Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Очекувано беше после глупостите на Филипче со прележаноста да им даде причина плус на прележаните и луѓето кои се скептични . Сега, прележаните приморани да се соочат со иста ситуација како непрележаните - немаш избор освен да се боцнеш, ќе се приклучат на антивакс лобито како што гледаме и ќе ја користат истата реторика. Како што реков, направи повеќе штета него корист. Требаше да каже колку е битно непрележаните да се боцнат и да се воведе систем за прележаните со следење на имунутетот, т.е. после губењето на антителата и за нив да е рестриктивно дури трае пандемијата.

    Не зборувам за Косми директно, иако и јас сум зачудена од агресивниот став анти вакцини за кои беше за до пред скоро, ама евидентно е и кај многу други кои ги познавам. Беа за вакцини, сѐ дури они самите не ги примаат. Не дај Боже да им спомнеш па нешто дека веројатно ќе дојде и тој момент кога и они би требало да се боцнат. Инциденцата на реинфекции во Ломбардија е во благ раст (ќе се обидам да го најдам линкот), да се потсетиме кој регион беше прв во прележување во Европа.

    Пак ќе речам, не зборам за Косми директно, само се надоврзувам.
     
    На emiliana, Lianna Anna, NarCis@ и 2 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    А нели стекнатиот имунитет од прележување беше долготраен? :?: Јас да сум прележана можеби и не би се вакцинирала. Германија ете воведува рестрикции, ама имаш избор, прележан, вакциниран или со негативен тест. Навистина не знам зошто ги исклучија прележаните од меркиве. Ама не на сметка на, подобро е да си прележан отколку вакциниран, па некој да си го сфати тоа како зелено светло да фати корона :| Да, природниот имунитет е најдобар, ама ризиците се големи, затоа постои вакцината.
    А за тие со антитела што демек имале негативен тест... знам такви, демек настинати биле, не се тестираа да не седат во карантин, па после проверка си правеа дали сигурно прележале. Малце инат ме фаќа за таквите :@

    Иначе како вакцинирана ништо не ми значат меркиве, и онака не одам во гужви, и не се пикам каде има миљон луѓе. Сите со кои имам контакти се вакцинирани, и мислам сме единствените будали што уште носат маски :|
     
    На green.eyes, Ivan4e04, tina2018 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    И јас сум за да се следат прележаните, не за боцкање на сите по секоја цена. Се вакцинирав, не сум прележала, и кога ќе прочитам вакво нешто, се прашувам зошто воопшто примав вакцина, и јас и моите најблиски, ако не сме никако заштитени. Јас знам дека вакцината не штити од зараза, ама според муабетиве, исто ко шприц полн вода да ни вбризгале.

    За мерките не сакам ни да зборам, факт е дека се глупи и неефективни, и нема правилна стратегија за справување со пандемијава. Никаде во светот, не само кај нас. Едноставно, не знаат да се справат, а мислам дека карантин и локдаун не се решение.
     
    На noteforself, mal.ecka, eli25 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Па не би рекла никаков ефект. Сепак, трендовите од светот покажуваат намалување на тешките случаи кај вакцинираната популација и затоа не е ок што се изолира еден случај што починал и покрај примена вакцина и се мавта со тоа како да е доказ за неефикасноста општа на вакцините. Знам дека го знаеш ова, ама реално вакцината не е некоја гаранција, туку некаква шанса плус да не завршиш критично. Не дека сите непрележани ќе завршат критично, ама прво никој не знае што има во себе и како ќе прележи.

    И нешто што многу ми е чудно на форумот, некој пасивно агресивен став со наговестување некое, пример негде прочитав па нека кажат дали бил вакциниран тој што умрел. Еве кажете вие ако знаете, не вака ќе се чачне нешто колку да предизвикува прашалници.
     
    На eli25, LejlaD, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.412
    Допаѓања:
    183.711
    Пол:
    Женски
    Бетер од вода. Отров што не штити од ковид.
     
