Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Bluesand

    Bluesand Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2021
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Компликации може да настанат и од вакцината, а ако веќе настанат компликации од ковид вакцината не може да ги спречи.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.497
    Допаѓања:
    191.218
    А вие мислите дека доктори специјалисти гинеколози со искуство, се луѓе кои слепо веруваат во теории на заговор и се лесно поводливи или како? Дека земаат пари од антивакс движење?:?:
    Значи не знам ништо конкретно на темата, ама можеби имаат причини заради кои би биле претпазливи:?:Можеби имаат револт кон туркањето вакцинирање на трудници со вакцина што не поминала клинички испитувања на трудници? Можеби има нус појави кои не се јавно познати, оти пикање под тепих е многу популарна дисциплина? Да не зборам за тоа колку е пракса да се вакцинираат трудници од било што, јас ни како трудница ни како доилка, апче за глава не смеев да пијам. Не сте ми јасни.
    Следно и на Пановски и на сите што зборат досега познати факти, да им се земат лиценците, јер Вилипче знае подобро од нив, согласно последните светските препораки (читај каша попара- фајзер спонзорирани препораки за кинески вакцини:drunk:) Е дури тогаш лечење по бајачки ќе стане мејнстрим, јер ќе нема кој да лечи(facepalm)

    Кој е интересот на еден доктор, да го тврди тоа што го тврди, да оди спроти ветрот и да си ризикува репутација, наспроти интересот на министер, кој склучува договори за набавка на вакцини (со клаузула за неоткривање на детали од договорот) ?:?:
     
    На INNERBEAUTY, Kitten, IRBBB и 8 други им се допаѓа ова.
  3. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.488
    Зошто? Оти е против присилна вакцинација, има свое мислење, став?
    А доктори шо вадат така органи,па друго шо не треба ќе зашијат, пијани породуваат жени, колку родилки починаа без нула одговорност од никој, без лиценци видовме работат, тие ако. Ама доктор бил на протест лиценца да му се одземи, браво.
     
