Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    И добро, не те секира овој факт тебе како прележан?
    Пошо гледам смајли што се клешти на глас.

    Само го чекам моментот кога ќе ми претат на работа со отказ :@
    Пијте Неуробион 2-3 месеци.
    Сетилото за мирис ми беше намалено и после 2 месеци, но откако се "средив" и во кичма, ради таа болка морав да почнам Неуробион кој ми го среди и сетилото. Подоцна дознав дека го препишувале и за коронаши :)
     
    На cresa-jagoda, azelea, LaDyDoLl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.343
    Допаѓања:
    1.469
    Пол:
    Женски
    Направен брз тест и на него резултат позитивен... Потоа направен тест во Јавно здравје и на него негативен резултат. И сега позитивна е личноста или негативна? Инаку хроничен брохит лечи моментално.
     
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.792
    Допаѓања:
    41.886
    Пол:
    Машки
    Па не, не одам јас на така "масовни" собири :$

    А и најверојатно за брзо ќе се вакцинирам :wasntme:
     
    На KuklickaSk, Anne Boleyn и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Не одиш на работа каде што редовно се бараат семинари, собири?

    Значи ти повеќе му веруваш на вештачкиот имунитет отколку на својот, стекнатиот? Оти?
    Едит: Ах, да... Забораив. Бустање ти е омилен странски збор ;)
     
    На Traveler91, christinnn и mKdevojce им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.792
    Допаѓања:
    41.886
    Пол:
    Машки
    Немам за сега такви настани.

    Иначе повеќе му верувам на природниот имунитет, ама со оглед на тоа што прележав доста лесно, не можам целосно да се потпрам на истиот. Ќе се бустам најверојатно :D
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    6.627
    Пол:
    Женски
    Obicno brzite testovi moze da bidat lazno negativni,a ne lazno pozitivni.
    Najdobro e da se napravi pcr test za liceto da bide sigurno.
     
    На MikicaBt му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    Ја оправдувам мерката за свадбите. Не ги разбирам луѓето што сеуште прават свадби од по 200 луѓе. После година и половина карантин и толку многу починати сметам дека свадба/концерт од по 200 луѓе не е добра идеја.
    Друга работа сакав да прашам, нели во Куманово и во Тетово имаше најмногу заболени? Ако имало, нели треба сега да имаат стекнато природен имунитет? Зошто бројките кај нив се повторно високи?
    Во врска со вакцината, иако јас и моето семејство сме вакцинирани сепак сметам дека таа треба да биде право на избор. Со тоа што доколку избереш да не се вакцинираш да мораш да избегнуваш поголеми собири како свадби, концерти и слично. Пред се поради твоја лична заштита но и заштита кон останатите.
    А дали вакцината е ефикасна, одбирам да верувам дека е. Неможам да тврдам, но одбирам да верувам.
     
    На cresa-jagoda, Kanya, Ahoy и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Баш дека си прележал лесно тоа ти кажува како ти работи имунитетот.
    Останатото ти е само во главата ;)
     
    На Traveler91, Angie1432, mKdevojce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Замисли, да не го фателе вирусот ќе можеа уште да пијат алкохол.
    Од кај ги вадите вакви изјави на лекари...
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Проверувај си ги фактите: https://www.google.com/amp/s/mobile.reuters.com/article/amp/idUSKBN24420X
     
  11. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    4.234
    Brojkite vo Kumanovo i ne se nesto visoki so ogled na toa deka e golem grad, pogolem od Tetovo. Vo Tetovo 100 na den, Kumanovo 20. Nema sporedba. Ocigledno svadbarive braka udrija najjako vo Tetovo, Gostivar :worried:
     
  12. игор.мк

    игор.мк Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    изгледа пак не чека карантин и полициски час ?!
     
  13. игор.мк

    игор.мк Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    таму не важи закон затоа е така
     
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.441
    Допаѓања:
    190.778
    А пошто у Тетово закон не важи, одлуката ќе важи на цела територија:smirk:...за да има негде да важи де, не за друго(facepalm).
     
    На azelea, le.soleil, venus♡ и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.143
    Допаѓања:
    17.478
    Пол:
    Женски
    Единствен што си ја знае работата, се друго што прочитав од доктори, колку само не знаат и не се во право или пак не сакаат да ја согледаат реалноста.

    СТАВ на проф.д-р Драган Даниловски

    Осамнаа мерките за сузбивање на бранот на КОВИД-19, донесени на 97-мата седница на Владата. Предмет на постов е само сегментот што се однесува на потврдата за извршена имунизација.

    „Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).“ (1)

    Мислам дека е неопходно да укажам на некои работи.

    Ако биде потребна потврда за извршена имунизација, најмалку со една доза, тоа ќе се коси со Резолуцијата 2361 (2021) на Парламентарното собрание на Советот на Европа (2), иако таа, наводно, „не спречува имплементација на вакцинални пасоши“ (3).

    Меѓутоа, на сите нас, после година и пол постојан стрес, ни е дозлогрдено од притисоци, поделби, дискриминации. Со вакви мерки само непотребно тие би се потенцирале. Зошто? Зашто потврдите дефинитивно значат дискриминација! И може да попримат мирис на „жолти ленти“...

    За мене, многу поважно е што оваа мерка нема никаква епидемиолошка смисла! Зошто? Затоа што сега имаме работа со делта сојот, кој во одредена мера го заобиколува имунитетот стекнат природно или со вакцина. Оттаму, подеднакво опасни ширачи на вирусот се и невакцинираните и вакцинираните со една доза! Вакцинираните само со една доза имаат заштита од симптоматска болест само од 33% (студија 1 - Public Health England), односно 36% (студија 6 - Индија) (4). А тоа е исто како да се невакцинирани! Која е, тогаш, логиката на комисијата за заразни болести што дале таков предлог!?

