Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    17.548
    Пол:
    Женски
    Тоа нема логика, евентуално ако нема создадено антитела би можело, а доколку има солиден имунитет стекнато нема потреба. Може и штета да направи а не корист.
     
    На TheDongerino, Cosmi, Anne Boleyn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.919
    Допаѓања:
    18.807
    Пол:
    Женски
    Затоа што треба да се трошат вакцини.
    Јас сум убедена дека штом ке намали темпо еден сој некој таму пушта нов сој.
    Никој ништо не знае за вирусот конкретно ама вакцина мора да се прими. Уште да поверувам.
     
    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Не спинувам, тука живеам и гледам што се случува.
    Луѓе молеа за вакцини, немаше. Сега има многу заболени, според тебе болни ли да отидат да се вакцинираат?
    А и не знам што се грижиш толку за тука ако таму кај што живееш поголем дел од населението е вакцинирано.
    А според тебе изгледа невакцинираните треба во еден логор да ги турат и бел ден да не видат под казна за вакцинираните раат да живеат.
    Па не знам ја тоа, слушам цунами бил бранов, болници најбрзо се наполниле со бранов, затоа спомнав, не дека ради вакцините бранов бил јак.
    Ама добро, за извртување муабети први сме.
     
    На deskarada, LejlaD, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.485
    Допаѓања:
    191.092
    Убо вика твитер денес-вакцините штитат од невакцинирани:D
    Оди си од темава Иви, спаси се од нервози и небулози. Супер си гледам, така и да останеш(highfive)
     
    На Kitten, LejlaD, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Убо вика, убо :D
    А за, другото убо викаш, убо те слушав до пред некое време, не влегував тука. Време е пак да те послушам :D (fingers)
     
    На LejlaD, JuLleE, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Нели д-р Петличковски рече и подолго од 6 месеци и дека по прележување имуниот истем подолго штити отколку по примање вакцина и дека јачината на имуниот одговор секогаш не се мери преку бр. на антитела има и други компоненти на имуниот систем кои се активираат по контакт со вирусот и штитат при следен контакт, а се немерливи. Така да и антитела и све одатло ја штити @ivi1987 сега, полесно да поминува (fingers)
     
    На LejlaD, elenaklasik, ivi1987 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Разликата во соевите е во генетскиот код, им се разликува на различните соеви од вирусов за една или две букви, протеинската структура им е иста и служи како брава за која клуч механизам се врзуваат имунолошките компоненти од телото и пренесуваат информација што да произведе имунолошкиот систем на заразениот за да се брани од постоечката и секоја следна зараза. Ама и вакцински и по прележување имунитет т.е. имунолошка реакција ослабува по вакцинација за околу 6 мес. по прележување за по отприлика 1 год. и мора да се буста со нова доза вакцина. Само со новата доза се поттикнува т.е. потсетува имунолошкиот систем да продуцира нови компоненти за одбрана. Во меморијата тој има и знае што да синтетизира само се потсетува со вакцината да го прави поинтензивно и поснажно синтетизирањето. Што знам вака гласно си мислам пред спиење:?:
     
    На LejlaD и g8lQQk им се допаѓа ова.
  8. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Како вака за 45 дена, ми нема никаква логика во ова, освен некоја профитерска финта или др.нечесна логика. По прележување имунолошкиот одговор е појак, телото е во директен контакт со самиот вирус и ги создава природно потикнат сите неопходни компоненти за заштита.
    Поризични се вакцинираните кои ич не пазат отколку прележани кои умерено или и тие исто многу пазат како вакцинираните кои исто многу пазат и покрај примената вакцина.
     