    На INNERBEAUTY, Harper, Kitten и 7 други им се допаѓа ова.
  4. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Без да навлегувам во расправии... Секој има право на избор. Секој има свои причини зошто да се вакцинира/невакцинира. Еве јас ќе ги образложам моите: Не верувам во безбедноста и ефикасноста на оваа вакцина. Ниту сум информирана за составот, ниту за тоа кој се смее да ја прима, ниту пак за начинот на тестирање и развивање на истата. Не е исто во споредба со другите вакцини развивани со години, едноставно не ги знам последиците на долг рок. И не, не верувам во изјави од типот: Ништо нема да ти биде, кои сме ние... Не верувам, се додека немам доказ дека нема да имам последици не верувам (тука мислам на генрална слика, не на изолирани случаи каде би се појавиле последици). Не сум антиваксер, само не сакам да се ставам на ризик. Јас го прележав вирусот и развив паросмија, пореметување на сетилните нерви за вкус и мирис. Одредена храна не можам ни да ја помирисам, не пак да ја јадам. И тоа не беше веднаш по прележувањето на вирусот, туку неколку месеци подоцна. Докторката ми кажа дека тоа е индикатор дека сѐ уште имам антитела и најверојатно сум развила долготраен имунитет, но ќе треба време да се опоравам и да се вратам во нормала. Дали од вакцината нема да ми се влоши паросмијата? Има некој што излезе со студија, со факт да ми каже? Најпосле, никој не презема одговорност зз евентуални последици. Не заборавајте, производителите се ослободени од одговорност, владата исто, докторите исто. Никој не одговара ако мене нешто ми се случи од вакцината. И дури и да е така, последиците ќе ги припишат на нешто трето.
    Плус целата оваа ситуација е неизвесна, од ден на ден менуваат ставови. Претходно даваа сумамед, после кажаа дека сумамедот го разорува организмот и не смее да се дава за корона. Моите дома испија по две дози :x Патем, кога ние бевме болни немаше тестови, ниту не тестираа, ниту влеговме во статистика, сетивме дека е корона бидејки изгунивме вкус и мирис, неколку дена претходно кога почувствувавме симптоми на настинка останавме дома, и доброволно седевме во карантин без решение. Уште колку такви знам што не беа тестирани а беа болни, некои не ни знаеле дека се заразени, некои се криеле. Од оние што ги знам, секој трет има прележано ковид. Милион и пол сме во државава, кој уште ќе заболува? Удрете математика. Во ред, можеби некои ги повторува ама најголемиот дел од тие што прележале не се заразуваат пак, барем од тие што ги знам. Што е со оние што не смеат да се вакцинираат? Ете во околина имам такви. Зарем треба да си играат со животот? Знам и за случаи кои биле вакцинирани а се заразиле. Без тој смешен аргумент дека вакцината штити од тешка клиничка слика, не од заразување. Тоа е во ред ако се појавува кај изолирани случаи, а не ако е општо за сите, тоа само ја потврдува недоволната ефикасност на вакцината. Зошто тогаш се вакцинираме? Мое мислење е дека намерно креираат паника и ги фингираат бројките, нормално стравот лозјето го чува. Месеци уназад се олабавени мерките и немаше ништо, како сега кога ги воведоа мерките одмаа рипнаа бројките :^) И немојте да велите декс нема политика во ова, дека сите се филантропи и мислат на нашето здравје. Ако беше така ќе ги прифатеа сите вакцини во ЕУ, а не оваа или онаа не важат, си ги мерат силите и си прават бизнис во позадина. Ако ова не е политика, не знам што е.
    Како правник ќе кажам, ова е дискриминација. Го ограничува правото на слободно движење, правото на мислење и изразување (сите што не сакаат да се вакцинираат и имаат поинаков став одма се антиваксери, вакви, такви), нели се борите за слобода на говор? Го прекршуваат правото на избор, вклучително и на она за медицинска интервенција. Преку притисокот кој го вршат те приморуваат на вакцинација, инаку си исклучен од јавниот живот. Ја прекршуваат резолуцијата на Советот на Европа, чија членка сме и ние (оној популарен Европски Суд каде ја тужат Македонија за се нешто оти се ДИСКРИМИНИРАНИ), е во таа иста резолуција се вели дека вакцината не смее да биде задолжителна, ниту пак смее некој да се приморува на вакцина со било каков притисок, меѓу кој и СОЦИЈАЛЕН. И крши уште милион конвенции и договори кои како меѓународни и ратификувани имаат поголема правна сила од домашните акти. Така што ова е за на Уставен суд, а ако не падне таму тогаш Европскиот суд за човекови права. Каде се сега активистите за човекови права? Се сложувам дека секој треба да има одговорност, ама не преку присила. Јавното здравје треба да е над личниот интерес, ама не преку ДИСКРИМИНАЦИЈА.
    И не фрлајте дрва и камења по оние кои протестираа. Она етикета која им ја прилепија дека се неодговорни, вакви, такви е само скап пр. Сите знаеме дека паролата 'убијци' (не ја поддржувам) не се однесуваше на докторите, само спин се напрсви да ги свртат луѓето едни против други. Таа се однесуваше на други, а тие како такви треба да прифатат и критика и навреда, и да бидат во служба на сите, и вакцинирани и невакцинирани. Како што вие сте револтирани оти не се вакцинирала Стојанка, така и тие се револтирани оти се приморани на нешто, а сите сме револтирани оти во година и пол изгубивме многу. Ама најлесно им е на овие во удобните фотелји да го поделат народот, divide et imperia. Секој нека си одлучи за себе, не оцрнувајте, не етикетирајте, заштитете се и бидете одговорни но не приморувајте и другите да се заштитат на истиот начин.
     
    Последна измена: 17 август 2021
    На INNERBEAUTY, Lima24, Nane2356 и 18 други им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.681
    Допаѓања:
    126.582
    Пол:
    Женски
    Смее да има став. Ама да оди на протест против ковид мерки како доктор не е во ред. Он може пациентките да си ги советува, ама да излезе на протест каде што се палат маски, каде што се вика убијци за доктори, каде што се маргинализира ковидот и буквално се плука по гробовите на оние кои изгубиле живот како последица на тоа извини ама не е дозволиво. Јас лично кај него веќе нема да стапнам.
     
    На noteforself, oblace1, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    На моја блиска што се спрема за ин-витро во Германија, лекарите и препорачале да се вакцинира пред да почне со процедурата. И сега, кој доктор е во право? Или намерата е да се намали популацијата во богатите држави, во сиромашните да продолжиме да се множиме? Еве не знам... :)
    Пановски во групата на сите луѓе со секакви здравствени состојби им вели да се вакцинираат. Вакцините не се испитани кај луѓе со секакви здравствени проблеми, за да се знае исходот. Сепак, на секој еден (ако имало редок исклучок) со секаква болест, им вели да се вакцинираат што е можно побрзо. Пановски ги исмејуваше тие што велеа дека вакцината создавала неплодност, и упорен беше во тврдењето дека ковид болеста може да створи неплодност, а не вакцината. За Пановски ќе селектираме на што ќе му веруваме, а на што не :) Каде се совпаѓа со личните ставови, таму. Каде не, ќе најдеме друг лекар и ќе направиме комбинација. На крајот битно е со личниот став да соодвествува, и да се поткрепи со, ете тој доктор така рече.
    Факт е дека болеста е нова, и вакцината е нова, и не се докторите толку запознаени.
     
