Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Discussion in 'Коронавирус' started by LovelyGirl3, Jan 26, 2020.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Joined:
    May 29, 2015
    Messages:
    2,720
    Likes Received:
    20,406
    Не знам зошто некои луѓе кои го прележале вирусот, мислат дека е невозможно да се реинфицираш.
    Истото е и со грипот, т.е инфлуенца која има повеќе типови. Може во сезоната ќе прележиш еден тип, но повторно да се заразиш со друг тип. Токму и затоа секоја година ги адаптираат вакцините.
    Ако си ја прележала бета мутацијата, зошто тогаш се надеваш дека си заштитен од делта?!? Оттаму и тие реинфекции. Не чести, но целосно сфатливи.
    Не разбирам зошто повторно се докажувате што е поефикасно. Природен имунитет или вакцина?!? Да земеме пример полио, дали некој би се нафатил да го прележи па да се радува на антитела? Да, важи.
    Вие имате едно оружје, другите друго, во борба против ковид. А дека траен и доживотен имунитет се создава од респираторен вирус, мало морген, особено ако мутира со брзина на светлината.
    Би рекла само дека предноста би ја дала сепак на вакцината, затоа што може да се приспособи на мутација, а телото освен ако не е во контакт, не знам како би се приспособило на нови варијанти.
     
    WildMk, Cosmic Girl, JoyJoy and 6 others like this.
  2. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2021
    Messages:
    1,222
    Likes Received:
    4,492
    Gender:
    Female
    Секоја болест се добива од нездрав начин на живот, па така и автоимуните болести. Генетиката предиспонира фактор за пројавување, но, како што пишав не е 100% сигурно дека ќе се добие. Целекијалната не е толку опасна и може се менаџира, за разлика од лупус на систем пример кој е крајно подмукла и непредвидлива болест. Крај краева поентата беше дека треба да си го имате тој документ, како еден аларм за освестување и контрола врз квалитетот на животот. АНА тест исто така.
    Како што веќе кажав, кога веќе се боцкаме со експериментална вакцина, не би било лошо да ги знаеме и попатните можни последици од истата, како и од било кој друг потенцијално опасен вирус. Да се има увид преку тој имунолошки документ како организмот се бори со болестите. Ако ве интересира поконкретно за каков документ станува збор радо би ви пратила по пп. Чинам во институтот за нуклеарна медицина ми е правен каде воедно бев тестирана и за хеморагична/медитеранска треска. Пак ќе кажам, добро е за вас лично да ги направите иследувањата, за итни ситуации.
     
    Филотеа likes this.
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,706
    Likes Received:
    9,307
    Gender:
    Female
    Неколку постови пред овој, некој објави изјава од доктор кој тврди дека тие што прележале не треба да се плашат, заштитени се. И така ќе си врзат во крпче тоа што стручњак кажал (прашање што навистина кажал, како е пренесено тоа што го кажал, како е протолкувано) и заклучокот лесно може да биде дека тој што еднаш се заразил, не може да се зарази повторно. Затоа што и тие од струката многу работи не знаат, ама не сакаат да се знае дека не се знае уствари. И каша попара.
     
    LejlaD and GrimTheReaper like this.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,858
    Likes Received:
    42,415
    Gender:
    Male
    Грим скроз се сложувам, освен ова последното. Телото секако ќе развие посилен имунитет од прележување, затоа што се соочува со жив вирус, силен, за разлика од вакцините каде се среќава деактивиран цел или ослабен дел од самиот вирус.

    Ама, секако постојат Т-клетките и вкрстениот имунитет, ако си прележал Бета, сигурно полесно ќе прележиш и Делта ако веќе фатиш, теоретски.

    Значи, двата типа на имунитети, вештачки или природен, се солидни. Едниот е далеку полесен да го стекнеш од другиот, оттука и подобар избор. Не е некоја филозофија, само треба да се сфати (не ти :)).
     
    WildMk, JuLleE, Anne Boleyn and 4 others like this.
  5. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2021
    Messages:
    1,222
    Likes Received:
    4,492
    Gender:
    Female
    Во ред. Зошто тогаш на Инфективно умираат луѓе кои имплицирале две дози фајзер? Еве втор случај денес за кој дознавам. Нели поентата на вакцината е да пружи имунолошки одговор кој телото ќе го заштити од развој на болеста па и фатални последици?
     
