Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    32 починати???
    :o
    Па луѓе ние на почеток на пандемија сме. Ова прв или четврт бран е?
    Страшно..
     
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.803
    Допаѓања:
    145.394
    Не.
    Не ни веруваат дека се позитивни. Настинати се од климата и пивото.8)
    Ама важно се тестираат и шетат после како ништо. И по свадби одат.
    А не знам само како уште се прават, барем кај нас, се е фул.
    Нешто слично како Тетово сме.
     
    На Ivan4e04, malerozna, azelea и 17 други им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Од кој бараш разум?
    Вчера у фирма кај што работи мој близок член од фамилија мораше да биде тестиран заедно со сите останати колеги од канцеларии пошто еден вработен цела недела одел со симптоми на работа и клукал парацетамоли.
    Не било корона, настинка било, корона не постои.
    Потврдиле уште 3 кои се заразиле од него а делат канцеларија.
     
    На Ivan4e04, azelea, fana и 10 други им се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    35.419
    Пол:
    Женски
    Луѓе деца мораат да се вратат во школо. Сите истражувања покажуваат дека децата во онлјан настава многу заостануваат со учење. Назадавуаат а не напредуваат. Сите земји со добри резултати ги држеа училиштата што е можно подолго отворени. Први се отвораа, последни се затвораа. Ние обратно направивме и еве не помогна ништо во ситуацијава. Нема школи отворени има огромни бројки. Не е до школите. До сите нас е.
    Во ваква ситација сме зашто кафиќи и ресторани се пред се и над се. Ах и кладилници. Ако нема тоа ќе поумреме мислиш. Побитно е тоа да биде отворено од школите. На децата им треба фокус, насочување, нешта кои дома пред екран не можат да ги постигнат. А за непазење ред, па сега помалку се пази ред кај средношколците. Преседеа по паркови, на журки, во викендички едни кај други. Не сите, ама прилично голем број од нив. Школото нема нешто мнгоу да смени од тој аспект.

    За бројките на заразени и починати немам зборови.
     
    На Kitten, Ivan4e04, azelea и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    9.413
    Пол:
    Женски
    Ова дека од нас зависи и те како е битно. Цело време ова го повторувам, од прв ден на пандемијава. Колку и да имаат одговорност влади, работадавци, сепак секој треба да преземе одговорност за себе.
    Во таа смисла, сега кога ќе почнат во училиште, ова треба да им е јасно и на сите што ќе влегуваат во училиштата. Да ги следат протоколите колку можат повеќе во училиште ама и да бидат одговорни и вон работното време што прават и да не се изложуваат на ризик. Не само заради себе туку зошто имаат плус одговорност да ги заштитат прво директно колегите и децата а второ индиректно и нивните семејства.
     
    На g8lQQk, tina2018, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Речиси се' што напиша имам и јас помислено.
    Толку нелогичности што мислиме дека дури од инает се меркиве. На моменти се прашувам дали тие забегаа со одлуките или јас со самото тоа што сум си помислила дека од инает прават.
    Не мора да се отворат школите за да се преполнат болниците кога веќе се. Се надевам дека ова со школите е само "мамка" за вакцинација, како што спомна некој погоре, во спротивно стварно имаат намера да не' истребат со се' веселби и се' дозволено во моментов.
    Вистинска контрола врз ситуацијата имаа само првите 3 месеци од пандемијата, се' понатаму е за*бавање.

    Ќе смени. И да се во мал број, има деца кои стварно се однесуваа посериозно и поодговорно од возрасни и си почитуваа и мерки и протоколи и се'.
    Сега владата многу убаво им возвраќа на тоа со принудување да седат по 8 саати со оние од кои се пазат.
    И што испадна работава? И онака веќе е лоша состојбата нека иде уште полошо...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.555
    Допаѓања:
    191.668
    Откако вчера дозволија работа на угостителски објекти во затворено, спремни се и за нови ,,олеснувања,, за бизнисот. Еве вака одат вестите...
    upload_2021-8-25_12-10-30.png
    Стратегија- гасиме пожар со турање бензин:|
     
    Последна измена: 25 август 2021
    На fana, cresa-jagoda, Lima24 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    126.958
    Пол:
    Женски
    А од кај знаеш каде се заразило. Не било вакцинирано, подолго време било на кислородна подршка, 2 дена на респиратор и толку. Од една страна зашто не пуптаат прележани, сега и тоа што вели Битиќи дека ќе дозволи ако комисијата одобри и тоа не ви чини. Ај договорете се еднаш.
    Него таму кај тебе како е стање?
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Дали некој од антиваксериве што ги шират заговорите за чипови, магнети, 5г, здравје преку игла не влегува, и зјапање во сонцето, што палат маски и што кажуваат дека вирусот не постои и дека не прскаат во воздухот со нешто, што бараат состојки на вакцините, и кажуваат дека жените нема трудни да можат да останат, и дека вакцинираните ќе умрат за некој месец, дали еден барем од нив се осеќа виновен што шири таква тешка пропаганда и заради која некој ќе мисли дека нема корона, дека од климата му е, и ќе се шета со вирусот наоколу, ќе зарази еден куп луѓе и на крај и самиот ќе умре. Зашто народот слуша што комшијата ќе каже, а не гледа дека матичниот доктор веќе му се вакцинирал, и специјалистите што го следат се вакцинирани. Ама стерилен нема да биде. Мртов ќе биде.
    Одговорност од министерот и од владата за никаквите мерки кои доведоа до оваа состојба. Одговорност од проклетите заговорувачи и активаксери кои свесни се колкава публика ги следи и упорно трескаат глупости како да се светски вирулози. Пумпајте си ги усните и цицките и не јадете г*мна за нешто што врска си немате. Зјапајте у сонцето сами, ослепете ако сакате, не стварајте самоубиствени секти
     
    На 24.07, noteforself, Ivan4e04 и 22 други им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    35.419
    Пол:
    Женски
    Ако рестриктивните мерките потраат ќе има финансиски пакети за помош на угостителски објекти. Не знам како е тоа турање бензин. Повеќе е гаснење пожар (економски пожар).
    А за тој починатиот од 21 година треба да се испита што и како се случувало.

