Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    16.583
    Ти тоа сериозно?? Имаш прочитано/видено што се случува во Франција, Италија, Австралија... За вас протестите против претварањето на луѓето во QR кодови и фашистичка сегрегација според вакцинален статус е само антиваксерска претстава? Жално, колку наивно и плитко го гледате/сфаќате тоа што се случува последниве година дена. Повеќе од очигледно е дека ја немаш сфатено поентата на протестите ...
     
    На deskarada, Ivan4e04, Kitten и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.021
    Пол:
    Машки
    Да прашам некој правел ли антиген тест од аптека и дали воопшто искочил некогаш позитивен?
    Брат ми има некои симптоми па мислам да земам тест но некако како што видов во 95% од случаите излагаат лажно негативни..
     
  3. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.301
    Допаѓања:
    19.106
    - Возачи ми кажуваат дека на бензиски низ Аус им бараат обавезно негативен или сертификат за вакцинација. И ти сама викаш ако имате негативен седнувате. Е сега разликата меѓу МК и АУС е што кај нас не може да обезбедат и тоа е.

    Мои колеги од Аус се чудат колку често се седи кај нас на кафе и во ресторани. Таму ги полнат претежно туристи. Нели џабе ти го кажувам тоа за твоето место на живеење сигурно го знаеш.

    Да дадат бесплатен тест кај нас одма ќе се бунат како не е добро по 2 3 пати неделно да им брцаат во нос за да одат во кафана и на кафе. И дека така им ставаат тракинг систем. Пошто пак ќе кажат просечен македонец 3 пати неделно седнува во бар, а тој тест може да важи 48ч после тоа нема логика веќе. Колку пати неделно ти седнуваш на кафе во АУС?

    Глупо е да викаш како во МК ова е болест а АУС има слични рестрикции и секако пак ќе кажам не можеме да копираме во целост затоа што сме народ што собирањата по кафани и свадби си ги правиме балкански валда не си заборајла како е овде. :D
    Аустриецот нема да лажира негативни тестови и лажни сертификати
     
    На M.B., Frosty!, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Два мои познаници имаа поз. тест од аптека, подоцна потврден и со ПЦР и со брз антиген од лаб.

    Без симптоми, само познат контакт.
    Значи ако има симптоми би требало уште да е поголема веројатноста дека ќе даде точен резултат :)

    Се надевам дека е негативен.
     
  5. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Протестот е за сѐ, само против мерките не.
    Почнувајќи од повик за вандализам со уништување на плакати за почитување на мерки за заштита, продолжувајќи со наратив дека вакцините се вода и со сценарио како осум милиони деца се крадат годишно, завршувајќи со физичка пресметка меѓу самите протестанти. Тоа отприлика се случува кога излегуваш на улица без јасни барања, а во кои да ги имаше веројатно ќе им се придружеа и прележани, па и вакцинирани. Уште повеќе доколку имаше онлајн петиција со концизно воспоставена структура на укажување за тоа што не е во ред со донесените уредби, можеби ќе имаше и ефект. Вака, само сеир може да им се гледа.

    Во меѓувреме, ве оставам вас како елита со посебна моќ на резонирање да ја откривате и понатака целта на еден ваков театар, а на нас другите ќе ни пренесете понатака зошто ја немаме таа интелигенција како ексклузивитет да одиме во длабокото. :)
     
    На M.B., Ang_ela, Frosty! и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.301
    Допаѓања:
    19.106
    Какви QR кодови? Иначе делбата според вакцинален статус е од секогаш. Па невакцинирано дете не можеш во градинка и во школо да пуштиш зошто за тоа не се протестира?
     
    На Frosty!, referentka, noteforself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.518
    Допаѓања:
    191.423
    Пошто треба да си неинфективен само за кафе пиење:rofl: (facepalm)
    Просечен австриец, италијанец, германец, се тестира првенствено на работа и на училиште, неколку пати неделно, досега бесплатно, отсега самоплатно. Е сега, некои, како италијаните, ќе праат далавери, на некои нема да им текне. Не е совршено, ама остава право на избор. Во некои земји немаат право на избор, ги викаат автократија.
    Во Франција не можат да запрат со протести, заради такви мерки со право на избор- тест, вакцина или прележаност. Кои антиваксери и Стојанки се тие човече:sweat:, среќа ваша што таму не живеете.
     
