Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Ни деца во школо, ни ние по кафичи и свадби.
    Се сеќавам на почетокот (декември/јануари, лани), наводно се уште не беше присутен вирусот (иако знам за личности кои, кога дојдоа тестовите, имаа антитела, а беа болни во тој период), наставата се одржуваше со осмина ученици. Испразнети беа школите. Демек грипот. И што би било поразлично сега?
    Јас верувам дека на младите им е тешко, им фали социјализација, плус што образованието и така е утепано, па ги доутепаа со онлајн настава.
    Ама не е ни време, ниту пак место.
    Мерките ни се, во нормална држава можеби и функционални, додека тука се селективни и секако постојат идиоти со фалш сертификати.
    Дете мало во клупа не можеш да го задржиш, не па контрола да имаш, кое дете носи маска, кое дете мие раце, итн.
    Тинејџерите ги гледам, не се замараат ни за маска, ни за дистанца.
    Така да, не се радувајте многу. Дек допрва ќе гледаме бројки кои ќе вртат како слот машина.
    И не споредувај дете со возрасен, што мора да оди на работа. Возрасен ќе носи маска, законски мора, ама дете малце и потешко.
     
    На friendy, venus♡, Hellobeautiful и 2 други им се допаѓа ова.
  2. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.662
    Допаѓања:
    153.100
    Пол:
    Женски
    @GrimTheReaper грешиш!

    Помалите деца и те како се дисциплинирани..
    Син ми втораче беше лани..цела година одеа на училиште..под строги протоколи кои беспрекорно ги почитуваа и следеа иако имаа само по 7 годинки...
    Некогаш ние од нив треба да учиме..


    И да се согласувам со @WildMk ..
    Ако ние мора да одиме на работа и децата треба да одат на училиште...

    Доста е божемска настава!
     
    На H.VAGA, Oneo, dunika и 20 други им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    А на одмор, кога јадат, како?
    Едит. Инаку не дека немаше физичко присуство, но многу е поразлично да бидеш со 10 деца и со 20-30.
     
  4. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.426
    Допаѓања:
    8.604
    Пол:
    Женски
    Студентите продолжуваат со комбинирана настава, а ако се со грам памет ке продолжат и учениците.

    Не се само 30 ученици во клас, тоа се 100тици во исти ходници, тоалети, се на се училиштата можат да бидат следните жаришта и извори на корона.
     
    На WildMk, Hellobeautiful, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Која факинг логика е студент да оди онлајн/ комбинирано, а средношколец во гимназија во школо?

    Обратно да беше, скроз разбирам.

    Студент на медицина ќе оди комбинирано, ама средношколецов од општа на школо (facepalm)
    Или основец 6-9одд. (facepalm)
     
    На mareane, Ygritte, referentka и 9 други им се допаѓа ова.
  6. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.357
    Пол:
    Женски
    Мерките се невидена глупост. И изјавите на Филипче! Не сум вакцинирана, но сум прележана. За жал вирусот е насекаде околу нас, а мора да работиме и нема бегање од него.
    Од работа татко ми го закачи уште пролетта, па не не одмина на ниеден од нас. Јас, брат ми и сестра ми на нога го поминавме, моите со повеќе симптоми, но сепак во домашни услови беше лекувањето, ништо посериозно за среќа.
    Ете сега, во канцеларија повторно заболена колешка, сите во канцеларијата што непрележале без разлика вакцинирани или не се позитивни, додека мајка ми направи тест и е негативна исто и другите колеги што претходно прележале, некои уште во бранот што беше лани есента. И не е вакцинирана ни мајка ми.
    Доказ дека природниот имунитет штити и после повеќе од пола година. И сега некој ќе не убедува дека после 45 дена антителата паѓале, вакцината била подобра. Имавме препорака инаку и од матичен да не се вакцинираме зошто кога испитавме антитела ни беа високи.

