Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    13.949
    Пол:
    Машки
    Во Скопје, журки има нон-стоп. Особено оние од затворен тип но, не по дома, туку во кафичи само за одбрани гости и тоа преку цела година. Сите се меѓусебно поврзани и никој ништо не им може.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, Justicija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    После други ќе обвинуваме.
     
  3. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    Во Тетово нема термини за тестирање, нема ни тестови нема ништо...
    Брат ми има симптоми најверојатно е корона, температура, кашлање, болка во мускули, а за сите дома 5 души да се тестираме треба приватно 10.000 денари да дадеме.

    За што плаќаме осигурување и сега што ќе правиме не знам...

    сигурно ако на некој му се слоши ситуацијата и кревет нема да има, така да.. еве зошто плаќаме цел живот здравствено..разочарана сум скроз.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.234
    Допаѓања:
    189.432
    Еден нека се тестира, тој што има прв пријавено симптоми. Добро, а доктор нешто, некој да ве следи?
     
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.932
    Допаѓања:
    36.831
    Пол:
    Женски
    И? Кој е крив за ова? Народот ли? А власта кај е?!!!
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    Имаме нормално, ама вика нема ниеден термин за тест, не може тука да ни помогне.
    Ќе ги сними белите дробови, ќе извади крвна слика, ќе видиме.
    Тест мора приватно, па макар само он.

    А ако случајно некој од моите пројави симптоми, не знам ни дали ќе ги примат во болница без позитивен тест.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.234
    Допаѓања:
    189.432
    Состојбата со корона во светот- секција Балкан- епизода вакцинација (помалку или повеќе задолжителна). Септември 2021.

    Ко ќе се наредат вака, една под друга вест, има ли потреба за коментар?:?:
    upload_2021-9-2_12-50-11.png
    Грција- Вкупно 5.895 грчки здравствени работници кои работат во болниците кои не се вакцинирани, добија или ќе добијат неплатен одмор, откако стапи на сила владиниот закон за задолжителна вакцинација против корона на сите вработени во националниот здравствен систем, јави грчки скај ТВ.

    Србија- Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека воведувањето задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници ќе отвори други проблеми за Србија и на крајот ќе ја доведе земјата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

    :|
     
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    35.354
    Пол:
    Женски
    Притискајте го матичниот за да најде термин. Ако треба и во друг град. Лесно се стига до Скопје ако треба. Вака само ќе загрози и здравје на други при снимање. Ако е КОВИД треба да се снима во посебен дел од болницата., не да чека со луѓе што чекаат да се снимаат од други причини. Матичниот треба да ви најде термин.

    @JuLleE не знам што си чекала до сега, ама трк на вакцина. Ако немаш антитела по прележување обавезно вакцинирај се. За твоја заштита е. Ние сите дома имавме антитела по прележување па брзо брзо до Србија се заакавме пролета на вакцина. Не чекај ич.

    Ова кај нас испадна тешко нас. Од една страна анти-ваксери и неверници во КОВИД прават свадби и журки, од друга страна дел оф овие со Фајзер шират Ковид ко луди. Знам до сега за ри случао со Фајзер што имале „настинка“ и кога губат мирис тек тогаш се тестираат. До тогаш се шетаат без гајле, Фајзер имале примено па шанса немало Корона да закачиле. Стварно сме неписме бре. Не знам како не читаат дека вакцината нив ги штити од тешка слика (и кај Делтата 66% после три месеци од зараза, а кај другите соеви е до 95%), ама дека сепак може да се заразат и да шират вирус понатаму. Стварно не ми е јасно тикви или глава на рамена носат бре.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  9. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.955
    Допаѓања:
    2.200
    Zosto site da se testirate?
    Ako site image simptom zosto da frlate pari za testovi Eden neka proveri pa kje znaete.
    Sto park drzavava se Napoli or testovi,a trebase bsplatni da bidat.
     
  10. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    Матичната го прати на тоа снимање, во упатот пишува дека е позитивен на рапид тест, а и мора да се снима зошто многу кашла, не знам зошто ваков коментар дека ќе ги загрози другите што се снимаат за друго, сигурно никој нема да го пушти така да се шета кај сака по болница, туку по инструкции одиме.

    Нема термин, едноставно нема, се е фул... и тоа може да се случи и се случи. Не е матичната против нас, да имаше ќе најдеше.
     
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    А самосвеста кај народот?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    35.354
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против вас. И ние имавме сите КОВИД и мајка ми снимаше плуќа. За тие што имаат потврдена дијагноза од КОВИД има посебен оддел за снимање за да не се мешаат со други пациенти. Зашто ако не се одделни може да ги загрози другите особено ако кашла. И особено ако некој чека да се сними од сосема друга причина (пример операција на нешто друго) и е фрагилен во моментот. Не пишав од памет или од ракав. И стојам на тоа дека ако не го пратат во посебниот дел за КОВИД пациенти ќе ги загрози другите. Не по негова вина, ама ќе ги загрози.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, mkdvesna и 4 други им се допаѓа ова.
  13. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    Па затоа матичната го заведе како позитивен на рапид тест, како што и пишав погоре за да го пратат во посебно одделение.