    На mal.ecka, christinnn, Harper и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Една од целите на вакцинација нели беше "да ги заштитиме тие што не смеат да примат вакцина" само што јас скоро нигде не слушнав на кои луѓе мисли, ниту па дали за нив важат рестрикциите. А не дека се грижат, луѓе со автоимуни ги мавтосуваат со вакцинирај се, немој, со фајзер, со синовак... Ама се грижеле

    Како лани - да ги заштитиме хронично болните, а тие сироти со месеци не можеа контрола да направат па ризикуваа да им се влоши состојбата уште толку.
     
    На mal.ecka, LejlaD и Annath им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    Нели забележавте смртноста колку многу е намалена?
    Од вакцините е, барем јас така овде читам и гледам.
    Поголем доказ од ова барем за мене нема.
     
    На Peperutce1115, Tajnaotrovna, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.328
    Пол:
    Женски
    Епа заради тоа што на секакви персони им се дава за право да даваат "стручни" совети за нешто толку деликатно како медицина и вакцинација сме до ова дереџе. Уште вина ќе ти набијаат оти си се вакцинирал кога и онака црното сценарио не ти бега. Прво и основно не знам по кој пат веќе ова го повторувам, смачена сум си на самата себеси - колку повеќе се пролонгира невакцинирање, толку поголеми шансите се да искочи нов сој и вакцината да стане неефикасна. Вирусите се организми што имаат силна моќ на адаптација и многу лесно може да измутираат. Тогаш све е џабе, џабе сте вие одговорни кога тие не се и апсолутно никако, никако не сте грешка што сте биле одговорни спрема себеси и спрема околината.

    Кажете ми ве молам како е можно човек кој нема никакво познавање од медицина, никакво од вирусологија да дава совети за вакцини? Тоа е исто ко јас за моторни масла да фатам да зборам сега, абер немам, ќе најдам некои линкови за внатре што све има и ќе фатам паника да ви правам на сите за да не возите пошо штетни гасови има. Истото е буквално, смачено ми е од простаци кои 2 чисти немаат да се одговорни за мртвава точка од која никако нема да мрднеме.

    Ми се нафрлија тогаш дека сум била Хитлер што сум на став дека невакциниран човек не треба никаде во гужва да оди, ама еве гледате што се случува кога ќе дадеш дозвола секој да се понаша како што сака. Па уште ќе ти се смеат и ќе ти се курчат што си се боцнал, хахаххаах за џабе, а прво ниту е докажано дека е за џабе, а второ ем колективот го штитиш, ем придонесуваш за побрзо да се отстрани вирусот за разлика од господата.

    Допрва ќе видиме колку чини вакцината, а колку невакцинирањето. И колку луѓе ги заштитила и кај колку и за колку намалила смртност. Не брзајте, ова е нов бран на делта сој кој е агресивен и сосема е нормално вакви бројки да даде. Реков пред некое време, ќе речам пак, ќе се види ефектот и на вирусот и на вакцината по неколку години. Ќе видиме доцни ефекти, ќе видиме дали како кај некои други вируси и овде ќе имаме системски болести поврзани со ковид. И дали вакцината вистина ќе даде неплодност, господе ме поможи каква глупост.

    Плс не слушајте луѓе што ем се пикаат у секакви гужви, ем од лани никако не овозможиле подобрување на ситуацијава, ем ништо не почитуваат, ем се најгласни против вакцини а највише што знаат за вируси е од некој суспектен портал пишуван од такви како нив у главите. Не се уште докажани вакцините како неефикасни против овој нов сој, така што не се разочарувајте.
     
    На green.eyes, Peperutce1115, Ivan4e04 и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Што е најтрагично некои луѓе уште веруваат дека корона не постои, дека бројките се местени, дека ни пуштаат нешто од авиони... Се преморив година и пол објаснување и пак некои си тераат по свое. Ако не веруваш прашај ги тие што изгубија блиски роднини, пријатели, родители...
     
