Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.090
    Допаѓања:
    203.768
    [​IMG]
    Сериозно сакам линк до научен текст или име на теорија која го тврди ова. Постара теорија од 2019 година:)
     
    На Stefi_555 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.698
    Допаѓања:
    138.166
    Пол:
    Женски
    Еве не е ковид, ама јас лично имам прележано магарешка кашлица што ја викаат, и да не била вакцината кој знае дали ќе сум била жива..Инаку имав 12 години и многу убаво се сеќавам како беше. Така да ова не е студија, ама е искуство со вакцина.

    За ковид другар во америка 2 дози Модерна, позитивен на тест, 1 ден блага настинка, темп 37.2 и толку. Човек со многу коморбилитети.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.090
    Допаѓања:
    203.768
    Разбирам јас функција на вакцина, ниту го спорам, ниту сум го спорела истото. Само некоја чудна теорија беше напишана, штитат освен ако не штитат... Мислам признавам, во животов не сум била сведок на искоренување на болест со вакцина, сум го земала здраво за готово- вакцинирана сум, пример, против тетанус и заштитена сум. Или откајзнам, сум прележала заушки, нема да фатам пак. Па прашањето ми беше на која точно теорија се повикува членот- штити, ама само ако сите се вакцинирани?:?:
    Светов никогаш нема да биде во состојба сите да бидат вакцинирани, еве и да постигне држава вакцинирање на цела возрасна популација, дали тоа значи дека никој од нив не смее да оди во Африка или Азија на пример, и никој од Африка и Азија да не влезе во земјата?
     
  4. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.057
    Пол:
    Машки
    Значи во нормални случаи вакцината штити од тешка клиничка слика продуцирајки антитела кои во својата градба имаат специфичен регион (варијабилен регион) кој служи да препознавање на антигенот (т.е спајк протеинот) на корона вирусот. Но, корона вирусот во организам во кој може да се реплицира има способност да мутира (со случајно менување на базните парови во неговата РНК). Е сега овие мутации некогаш имаат негативни некогаш позитивни ефекти врз вирусот , еден од позитивните ефекти е да биде резистентен за антителата инаку зошто мислите дека вакцините не се ефикасни кај сите подеднакво зошто постојат 10тина мутации на корона вирусот моментално , секоја си има своја специфика и вакцина што има/нема ефект врз неа. Имунологијата и генетиката се прекомплексни науки што не може да се објаснат едноставно , за да се стекне траен имунитет задолжително е да се вакцинира поголем дел од населението со што нема да се остави простор за појава на нови мутации. Во вакциниран организам , антителата се врзуваат за спајк протеинот на корона вирусот и го неутрализираат со што не може да се реплицира (со исклучоци нормално , кај одредени индивидуи што се имунокомпромитирани или пак имаат друга варијанта на ковид). Се додека постојат голема маса на невакцинирани луѓе , вирусот ќе има можност да мутира и мутира и така ќе остане уште добри 5-6 години ако не и повеќе а вакцините ќе го изгубат ефектот нормално.

    Се надевам ти појаснив што сакав да кажам.

    повели и видео.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.090
    Допаѓања:
    203.768
    Ќе го гледам видеото утре.
    Прашање- дали тезата, кај вакциниран антителата го неутрализираат вирусот, теоретски значи дека вакцинирана личност нема да има голема концентрација на вирус во себе? Оти и вакцинирани излегуваат позитивни на пцр, па пак одат во карантин, итн, you know the drill.
     
  6. Stefi_555

    Stefi_555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    727
    Пол:
    Женски
    Абе како може да верувате на вакцинава не ми е јасно?!? Не спречува болест, туку само ги ублажува симптомите. Тоа вакцина ли е? Не, туку обична инекција. И затоа ќе бараат сега демек ревакцинација на секои 6 месеци, небулоза невидена...па и уште задолжително морало, значи смејурија и филмови за мали деца стана ковидов...
    Се согласувам. Нешто што не штити и треба да се прима на секои 6 месеци е веќе инекција, а не вакцина.
     
