Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    16.598
    И после зошто народот не сакал да се вакцинира. Причината не е тоа што народот не верува во медицината или науката општо туку поради тоа што народот не им верува на политичарите.

    Несомнено тие ја имаат главната улога во оваа здравствена криза.

    Многу од нив немаат допирна точка со медицината ама ете некој им дал моќ да одлучуваат како тие да се најсоодветни и најкомпетентни за сметка на понижувањето и игнорирањето на кажувањата и апелите на многу доктори.

    Како да му веруваш на еден Филипче кој апелира да се вакцинираш а од друга страна тврди дека природно стекнатиот имунитет не трае повеќе од 45 дена.. :^)
     
    На Traveler91, Snowflake97, x-MajaEsposito-x и 2 други им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.755
    Допаѓања:
    126.892
    Пол:
    Женски
    Не се вакцинираш за Филипче туку за себе. Кој и да беше министер ма место на Филипче ќе воведеше исти мерки. Затоа што работат по директива на Светска Здравствена Организација и Европската. Така да не скокајте многу.
     
    На Tajnaotrovna, Jana06, referentka и 4 други им се допаѓа ова.
  3. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.799
    Допаѓања:
    214.393
    Пол:
    Женски
    Ете @nena2010 ме претрка,за себе и за тие околу каде се движам се вакцинирав,не за Филипче.Да не ја потценуваме медицината и науката,оти и од така наречени банални болести до сега ќе не немаше,а да не стане збор за потешки болести...
     
    На Jana06, referentka, g8lQQk и 8 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.108
    Допаѓања:
    131.551
    Пол:
    Женски
    Лошото министерување на Филипче и „експертизмот“ на Славиците за никој не треба да се причини да не се вакцинира.Човек треба да има оправдана причина.
     
    На Tajnaotrovna, WildMk и LejlaD им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.495
    Допаѓања:
    91.277
    Пол:
    Женски
    45 дена не се применува никаде.
    Како никој во Европа не следи таква политика на сзо?
    другиве држави вакцинираат прележани после 6 месеци,кој става една доза , кој продолжува сертификат од 9 на 12 месеци.
    А Филипче со меркиве врши ширење на заразата.
    дали намерно одиме до прегорување или случајно,ке видиме.
    Вакцината ке ни се удри од глава со меркиве ако не се приберат со паметот.
    Неговата грешка со свадбите ја гледаме во бројките во Те и Гв.Вухан е таму..
    Ке имаме доста починати,многу критични млади луѓе има од свадбите,лечени по приватни амбуланти цела недела, во исклучително тешка состојба донесени.
     
    На WORRIED.BT, cresa-jagoda, ivi1987 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.426
    Допаѓања:
    8.604
    Пол:
    Женски
    Што е работа со свадбите?
    Нели само вакцинирани смеат да присуствуваат?
    Се прават у велико со по 200 госта кои сигурно не се сите вакцинирани. А и да се, со една доза пак исто како да не се.

    Забраната изгледа им е само за на тв, во пракса си нема врска.

    Срамота, не може луѓе да одат во мол, кафе да се напијат никако, ама затоа свадби т.е. корона забави нема проблем при 1000 заразени на ден.
    А и рекордери по смртноста сме.
    Какви кретени.
     
    На cresa-jagoda, LejlaD, Anie93 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.349
    Допаѓања:
    15.864
    Пол:
    Женски
    Има невакцинирани 10000%
     
  8. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Има и невакцинирани по свадбите, блиски пријатели се невакцинирани вчера беа на свадба.
     
  9. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Де луѓе се зезате со ова невакцинирани влегуваат на свадба? Лично за во Тетово ресторан зборувам, познаници не ги пуштија, само вакцинираните си влегоа.
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    И јас викендов дознав за свадба, кај што беа и невакцинирани.

    Надвор од умот се луѓево!
    Апсолутно неодговорни!
     