    И не сум антиваксер, сум непрележани да се вакцинираат ама зошто за луѓе што прележале само 45 дена да може да шетаат слободно? Зошто да не може доказ за антитела да се прикаже?
    На прележани максимум 1 доза им е доволна и тоа можеби по 9 месеци минимум од прележување. Истава препорака ја добив од матичната.
    Се додека здравствени лица потпаѓаат под политика, мерките се апсурдни и нормално дека ќе не револтираат како граѓани.
     
    На MrenaRiba, Принцезичка1, lovestoneddd и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.166
    Допаѓања:
    17.584
    Пол:
    Женски
    Како што ја сфатив членката мислеше и за учениците да продолжат комбинирано како досега, а да не биде целосно со физичко присуство.
     
  8. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.234
    Пол:
    Женски
    Студент на медицина треба да оди на медицински факултет и никакви онлајн циркузи да се прават повеќе.
    Дипломи онлајн ли ќе земат?

    Извинете што упаднав вака, да се извикам малку.
    Продолжете со дискусијата:)
     
    На Ivan4e04, le.soleil, mareane и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.762
    Допаѓања:
    176.146
    Пол:
    Женски
    Закониве ни се:devil:
    За во кафич на отворено бараат сертификат за вакцина. Ок, нека бараат. Ама дури 3ца од 5те келнери Не се вакцинирани.

    Во хотел можеш слободно да си идеш, за таму не морало сертификат. А автоматски чим си гостин на хотелот можеш да си седиш во ресторантскиот дел, на тераста, во фоајето.
    Така терале и казината. Секој еден играч го заведуваат како гостин и истиот си е слободен да си шета низ цел хотел/казино.
    Велат дека казината не биле волку полни ни пред короната.

    Ако!!
    Нека растат бројките.
    Не знам кој попрво да осудам.
    Законите, или нас - народот.

    Детето нема да ми оди у школо, ама јас ќе си седам у просторија со 100 тина души, грото невакцинирани и кој знае дал се позитивни или не.
    Не треба да се потсетуваме дека казината немаат прозори,нели?!

    Во неделата со брза помош однеле маж во болницата, веќе бил починат. Добил удар во казиното и на лице место бам- бам. Претходниот ден си правел тест од аптека, излегол позитивен, ама не му поверувал на тој тест. Бил вакциниран со една доза, немало шанса да се зарази!
     
    Последна измена: 25 август 2021
    На Ivan4e04, azelea, dunika и 10 други им се допаѓа ова.
  10. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Сите знаеме колку :drunk: е власта, така што не би било чудно да ги пуштат и со овие бројки.
    Срамно е што и покрај се', не се обидоа да смислат некои посебни протоколи, преполовување на класовите или нешто слично. Како и целото "контролирање на ситуацијата" во текот на пандемијава. Мрзи, гнасни!
    На 10ти тек започнува. Тогаш е Скопје calling, така што загарантирано сите средношколци, па и поголемите основци, ќе бидат таму, а потоа во школите да продолжат да шират.
    Барем да извлечеа поука дека сите се заразија од Охрид calling, ама не. Сигурно се договориле однапред да добијат процентче од Авалон.

    No offense, ама дали е ова твое вистинско толкување на ситуацијата или чисто од поддршка кон власта?
    Сите едвај чекаме да се врати во нормала наставата, но чекај, размисли малку за состојбата.
    Не сакам да ме разбереш погрешно, ама стварно кога имаат поврзаност со политика твоите мислења ми делуваат како пропаганда.
     
    На LejlaD, Cosmi, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам медицински веќе добија известување дека ќе бидат во главно со физичко присуство.

    Одлуката е "комбинирана" односно секој факултет ќе си одлучува засебно врз основа на условите.
    Главно мислам дека повеќето ќе бидат со физичко присуство особено факултетите кои имаат доста практична настава.