    На LejlaD, TheDongerino, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Сака да ти каже кога уште не беа пуштени во употреба вакцините и откако беа а кај нас не беа стасани луѓето беа попретпазливи, повеќе уплашени не акаа толку без потреба надвор у гужви и затоа не беа нагло преоптоварени болниците. Јас ќе истакнам многу лошо се менаџираше со преиначивањето на клиниките во ковид центри, бесмислено и задоцнето се преадаптираа не во согласност со тековните потреби и промени во бројката на заразени. Ама се кај нас е село гори баба се чешла.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Многу мал е процентот на население кое иако се прописно вакцинирани нема да имаат создадено соодветна т.е. очекувана имуна реакција односно одговор за да ги заштити.
    Секогаш има мал процент тоа го објаснува и Гаусовата крива на распределба, пример е овде сликава од нешто надвор од оваа тема ама пример за кривата ИКУ.gif
    Првиот мал процент светло сини се население на ништо што не реагираат, вторине мал процент светло сини што имаат хипер-реакција кон нештата вклучително и летален исход како најнепожелен ама фактички можен, портокалово и темно сино се најголем процент на населението кои соодветно ќе развијат пожелна одбрамбена реаkција на имуниот систем.
     
    Последна измена: 15 август 2021
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Одличен одговор, се мачев и јас нешто подетално да објаснам ама ова е вистинското објаснување:clap:
    Еве го одговорот како што мислам дека е:

     
    На LejlaD и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    @ivi1987 абе заборави колку беше уплашена кога беше позитивна?
    Заборави како паѓаше во несвест?

    Не ве разбирам (???)
    Свекор ми имаше прележано полио и беше еден од среќните што од последици му остана само благо кривење со едната нога.

    Замисли да е пандемија на полио?

    Опасно е.
    Се умира.
    Луѓе со месеци, па и цела година после прележување, имаат онеспособувачки симптоми.

    Не ве разбирам навистина...

    Брзо и лесно нека им мине на твоите :hug:
     
    На Harper, Tajnaotrovna, fana и 12 други им се допаѓа ова.
  13. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Да не заборавиме само дека освен Корона имало и има и други респираторни болести.
    Убаво е човек да слушне и размени мислење. Не значи дека се земаме здраво за готово.
    Всушност времето е најдобар показател.
     
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.485
    Допаѓања:
    191.092
    Што не ти е јасно?
    Иви е одличен пример за две работи:
    - како се надминува паѓање во несвест
    - како без социјални мрежи (вклучително и форум) се постигнува психолошки детокс
    Таа прележала, заштитена е, сега ти ќе и кажуваш дека е страшно и замисли да беше полио|( Заштитена е (колку што може да се биде заштитен), што повеќе треба?
    Читни малку за влијанието на стравот врз психосоматско здравје;) Апсолутно никаква корист,, напротив штета има, од паѓање во несвест. Претпазливост-да, ама со паѓање во несвест не се тепа мечката. Напротив.
     
    На Kitten, ivi1987, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Има и други респираторни болести (патем постот не ти беше за други респираторни болести), затоа постои тест. Ама ти промовираш во твојот пост дека седење на бетон се заборавило и дека од седење на цементо позитивен на корона испаѓаш. Две години минаа во пандемија, некои луѓе уште упорно со тоа пиев ладно, седев под клима, ништо не ми е, не прават тест да не им е ускратено светото шетање, си одат најнормално на работа и загрозуваат други луѓе. Пандемија кога не ве оправи, ништо не ве оправа.
     
    На LejlaD, Idedemja, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.314
    Допаѓања:
    28.097
    За тие што тврдат дека се вакцинира за да се трошат вакцините, само потсетник дека лекување од ковид во болнички услови ја чини болницата 2000 до 3000 евра. Тоа што тие што лежат на државно не плаќаат, не значи дека лечењето не чини пари. Кислородот чини, инфузиите чинат, сите останати лекови, пробиотици и витамини кои ги даваат чинат пари.

    Ако мислите дека фармацевката индустрија заработува од вакцините, израчунајте х10 колку повеќе заработува од болен од ковид.
     