    Сигурно знаат што прават, и пак ќе кажам, не одиме на своја рака одиме по инструкции.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.330
    Допаѓања:
    19.739
    Пол:
    Женски
    Само тие со Фајзер што се шират Ковид?
     
    На WildMk и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  15. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    @An-na Гледам дека секогаш други ви се криви на одредена група овде на темата.
    Кај е самосвеста бе на народот? Со кој памет се пикаш и одиш на журки и утре плукаш по владата?
    Со кој памет организираш журки?
    Две години пандемија, некои уште инат водат.
    Утрово у дисконт, 4 5 муштерии плус продавачот не носеле маски, случајно доаѓа инспекција, газдата го казнуваат 2000 евра, муштериите исто така не знам по колку кажаа, плус се бунеле муштериите, па им викнат полиција.
    Не носење маски, не веруваат во вирусот, праваат протести, доктори убијци не знам што не знам каде, одбиваат вакцина.
    Кој те тера да идеш на журка?
    Има вина и во влада, не викам не, ама не е народот цвеќе за мирисање.
    Шо сакаш кажи.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, neno0o и 4 други им се допаѓа ова.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    35.354
    Пол:
    Женски
    Не. Сите шират. Само дел од тие што се со Фајзер мислат дека ја примиле најдобрата можна вакцина што апсолутни ги штити од Ковид и се однесуваат комплетно ноншалантно. Не сите што примиле Фајзер, само дел. До сега знам за тројца такци што се шетале со блага настинка за да испадне дека имаат Ковид. Заразиле уште 10 души додека имале блага настинка. Само затоа што верувале дека вакцината ги штити комплетно и потполно од зараза. Затоа што не биле вакцинирани со „кинески глупости туку со Фајзер и се вакцинирале за да живеат слободно“ (вака некако сите тројца кажуваа). Не знам како не се сфаќа дека примаш вакцина за да се заштитиш себе си и другите околку тебе, ама само ако се однесуваш одговорно. Дека не примаш вакцина за да се шеташ кај ќе ти прдне на газот и потоа да мислиш дека си скроз заштитен.
    Инаку многу луѓе што се вакцинирале со Фајзер се вакцинирале за своја заштита и сеуште се однесуваат договорно, ама овие што се вакцинирале зашто мислеле дека после тоа куршум нема да ги дупи се исто толку опасни за ширење Ковид колку и анти-ваксерите. Тоа ми беше поентата.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    8.565
    Пол:
    Женски
    И на што личи вакво селективно применување на мерките?

    Кај е таа инспекција што ја зборуваат дека врши проверка на терен последните три дена? Случајно го заобиколила Интермецо и сличните забави? Корона епа корона.

    Не може едни локали да работат турбо без никакви мерки, а други да затвараат зашто работат по мерки и протоколи.
    Треба да се дигнат угостителите на протести додека не се спроведуваат мерките рамноправно.
     
    На cresa-jagoda, x-MajaEsposito-x, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    5.317
    Пол:
    Женски
    За жал во право си , може почна негативната репутација на фајзер дека е нова иновативна, сеа прерасна у бизнис и фалбаџиска работа ако примиш.

    Ја не барав ниедна , свеедно ми беше која, фајзер имаше само у борис тоа и прифатив. Ама ни у еден момент не симнав маска,( по две хируршки или н 95 со хируршка) напротив носам маска од момент на искачање од дома до враќање.

    Државваве е крива , место да прават апдејт( прес) за секоја вакцина , што може да се очекува после 1&2 доза, до кај се сите студии, но ништо! А народов фала богу го мрзи ѓубре у канта да фрли не па да гугла и да мисли…
     
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    35.354
    Пол:
    Женски
    Јас само сакам сите одговорно да се однесуваат и да почитуваат мерки за заштита. Нема врска со тоа дали се објавуваат или не резултати од студии. Проста логика е. Носи маска, изолирај се ако имаш симптоми. Направи рапид тест ако веќе не сакаш да правиш ПЦР.
    Стварно не би сакала ниту една вакцина да добие негативен статус зашто тоа не помага туку одмага во борбата со Ковид.

    Инаку знам во Србија другар што исто се испонаша со Спутник (иститте зборови со Спутник се вакцинирав не со кинеската) и се зарази и лично добро помина ама заразил стари луѓе што завршија во болница па му беше криво. Само кај нас најголемата разлика е Фајзер и Синовак зашто такви имаме најмногу администрирани до сега. Тие што примиле Синовак се пазат зашто нели слаба вакцина примиле, поголемиот дел од тие со Фајзер исто се пазат, ама дел од Фајзеросаните се пуштени како кучиња од ланец.
    За за ѓубрето не ни сакам да зборувам.
     
    Последна измена: 2 септември 2021
    На Hisha му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.449
    Пол:
    Женски
    Па зато се земаат 2 бриса и од нос и од грло....а не од јазик ко кај мене....

    Исто никој не ја спомнува контаминацијата за време на изолација..... ама тоа е наука, наука не полни буџет
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.