    Како и да е, секое чудо за два дена. Бројките растат па ни едните ни другите ни третите нема да бидат предолго во учичишните клупи .. евентуално до попис/избори.
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Како бе не треба? Абе се читате ли што пишувате? И дали воопшто си верувате во ова што го пишувате, сериозно прашувам?
    Значи, како да објаснам АМА, да имаше контрола на границите, да ставеа задолжителен ПЦР негативен тест немаше до овој степен да дојдеме. Зашто да, смирено беше, немаше хоспитализирани нови, имаше по пет души позитивни на 5000 тестирани пример. И, кој е крив за границите, народот???
    Не, извини ама само власта си е крива што не превзема мерки превентивни на време кога веќе се гледаше дека нов опасен сој беснее по други држави.
    Туку нее, ајде елајте си у Северна на свадби, крштевки, сунети, журки, плажи по Охридон и што ти уште не.
    И замисли еј, таа иста да не кажам каква влада ТЕК од први септември за влез у државава воведува контрола со пцр тестови, јао тугоооо.

    Масовна вакцинација и кампања на 1000 и кусур заразени на дневно ниво, на еден куп починати дневно. Сериозно ова или како?
    Абе не се знае кој е здрав а кој болен. Абе покољ еј, сами ги праќаат у беља луѓево. Ама па шо знам ја, поима неам од нишо, така венко и зз викаат дека е исправно и најдобро за овој напатен народ.

    45 дена, 45 ДЕНА РОК за прележани. Абе ова ни у најлоша трагикомедија го нема. У Швајцарија продолжиле до 12 месеци за прележани, овој тука да може и тие 45 ќе ги скрати, од изолација право на боцкање да може ќе ги праќа.
    И ко ќе прочитам прашање - а зошто е проблем прележан да не се вакцинира после тие 45 дена одма? Зашто уште има темпирана бомба у организам, ете зашто. Зашто луѓе искачаат со куп компликации после прележување.
    Ама не бе, што знаат докторите, врска си немаат.
    Сите доктори еј, сите комплет (добро, ОСВЕН бедните политичарчиња) зборат едно те исто, дека непрележани треба да се вакцинираат за да се заштитат, а прележани после година и тоа да си направат испитување па боцка.
    А не, ама ја се боцнав после 45 дена и ништо не ми е. Многу знаеш ти дали ништо нема да ти е ама ај, секој за себе си одговара.

    Тазе боцнати еј, вчера боцка, денес ајдее, јуришшшшшш, идеме у огинот, ни се може бе, државата ни дозволува. Па шо, ако треба и 4 пати уште ќе се боцнам, заштитен ќе бидам. Кој црн заштитен бре, тек после втора примена доза и поминати три недели си МОЖЕБИ заштитен.

    Ама вакцинирани не пренесуваат, не можат у болница да завршат, како чиста настинка го поминуваат, шмркаат само бе, се мрсулават. Кога оп вест од директорот од 8 септември, 14 вакцинирани со две дози се у болница со средна тешка клиничка слика.

    Аа и да, од септември децата у школо. Не ко лани во две групи поделени туку сите 30 на куп. Па да, плус и за продолжен престој прашуваат дали има заинтересирани, а продолжениот е до 17 попладне. Замислете, од 8 сабајле до 17 попладне децата со маски треба да седат.
    Ама таму братче нема корона, исто како што ќе нема и за попис и за избори.
    Е короната да ти шетала само по кафиЌи на отворено и по молови затворени. Аа да, и по маркетите у затворените молови каса короната и тоа само од невакцинирани, тие шо вчера се вакцинирале не се опасни, пукаат со антитела и имунитет.

    Ох бее, да му пукне жолчката на човек.

    И уште нешто.
    Дур вие овде се чудите зошто толку луѓе завршуваат во болница и умираат, матични доктори се по годишни одмори зашто и тие сироти испоцркаа од работа и им нема замена па телефонски ги лечат, сумамеди по две кутии од страв се пијат на непроверено и им се влошува ситуацијата па касно одат на преглед. Пошо сега да, дур не ти даде матичен упат за у ковид центар, не можеш да отидеш на слепо, ќе те вратат. А ако немаш пари за на приватно ќе си седиш дома и ќе правиш што знаеш и умееш.

    Среќа, преголема среќа што имаме златна матична па на време се открија сите работи кои беа за лечење, инаку ќе го изедевме стапот.


    И така.
    Продолжете си со муабетот.
     
