Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Ама не можи да се успори оти не се доволно луѓе вакцинирани.

    Ко за било која болест за која има вакцина.
    Кога луѓето престануваат да ги вакцинираат децата, имаме избивања на епидемии од морбили (пример).
    Истото е и ова.
    Колку повеќе луѓе се невакцинирани, толку повеќе можности има да циркулира вирусот без никаков отпор.
     
    На green.eyes, Ugly Duckling, vitamina и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.955
    Допаѓања:
    203.281
    Пол:
    Женски
    Џабе збориш. Истото ќе беше да живеевме во време на воведување на било која од етаблираниве вакцини. Секогаш имало такви што биле против. Оти се тие "просветлените".
     
    На green.eyes, vitamina, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    37.342
    Пол:
    Женски
    Израел ти ја демантира теоријава ;)
    За „вирусов„ (го ставам во наводници, оти не е обичен вирус) не важат тие правила. И според тоа, легитимно е прашањето, чуму вакцина кога не е ефикасна, кога и покрај неа можеш да заболиш и умреш?
    На почетокот се збореше вакцинирајте се за да не се заразите, потоа се смени реториката во вакцинирајте се за да не заболите, па после за да поминете лесно, па сега е во да не умрете, а утре којзнае со какви изјави ќе ни мачкаат очи?
    Се, ама се е за пари! Ваков фашизам е невиден до сега, дури и Хитлер може да учи од овие.

    Јас вакцинирана сум иначе, да не ми залепите етикета антиваксер одма |(
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Не туку зборај за фашизам!
    Милиони луѓе измачувани до смрт, споредуваш со барање начин да се запре смртоносна пандемија?!

    Аман мислете тро пред да напишите нешто!
     
    На green.eyes, vitamina, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.636
    Допаѓања:
    192.259
    Точно напиша вака
    Што прави вакцината со веќе стекнатиот имунитет е прашањето? И што потоа, кога организмот ќе се соочи со вирусот?
    Прележале (без симптоми):?:, имале антитела:^), па се вакцинирале да појачаат имунитет?
    Под претпоставка дека се од погоре е точно, јас не знам веќе ни кое што мери, ни кое што праи:(, вие ако разбирате алал вера. Озбилно.
     
    На oblace1 и Beatris им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    37.342
    Пол:
    Женски
    Ај ти прво размисли што збориш! Ако малку знаеш историја, ќе видиш дека и фашистите вака почнале. Евреите не ги убивале прво, така? Туку ги гетоизирале и им ускратувале права. Или грешам?
    И пак ќе повторам една изјава која ја прочитав неодамна: „Тој кој заради привидна сигурност се откажува од сопствените права, истите не ги ни заслужува„
     
    На orevokrsacka, Аргентина *, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Аха...
    А евреите ги гетоизираа оти се евреи.
    Не беа опасност за населението.

    Сега за заразна болест станува збор.
     
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    37.342
    Пол:
    Женски
    Според Хитлер, беа опасност за населението. Така и сега, едниве се опасност, а другиве не.
    Зошто вакцинирани не се опасност, а другиве се? Зошто јас ако сум вакцинирана и сум била во контакт со заболен сум ослободена од изолација, а невакциниран не? Кога докажано е дека и вакцинираните заболуваат и шират зараза? Ова ти има логика? Кога веќе нема логика, човечки е да се запрашаш што се крие зад тоа и неефикасните и нелогични мерки да ги прогласиш фашистички, оти фашизмот е нешто што досега налошо и се случило на планетава, а ова што сега се случува е близу до тоа.
     
    На Angie1432 и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Според Хитлер.
    А сега, според глобалната медицинска фела.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.336
    Допаѓања:
    16.702
    Тоа сакам и јас да кажам ама не ме сфаќаат или не сакаат да сфатат. Полесно е да ме етикетираат и напаѓаат како јас да сум најголем антиваксер од типот на Слаѓана Велков. За нив вакцината е решение за пандемијата и покрај тоа што фактите го говорат спротивното ама они пак накај секој кој ќе им го чепне Фајзер: :punch:
    Не смее ни најмала прашинка да падне врз него. Они се вакцинирани со Фајзер и како такви они мора да бидат посебно третирани со сите можни ексклузивни права. 8) А другите не сакаат да се вакцинираат па поради нив мора и новороденчињата да се вакцинираат. (facepalm)
     
    На Acronia и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  11. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.492
    Пол:
    Женски
    Чудно е тоа како меркиве важат за сите угостителски објекти, молови и установи преку забранет влез на невакцинирани, а сега во октомври кога ќе бидат изборите магично нема да постои ковидот и сите ќе може да излеземе на гласање слободно без оглед на тоа дали сме боцнати со една или ниту една доза.