    На cresa-jagoda, deskarada, christinnn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Тие што имаат примено прва доза веќе се фатиле на орото. Меркиве се за да се притиснат не вакцинираните.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    2.919
    Пол:
    Женски
    Да! Еве мене слободата ми е битна, слобода да изберам работно место и да имам право да работам (затоа што работам во фирма со 2000 други, а они ќе си го толкуваат тоа - во објект со повеќе од 30 лица, како што им одговара на нив), слобода да изберам дали и што ќе внесам во моето тело, слобода на избор! Прележав, каде сум јас и уште не знам колку илјади во овие мерки?! Зошто да се вакцинирам кога имам природен имунитет? Епа извини вака, ама слободата автоматски ми е укината во овој случај! И ќе бидам себична се додека некој друг за негови лични цели ги крши моите основни човекови права, меѓу нив и она за слобода на избор! Пријатно ;)
     
    На Kitten, INNERBEAUTY, deskarada и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Stefi_555

    Stefi_555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    727
    Пол:
    Женски
    А стварно мислиш дека со вакциниве ќе се заврши причава ковид? И верувај никогаш нема да се постигне посакувана бројка на вакцинирани. Ова што го прават е класично сеење страв и ништо друго. Мислам дека во други држави нема да успее, само треба да сме потрпеливи и да не се брза одма со заклучоци и трчање да се вакцинираме што побрзо.
     
    На INNERBEAUTY и TheDongerino им се допаѓа ова.
  10. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.057
    Пол:
    Машки
    Па да , може да се каже лаички така дека немаат голема концентрација вирус во себе. Но сепак нормално нели вирусот е каде каде поброен од антителата и пак ќе се реплицира но тоа нема импакт врз развој на тешка клиничка слика...

    E сега кај одредени пациенти што се имунокомпромитирани , со тешки пропратни заболувања во комбинација со инфекцијата со ковид , дури и после вакцинирање може да се јават компликации од ковидот, никој не го негира тоа но тоа се ретки случаи. Пример од 1.000.000 население инфицирано околу 2% т.е 20.000 би починале но од 1.000.000 вакцинирани таа бројка драстично ќе се намали на околу 200 луѓе , тоа е работата на вакцината да спречи развој на тешка клиничка слика кај повеќето од населението.
     
    Последна измена: 8 август 2021
    На Anne Boleyn и Ahoy им се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.881
    Допаѓања:
    42.672
    Пол:
    Машки
    Со ова се надеваат да убрзаат вакцинација од утре па до петок, со тоа една доза и од 16ти даваат простор да се извакцинираат уште луѓе барем со една доза до петок/ сабота. Фер :D

    Инаку се надевам дека ќе ја изменат одлуката и ќе можат да влегуваат не само вакцинирани, туку и лица со сертификат за прележаност, а можеби и оние со антитела. Само што така знаат дека нема да поттикнат вакцинација, затоа што многу ги имаат тие сертификати и антитела :D

    Сакаше да кажеш дека не спречува позитивен тест веројатно, ама болест спречува и те како.

    Знаеш ли која е главната поента на вакцината? Побрзо и поефикасно да се избори со инфекцијата, кога веќе ќе се заразиш.

    Многу е... не знам... неблагодарно (?) да кажеш "само обична инекција" за нешто што до сега спасило мноогу животи.

    Малку ли е бе симптоми да ви ублажи?


    Screenshot_20210808-071831_Chrome.jpg

    Се вакцинирам... ако имам антитела супер, организмот веднаш ќе се избори. Ако немам антитела пак супер, ќе имам клеточен имунитет кој исто така брзо ќе се избори со вирусот, за 2-3 дена ќе го елиминира, оставајќи благи симптоми, наместо 10-14 дена без имунитет, при тоа оставајќи Бог знае какви симптоми, ама и последици.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    922
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе имаат природно јак имунитет и вакцини не им се потребни!
     
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.881
    Допаѓања:
    42.672
    Пол:
    Машки
    Ок. Како знаеш кои се тие? Како знаеш дека имунитетот е доволно јак да се избори, но не претерано јак за да предизвика цитокинска бура, една од најопасните компликации од Ковид-19?

    Има многу, многу лица кои се хранеле здраво, балансирано, активно спортувале цел живот и воделе севкупно здрав живот, што нè тера да мислиме дека имаат одличен имунитет, а пак завршиле во болница, а и починале за жал. Така да, не можеш да знаеш како имунитетот ќе ти реагира на вирусов.
     