    На green.eyes, LejlaD, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Сè ова е јавно достапно. Отвори и информирај се, два клика работа.

    Само што ќе ти значи да го знаеш составот на вакцината?
     
    На noteforself, mkdvesna, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Абе ојте вакцинирајте се не туку бричете петли.
    Цело време повуци-потегни.

    Ќе умреле од вакцините |(
    Како да не ќе сте умреле.
     
    На LejlaD, happygirl и koritsaki им се допаѓа ова.
  9. TheDongerino

    TheDongerino Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Машки
    Couldn't have said it better

    Се согласувам со тебе за се.

    Исто така и јас прележан ноември, до ден денес мирисот не ми е како што треба
     
    На Lima24 и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.482
    Допаѓања:
    91.159
    Пол:
    Женски
    Сите треба да протестираме против ковид мерките.Затоа што немаат смисла.
    Не само тој.
    Затоа што поради нив сме тука.
    Тоа што се појавиле пар идиоти кои не се однесуваат цивилизирано не ги прави сите такви,не генерализирајте.
     
    На An-na, nextredstyle и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  11. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    1.259
    Пол:
    Женски
    Со прикажување на листот за две примени дози не може?
     
  12. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    11.786
    Пол:
    Женски
    Абе се океј, ама, кога ќе прочитам не знам состав на вакцини, не се безбедни, не се испитани, бла бла. Извинете ама смешни сте.

    Божем за сите вакцини вака се информирате. И што кога ќе ти дадат листа со составот? Што ќе ти значи?
     
    На Harper, noteforself, Mishela и 9 други им се допаѓа ова.
  13. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека го има составот објавено негде, супер ќе го проверам. Сакам да сум информирана и ако веќе бидам приморана да се вакцинирам, да знам што ми се вбризгува во телото. И на лек читам упатства, не пак за ова.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Која присилна вакцинација луѓе? Сум пропуштила нешто?
    Ве врзале за столче, ве киднапираа, ве малтретираа, ви ускратија право на лечење, на образование, немате право леб од маркет да си купите? Како ве присилија и доколку е присилна, зошто пола сеуште сте невакцинирани?
     
    На Harper, noteforself, mkdvesna и 7 други им се допаѓа ова.
  15. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.323
    Допаѓања:
    16.571
    Џабе некои луѓе имаат интернет кога само за фемина го користат. Освен киднапирањето сето друго што го наведе во некои држави веќе се применува а не за долго ќе дојде во многу други држави.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.566
    Пол:
    Женски
    Не смеат воопшто невакцинирани да примаат. Кажаа вчера на вести. А и тие кафичи/кафани што имаа објавено дека до 30 души можат да примаат и невакцинирани после тоа објавија дека сепак мора сите гости да им бидат вакцинирани.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.421
    Допаѓања:
    183.803
    Пол:
    Женски
    Дома кога пиете антибиотик или лекарства, читате состав? Не, сериозно прашувам. И што кога ќе прочитате? Секоја состојка ја гуглате посебно и викате: А нееее, јас ова во Панцеф не го пијам. И така си седите со уринарна или некоја друга инфекција. И водород има во вода и во соединение со друг елемент може да биде опасен, ама вода пак сите пиеме. Ова за споредба кога ќе кажете дека имало штетни состојки во вакцините.
     
    На Harper, noteforself, Mishela и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.397
    И докторите имаат право да не се сложат со нешто. Можеба нешто ќе прочитаат, можеби фамилијарно искуство со друга вакцина, можеби цела недоиспитаност.
    Јас имам колеги кои не се вакцинираат. Исто имам и пациенти такви. Да одбијам да работам со нив? Ксену да чува|(
    Не Лазаревски, св.Лазаревски да ми сугерира, ако сакам, ке се вакцинирам. Ако не сакам , нема.
    За абортус сите ќе се потепаме 'мај бади, мај чојс' е па и за вакцина е нивно тело. Ако не сакаат зашо би силеле некого.
    Со протестите не дека нешто ќе се смени.
    Вакцинирана сум и ама немам никаков проблем да бидам со невакцинирани. Дел од нервозата на лугето е што на едни се ќе им биде истолерирано, како и да пдиграат, а за други со исти одлуки, тоа казни ќе фрчат, тоа сегрегација..
     
    На INNERBEAUTY, IRBBB, elenaklasik и 8 други им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.925
    Допаѓања:
    18.814
    Пол:
    Женски
    Не присилно, уценувачки. Ако не примиш нема ова. За кафичи е гласно а за работно место мисли му ја.
     
    На INNERBEAUTY, nextredstyle, SeaMermaid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.681
    Допаѓања:
    126.582
    Пол:
    Женски
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.