    На Tajnaotrovna, referentka, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  11. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    95.281
    Пол:
    Женски
    Вака кога ве читам,или пак слушајќи за мерките на вести изгледа сериозно,но Инста ми е само со слики од свадби и прослави.
    Друго,не знам како излегуваат од државата позитивни,води ли некој евиденција?!?
    Имам комшии во соседниот влез,од Гостивар,цела фамилија си дошле овде позитивни.
    Овде со во изолација,но смеат да извадат деца во двор,па раскажуваше татково.
    Рече дека со жена му им било многу лошо,4 дена не спиеле,а децата само со Темп.На прашњето на маж ми како извозел до овде(Швајцарија),рече дека му ставиле боцка(инфузија)па така некако стигнал(facepalm)
     
    На cresa-jagoda, NarCis@, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Do they have a fuc*ing death wish?? :@
     
    На dunika му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Никој со никого не е координиран. Не знаат што прават, само тоа ќе кажам.
    Грешки милион.
    Татко ми вакциниран два пати и сега е позитивен, матичната му кажа дека веќе еднаш е заведен како позитивен во систем, како сега втор пат се заразил?
    А не беше позитивен претходно човекот (знам бидејќи често правеше тестови за патување поради работата, сигурно секој месец имаше тест или два, секогаш негативен).
    Еве ниту полиција се јави да го провери, ниту ништо.
     
    На LejlaD, dunika и WildMk им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    @Cosmi во право си, овде кај нас прележаните ги вакцинираат само со една доза, когс се вакцинирав пред мене имаше дечко што беше прележан ми покажа документот и ми кажа дека ќе се вакцинира само со една доза јер прележан, по истекот на сертификатот односно 6 месеци поминати, значи видов со свои очи, прележаните беа прележани од јануари/декември а се вакцинираа на 13 јули со мене.
    Мајка ми е прележана, со тешка клиничка слика, докторката и рекла дека и е рано за вакцина, бидејки секако и едвај жива глава спаси, ќе се вакцинира ноември/декември, прележана во март.
    Апсолутно се согласувам со истото, истото и го реков.

    Има сеуште последици, едното белодробно крило не и беше во ред, од после ми рече “не ви кажав дека се гушев на моменти” уште тоа фалеше да ви го кажам, и ден денес има последици, како умор, саклет, втоглавици, слошување на моменти, косата и паѓа и кожата ја чеша, рече од некој магнедиум неурон и било подобро. Пиеше и за димери лекови, 3 4 дози.
    Докторката ја лечеше по телефон? Зошто? :(
    Бегаше од нејзе.
    3 теста извади негативни тогаш, најверојатно бидејки се тестираше недела дена по симптомите. Остатокот од фамилијата немаше ништо. Дали имаат антитела, дали немаат не знам не проверила ради тоа што треба да патува надвор од нашиот град за истото не се нафаќа после се.

    Сега друго да кажам, за овде, лековите за димери коштаат 2/3 евро преку фонд, а во Мк? При нашата сиромаштија.

    Сега читав вести, ви кажувам бидејки истите рестрикции се првим овде потоа во Мк, до 15 септември, ако не се имунизира најмалку 80% од населението (во моментов 60%) ќе стават задолжителност на граѓани над 40 години на имунизација.
    Раскажуваат дека со овие сертификати годинава ќе избегнеме затварање.
    Тешките клинички слики се неимунизирани луѓе.
    Смртноста во Италија се намали, до лани имавме 300 до 600 мртви, сега бројката се движи до 80 мртви. Благодарение за имунизацијата.
    Заразата и не е таква како лани, дупло и повеќе од дупло е намалена од вакцините. најверојатно.
    Оти дека нема ред и поредок нема и овде пишував веќе.

    Во врска со третата доза кажаа дека е рано да се зборува, доколку се постигне нешто над 80% имунизација ќе видат како ќе бидат статистиките и билансите, тогаш ќе одлучат дали ќе се прими трета доза или не.

    Затоа ќе кажам, додека еу вакцинира со една доза после 6 месеци, кај нас што направија? Прерано е за вакцина 45 дена, прерано поготово за телата кој што имаат последици тешки и после 3 4 5 месеци од вирусот.
    Играат со оган.
    И тоа две дози. Зошто?