    На christinnn и An-na им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.301
    Допаѓања:
    19.106
    Дај боже да не тераа да се тестираме за на работа редовно, а не за кафе да пиеле сакале тест па уште и бесплатен. Ќе пукнат кафе на ул Македонија ако не испијат. Си се знаеме тука доволно добро не е само МК цел балкан така функционираме. Не им е битно школите и градинките како ќе работар туку они не можеле во кафана.

    Еве сме самоволно се изолиравме пошо кај мм си идела со симптоми колешката и уште криела дека чекала резултати од тест. Стап еден...

    И уште нешто да се едитирам: Сиромашни ме, застана цела економија, изгубија рабпта се бунеа државата не ги финансирала за плати и не знам што. Ама свадби фрчат кои коштаат 2 3000еу минимум, фрчат крштевки кои во скопје за 50души ќе те коштаат 1000еу. Имаме пари очигледно што ќе ни бесплатни тестови
     
    На Ang_ela, referentka, green.eyes и 5 други им се допаѓа ова.
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Блиска особа некни без симотоми правеше тест ради патување -антиген кој излезе негативен, а пцр тест излезе позитивен.
     
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.490
    Допаѓања:
    91.237
    Пол:
    Женски
    Затоа што кај децата се работи за задолжителна вакцина.
    Оваа не е задолжителна.
    Зошто не ја направија задолжителна ?
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.721
    Допаѓања:
    126.800
    Пол:
    Женски
    Болдот: Апсолутно си во право. Плус додај одмори во Грција, во Турција кај не отидоа.. А кукаат немаат пари.

    @Cosmi ја би ја ставила за задолжителна. Во меѓувреме живееме со овие. Инаку постот во сликата го пишува доктор!!! Пулмолог!!! И оваа треба да лечи луѓе???
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 21 август 2021
    На fana, referentka, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    И за деца не беше задолжителна...се до моментот кога стана таква. Може и оваа ќе стане, кој знае.
    Тогаш родителите на деца со некакви индикации или неизвесен статус беа оставени сами да се борат. Сега возрасните се во истиот магичен круг.
     
    На referentka, Biljarkata и LejlaD им се допаѓа ова.
  13. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.301
    Допаѓања:
    19.106
    Како задолжителни? Не се задолжителни. Никој со сила нема да те натера.
    Војдана ќе извини што ја тагнувам во оваа тема ама знам она вакцинален картон на бебето не му отвори и не го вакцинира. Никој со сила не ја тера, нејзина одлука.
    Не може вакцинација да е задолжителна. Може да е дел од вакцинален картон за таа и таа возраст.
    @Vojdana
     
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.490
    Допаѓања:
    91.237
    Пол:
    Женски
    Вакцините за детски болести се задолжителни.
    По програма.
    Отвори и прочитај.
     
    На Biljarkata и LejlaD им се допаѓа ова.
  15. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.422
    Допаѓања:
    183.809
    Пол:
    Женски
    Задолжителни се 100%. Понатаму може да ѝ стигне писмо за да плати казна. И за уписи во училиште исто може да ѝ прават проблем.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Не е задолжителна, освен ако не сакаш да одиш во мол, или во кафана/кафич... ќе видиме натаму за што се' ќе биде задолжителна.
     
  17. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    16.583
    За се'.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Најверојатно.
    ... ко шо тргнало...
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Да те поправам (чест на исклучоци)
    Имено маж ми работи во доста голема и позната фирма во Италија со седишта во Венеција и Милано, никогаш не му рекле да прави тест напротив, еднаш се случи нешто, му рекоа дека не ги е гајле и треба да дојде на работа и човекот отиде. Имаат во фирмата луѓе од цел балкан (работат 10 дена 3 дена се дома) не ги заболе дека одат надвор од италија секои 10 дена, напротив.
    Мерачот на температура што стои на влез е направен автоматски на сите да покажува 36 со 6. Уште да зборувам?
    Да повторам, голема италјанска фирма.
    Италјаните немој да ги спомнуваш по мерки култури и тако даље, далеку се од истите :D:D:D

    и после било проблем да влезеш во мек доналдс на кафе на затворено?!

    уште нешто, чак имаат посебни дозволи за да не седат никогаш во карантин, а во канцеларија се напикани 20 души со се газдата без маски :D
     
    На Waverly Raven, LejlaD, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.518
    Допаѓања:
    191.423
    Абе знам, сме го праеле муабетов. Кај нас тој филм не игра.
    Немој после да чујам од ваму, од таму мутира вирусот, Италија е крива за све]:).
     
    На LejlaD и vitamina им се допаѓа ова.