    Тоа е сигурно така бидејќи државата ве сака и се грижи за вашето здравје. Само тоа прави смисла, друго објаснување не постои. Особено стапката на смртност после имплицирање на третата доза во Израел прави смисла.

    Додека кај нас, прави смисла увезениот мазут последниве години, што ич не контрибуира при влошување на респираторните инфекции и стапка на висока смртност од ковид. А, тоа што сме први по статистика, пих, е само дека сме нездрава нација, и ич, ама ич не е до воздухот, стандардот, квалитетот на водата и прехрамбените увозни продукти.

    Значи битниот заклучок е дека државата ве сака. Толку ве сака и се грижи за вас што веднаш набави вакцини, не чекаше +1 година и секоја друга критичка мисла која ја посочи оваа недоследност е предмет за потсмев, параноја и треба да се удуши. Проклетите антиваксери, канцерот на општеството. Пошто таа парола ич не е фашизам, туку желба за подобрување на јавното здравје. :makeup:
     
    Последна измена: 27 септември 2021
    На Kitten, x-MajaEsposito-x, ButterflyQueen и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.955
    Допаѓања:
    203.281
    Пол:
    Женски
    Да имаше поголема свесност меѓу луѓето, немаше да го правиме овој муабет. До ова дереџе сме дојдени оти голем дел не сакаат да го прифатат понуденото решение, а друго не нудат.

    Затоа сѐ е фашизам и прекршување на човекови права. Ама знаете како, општеството функционира поради колективната одговорност. Ама оти сме "оперирани" од одговорност, ќе си го кркаме.
     
    На Ahoy, eli25, vitamina и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    2.983
    Пол:
    Женски
    Вакцинираните развиваат многу лесна клиничка слика и пројавуваат помалку симптоми, што автоматски значи дека се каде каде помалу заразни одколку невакцинирани кои очигледно развиваат многу посериозни симптоми и се дааалеку позаразни од вакцинираните. Не е исто да си во конктат со некој кој што ќе развие 39 температура и некој што само носот ќе му се затне. Присутноста на вирусот не е иста кај едните и кај другите.

    Последните статистики се дека повеќе од 80% од невакцинираните се заразени, а бројката на заразени вакцинирани е многу мала. Не е научна фантастика. Дополнително невакцинираните си се шетаат со лажни сертификати иако мислам дека сите ама баш исте подсвесно знаат дека многу лесно можат прво сами да се заразат, а понатака и други да заразат. Ајде ако не за нас останативе странци, за домашните не знам како не им е шубе? Битно сити мол да се влезе и кафе да се пие.

    И аман со споредбава со фашизмов воопшто не е на место. Да те осудат на смрт и мачење затоа што си припадник на една група што не е заразна и смртоносна зошто на некој поединец му сметала, не е исто со борба да се спречи пандемија која патем се води во цел свет.
     
    На Ahoy, WildMk, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.492
    Пол:
    Женски
    А извини, каде е статистиката за прележани од ковид во државава?
    Како тие поминуваат со реинфекции?
    Што е со Т-клеточниот имунитет?
    Што е со Б клетката и имуниот одговор?
    Каде да се пронајдат тие иследувања од имунолошкиот институт во Северна кој е заспан цела пандемиска криза?
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.955
    Допаѓања:
    203.281
    Пол:
    Женски
    А како е возможно само кај нас да има толку многу реинфекции? Оти во другите држави ги нема во толку голем процент?
    Ќе да е нешто со тестовите. Првиот пат лажно позитивни ќе да биле, можеби контаминација? Што сме ние поразлични од луѓето во другите држави па по два пати и трипати да заболуваат исти луѓе?
     
