Тoa декa не билa вo кoнтaкт е сaмo oфицијaлнa верзијa, дaли е тoчнa тoa е другa рaбoтa, лични дoкументи не дaвaлa нa грaницa, ќе видиме денoвиве.
Јас ко што го разбрав епидемиологот со комбе до Табановце патувала па од граница ја земале со кола, не знаеме колку од патниците биле мак.државјани
Уште пострашна информација што ја прочитав е дека во Кина има 195 лица кои го прележале вирусот и одново го фатиле.Господ да ни е на помош.
Не сфаќам зашто се враќала од Италија ако е болна? Да го рашири????? шо не се лечела таѓу и онака се милион пати по спремни од нас.
Епа женава се лечела во Италија, ама не ја тестирале за вирусов. Ама пак сме најлоши само ние и само нас лекарите не ни чинат во МКД.
Имаше некои вести дека се враќал вирусот. Затоа прашав дека министеров вели 14дена, а негде пишува инкубацијата е 24. Мене се ми личи на лошо сценарио. Значи два дена трубат за Италија, спремни сме ова она, а ваму влагаат авион, комбиња и автобуси од Италија слободно. Не верувам дека до толку ги прегледувале. Многу ми беа чудни тројцата, незнам може грешам. Да се надеваме дека нема да има многу заразени и не дај боже смртност. Гелови за дезинфекција има во Фармаси, порачајте си, јас си нарачав.Да се редактирам, многу луѓе од другиве држави намерно идат овде за крвни слики и брисеви, затоа што веројатно само ние тука даваме големо значење на истите. Во Германија на пример како што кажуваат лечат и со чист воздух.
Се вратила пред да избие таму дека има корона вирус. Како што прочитав... И таму прво ги лечеле како да е обичен грип и вирус, затоа и толку се рашири. Не ги тестирале одма.
На Караџовски капа му симнувам. Толку смирено,на разбирлив,народен начин објасни што и како да се презема. Тој е еден од најголемите професионалци епидемиолози во земјава.Без паники само. Жената била болна и лекувана во Италија,ама кој тогаш знаеше дека има Корона???Викендот,преку ноќ и таму се испоразболеа толку луѓе. А што требала да прави жената според вас?Да седи таму.Била на лекар во Италија,ја пуштиле со терапија и се вратила дома.Симтомите се исти со сезонските вируси-не заборавајте. Викендот се случи преку ноќ да ескалира ситуацијата во Италија.Од каде некој да знае дека има Корона и се враќа дома да ги зарази сите??? Ма дајте ви се молам... Вирус кој се шири со флигелови капки,по респираторен пат,е невозможно да се сопре.
... се прават анализи и тестови кај сите патниции кои со неа дошле во земјава. Тие ќе бидат ставени во изолација. Spoiler: извор https://plusinfo.mk/филипче-го-потв...ii6LVQ-VZ0UdQ-y0wFCI34T_dlhRTJ3xd_Evwfcg7-jxH Не одете по болници ако не морате. Ако имате термини, откажете ги. Друго не знам што би советувала, може да трае со месеци а животот мора да продолжи. Следете препораки од проверени извори. И не ширете паника со рекла-казала, во Кина вака, во Кина така. Вухан е град од 11 милиони луѓе, колкумина се инфицирани? Едит: не трчајте по крвни анализи при секое кашлање, кивање и слично. Побезбедни ќе бидете дома отколку во медицинска установа а реагенси секако набрзо ќе снема. Не е само МК здравството неспремно, сегде во ЕУ е иста состојбата. И кај нас нема маски по аптеки, ги снемало уште на почеток на месец. Никој нема залихи за таква хистерична побарувачка. Ако баш морате, направете си сами маски од некој текстил по дома, отприлика толку би штитело како обична маска од аптека.
Немаат ни тука регеанси, сеа изјавија дека ке ти чуваат за најсимтоматичните бидејки 95 посто ги потрошиле а биле негативни исто ниту маски ниту гелови има. Корона вирусот може и да нема никакви симптоми една личност може да е здрава а да е позитивна и да шири, тоа се ти куп луѓе што секојдневно се мешаат и зарасуваат а поим немаат дека имаат корона, баш затоа е целиов хаос.
Ај мaлце пaникaтa нa пoтивкo, ништo не дoбивaте aкo истaтa јa ширите се ствaрa пaрaнoјa. Си имa мерки зa зaштитa истите кoристете ги
Ако внимателно ја слушавте прес - конференцијата, маски треба да носат оние со здравствени проблеми. Не кревајте толкава паника...
^ Исто ко грип. Ако не тестираш нема да знаеш. Симптоми исти, тек на болест исти и од грип починаа луѓе. А кај нас има само 500 реагенси чинам. Штом Италија снема,што па за нас, Инаку,нели жената вчера дошла?
Точно е, сега ми кажа татко ми. Луѓе, не можам да се смирам цела се тресам. Се плашам за моите затоа што се по 70 години. Рече сега ќе купи алкохол во аптека и нема да излегуваат.