    Од друга страна, дури и кога би се барала потврда за две примени дози и тоа не е гаранција дека тие не се заразени! Во студијата 1 (Public Health England)(4), заштита од заразување на две дози Фајзер е 80%, а во студија 5 (Израел) е 64%. (4) Да потсетам, цело време зборуваме за делта сојот!

    Ова се бројки за Фајзер! За сите други вакцини – логично е – бројките се сигурно многу помали. Ако земеме предвид дека кај нас преку 70% од вакцинираните се со кинески вакцини, можеме да замислиме колкава им е заштитата на вакцинираните само со една доза...

    Има и нешто друго. Ако потврдите се замислени со нив да се направи притисок за вакцинирање, тоа веќе нема смисла. Зошто? Затоа што сега и да се вакцинираат поголем број, полната заштита со Синовак ќе ја добијат после 9 недели (3 недели меѓу двете дози, плус 6 недели после втората доза – додека почнат антитела да се формираат). Значи, тоа сега не е приоритет.

    Сега треба да биде приоритет израмнување на епидемиската крива преку рестриктивни мерки – засега – на места каде што е најголем интензитетот на ширење на вирусот - свадбите, веселбите, угостителските објекти, обложувалниците, јавниот сообраќај итн. Затоа што сега императив е намалување на забрзувањето на бројките. Ако периодот на удвојување во овие градови е три дена (бидејќи имаме експоненцијален раст со Rt = 4,2 - не сакам ни да сметам колку случаи – само во овие градови – би имале до крај на месецов...

    Среќа во несреќа е што немаме хомогена дистрибуција на ризиците низ целата територија на државата! Практично, буквално насекаде - освен Скопје, Тетово и Гостивар - имаме очекувана, умерена динамика на ширење карактеристична за алфа. Сѐ уште имаме „локално ширење“, а не „ширење низ заедницата“ (community spread).

    Вакцинацијата нема промптен ефект... Нека тече таа како што тече. Низ личен опит, сите скептици полека сами ќе увидат дали треба или не треба да се вакцинираат – без принуда, без барање било какви потврди! Во пресрет на есента, треба да се фаворизира вакцинацијата на постарите граѓани и хроничните болни. Процентот на вакцинирани само со една доза во возрасните групи преку 50 години од околу 60% е недоволен. А колку меѓу нив се со две дози?

    Кога станува збор за делта сојот, на сите во светот им стана јасно дека не може да се смета само на вакцинацијата, која мора да се интензивира. Но, неопходни се и повремени рестрикции во ситуации каква што е нашата актуелна.

    Што да се прави?

    По мое скромно мислење, целисходно може да биде барање на негативен антигенски (рапид) тест за – и вакцинирани и невакцинирани и прележани! Зошто? Бидејќи концентрацијата на вирусот е повисока, таа спаѓа во опсегот на детекција на рапид антигенските тестови.

    Или, може да се бара потврда со број на антитела – независно дали се работи за прележани или вакцинирани со една или две дози! Зошто? Затоа што, многумина кои формално имаат потврда дека се вакцинирани со две дози, може да се случи да имаат НУЛА антитела! И со потврдата ќе одат на свадба, во кафеана... и ќе го шират вирусот - подмолно...
    ------------------

    Да расчистиме и една дилема за прележаните! Тие имаат повисоко ниво на заштита од вакцинираните само со една доза. Ако им се даде само една доза Фајзер, добиваат повисоко ниво на заштита од непрележаните вакцинирани со две дози. Со втора доза, не се постигнува никаков ефект (5,6,7,8). Ако би се користела Синовак, веројатно би биле потребни две дози.

    И конечно, во официјалните соопштенија за дневните бројки на заразени, крајно време е да се соопштува колку се вакцинирани (со една и две дози) и прележани, а колку се невакцинирани.
     
    На Traveler91, cresa-jagoda, Stefi_555 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    9.293
    Пол:
    Женски
    Дечки ај некој нека даде совет.
    Се вратив од Охрид и настината сун. Само кивам и ми тече нос.
    Прашањето ми е дали е можно да е ковид зашто викаат вакцинираните пројавуваат кивање и слаба настинка.? Или е од ладната вода.
    Вакцинирана сум две дози фајзер.
     
  18. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.488
    И јас сакав да пишам која е разликата од невакцинираните и тие кои примиле прва доза. Нели имунитет од вакцините се стекнува после втора доза 6-9недели? Барем така беше кажано. И не значи дека ако се вакцинирани нема да заразат пак друг вакциниран.

    Битно за прележаните кои имаат антитела повеќе од некој со вакцина, тоа не се важи. Ама битно некој со една доза ќе можи секаде да оди и да се зарази и да заразува.
     
    На Guns N` Roses и supergirlmb им се допаѓа ова.
  19. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Многу настинати се вратија периодов од Охрид, со кашлица и болење грло. Изолирај се за секој случај деновиве, не се мувај меѓу луѓе. Ако ти е мисла, појди тестирај се, тоа е.
     
    На Angie1432 и Misskirova им се допаѓа ова.
  20. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    9.293
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Ке видам денес утре како ке бидам ако не ке се тестирам.
    Дома.сум нр искачам и онака никаде. Дома сме вакцинирани сите.
    И јас приметив дека луѓе се вракаат испонастинати од Охрид ама беше стварно многу ладно навечер.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.