    Bitter-Sweet likes this.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,706
    Likes Received:
    9,307
    Gender:
    Female
    Те молам, ако не си доктор или медицинско лице, не коментирај вака лефтерно. Целијакија може бербат да направи само од кросконтаминација, што зборува за нејзината сериозност. Ако знаеш некој кој од целијакија се излечил (не од нетолеранција, туку од целијакија), посочи веднаш, за да може да се проследи до Институт и да се кандидира за Нобел.
     
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Joined:
    May 29, 2015
    Messages:
    2,720
    Likes Received:
    20,406
    Ќе го прашаш Венко. Друго, од кај знаеш во која општа состојба се. Да речеме имаат тон болести и мислат Фајзер еликсир на долговечност е. Знаеш колку заболувања се темпирани бомби? Друго, многу знаеш навистина дали некој е вакциниран. Да ти кажам ја колку знам и слушам дека имаат фејк сертификати. И нормално утре ќе дознаеш умрел, а бил вакциниран. И ја пумпа статистиката.
    Долга е листата на нелогичности и неточни информации.
    Само за себе може да гарантираш.
    Кога ќе кажат, маска носев и не знам од кај ми е. Па да, ако носот ти мете надвор и носиш крпа на уста, ептен си заштитена. Истиот муабет и тука.
    Во секој случај, подобро нешто отколку ништо.
     
    vitamina and flower30 like this.
  8. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Joined:
    Jul 26, 2015
    Messages:
    1,021
    Likes Received:
    4,643
    Затоа што лупаат кислород на максимум, па ни вакцина ни господ не те спасуваат кога ќе ти ги надуваат белите дробови.
    Даваат шаблонска терапија, на кого му одговара има среќа ќе се спаси, останатите од компликации по брза постапка умираат за ден, два.
    Масовен геноцид без никој да реагира, каде очигледно е дека нешто не е воред со лекувањето.

    Да имаш толкава смртност и да си лидер во Европа треба да ставиш прст на чело, ама па како да го очекуваш тоа од личности кои немаат доблест да си дадат оставки кога живи луѓе им изгореа.
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    21,069
    Likes Received:
    195,770
    Не знам јас кој и дали бил вакциниран, ама да го гледате Код од вчера-зошто умираат млади. Мене вака, многу прашања од август навака не ми се јасни:shake:...
    Цела емисија ако може да ја најдете:x
     
    LejlaD likes this.
  10. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2021
    Messages:
    1,222
    Likes Received:
    4,492
    Gender:
    Female
    Вадиш од контекст. Никаде не е напишано дека автоимуна болест се лечи. Истата може само да се превенира со здрав живот за колку - толку да ја пролонгираш или "спречиш" ако е генетски предиспонирана.
     
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Joined:
    Feb 3, 2011
    Messages:
    3,391
    Likes Received:
    87,676
    Најверојатно затоа што третманот што го добиваат во болница е несоодветен.
    По прочитаниот текст за смртта на младата Симона Ангелеска знам дека немаме на кого да веруваме.
    https://newz24live.com/tatkoto-na-s...HqpgT0yUHIN-GbabCGTjSj2qUwteHpEPiTGPCwrT_3Qhs
    https://telma.com.mk/2021/09/26/код-трага-по-одговори-зошто-умираат-мл/
     
  12. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2021
    Messages:
    1,222
    Likes Received:
    4,492
    Gender:
    Female
    Линк.
     
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    21,069
    Likes Received:
    195,770
    Е немам линк, диџејот не ми е тука. Се наоѓа негде на јутјуб сигурно.
    Ете @sanjaeva текстот го има,
     
    Acronia likes this.
  14. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2021
    Messages:
    1,222
    Likes Received:
    4,492
    Gender:
    Female
    Ама што сте запнале и со тие коморбидитети? И во Германија, и во Швајцарија и во цела Европа работната снага на луѓе со 50+ имаат хронични болести како холестерол, хипертензија, кардиоваскуларни болести, па повторно стапката на смртност е 2x пониска статистички од онаа на Балканот. Еве, вие немате родители во петтата или шестата деценија од животот без хронични заболувања? Ако да, како тие ја прележаа болеста? Ова прашање не е насочено само кон тебе, туку кон сите кои велат дека коморбидитетите се основна причина за процент на висока смртност. Еве дури и да е така, (и не одрекувам дека е), зошто млади, прави и здрави луѓе ја губат битката со овој ,,вирус"? Посочена е Симона, иако има уште многумина млади луѓе починати од ковидот како неа. Зошто?
    Еве Симона немала коморбидитети. Јованче и Нена исто така немаа коморбидитети, беа млади прави и здрави луѓе во цутот на својата младост. Многу од нив немаа ни 30 години а сега се два метри под земја. Каде се одговорите, одговорноста, што пропуштаме во алката?
     
