Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство на вакцини обезбедува глобални резерви.

    Во изјавата дадена за швајцарскиот весник Neue Zürcher Zeitung, Бансел вели:

    „Ако го погледнете проширувањето на производствениот капацитет во индустријата во текот на последните шест месеци, до средината на следната година треба да има доволно дози за да може да се вакцинираат сите на овој свет. Бустер дозите исто така треба да се земат предвид до одреден степен“.

    Вакцинацијата наскоро ќе биде можна дури и за новороденчиња, вели директорот на „Модерна“.

    „Оние кои не се вакцинираат ќе бидат имунизирани природно бидејќи делта варијантата е многу заразна. Во овој случај, ќе завршиме со ситуација слична на ситуацијата со грип. Или може да се вакцинирате и да имате добра зима, или може да не се вакцинирате и да ризикувате да се разболите, а можеби и да завршите во болница“, додава Бансел.

    На прашањето дали тоа значи дека враќање во нормала може да се очекува во втората половина од наредната година, тој вели: „Претпоставувам дека од денес за една година“.

    Директорот очекува владите да одобрат бустер дози од вакцината за луѓе кои се веќе целосно вакцинирани, бидејќи на ризични пациенти кои биле вакцинирани минатата зима, како што кажа, несомнено им треба освежување.

    Бустер доза на „Модерна“ е половина од оригиналната доза на вакцината, што значи дека ќе има повеќе.

    „Со половина доза ќе имаме 3 милијарди дози на располагање ширум светот за следната година, наместо само 2 милијарди“, објаснува Бансел.


    ©Makfax.com.mk
     
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.417
    Допаѓања:
    22.664
    Пол:
    Женски
    Без термини за тестирање кај нас ќе трае уште долго.
    Ај ние што можеме да останеме дома, нормално ќе седиме, ама има некои што нели нема термин за тест нема да си плати на приватно, а отсуство никој не оправдува.
    Отсуство,плус приватни тестови, отиде цела плата ...
    Еве јас ќе седам дома, ама маж ми нема основ за отсуство од работа. А од дома не може да работи.
    И замислете колку вакви случаи има.
    Уште поголема глупост е дека нема изолација за вакцинирани.
    После касно оделе во болница,не слушале и слично....
    Здравството ни е ужас.
     
    На marchi-cool, IRBBB, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Баш. Вакцинираните што мораат да одат на работа, а дома имаат позитивен член на семејството, се во многу глупа ситуација ставени. Ако развијат симптоми и добијат термин за ПЦР тек по една недела, за да седат дома и да не шират наоколу ќе треба да пишат боледување за цела таа недела, претпоставувам. Како им ги пишуваат матичните, на кој основ, дали како суспектни на ковид или не, не знам. Да не зборам што додека не добијат позитивен резултат од тест за ковид, реално не се потврдени случаи и не мора да седат дома. Значи се остава на нивната совест и одговорност (ова видовме колку го имаме) дека ќе седат дома. Дури и да не развијат симптоми, трчаат и на работа и дома се грижат за болен. Луѓе што се во ваква ситуација кажуваат на работа колегите ги гледаат како темпирани бомби и ги избегнуваат, се плашат да не се во период на инкубација па да им пренесат. А имаат ситуации кога не може физички да се оддалечат заради самата работа. Некогаш мора и заедно во службено возило да влезат и да работат во исти простории. Многу глупаво.
     
    На marchi-cool, IRBBB, fana и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.214
    Пол:
    Женски
    Ко за пред избори некако почнаа да опаѓаат бројките8) мислам, Дај Боже да опаѓаат вистински, ама сигурно камуфлираат за фотељичка|(
     
    На IRBBB, fana, INNERBEAUTY и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.205
    Допаѓања:
    189.288
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.199
    Допаѓања:
    258.494
    Па логично беше да сменат нели. Инаку за прележани им важи една доза од вакцината само во Словенија.
    Втора секако мора да примаат.
    Премногу притиснаа, и на тој начин и се јави интерес кај народот џа вакцина. Всушност го присилија.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2021-09-24-14-31-34-1.png

    Screenshot_2021-09-24-14-32-24-1.png
    Тоа се тие неколку нормални држави кои се помирија со фактот дека нема бегање од вирусот.
     
    На marchi-cool и fana им се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    41.783
    Пол:
    Машки
    На green.eyes, mal.ecka, Amellie13 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    221.569
    Пол:
    Женски

    моментално сум во словенија, на граница како секогаш никој нема, во мек доналдс не ни побараа ништо исто и на бензинска ниту во трговскиот. Ќе видиме до крај како ќе е ама се е нормално, масите ги збутале како пред вирусот во мек доналдс и така.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.205
    Допаѓања:
    189.288
    Мерки за на телевизија:lol:
    Не знам оти не сум изненадена|(
    Може дека неспроведливи им се ,,меркиве,,:wasntme:

    Пред некој ден одиме со ќерка ми на некоја активност, јас го вадам папирот да и покажам резервација, таа - ама не, не, јас не сум овластена:tmi:. И така:mm:
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Колку ? По 70% вакцинираност. Што е со тие 30%?
    Израел со 90% па еден куп заболени имаше и мерки.
     