    На Ivan4e04, Ang_ela, Harper и 22 други им се допаѓа ова.
  17. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Баш поради ова се бунат луѓето, кои нелогичности. Прво повеќето доктори изјавија дека по вакцина треба барем 6недели да поминат за да се развијат анти тела. Од друга страна по прележување исто ти велат почекај некое време па провери анти тела ( јас чекав три месеци). А ваму меркиве, хаос, значи може некој слободно да оди става вакцина ,зема сертификат и од тука си оди на кафе,(а можеби има симптоми а крие, ги има такви многу) , се става на ризик да се разболи и автоматски се става сам себе во опасност а и другите. Овој пат министеров мислам многу потфрли, има луѓе со последици од корона долго време а тој ти вели вакцина за 45дена..од друга страна по 500луѓе на затворено. Епа нормално нема доверба народот. Ни сум антиваксер, ни мислам дека не чипираат,моите најблиски сите се вакцинирани,ама ова нема смисла навистина.
     
    На Kitten, LejlaD, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.867
    Допаѓања:
    41.232
    Пол:
    Женски
    Не е логично да се очекува прележани после 45 дена од зараза да се вакцинираат за да живеат нормално.
    Исто така не се логични очекувањата на поединци да седиме затворени со полициски часови и карантини ама да нема задолжителна вакцинација.
     
    На LejlaD, Idedemja, Amellie13 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.478
    Допаѓања:
    91.141
    Пол:
    Женски
    Ова е пандемија и на страв.
    Не знам дали се сеќавате но лани во почетокот беше силно изразен и нерационален тој страв.
    Бришевме продукти од маркет со алкохол или дезентал,пред врата влезна имав сунѓер натопен со дезентал.
    алкохолот го немаше по аптеки ,се пратеше секој прес на Венко.
    И поради икс причини се разболуваш,сите знаеме каде сме се заразиле,одбранбен механизам беше не знам каде сум се заразил,заради тој притисок(не си бил совесен,си се заразил)што ни го наметнаа.
    И сега кога ке се соочиш со стравот ко иви ,јас или било кој друг што се разболе,па уште кога родител ти се бори за живот,ти велат еј ти не ја сфаќаш епидемијата сериозно.
    Многу посериозно ја сфака секој прележан од вакциниран кој си мисли сега не морам да пазам,да носам маска,не се ни криви, таков беше наративот,вакцината ке не врати во нормален живот.
    Многу луѓе прележаа, се веруваше дека тој процент е околу 65% со уште 20 % вакцинирани требаше да имаме имунитет.Но поради погрешните мерки увезовме делта,сега веке нема да постигнеме никогаш колективен.И никаде нема да дојдат до тој процент.
    Ковидов,не се морбили.
    Дојде вакцината,доби ургентна дозвола,производителите тогаш тврдеа дека ке спречуваат зараза и трансмисија,затоа и се воведе ковид пасошот,но испадна дека не е така,сепак се нестерилизрачки вакцини,сега после месец тие пасоши немаат смисол и се опасни со нивната лажна сигурност,бидејќи вакцинираните можат да го шират вирусот.
    Сега ни е јасно дека вакцините ке спречат многу смртни случаи,но нема да ја сузбијат.
    Кога ке се заштитат од смрт постарите возрасни,критични категории,без разлика на % на вакцинирани на другите ,треба да се продолжи со животот.
    Ке живееме уште долго со коронава и нејзините соеви.
    ако избереме живот што сега некои прикриени фашистофили го посакуваат со скенирање кодови,пресии,дискриминации,разделување на луѓето на вакц/невац/прележ оставаме на идните генерации само страв и немање никаква лична слобода.
     
    На Mia Fuentes, andromedae, Ivan4e04 и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Се согласувам со тебе, освен со делот каде велиш дека поради погрешните мерки сме ја увезле Делта варијантата.

    Искрен да бидам, не гледам никаков начин да ние ја одминеме Делтата, кога таа кружи во цел свет, кога тогаш ќе мораше да ги мине и нашите граници, на сред континент сме, блиску и до 2 други. Просто невозможно да ја одбегнеме. Австралија со најстроги мерки и изолирана од цел свет ја има.

    Ама, се согласувам дека можеше да не се дозволи олку многу да се рашири, туку да се менаџира подобро, без свадби и настани на затворено, без масовни концерти на отворено по 5 на вечер во Охрид, притоа без никаква контрола на истите итн.
     
    На Ivan4e04, tina2018, LejlaD и 8 други им се допаѓа ова.