    Последна измена: 25 август 2021
    На Idedemja, Izaabella, Billy Idol и 34 други им се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.166
    Допаѓања:
    17.584
    Пол:
    Женски
    Ние имаме власт само фигуративно, да спроведува туѓи агенди за кои е платена дебело тоа апла се гледа и ќорав да си ќе приметиш. Си тера свои политики за народот ич не им чуе. Се е упропастено, здравство, образование, економија ништо не функционира. А народов па збеснат е скрос, затоа ни се случува ова што се случува моментално. До кај ќе се тера вака јас не знам. Изјавата од директорката на инфективно вечерва на вестите ако ја слушнавте се ќе ви стане јасно во каква политизирана држава живееме(појела ме туџа срамота).
     
    На azelea, LejlaD, SeaMermaid и 2 други им се допаѓа ова.
  14. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Тие антигените тестови, од аптека, се пријавуваат некаде?
    Знаат дали е позитивен или не?
    Гледам во последно време редовно на нив излегуваат позитивни, а никако ред не се води да се пријават и да си седат дома
     
    На H.VAGA, cresa-jagoda, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Babyy..

    Babyy.. Нов член

    Се зачлени на:
    24 август 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Не ја гледам логиката во меркиве и сеттификатите,ако се толку многу вакциминирани како што покажувааат бројките зопто се потребни вакви мерки зарем не е стркнато веќе имунитет.Праат кампањи вакцинирај се ова она и само приморуваат за нешто што е личен избор исто ко да кажам напиј се вода за мене секој си одговара за себеси и ниедна мерка нема да го промени тоа државата треба да одлучува и донесува одлуки во корист на сите а не само за нивните потреби и прљави работи,ужас какво време дојде и уште што друго ќе трпиме од оние кои се "над нас"
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.880
    Допаѓања:
    142.730
    :bow::bow::bow:
     
    На happygirl, cresa-jagoda, ivi1987 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    No offense taken :hug:

    Не би ги вратила сега.
    Пишав некаде на темиве, дека начин е сите да се ванцинираат, па откако и последниот ќе се вакцинира уште 2-3 недели да има рестикции (да кикне имуниот одговор) и ќе ги донесиме бројките на 0 (нула)

    Уште стојам зад тоа дека поарно е за децата да одат на школо, ама за некоја недела, ќе гледаме полни болници и ќе се чешаме. Тајмингот е шит.

    Сите знаеме, дека ќе тераат ко шо им швркнало и нема сила шо ќе ги премисли.
    Лани сите се бунеа за онлајн наставата, ама ја истераа по нивно.
    Годинава сите се бунат за физичката настава, ама ќе ја истераат и таа по нивно.

    Не знам која им е логиката позади...
    Дури ко за инает изгледа: 'На ви физичка настава, не се вакцинирајте, испоразболете се'

    Затоа и пишав во постот:
     
  18. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.762
    Допаѓања:
    176.146
    Пол:
    Женски
    90% од докторите размислуваат ИСТО!
    Ама па шо разбираат они:(
    Нивна работа е да лечат , да не смеат да останат на боледување, да може да искористат само недела дена лански одмор.
    Да не се мешаат у политика и закони.
    За тоа си има политичари, кои фала богу се врховни експерти
     
    На azelea, H.VAGA, happygirl и 5 други им се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Си заминаа иселениците, свадничките си продолжуваат. Имат врски ресторанчето, може и невакцинирани. Ќе појдеме, како нема да појдеме, чест да направиме...
    Нека ви е со среќа бракот, ама је*ено 32 починати, за весеље ви дошло. Мене у кафиќ не ми се оди кај што седат едвај двајца, не па на свадба. Не бе, мрднати сме скроз.
    Ако де, имунитетот од прележување бил поголем. Ете индиректно тоа сака министерчево да ни го каже. Пуштено е сите да прележат, како природниот имунитет нема нигде.

    Сакам информации со што се лечат пациентите на клиникиве. Ова веќе е надвор од секоја логика и разум.
     
    На azelea, GirlRose, noteforself и 10 други им се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.324
    Допаѓања:
    28.127
    За жал не. На совест е оставено
     
    На malerozna, cresa-jagoda, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.