    На Ugly Duckling, LejlaD, GirlRose и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    А зошто го занемаруваш природниот имунитет кој членката тврди дека го имале, а се фаќаш само за вакцината? Или затоа што не ти одговара и него да го спомнеш, јер недопирлив е.

    Инаку во постот нешто не е логично. Практично невозможно е човек прележан и вакциниран да заврши на болница со сатурација 75, со антитела. Со помин како и да е.
     
    На green.eyes, LejlaD, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.465
    Допаѓања:
    184.456
    Пол:
    Женски
    Истото де. Имал антитела и се вакцинирал сепак. И јас прележав и се вакцинирав. Сега сум поизложена од кога и да е на вирусов, и на работа, а и дома покрај школарчево. Сигурно нема да чекам смртна пресуда.
    Ако му биле точни резултатите на човеков, тогаш е од оние ретки случаи на реинфекција. Ама одма се фатија дека е вакциниран, а не и прележан.
     
    На LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  18. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.492
    Пол:
    Женски
    Ана, во се поголем број се утврдува дека PCR иследувањата не се точни, иако имаат задача да утврдат макар и најмал % присуство во назалниот предел.
    Некаде се греши. Не само кај нас, туку секаде во светот. Во параметрите и методот, нешто тука не штима.
    Бидејќи ковидот не е само вирус, туку е многу повеќе од тоа. А, што е не знаеме.

    Апропо ова твое прашање, јас реторички би ти поставило друго.
    Зошто во Израел вакцинирани луѓе имаат толкава % на смртност, и што се тие поинакви од нас?
    А веќе кај нив се оди и на трета па дури и четврта фаза вакцинација?

    Инаку, кај нас реинфекциите минуваат во еднакво блага форма како кај вакцинираните, ама нашата држава е една од ретките кои не знам од која причина не признава природен имунитет или има некој паушален временски период од 45 дена после прележување кој не само што е апсурден туку и комичен.

    Пановски посочи дека најмалку една година треба да мине за повторна вакцинација.
    Јас не сум доктор, но имам свежо починат сосед вакциниран со две дози фајзер.
    А впрочем, и историски гледано низ епохата се прашувам зошто не ги вакцинирале прележаните, туку ги вакцинираат само оние кои не прележале?

    Зошто само кај овој вирус имунитетот не е траен или пак сметан за (не)доволно силен за да во случај ако прележаниот дојде во допир со инфекцијата, не може квалитативно на идентичен начин да се избори како првиот пат?
     
    Последна измена: 27 септември 2021
    На INNERBEAUTY и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.295
    Допаѓања:
    35.518
    Пол:
    Женски
    Израел отворија се кога имаа меѓу 60 и 70% вакцинирано население и се зезнаа. Еве сега Данска и Норвешка отвораат со над 80% вакцинирани возрасни над четвртина вакцинирани деца.
    Данска отвора според препораките на епидемиолозите за процент на вакцинирано население што е доволно многу да го ублажи ширењето на вирусот. И оваа држава ќе биде вистинскиот тест за тоа дали вакцините се доволни за борба со КОВИД или не.
    Аман со Израел па Израел. Инаку и во Израел помал им е процентот на умрени од лани. Значи имаат болни ама не е тоа толку страшно.
    Се додека здравството може да функционира нормално и покрај КОВИД и се додека смртноста е под контрола значи ОК сме.

    Ах и баш супер Израел и фашизам со ист пост што ги стави. Едно ради холокаустот, а друго ради Палестина. Нит едното нит другото се поврзани со вакцина.
     
    На Tajnaotrovna, Annath, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.459
    Допаѓања:
    260.425
    Какви реинфекции чести, тоа во Мк го има само. Не дека нема, ама ете јас бев во долг контакт, сестра ми исто, внуката исто. Сите прележани, не фативме пак. Маж вакциниран со Синовак, не фати.
    Прележани и вакцинирани читав дека имаа натчовечки имунитет за корона. И една доза е доволна.
     
    На LejlaD, duffi, Tajnaotrovna и 3 други им се допаѓа ова.