    само гледам објективно, репер ми е мајка ми, и реков не помислувај да се боцкаш пред 6 месеци ма и повеќе. Телото сеуште не и е опоравено. Каде се плашеше дали ќе преживее, каде остана без работа (сега работи пак) каде секојдневно се соочува со последици сеуште уште дотур на вирус и треба во телото дека сеуште се бори и сеуште конумира лекови за опоравување.

    Знаете дека сум за вакцинација, се вакциниравме сите дури и сестра ми ( малолетна) но не сум за мајка ми (неопоравена сеуште) за вакцина. Богами не е ни Еу.
     
    На IRBBB, cresa-jagoda, supergirlmb и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.450
    Допаѓања:
    18.701
    Што може да се случи со примање на вакцина ако личноста сеуште има последици од прележување ковид?
    Мајка ми има последици, контролниот ренген и е речиси ист како кога беше болна. Пулмологот што ја води била воздржана за вакцина.
    Прележа пред 6м,имаше антитела над 100 (реф. вредност >1) во април/мај.
    Јас сакам да си примат со татко ми барем по една доза, ме плаши колку е раширено сега , а луѓево( и вакцинирани и невакцинирани) се скроз лабави.
     
    На LejlaD и vitamina им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Татко ми не сакаше да вакцинира, не веруваше во корона, маска не носеше, погоди сега што мисли? Денес мислам ќе се вакцинира, додека сестра ми(малолетна) е единствено дете ви нашиот град што се вакцинираше.

    знаеш што ми рече тогаш по телефон, не ја бива мајка ти…
    ;(

    Не знам конкретно на прашањето што да ти кажам, не сум компетентна, најверојатно ради превенција, да си почека, има време, нема ниту 6 месеци поминато и се нема комлетно опоравено, па затоа, докторката што ја водеше и рече пред 6 месеци никако бидејки имаше тешка клиничка слика, а можеш да почекаш и плус некој месец.
    Така ќе направи, нека и се опорави организмот, секако трпение и треба и време за се. Едноставно не е опоравена. Мајка ми е за вакцина, строго за вакцини, таа истата ме убедуваше кога имав недоумици еден период околу малото, скроз со висок тон ми зборуваше. Имунитетот плус и е каде опаднат.
    Сметам дека прележаните тазе, поготово луѓето што едвај спасиле жива глава никако не треба да бидат приморани да се вакцинираат веднаш. Ниту еден организам ниту еден имунитет не се опоравува за 2 месеци.
     
    На LejlaD, Sofi.ja и Ahoy им се допаѓа ова.
  17. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Да точно, но македонецот гледа 'идоли' во политичарите. Политиката сегде е навлезена, и и тоа како има врска што збори Филипче особено за постарите што немаат пристап до други медиуми освен 'здраво македонијо' и вестите. Политичарите, а особено докторите треба да ја водат најголемата пропаганда за масовна вакцинација а не доктор да е прв невакциниран. Имам постар комшија кој не се вакцинира. Го прашувам зошто не се вакцинира ми вика, дете нас тука 30 години не лажат. Му викам ама не кажува само Филипче за вакцина, сите така препорачуваат. Ми вика сине ние секогаш сме и ќе бидеме под палката на големите сили. Сме тука каде што сме заради нив, веќе на никој не верувам. И ај сега иди убеди го дека треба да се вакцинира. Едноставно научен е на лаги човеков.
     
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.108
    Допаѓања:
    131.551
    Пол:
    Женски
    Па,некој треба да ги поучи дека треба да слушаат некого.Не мора Филипче,ама барем лица кои се едуцирани во оваа област.
    Докторите и вакцините се оние кои можат да спречат човек да се сретне со Азраел.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.755
    Допаѓања:
    126.892
    Пол:
    Женски
  20. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Најсериозно, по свадбите нема само вакцинирани, и тоа наоѓаат начини како да влезат на свадба, во мол, секаде каде шо бараат вакцини.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.