Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.968
    Допаѓања:
    12.278
    Пол:
    Женски
    Тууу како се погодило, последните антитела те штитат сега... :?:
    Јас не знам како најдоа дека природно стекнат имунитет трае 6 месеци? Можда од ваксајнс толку им е рокот, ама на природниот па? Зарем само 6? :doh:
     
    На mal.ecka, cresa-jagoda, Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.485
    Допаѓања:
    191.092
    Да провериш после ова @ivi1987 , би требало уште повисоки да бидат антителата. Би требало, мада со делтава веќе ништо не се знае:smirk:
    Со лесно да поминете(fingers).
     
    На mal.ecka, cresa-jagoda, Idedemja и 3 други им се допаѓа ова.
  3. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Со делтава очекував и мене да ме закачи пак, ама уште ме држи од првиот пат изгледа. После вториов бран дома време е да провериме антитела.
    Фала ти (fingers)
     
    На BlackNight, buba4e89, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Значииии, еднаш забраните се идиотски а веднаш подолу пишуваш - пуштија све од ланец и отиде у неповрат. Ај одлучи се, да не држат стално на ланец (пошто да сакаш свадба да си направиш и во кафана да одиш е сосем нормална работа, не е луксуз за кој газдата твој треба да одлучи дали да те пушти од ланец или не) или идиотски е некој да ти брани?
     
    На mkdvesna, WildMk, g8lQQk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.849
    Пол:
    Женски
    Ама ете, и ти на некој начин се трудиш,се изолираш.Секој така да се трудеше можеби не ќе бевме стигнати до каде што сме дојдени.Јас се водам по една приказна ...Го прашал еден човек на дете кое во морето враќало морски ѕвезди,зошто го прави тоа кога се безброј на копното,а тоа му одговорило,среќен ќе бидам ако денес знам дека барем десет сум спасил.Јас сум крајно разочарана од себичноста на луѓето,која ја видов во оваа пандемија.Верував дека се себични ,ама до толкав степен не.По ништо не покажаа дека се разликуваат од животните.
     
    На gladiola37, nena2010, venus♡ и 5 други им се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Паа Бриџо, идиотски е некој да ми рече дека не смеам невакцинирана да седнам во кафич на отворено а пази молим те прележана сум и не сум опасна за околината, а вакцинирани може да седат и во затворен простор иако може да фатат корона и да им пренесат на тие околу нив.
    А за пуштањето од ланец, па што знам, после цела година седење дома затворени стварно беше зорт во затворен простор свадби со 300 души да се прават.

    И стварно не ми иде од една страна има делта сој и ваков и таков, поопасен е, пазете се и вакцинирајте се, а од друга страна свадби со болни младоженци се прават.
    Епа чекај сеа, опасно е или не е опасно. Лани од тоа опасно е седевме ко глувци у подрум затворени дома и луѓе без работа и леб останаа.
     
    На Kitten, deskarada, BlackNight и 4 други им се допаѓа ова.
  7. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.787
    Допаѓања:
    214.308
    Пол:
    Женски
    Зошто не донесоа мерка со време за сите кои сакаат со туризам и угостителство да се бават вакцинирани да се.Вака со овие мерки не го бива,без вакцина или прележан кафич или ресторан не можиш,а ваму вработен е невакциниран-нема логика некако...Или за други сектори не вакцинирани работат ама не вакцинирани ограничени да се да користат услуга кај претходниве.Напишав и претходно кој и од кого штитат:?:
     
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Па за да не седиме пак како глувци затоа се вакцинира, а ако се молиме нема никогаш да не пуштат од ланец и не знам, според тебе тоа ок е или не? Бројките поднамалија секаде и затоа "не пуштија од ланец", не знам, може со 10 заразени на ден требаше уште да сме затворени дома? Вакцини има, намалени бројки, се тргна оптимистично што е сосем нормално.
    А вие прележаните веќе досадни сте со плачки пошто ист третман имате со вакцинирани. И вакцинираните ќе ги" гонат" после 6 месеци, не се секирај, никој нема да помине со прележување или само две вакцини. Освен ако излезат нови статистики и препораки. Моментално е така како што е. Deal with it.
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bluesand

    Bluesand Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2021
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Зашто има тазе прележани (секојдневно се изложени на ризик) и не треба веднаш да се вакцинираат. Сакаш некој работата да ја загуби и да нема што да јаде дома за ти мирно да си пиеш кафе?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Не, не требаше да седиме дома, ама не требаше свадби на затворено пример да има.

    А за вакцините што да ти кажам бе Бриџо. Прво немавме вакцини, после со донации ситно нешто се вакцинираше, па сега кога веќе не се знае кој е здрав а кој болен, ајде луѓе, вакцинирајте се. А услови за вакцинирање, никакви. Жално е тоа што се случува пред пунктовите за вакцинација на 40+ степени секој ден.
    Ние прележаните не плачеме, тераме со животот најнормално.
    Ти гледам како вакцинирана сакаш сите да се вакцинираат за да бидеш спокојна.

    Плус, од еден невакциниран, без разлика дали е прележан или непрележан не слушнав да форсира и да убедува луѓе да не се вакцинираат. Додека од друга страна, вакцинираните само за тоа зборат. Олабавете се малку, вирусот и со и без вакцина, и со прележани и со непрележани ќе го има уште долго.

    До вчера вакцини немаше, сега кога ги има за извоз сакаат преку ноќ па макар и со закани сите да ги убедат да се вакцинираат.
    Нека, створат прво услови и нека си го сменат начинот за убедување, па после нека чекаат голем број на луѓе да се боцнат.

    Остани со здравје и помалку читај за короната, штетно е за психата верувај.
     