    На noteforself, mal.ecka, SuperGirl24 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.412
    Допаѓања:
    183.711
    Пол:
    Женски
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.474
    Допаѓања:
    91.070
    Пол:
    Женски
    @Ahoy @Annath
    Каде исчитавте дека е антиваксер:?:
    Воопшто не е овој антиваксер,напротив,имаше претходно објава и за тие кои не сакаат да се вакцинираат.
    Проблемот кој требаше се исчита се препишувањето на лошите мерки кои се носеа и носат,вакциналните сертифкати,кои немаат никаква блага врска во спречување епидемија.
    А мислам дека и сосема е јасно дека вакцината беше проектирана за првиот сој,за секој нареден со било кој абуква ке има помала ефикасност.
    Делот кај што збори за "простите" е јасен,и кој го знае секој со завршено медицина.
    Вакцина не дава подобар имунитет од прележаност.
    се форсира обратно .
    Треба да се дадат одговори.Колективниот имунитет ке биде невозможно да се постигне.
    Колку е заштитен непрележан,а вакциниран во февруари?Кој сега може да има слобода.
    А колку прележан сега во мај,кој ке нема слобода.
    КАј мене нема промена во ставовите.Секогаш сум за вакцини како за детските болести ,така и на оваа.Против сум боцкање на лица со високи антитела,боцкање на лица после 2 месеци кои наши лекари го препорачуваа.
    Без разлика на мојата ситуација дома,јас си имам свои ставови,кои исклучуваат изживување од фашистофили на невакцинирани против незадолжителна вакцина следејки демократски европски трендови кои ке не скенират додека пиеме кафе.
    Не,не е нормално да те скенираат дали си вакциниран додека пиеш кафе,ни во Париз,ни во БЕрлин,ни тука.
     
    Последна измена: 11 август 2021
    На BlackNight, mal.ecka и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.398
    Пола од тие шо се "стручни" не знаат основна дефиниција за клетка, ама за вируси, вакцини, магнети, 5Г, стерилност и вакцини се тата мата. Ако некој што има 3 мозочни клетки ги смета за релевантни па те (facepalm)
     
    На Peperutce1115, Ang_ela, noteforself и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.396
    Пол:
    Женски
    Сите со своите ставови. И тоа е ок, се додека не се наметнува тој став врз другите или другиот да се нарекува со секакви епитети и придавки зашто има различен став.
    Извинете, ама многу сум алергична на термини „нормално„ и „ненормално“. Тоа се етикети што ние сме ги создале како човечки вид најчесто со цел да се прават етикетирања и поделби. И критериумите врз основа на кои се поставува границата меѓу двете се прилично променливи. Она што пред три века или три децении било сметано за нормално, сега не важи. Ситуациите и времињата се менуваат, и треба да се носиме со нив. Пандемија не е вообичаена ситуација или „нормална„ ситуација (што би рекле некои). И како и да ги нарекувте мерките на другите земји, тие веќе функционираат со нив. Еве во Франција веќе користат Covid pass, односно се прави скенирање на QR код за да се седне на кафе. Ако не видел некој, еве како изгледа тоа:



    Да ве потсетам дека во Кина уште од почетокот на пандемијата на овој принцип се следи движењето на секој човек во јавноста. Со QR код се чекираа на влез во метро, ресторан и сл. Така да можеа многу лесно да му ги одредат сите контакти кои ги имал доколку во иднина се разболи од ковид.
     
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Интересни сте и вие
    Кога имавме високи бројки лани и сега пролетта или ќе паднеа одеднаш, викавте дека лажат со бројки, дека всушност бројките се неколку пати повисоки, има многу нетестирани итн итн. Сега кога пак се високи викате дека тогашните бројки екшали биле пониски од офизијалните, имало многу лажно позитивни тестови...Одлучете се кога биле вистина бројките, кога не

    Ја се вакцинирав, моето го направив. За понатака не преземам одговорност за ништо.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.474
    Допаѓања:
    91.070
    Пол:
    Женски
    Џабе објаснува.
     
    На cresa-jagoda, Annath и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Овој мислам једини човек е што све што кажа до денес има логика.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    @__cataleya___ како си? :)
    Сигурно поминало недела дена од контактот, па ме интересира дали имаш некакви симптоми досега?
     
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.309
    Допаѓања:
    28.093
    Скоро полно, сите спратови се отворени. После една недела...
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Модуларната?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.