Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.239
    Пол:
    Женски
    Уште ли се расправате за меркиве? :^)
    Прошетајте до моловите и видете ја морничавата слика таму :( Исто ко да живееме во 1984 :nod: North Korea може вода да ни носи ;)
     
    На friendy, MarigoldA, prominent и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.490
    Допаѓања:
    91.237
    Пол:
    Женски
    Бар околу 50.
    Мм е вакциниран со АЗ.
    После 2 месеци од втора доза вакцина имаше 5 игг.
    Сега после 6 месеци има 1.6.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    да но сепак во молови влегувале со сертификат од вакцина од други луѓе бидејки не бараат лична карта
    еве сега прочитав по порталиве
     
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.422
    Допаѓања:
    183.809
    Пол:
    Женски
    Па да, лицемерно е да бараш од мене да се солидаризирам и да не можам да бркам обврски по трговски центри и да не одам на кафе, а истовремено ти одиш на одмор со пцр тест и не се солидаризираш со мене која ем вакцинирана, ем непризнаена вакцина, па не смеам никаде да мрднам. Нели, освен ако не направам и јас пак тест, а не е фер дека боцната.
    За другово, не вреди да се дискутира. Но, беше личен атак кон мене и мојата професија, ме смести во група на луѓе, па сега наеднаш не те интересира за мене, туку зборуваш општо за целата ситуација. Ок, ти поверував.
     
    На ForeverYoung и referentka им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.516
    Допаѓања:
    191.385
    Што не е јасно?
    Не може да бара и документ за идентификација и документ за медицинска состојба, оти редар не е овластено лице.
    Кажав дека и со сертификат од комшија можеш да влезеш. Кажав и дека е неспроведливо и дека све е кобајаги.
     
    На An-na и Celltica им се допаѓа ова.
  6. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    да да точно, ова е хаос
     
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    Е па ти кажав де, никој нит верува во КОВИД нит проверува нешто за Ковид, нит почитува нешто со КОВИД. И тие што отишле на кафе и тој што ги примил не се ни сепнале дека има правила. Полицијата ги нашла на кафе. Некој нема ич памет во мозокот тоа е.
    @An-na ми требаше нешто да купам и барав и завчера и вчера тоа што ми требаше во ГТЦ, СитиМол и РамсторМол. Најпразно беше во продавиниците во ГТЦ. Во моловите имаше луѓе. Во СитиМол бев од 9:20 до кај 9:50 значи пред крај на работно време и имаше луѓе. Не беше воопшто така празно како што кружи на сликите по портали.
     
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    9.409
    Пол:
    Женски
    @GrimTheReaper, @Celltica

    За истото бев да прашам на имунологија на клинички центар, дали да правам тест за антитела за да видам дали сум прележала. Имунологот таму беше многу љубезен, ме прими и ми објасни дека тестот нема некоја дијагностичка вредност во таа смисла и дека првичната намена му е да они добијат слика за населението и тоа колкав дел од него е дојдено во контакт со вирусот. Вака ми кажа - Може да сум била во контакт, да сум развила имунитет, а во моментот на тестирањето да немам високи вредности. При прв нареден контакт со вирусот, во тој случај ми рече, антителата ќе ти се покачат, со цел да те одбранат од нова инфекција. Така да ако не сум била позитивна на тест, не сум имала симптоми, рече слободно да се вакцинирам. Исто кажа дека постојат некои болести на крвта кои се контраиндицирани со вакцината, заради кои им препорачуваат на индивидуи да си проверат антитела пред вакцина (со цел да одложат нејзино примање во моментот, а не никогаш да не ја примат), ама тие се многу специфични и ретки. Рече не можам да ви бранам да не правите тест, ама немате потреба да си давате пари. Немате контраиндикации за примање вакцина, воопшто.
    Инаку јас од љубопитност пред вакцината направив тест за атнитела и немав ич. :D;)ќе пукнев ако се боцнев, а не испитав пред вакцина..
    (Ни сама не знам како не ме префати, зошто се грижев 24-7 за болните дома. Во иста соба спиевме, без маски.)
     
    На GrimTheReaper, Ahoy и Celltica им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    Јас за после вакцина повеќе мислев дали ќе покаже релевантен одговор и кој е тој.
    А за пред вакцина не испитав ама скоро сум сигурна дека не сум била инфицирана или дека не сум дошла во контакт со вирусот. Немав контакт ни со едно лице кое беше болно, кругот на луѓе ми беше многу органичен, работев тогаш од дома сеуште.
    Ако сум имала антитела значи стварно преку воздух се пренесуваат ахаха :D
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.715
    Допаѓања:
    126.774
    Пол:
    Женски
    Зашто? Нема вакцинирани што шетаат?
     