  12. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Па добро, и малку повеќе тепачки и протести по улици, празни молови и кафани, блокирање бензински со коли.. на крај мораа да речат шалили смо се. Се' си има удел.
     
    На LejlaD, vitamina и JuLleE им се допаѓа ова.
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.175
    Допаѓања:
    27.339
    Да нема никакви мерки и да нема никакво вакцинирање, така?
    И под мерки мислам не само мерки за невакцинираните, туку буквално СИТЕ мерки.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Зборуваме за дискриминирачките мерки за невакцинираните лица и барање сертификат.
    Нема потреба да се сопре вакцинирањето, но да е демократско право на секој граѓанин, а не услов за да оди на работа или да влезе во некој објект.
    И онака мерките важат само за обичните граѓани, а за оние кои треба да бидат пример за да се спроведуваат не важат.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.175
    Допаѓања:
    27.339
    Конкретно за Мкд мерките се глупост од причина што не се спроведуваат. Пак се шетаат секаде невакцинирани со лажни сертификати и се то.
    Ама, овие мерки јас како што знам важат низ цел свет и не знам што е поточно дискриминирачко. Колку и да се ставам на местото на невакцинираните пак ми нема логика.
    Единствен крај според мене за пандемијава е вакцината. И знам сега ќе ми рипнат оние начитаните со студии од алиекспрес како некој од Кенија од вакцината од црн станал бел. Мислам :drunk: И секогаш се даваат факти анти корона вакцина, а никогаш не се даваат факти за решение за крај на пандемијата.
    Не се будали оние што се вакцинирале, а најпаметни оние кои не се вакцинирале. Ете јас вакцинирана па пак ми е страв да одам по кафичи, не знам како се толку јаки овие невакцинираните да се бутаат по свадби и кафичи.
    Ко што гледам и во цел свет има покачувања на бројки, ама има и концерти и збиранки кои се одвиваат исклучиво со вакцина или негативен тест. Ама, само во Мкд има семоќни што за нив животот септември 2021 е исто ко септември 2019. Корона е умрено.
    И за крај, 70% од населението да е вакцинирано е океј, затоа што не може никогаш да е идеално да е 100%. Ама со 70% има каков таков колективен имунитет што ќе е во полза и на тие 30% невакцинирани.
     
    На Amellie13, KuklickaSk и LejlaD им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    221.569
    Пол:
    Женски
    Маж ми вика одам внатре да платам на бензинската нели и и покажувам сертификат и она од далеку само мава со раката како демек океј е терај не ме замарај :D
     
    На LejlaD и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    41.783
    Пол:
    Машки
    И покрај сите милион контролни проверки кои се прават во Македонија кај инфицираните, дури и оние асимптоматските, државата сепак е 3-та земја во светот по смртност од КОВИД-19:

    FB_IMG_1632501762317.jpg

    Нешто сериозно, сериозно не е во ред. Дали е тоа здравствениот систем кој пружа неправилна нега и терапија и покрај сите испитувања, или е ова е резултат на нашиот (нездрав) начин на живот, дали ова се должи на апсолутно прекумерното користење на лекарства (не само антибиотици) кај заболените, или нешто сосем друго, треба да се истражи и спречи, доколку е можно.
     
    На Angie1432, mal.ecka, jacqueline.s и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.205
    Допаѓања:
    189.288
    Па од кај те знае, може пиштол да му извадиш:worried:
    Не знаете за тоа во Германија, нели?
    https://www.nbcdfw.com/news/nationa...after-asking-customer-to-wear-a-mask/2748583/
    Бензиска бе(facepalm) Познато место за ковид трансмисија, едно 80 посто сигурно во бензиска, за 2 минути се имаат инфицирано|(
     
    На vitamina и LejlaD им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.846
    Допаѓања:
    18.704
    Пол:
    Женски
    Ако и вакцинирани може да пренесат корона, а се покажа дека можат, тогаш е дискриминација. И притисок да се вакцинираш.
     
    На IRBBB, mKdevojce и Biljarkata им се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.175
    Допаѓања:
    27.339
    Пред да кажете нешто вакво прво информирајте се убаво. Оти вака не изгледате ич едуцирано. Верувате во факти измислени сами од себе.
    Кој ви кажа дека вакциниран не може да пренесе корона?
    Кој?????
    И против сипаници си вакцинирана па пак ги прележуваш.
    Зошто не се буните против тоа?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.