    На Ang_ela, Harper, Guns N` Roses и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.849
    Пол:
    Женски
    Буџетот ќе го наполнат со кредитче,а се што досега се толерира и ќе се толерира е за гласови,поточно за нивниот џеб.
     
  15. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.905
    Допаѓања:
    9.737
    Пол:
    Женски
    Не ,не е ваше право.
    Кога ти оперираат уво е твое право ,кога станува збор за пандемија не е твое право.
    Аман веке.
    И за ди те пер имаш избор. Не го вакци ирај детето не те тераат со сила,ама нема да може да иде у школо.
    Зошто?
    Дали сериозно уште во 21 век прашувате зошто?
     
    На Ang_ela, Harper, KuklickaSk и 11 други им се допаѓа ова.
  16. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.958
    Допаѓања:
    6.607
    Веќе неколку пати реков, меркиве не треба да важат за прележани.
    Не знам за кои лични цели збориш, ја освен да се спасат животи со поголем степен на вакцинација, друга цел не гледам. Биди себична, што да ти кажам, кога како последица ќе трпиш за леб или останеш без работа ти или твои блиски биди среќна зашто си била лицето на отпорот.
    Ама не, џабе се курчите, кога ќе не затворат како глувци ќе седите дома и правите револуција преку тастатура.

    Искрено, не мислам дека вакцините ќе го решат срањето. Баш заради тоа што не може да се постигне тој висок процент и не на начин на кој се спроведува сега. Според она што читам и гледам не е доволно само да сме вакцинирани, туку светот синхронизирано да се имунизира зашто имунитетот кој превенира зараза трае одредено време. Што сега не се случува и не знам дали ќе се случи. Богатите земји фрлаат вакцини додека сиромашните не може да ги набават.
    Едно што исто е евидентно е дела вакцините помагаат во превенирање на тешка клиничка слика и смрт со висок процент. И ради тоа треба да се вакцинираме колку и да вакцините или целиот процес се несовршени.
    Трпеливоста што ја предлагаш ќе дојде со висока цена, изгубени животи и уништена економија. Доволно добро се гледаат придобивките од вакцините. Дали со некој следен сој ќе биде така, искрено не знам ама знам дека секое одбивање на вакцинација придонесува кон продолжување на ситуацијата.
    Јас сосема ја разбирам и скепсата и стравот и недовербата кон вакцините. На толку нелогични и контрадикторни информации секој нормален би се запрашал.
    Ама барање изговори базирани на теории на заговор, лични мислења на нерелевантни личности и анти ваксерски драматизирања ми се неприфатливи.
     
    На green.eyes, emiliana и fana им се допаѓа ова.
  17. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Разбирам дека е за да се поттикне вакцинираност, ама кој ќе биде ефектот ако сите што не сакаат да се вакцинираат се вакцинираат со само една доза?
    Меркиве треба првично да бидат и за да се пресретне новиот бран поблаго.
    А тоа за прележаните би требало да е соодветно, затоа што полесно може да се заразат со делта отколку со другите соеви, и покрај тоа што се прележани.
     
  18. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.958
    Допаѓања:
    6.607
    Според бројките што Израел ги објави, случаи на реинфекција кај прележани е само 1% додека инфекција кај вакцинирани е далеку поголем. Ако зборуваме во апсолутни бројки. Дека прележани пред подолго време би имале бенефит од вакцини после одреден период тоа е извесно ама треба да се направи детална анализа после кое време и со колку дози би требало да се вакцинираат, не да се носат мерки од ракав каде што ќе принудат луѓе со високо ниво на антитела да се вакцинираат што па би можело да направи поголема штета отколку бенефит.
     
    На Kitten, Annath и Traveler91 им се допаѓа ова.
  19. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Да, но зависи за кој преиод и сој се истражувањата.
    И засега, не ни мислам дека треба да се поттикнува вакцинација за прележани, барем пола година откако ќе прележат.
    Само пишав дека делта варијантата е таква, прикачив на некоја од темиве видео каде објаснува, може да го погледнеш.
     
    Последна измена: 8 август 2021
  20. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.958
    Допаѓања:
    6.607
    Пред неколку недели е истражувањето и се однесува на делта сојот. И се согласувам дека не треба да се потикнува ама жално е што сеуште не нашле начин да го испланираат како што треба, не само тука, него на светско ниво.
     
    На venus♡ му/ѝ се допаѓа ова.