    Инаку во вести за Велика Британија која мене ми е некако статистички релевантна заради процентот на вакцинација и користење различни вакцини генерално е намален процентот на умрени во споредба со претходните бранови (иако сега им е комплетно отворена економијата без рестрикции). Повеќе умираат тие под 65 во споредба со тие над (тие над се вакцинирани во поголем процент). Умираат и вакцинирани и невакцинирани, ама стапката на смртност е помала: Covid claims 100 lives a day on average across the UK, statistics show | Coronavirus | The Guardian.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Па нормално ако ти ја затворат кафаната со разни мерки дека ќе бараш да ти понудат пакет некој.
    И тоа ли нечини??!
    Нека платат придонеси и минималец на вработените во угостителскиот секторз доволно е..
    Туку...те прашаа а не одговори, а дискутираш- какобе кај тебе во твојата земја каде престојуваш, барем истакни позитива и негатива.
    Доста критикуваш за Мкд "акции", пиши како некоИ си таму правилно се справуваат:)
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.555
    Допаѓања:
    191.668
    Со кого да се договорам?
    Што е тргнато на подобро за да пуштат кафани во затворено да работат? Која е логиката?

    @JoyJoy вака изгледа пожарот. Двата големи пика се ноември 2020 и март 2021.
    upload_2021-8-25_13-21-45.png
    Што знам, ми го истренирале мозокот дека кога пикот расте, мерките се порестриктивни, не олеснувачки ама па не мора така да е правилно:?:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    35.419
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata ја знам статистиката. И сега има пик. Кај и да ќе ги стигне тие од Ноември и Март.
    Инаку мерките не се неристриктивни. Намалуваат движење по молови и и затворени простори и намалуваат седенки и журкање по кафиќи. И помалку свадби и веселби има (зашто не може да ти дојдат невацинирани гости). Затоа и најава за економски пакети за помош. Помалку луѓе има. Кај мене во комшии секоја вечер пред меркиве имаше журка со гужви како пред пандемија летово. Сега нема. Значи има луѓе и по молови и по ресторани и по кафиќи, ама нема журки, огромни свадби и слично.
    Е сега тоа што има луѓе што се осмелуваат со една доза вакцина да се распиштолат тоа е на нив. Знам за случај што после вакцинација со две дози престанал да носи маска и се заразил (во Сбрија ова) и сега вика сам сум крив јас не пазев (лесно прошол заради вакцината). Лесно кај нас се опуштаат луѓето. Такви сме. А тешки локдауни ќе не уништат економски.
     
    На Ang_ela, LejlaD и referentka им се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    На Ang_ela, NarCis@, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.166
    Допаѓања:
    17.584
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека меркиве се супер, уште да работат на затворено и топ, ко преживи причаче.
     
    На cresa-jagoda и venus♡ им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    126.958
    Пол:
    Женски
    ма какви супер, јас би лупнала еден месец лок даун па да се среди под контрола. Ама јас сум повеќе за ригорозни мерки и не сум репер за да ме прашуваат. Инаку на овие бројки, на смртноста на се по ред... Ама пак ќе кажам не сум јас таа што треба да одлучува. Свадбите, концертите, се беше пуштено на најјако е па сега тражили сте - гледај те. Нежни кокичиња беа, им фалеа кафани, свадби све по ред.. Ете ти.
     
    На noteforself, Ang_ela, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    "Заклучно со 22.08.2021 вкупно се регистрирани 351 реинфекција (една втора реинфекција). Од вкупно пријавените лица обработени се податоци за 72,4%. Од обработените податоци, 183 случаи (72%) во текот на реинфекцијата пријавиле појава на симптоми, а 16 (6,3%) случаи биле хоспитализирани. Пријавени се 22 (8,7%) случаи на реинфекција по комплетна вакцинација."

    Од извештајот на ИЈЗ објавен завчера.
     
    На Ang_ela, LejlaD и green.eyes им се допаѓа ова.
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    35.419
    Пол:
    Женски
    Извештајов е за цела држава претпоставувам. Бројкиве се од вкупните заболени во одреден период или како. Ова чисто за да видам колку проценти се реинфекции од вкупниот број.
     
  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски

    Знам дека има реинфекции, реторичко беше прашањето :D Освен тоа што се преценува сигурноста што ја дава вакцината (луѓе од типот, се вакцинирав и не ми треба ни маска ни растојание), уште повеќе се преценува природно стекнатиот имунитет (прележав на нога, топ не ме бие). И двете крајности се многу погубни. А има многу голем број од двата вида, за жал.
     
    На Yowannty, Ang_ela, oblace1 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Да, ова е за цела држава од почетокот на пандемијата претпоставувам, а она што @green.eyes го сподели (го има во извештајот на ИЈЗ), е исто за цела држава, но во периодот 16.08- 22.08 2021.
     
    На LejlaD и JoyJoy им се допаѓа ова.