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    9.409
    Пол:
    Женски
    Абе вирусов е многу непредвидлив, стварно. И јас мислев преку воздухот што го дишам во просториите ќе префатам 100% и ја тргнав маската. Башка миење садови, облека прљава- се фаќав без ракавици (иако миев раце после таква работа) па ете ништо. Иако првиот ден кога домашните добија позитивен резултат, јас еден ден бев со јака главоболка, (имам мигрени, ова беше нешто друго, како дезориентирана бев) и многу повраќав. Матичната мислеше дека и мене ме фаќа, одма ми закажа брз тест за наредното утро. Јас до утрото бев ко ништо да не се случило. И тестот беше негативен. Ајде рано бил земен ми викаа докторите. И јас чекав да се разболам, малку едно време кафето ми замириса гадно, како сменет мирисот ми дојде ама за среќа не бидна ништо друго. Јас затоа мислев дека сум асимптоматски случај. Истите скроз реакции ги имав со првата доза Фајзер. И исто еден ден траеа. Со таа разлика што од вакцината после овие симптоми имав неколку дена отечени лимфни јазли на вратот.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.490
    Допаѓања:
    91.237
    Пол:
    Женски
    Па што не кажа тогаш отворено туку ми вртеше ко киша око Крагуевца.|(
    Јас би се солидаризирала.
    Отворено пишував тука против ковид пасошите и дискриминацијата на вакцинирани со Спутник и кинеските.
    А тоа што ти се препозна во вработени партиски наставнички не е мој проблем.
    Исто ко ја што се препознав дека трошам пари ,а не протестирам за поголеми плати на другите.
    @referentka
    А ако не почитуваме мерка која твојов Филипче ја стави на 45 дена сме несовесни антиваксери.ОК.
    Типичен пример за партиски војник .
    Браво петка.Ти знаеш дали значат или не ,ајде терај таму канцелариски трачови,тоа подобро ти оди.
    Липа наша е моја домовина исто ко Мк,затоа шетња.
     
    На Lizy333 и referentka им се допаѓа ова.
  13. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.422
    Допаѓања:
    183.809
    Пол:
    Женски
    Не вртев, сѐ си е јасно напишано тоа што сакав да го кажам и сѐ уште стојам позади тоа :D
     
    На ForeverYoung и referentka им се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Ама овие да не се пресметани со друга референта вредност? Бидејќи Авицена и Биотек прават со 20 или 21, додека Синлаб(мислам беше) со 1,нешто.
    И тоа не го разбирам. Делење со ова она. Овие вакви тестови, оние онакви.
    Може навистина не треба да испитуваме, само во бунило сме.
    Инаку јас имам над 100ка според 20ка референтна, претпоставувам не сум била во контакт со вирусот. И сега, гледам на фб пресметуваат, делат. Бог знае што прават. За обичен смртник, too much info.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    9.409
    Пол:
    Женски
    Абе што се карате? Не се замарајте бе луѓе со докажување!
    Па има толку многу други поубави работи што можете да ги правите во моментов, вие се расправате тука..Прифатете дека не се согласувате и терајте даље.
    Вака од страна кога ве читам, и двете ве разбирам за некои делови што ги пишавте, ама гледам и дека не се разбирате вие една со друга. Не иде муабетов, баталете.
     
  16. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    2.356
    Пол:
    Женски
    Во сити мол влагаат сите, и со сертификат и без, луѓе влагаат со туѓи сертификати, со туѓи баркодови, преку паркинг, преку службени влезови. Значи нерви немам веќе каква глупост е оваа. Буквално ги слушам по ходници што зборат на кој начин се влезени во молот.. БИТНО маските спуштени зошто се боцнати вчера и мислат врвот го достигнале, а тоа што го пренесуваат вирусот и они, никому ништо.
     
    На cresa-jagoda и Flower27 им се допаѓа ова.
  17. Lizy333

    Lizy333 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    И онака е празно внатре, нека се прошетаат.
     
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Ама мора да се вакцинираш да не умреш!!!!!!!!! |(
     
    На cresa-jagoda, christinnn, elenaklasik и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    9.409
    Пол:
    Женски
    Тоа што мене не ме префати од тој директен контакт, не значи дека некој друг нема да го фати. Не се сите со добар имунитет, па уште во сите моменти. Мене просто во тие моменти, право да ви кажам, не ми беше ич грижа за себе. Сеедно ми беше што ќе се случи со мене, само молев Бога да додржам здравје дури синот и мажот не се кренат на нозе. Па после дали ќе сум јас на ред не ми беше ич гајле. Мислев дека и веќе е предоцна да пазам, дека сум инфицирана.
    И пак се вакцинирав после се. И најмногу ми е криво што маж ми немаше шанса да се вакцинира пред да се разболе, можеби немаше да помине толку лошо и во болница да мора да оди. Можеше да умре, како и пациентот што лежеше до него и сите оние кои умреа на неговиот спрат. Точно две недели од кога се разболе им организираа од работа вакцинација... немаше среќа.
    И уште ова - маж ми се разболе преку воздух- од мала непроветрена просторија, просторија без прозорци, во која седеше службено неколку саати, со маска. Ова го знаеме зошто до тој ден работеше само од дома и имаше ограничен контакт со луѓе и тајмингот со симптомите и периодот на инкубација беше јасен.
     
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.239
    Пол:
    Женски
    Јас во Џамбо бев, двајца без тројца имаше :(
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.