Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    5.766
    Пол:
    Женски
    Некои не може да си дозволат приватно.
    Некои немаат автомобил.
    Некои не умеат да возат.
    Некои не можат да возат.
    Треба се да функционира за секого.
    И онака запустеното здравство се дозапусти.
    Пред 40 години сме имале далеку пофункционално здравство од денес и ова е од искуство од постари доктори, вклучително и мене блиска личност. Не ме изненадува зошто народ порадо на алтернатива ќе се сврти отколку на доктор. Не ги разбирам оние кои плачат по фејсбукон за Филипчета, не ми се ни отвора деновиве од бљувотини, после луѓево нема да можам во очи да ги погледнам. Ќе бидам брутална, го бранат и некои кои изгубија близок во кризава, по болниците...
     
    На Rama, VDT2906, neno0o и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.646
    Допаѓања:
    175.056
    Пол:
    Женски
    Е тие - тие ич не можам да ги сварам.
    Правда за Филипче бе!!!(facepalm)
    Што им прават по штабовите да ми е знати.
    Стварно не можам да се изначудам коа ќе прочитам како го жалат, бранат...па и да штрајкувале бе сакаат!
    Господе, дај им памет!!
     
    На azelea и LejlaD им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.425
    Допаѓања:
    40.896
    Пол:
    Машки
    Исто и мене не ме прати на тестирање, иако си имам медицинско досие.
    Ми даде витамини, супи, сируп за кашлицата која ја развив. Температура немав, па ми рече ако качам да се напијам парацетамол. Мирис немав 2-3 дена.
    За мирна глава ми сугерираше да земам брз тест, излезе негативен и рече: "Ете, ти реков дека не е корона, уживај, настинка ти е."
    Ова беше меѓу 2те дози вакцина, па може и тоа влијаело.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.007
    Пол:
    Женски
    Не било корона дефинитивно. Мирисот не се враќа за 2-3 дена без разлика дали си вакциниран или не, плус затнат нос кај корона е поразлично од затнат нос кај секоја друга настинка.

    И јас немав температура, ни други класични корона симптоми, освен губењето на мирисот, најверојатно дека кај мене вирусот остана во горни дишни патишта, не се симна надолу фала Богу, за што удел има и вакцината, а верувам и терапијата.
     
    На mal.ecka и Billy Idol им се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Не знам што им е на матичниве сега што не праќаат луѓе со симптоми за тестирање?! Дали дека се чека многу за термин за ПЦР или што е причината?
    А пред една година сите ги праќаа на ПЦР, само да се пожалат на некој симптом, одма закажуваа...
    Ќерка ми летово нешто не беше добра со температура, со нос затнат, растечен, нејзината матична мислеше дека нема потреба од тест. Јас приватно и направив ПЦР. Негативна беше, за среќа.
    Ама без тест, кој може да биде сигурен?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    И во моја блиска околина познавам луѓе кои покрај симптомите не ги пратија на тест. Поточно летото беше ова. Цела фамилија им беше со температура и омалаксаност ама не се тестираа. Си останаа во изолација. Дали немаше тестови тогаш или што беше работата не знам само знам дека самите бројки на заразени беа прилично ниски цело лето до август.
     
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Нека ти закаже матичната и за ПЦР тест, ако досега не си закажала. За да те регистрира како болна од ковид, да ти дадат решение и што е најбитно треба да ти ги следи симптомите. Ако ти не се јавуваш, матичниот треба да ти се јавува и да те контролира. Бар вака за моите домашни правеа нивните матични. Зависно од состојбата на пациентот, може да побара одредена дијагностика да се направи. За почеток побараа општа крвна слика на пример. Може да побара да се испитаат дополнително во крвната слика и седиментација, ЦРП, д-димери, ензимски статус и сл. Ако има респираторни проблеми или подолго време температура прават и рендген, за да видат дали има пневмонија. Значи треба да следите симптоми, да мерите температура секој ден, без разлика како се осеќате моментално, (ако имаш респираторни проблеми, се следи и сатурација). Треба да реагираш кај матичниот ако има билокаква промена или влошување и тој да реагира соодветно со терапија. Ако смета дека има потреба и од специјалистички преглед, препраќаат и на инфективно, во амбуланта.
     
    На Ambrosia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Очигледно и сега е истата приказна, судејќи според ова што го прочитав погоре. Еве сеуште има матични што ги советуваат да не прават тест. Тестови има, најверојатно нема време/термини зошто има навалица на пациенти. Термини слободни ќе ти најдат дури за неколку дена, недела...до тогаш што и да имаш ќе има прогресија некаква- или на подобро или на полошо. Испаѓа те остава сам да решиш зависно од тоа како ќе се чуствуваш...ако ти тргне на полошо, ти секако ќе направиш приватно ПЦР...
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    https://doktori.com.mk/2021/09/12/chekajki-go-godo/
    Убаво е да се прочита...


    Маж ми знаеш дека беше позитивен, пишував тука. Изгуби мирис и му се врати за три дена за разлика од мене што со месеци ни вкус ни мирис немав, и двајцата сме невакцинирани. А затнат нос имавме двајцата, баш како класична настинка или како синуси ко ќе ми се воспалат. Се затнува, па се одзатнува. Така да, нема правила. Кај сите различно се манифестира болеста.
    Читам и слушам во секојдневие, многу се збори дека поради вакцините се многу лесни симптомите. А не е баш така од тоа што го доживуваат блиски луѓе. На блиска родителот и почина од корона, а уредно вакциниран со две дози. Друга две недели од кревет не можеше да стане, со димери до плафон, со наод на плуќа, со последици а вакцинирана со две дози фајзер.
     