    темјанушка likes this.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Joined:
    Oct 25, 2012
    Messages:
    8,036
    Likes Received:
    48,398
    Gender:
    Female
     
    LejlaD, Acronia and Biljarkata like this.
  16. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Joined:
    Jul 26, 2015
    Messages:
    1,021
    Likes Received:
    4,643
    Тоа е тоа што го зборувам.
    Верувајте горе доле вакви се приказните и на останатите што секојдневно ги објавуваат, а за нив само се бројка.

    Ја ставиле на кислородна поддршка со сатурација 98???
    Секој доктор си дава своја терапија??

    Толку.
     
    Kitten, LejlaD and Biljarkata like this.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,706
    Likes Received:
    9,307
    Gender:
    Female
    Не вадам од контекст затоа не може апсолутно да биде пролонгирана. Тригерот и е храната. Секоја храна со глутен ја активира. И во чест број случаи, многу доцна се открива. Затоа првите мерења што на децата ги прават се висинат и развојот и доколку има застој и минимлен сомнеж, се проверува и глутенската нетолеранција, па се оди понатаму ако сомнеж уште постои. Затоа ти кажав те молам не зборувај за нешто што не го знаеш. Здравиот живот за нормален човек не подразбира исфрлање глутен до степен да не смееш исто тавче или иста чинија да користиш.
     
  18. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2021
    Messages:
    1,222
    Likes Received:
    4,492
    Gender:
    Female
    Семејствата на починатите поради медицинска грешка треба да излезат на мирен протест. Ги има во голем број и дефинитивно ќе добијат поддршка и од нас обичните граѓани кои ја имавме "среќата" да го минеме ковидот без хоспитализација.

    Не ми е јасно како толкав број на студенти излезе против тестирање 2014/15 година, пред почетоците на Шарената револуција, а за еден ваков енормен проблем од здравствена природа сите молчат.
    Гневна сум и бесна што нема протести, зошто во секоја нормална држава за ЕДЕН изгубен млад живот се излегува и бара одговорност, а ние спиеме.

    Додека постои вакво труло здравство во кое паузата им е од 12-14 ќе умираат луѓе заглавени низ ходниците на болничкиот пекол. Страшна работа.
     
    Last edited: Sep 28, 2021
    темјанушка likes this.
  19. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2021
    Messages:
    1,222
    Likes Received:
    4,492
    Gender:
    Female
    Зборував дека иако е генетски предиспонирана, во голем број случаи не мора да се пренесе на поколение. И под здрав живот не мислам само на исхрана, и под автоимуни болести не реферирав само на целекијална.

    Ама не, за целекијалната се фативте пошто не ви се допадна она што го кажав, а тоа е дека во голем број ситуации сами сме одговорни за активација на голем број болести во нашето тело преку нездрав начин на живот, иако ковидот не лови на тоа ,,колку си здрав".
     
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,706
    Likes Received:
    9,307
    Gender:
    Female
    Јас сум сосем одговорна и не им лепам на луѓето етикети и дијагнози, обвинувајќи ги за истите. Ти колку си одговорна, читај си ги постовите. И уште еднаш ќе пишам, иако не е тема. Автоимуните состојби (тоа не се болести) не се добиваат поради " нездрав живот", не знам зошто тоа не е јасно. Целијакијата ја земав како пример за да посочам дека здрав човек не треба да избегнува глутен, тоа е контра од "здрав живот". И најпосле, мојата покана кон тебе важи, ако си ти таа што ќе нѐ спаси од автоимуни состојби, кажи конкретно како и потпиши и подготвена сум да ти верувам. Вака си само уште еден форумски доктор.
     
    Cosmic Girl likes this.