Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Може и бактериско со инхалација со антибиотик, со гентамицин најчесто. Инаку ако не е бактериско, даваат само кортико, за да се намали воспалението.
     
  2. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.663
    Допаѓања:
    5.832
    Кортико се дава исклучително претпазливо поготово кога телото се бори со вирусот. Кортико го супресира имуниот систем и може да направи беља. Меѓутоа се покажало ефикасно во подоцнежните фази на болеста поготово кај пациенти со тешка слика. Ова го пишувам со цел да не си земе некој на своја рака да пие.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.008
    Пол:
    Женски
    Јас не пиев антибиотик, ама пиев виростатик. И мислам дека тоа многу ми помогна да се ограничат симптомите на два дена течење нос и поткашлување.
    Пијам и витамин Ц, д3, аспирин, цинк, NAC, Liver Care, прскам Тафен назал во носот. И се боцкам со фраксипарин. Тоа е мојата терапија, ништо на своја рака не зедов.
     
    На jacqueline.s, LejlaD, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.390
    Кој виростатик го пиеше? Нас овде ништо,ама баш ништо не ни дадоа, освен совет парацетамол. Веќе не знам што е ок. Ништо не сум испитала освен антитела постфестум.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.008
    Пол:
    Женски
    Фавира (фавипиравир).
    За секаде во странство слушам така, дека само со парацетамол и течности се лечат.
    Кај нас одма антибиотик даваат матичните, и мене мојата ми рече да земам сумамед на црп 20. Ама не зедов.
     
    На friendy, azelea, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    145.269
    И моите го пиеја.
    Направија почетничка пневмонија и со него.
    Како и да е, реагираа на терапијата веднаш, па поминаа добро.
    Без хоспитализации, паѓање на сатурација. Брзо се среди.
     
    На mal.ecka, LejlaD, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    258.604
    ЦРП 10 е нормално, докај 50 може да е вирусно, а потоа се давало антибиотици. Вака наш другар доктор кој не е во Мк ни кажа.

    Сестра ми доби Оспен оти ја болело грлото. По телефон. Димери немало зошто да испитува се додека нема отоци.
    Ако отече, тогаш.
    И дадоа изолација од 10 дена, а она уште е со симптоми.
    Крвна слика обично им прават кога ќе излезат од изолација.
     
    На ALISA0000, mal.ecka, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Во тетовската полиција било пријавено дека ноќеска од Клиничката болница во Тетово едно лице дошло и без одобрение го зело телото на својата мајка почината од Ковид-19.

    Според информации од полицијата, ноќеска десетина минути по полноќ, вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека петнаесетина минути пред тоа едно лице дошло, го зело и потоа во возило „форд“ го ставило телото, наводно на својата мајка, а која претходно починала од Ковид-19 и со возилото се оддалечило од местото.

    Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, велат надлежните.
     
    На ALISA0000 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.494
    Пол:
    Женски
    А, вакцината? Не сметаш дека вакцината ти помогна? :?:
    Многу терапија како за вакциниран кој би требало да помине со лесни симптоми. :(
    Дека не штити од зараза знаеме, ама бар мислевме штити од потешки симптоми ама и тоа знак прашалник :doh:
     
    На mKdevojce и LejlaD им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    „Ништо не земам за два дена нос течење и поткашлување, освен..."и реди еден куп ствари. Без зборови.
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.219
    Допаѓања:
    189.376
    Па еве и овие од @ALISA0000 се со вакцина и тоа со фајзер.
    Терапијата башка приказна:x.

    @JuLleE кај мене до 30црп за дете не даваат антибиотик.
     
    На azelea, LejlaD, ALISA0000 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.663
    Допаѓања:
    5.832
    Завлечени во трагедијата што се случи во Тетово, никој не обрна внимание дека вчера почина 18 годишна девојка од ковид, во денешната статистика 23 годишен пациент заведен како починат, 30+ годишни починати ни се секојдневие. Пожарот во тетовската болница е огромна трагедија и ги полни насловите и го распалува гневот на луѓето. Се прашувам зашто станавме рамнодушни на сите оние млади што починаа во оваа година и пол, поготово во овој бран. Зашто обвинителството не се заангажира да отвори истрага зашто деца ни умираат од ковид. Земја со највисока смртност сме побогу, мора да правиме нешто погрешно и некој мора да одговара за тоа. Оставките нема да ги вратат мртвите ама истрага можеби ќе донесеше некои заклучоци како да превенираме нови.
    Жал ми е за Венко, верувам дека ќе направеше повеќе ако не престанеше да носи одлуки како доктор и не потпаднеше под влијание на политиката. Се надевам дека луѓето ќе ги казнат на избори прво светците од ДУИ, што никогаш не поднесоа одговорност за ниедно срање што влијаеше на пандемијата, а потоа и оваа неписмена багра што себеси се нарекува партија на власт.
     
    На oblace1, azelea, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.008
    Пол:
    Женски
    Сигурно и вакцината имала удел, јас немав тешки симптоми пред да почнам со терапијата, можеби така и ќе останеше, не знам. Ама докторот ми ја знае семејната историја, самиот ми кажа дека димерите ќе ми се проблем, па затоа е добро да си ја почнам. И дека требало да проверам димери после вакцината, ама тогаш немаше кој да ми каже.
    Витамини се целата терапија освен аспиринот, сите ги пиете и онака ко бонбони, превентивно.
     
    На azelea, LejlaD, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    90.537
    Пол:
    Женски
    Вакцината не смее да се земе здраво за готово,дека нема ништо да биде комплицирано.
    Еден од пациентите што се спасуваа во тетвската модуларна е доктор вакциниран ,а со денови на кислородна подршка.
    Затоа пазење пред се.
     
    На LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Во Германија на 2ри септември 13 950 нови случаи, починати 37.
    Кај нас на 2ри септември 760 нови, починати 23.
    Онака ја зедов Германија за пример.
    Има ли објаснато некој на што се должи оваа смртност? :?:
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    258.604
    Алиса, овие заразените што ми се, двајца вакцинирани, едниот е со преживеан инфаркт, поминаа ко од шала буквално.
    Сестра ми антиваксерот, ете ја 10 ден е болна.
     
    На LejlaD, ALISA0000 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.219
    Допаѓања:
    189.376
    Ама им дадоа ли антибиотик?8-|
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Нели е сестра ти прележана и не фати, мислам така пиша пред некој ден?
     
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    258.604
    Они доктор не гледаат, антибиотик сакаш.
    Сестра ми доби само Оспен оти ја болело грлото. Овде омилен им е Оспенот:D
     
    На mal.ecka, LejlaD и Biljarkata им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    258.604
    Две сестри имам:)
     
    На mal.ecka, LejlaD и mimiiiii им се допаѓа ова.