    На LejlaD, fana, elenaklasik и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.425
    Допаѓања:
    40.896
    Пол:
    Машки
    Баш тие симптоми. Затнување, одзатнување. Дури и кога беше одзатнат немав мирис. Ама јас правев по 2 инхалации секој ден дома, чај, супа, витамини... Тие 2-3 дена никаков мирис не чувствував, дури ни парфем јак ако не ми е пред нос, што не е исто ако се синусите воспалени, цел живот сум со воспалени синуси и знам да ги разликувам.
    Кашлицата од друга страна не се смири 2 недели, иако се намали после првите денови.
    Може било, може и не било. Кој ќе каже... Ако е точен брзиот, не беше.
    Лошо е што не те праќаат на тестирање ако немаш поголеми симптоми, и те форсираат или ти на приватно да се тестираш, па ако е позитивен, или да си несовесен и да мораш да одиш на работа, школо, факултет итн итн.. Среќа јас имав слободни денови тогаш, па седев дома, во изолација. Ама повеќето не би трошеле слободни денови или намалување на плата за тоа, и се потенцијални ширачи на зараза. Затоа и се овакви бројките.
     
    Последна измена: 13 септември 2021
    На LejlaD и ivi1987 им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.935
    Допаѓања:
    130.264
    Пол:
    Женски
    Не губат сите заразени мирис и вкус.
    Нема правила.
    Ама,што има некакви симптоми важно е човек да се тестира и да побара лекарска помош.Со чекање може да си наштети.
     
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Прашање до тие што прележале.
    Маж ми си пие терапија што треба.
    Е сега, има ли нешто да му направам да му помогне плус на природна база што ви помогнало?
    Не можам да го гледам вака и само да седам, а не знам како да му помогнам.
    Температура на моменти крева, кашла, има болки во цело тело.
    Му варам чаеви, супи, правам витамински салати и пие витамини.
    Можам нешто плус да направам?
     
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.175
    Допаѓања:
    27.339
    Мед, лимони, ако е затнат може инхалација со камилица.
    Освен витамини може и некој минерал. Добри се оние Олигосел.
    Нека одмара само. Ако има и стомачни проблеми може пробиотик.
    Само овошје, зеленчук и поприродни намирници.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    5.766
    Пол:
    Женски



    Маж ми знаеш дека беше позитивен, пишував тука. Изгуби мирис и му се врати за три дена за разлика од мене што со месеци ни вкус ни мирис немав, и двајцата сме невакцинирани. А затнат нос имавме двајцата, баш како класична настинка или како синуси ко ќе ми се воспалат. Се затнува, па се одзатнува. Така да, нема правила. Кај сите различно се манифестира болеста.
    Читам и слушам во секојдневие, многу се збори дека поради вакцините се многу лесни симптомите. А не е баш така од тоа што го доживуваат блиски луѓе. На блиска родителот и почина од корона, а уредно вакциниран со две дози. Друга две недели од кревет не можеше да стане, со димери до плафон, со наод на плуќа, со последици а вакцинирана со две дози фајзер.[/QUOTE]

    Да се надоврзам. И јас имав ковид со уредно позиитивен тест и сопругот исто така во март со изгубен мирис кој се врати по три дена, дури кај мене по еден ден накратко се врати и го снема. Мајка ми не изгуби мирис. Имаме сите антитела бааги високи, па дури и покачени од последната проверка. Ова во време кога британскиот сој беше актуелен. Мислам дека и самата симптоматологија е варијабилна од сој до сој, зошто многу кои ги познавам и прележаа во овој период за брзо си го вратија сетилото за мирис.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.007
    Пол:
    Женски

    Сите различно реагираат... моиве после недела дена од први симптоми изгубија мирис, уште се во фаза на враќање на мирисот иако еве, месец дена помина од први симптоми. Јас од старт го изгубив мирисот, почна да ми се враќа на 8 ден од симптоми. Уште не е како што беше, и ќе видиме баш дали ќе се врати на старо.

    Инаку, од мене никој не префати фала Богу, не бев нешто посебно изолирана од мм и децава (големото прво го помина ковидов, па јас), само од старите се изолирав. Сите се вакцинирани уредно, и сакам да верувам дека вакцината помогна, ем ги заштити, ем мене ме поштеди од тешки симптоми и задржување на вирусот во носот.
     
  16. moni.poni

    moni.poni Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    85
    Дали примат во Waikiki (оној што е кај Порше Македонија)без потврда за вакцинација?
     
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.342
    Пол:
    Женски
    И јас кога имав корона 2-3 дена само не ми беше океј мирисот, одма ми се врати.
    Кај повеќето врсници и млади што ги знам што прележавме толку им траеше губењето мирис и вкус (секако секогаш има исклучоци) ама повеќето така со лесни симптоми проаѓавме. Настинка јас потешко имам проаѓано и повеќе денови ме држел затнат нос од конкретно кога бев заболена од корона, така да се е индивидуално, не значи дека немал корона @Billy Idol.
     
    На Billy Idol и Annath им се допаѓа ова.
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    8.458
    Пол:
    Машки
    Скоро кај сите млади најчест симптом е губењето на мирис и вкус. Братучедми го прележа Британскиот сој, без температура и други симптоми освен што немал вкус и мирис 4-5 дена.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Брат ми не изгуби мирис ама му се поремети. Му се гадеше од некои работи кои до тогаш му беа убави на мирис и вкус. И тоа 2-3 месеци го држеше.
     
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.342
    Пол:
    Женски
    Исто скроз, британскиот го прележав и јас. Температура немав, само губење на мирис и вкус 3 дена и затнат нос имав плус.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.