    На deskarada, mal.ecka, Billy Idol и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.478
    Допаѓања:
    91.141
    Пол:
    Женски
    Точно така.
    @ivi1987
    Треба да очекуваш бустање антитела па уште најмалку 9 месеци раат.(а веројатно многуу подолго)
    Е во кафиќ нема да смееш зошто Венко некоја друга медицина студирал, политичка.
    @Bridget ти уште не разбираш дека не е ист имунитетот.
    Како имаат ист третман?
    Од кој вакциниран се бара пак вакцина после 45 дена?
    За да имаат слобода прележаните кај нас ги гонат еве по ново после 45 дена од прележување да се вакцинираат,какви 6 месеци.
    Надвор ти важи сертификат за прележаност 6-9 месеци,дома 45 дена.
    Ти има логика?
     
    На Kitten, Lima24, BlackNight и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    @ivi1987 Убаво си кажа, кога немаше вакцини зошто нема, сега кога донеле требало да почекаат, пристап да сменат, да ве молат, убедуваат...па жешко било, се чекало...ко да до вчера перфектно ви беше здравството и од дома со кола ве земаа климатизирана за до болница па сега хаос било |(

    @Cosmi Ова за 45 дена првпат го слушам. Во официјален ковид пас си стои вакцинираност, прележаност 6 месеци и тестови. Сите со ист третман.
     
    На Frosty!, bicycle и g8lQQk им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.485
    Допаѓања:
    191.092
    Од сиот конфузен муабет на Вело, една поента беше ко шо треба- за ниедна друга болест не треба вакцина ако си ја прележал истата. Ваљда не го измисли тоа.
    Е сега шо ковид е респираторен вирус, па теоретски е репетитивен како грип...теоретски не можам да разберам, како вакцина базирана на сој кој не постои, ќе те штити од наредната мутација, подобро од веќе стекнатиот имунитет. Пример си прележал британски или делта, ама вакцинава на база на вухан е таа шо ти треба за заштита:?:... Не знам, размислувам гласно.
     
    На Lima24, cresa-jagoda, elenaklasik и 3 други им се допаѓа ова.
  14. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Кога немаше вакцини, немаше ни полни болници, ни еден куп заразени. Сега има вакцини, ама има и еден куп заразени кои со вакцината може само поголема беља да си направат. Епа извини, ама нели ако е човек болен не треба да се вакцинира?
    Инаку, ти би стоела 3 саати на сонце за да влезеш да те вакцинираат? А и поима да немаш дал си здрава или со ковид во моментот.
    И да, од што никад не функционирало здравството затоа и луѓето не веруваат на вакцини и доктори и затоа се случува тоа што се случува.
    А за 45 дена да, вистина е. После 45 дена од прележан ковид мора да се вакцинира човек ако сака во кафиЌ да оди. Само во вечна да е ова го има.
    Мотивација за вакцинирање на ниво.
     
    На Kitten, Lima24, deskarada и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.478
    Допаѓања:
    91.141
    Пол:
    Женски
    Епа денес го соопшти Венко,важи прележаност ама само 45 дена,после мора вакцина.Од кај ги извади само 45 дена:?:
    Мислам ако сакаш да седнеш на кафе,да излезеш т.е.да имаш слобода.
     
    На H.VAGA, Billy Idol, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Зошто спинуваш информации? Немало вакцини, немало полни болници :^) Имаше мерки, граници беа затворени, се беше затворено, затоа се смируваше состојбата одвреме навреме, не оти вакцини немало, глупости живи.
    Проблемот беше што со олабавување на мерките ги пуштија сите и вакцинирани и невакцинирани. Изгледа треба да не затворат до крај без помош од држава, без работа и да не не примаат по болници па може ќе филозофираме и понатаму како ни одговара.

    @Cosmi
    Венко има препишано од некаде, погуглај и сигурно ќе најдеш некоја држава со вакво правило и некакво објаснување за правилото. Тој сам ништо не измислил низ цела пандемија.
     
    Последна измена: 15 август 2021
    На happygirl и g8lQQk им се допаѓа ова.
  17. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    До вчера 6месеци да почекаш до вакцина, од денес 45 дена :|??? Плус тоа без преглед се вакцинираат сите(на децава им правиме крвни слики, па носе ако тече ова она). А сега одат и болни ,со кашлици на вакцина. Многу нејаснотии. Многу несовесност прво за сами себе , после за други. Од друга страна вакцинирани со две дози хоспитализирани....
     
    На mal.ecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Аа ок, сега е страшен бранов откако има вакцина, претходно со песна ги поминавме претходните три. Браво. Без никакво полнење болници, сега првпат тоа.
     
    На ForeverYoung, Harper, Tajnaotrovna и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    17.548
    Пол:
    Женски
    Затоа што не се менува целосно секвенцата на верусот, туку дел од секвенцата. Поради промена на некој дел од секвенцата вирусот може да добие други карактеристики да биде по контагиозен да даде полоша клинича слика, различна од претходната, но може да мутира и во спротивен правец со поблага клиничка слика, не мора да значи дека секогаш ќе мутира на полошо. Значи сепак секвенцата на вирусот е таа, но таа не мутира комплетно, туки само дел од секвенцата. Врз основа на ова сите ние кога тогаш ќе стекнеме каков таков имунитет не само хуморален туку и клеточен, па вирусот поретко ќе мутира и тоа во поблага форма. Со текот на времето ќе стане ендемски.
     
    На happygirl, venus♡, Anne Boleyn и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.485
    Допаѓања:
    191.092
    Ама пак не разбирам, зошто некој кој прележал,, кој има комплексен имун одговор (толку колку што може да има), треба да се вакцинира?
     
    На redhead, JuLleE и Anne Boleyn им се допаѓа ова.