ми е жал. Со одлуката да не се вакцинираат избираат и да не можат да одат во гужви. Пак е нивен избор.
    И слободно нека се преселат во Кореа ако е таму подобро.
     
    На Ang_ela, g8lQQk, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.700
    Допаѓања:
    12.787
    Пол:
    Женски
    Ако влезете меѓу првите 30 не ви треба вакцина. :D
     
    На Lima24, cresa-jagoda, g8lQQk и 8 други им се допаѓа ова.