1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Не обвинив никого, пишав дека сме сами одговорни за патогените состојби во телото. Впрочем мноштво луѓе со автоимуни болести успешно ја прележаа короната. Дали ќе имаат последици од истата 3, 5 или 10 години после истата е прашање кое треба да го одговори медицината. Жал ми е ако имаш автоимуно заболување кое не се лечи, но тоа не беше мојата првична поента на постовите. За крај автоимуните состојби се болести. Хронични и доживотни.
     
    Последна измена: 28 септември 2021
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.196
    Допаѓања:
    258.464
    Точно, не е опасна и може да се менаџира. Не е лесно, ама ок е. Но иако имаш ген, ако ја нема болеста, нема зошто да си на бг храна.
    Други болести стварно не знам како би ги превенирала, кога тригер може да биде и обичен вирус.

    Муабетот беше дека бараш да има имунолошки испитувања како би знаеле дали да примаме вакцина или не.
    Ова е премногу. И сама знаеш, ова не е обично испитување па да може секој кога му текне да го прави.
     
    На LejlaD, Ahoy и NarCis@ им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Луѓе, шо го тупите, ама ич не ми е јасно?

    Медицинската фела на цело глобално општество се занимава со проблематикава.
    Апсолутно нема потреба да се дебатира од нас нешто кое не го ни разбираме доволно.

    Значи речено е што треба да се прави.
    Прајте ко шо се вели и нетуку наоѓајте рачки за да избегнете одговорност.
     
    На staycalm, Amellie13, andrejko82 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.757
    Допаѓања:
    21.455
    Пол:
    Женски
    Да се водеа во минатото луѓето по ова твоето " ќутете и прајте како шо ви се вели и не барајте рачки", не знам до каде ќе беше светот денес.
    За единка како тебе која вриска од либерализам на буквално сите теми на форумов, не ми се совпаѓа ваквото мислење.:|
     
    На Kitten, An-na, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Тоа беше дури верував дека има доволно паметни луѓе.
     
    На staycalm и LejlaD им се допаѓа ова.
  6. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    1.728
    Како да планират да ги опуштат мерките некако пред изброи :wasntme::wasntme::wasntme:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    То сигурно ќе се случи.
    И после ќе го стегнат синџирот.
     
  8. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Не мора да ги опуштаат, и онака доволно време веќе се тотатлно вон контрола.
     
  9. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.233
    Допаѓања:
    277.395
    Пол:
    Женски
    А какви па мерки сега има .Или нешто тек тук на хартија само...
     
    На oblace1 и LejlaD им се допаѓа ова.
  10. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Јуле, од почеток на пандемијата снемува термини, така?
    Од почеток на пандемијата сами ги покривме трошоците на приватно за PCR тестови, така?
    За Spike и количина на антитела исто ги покривме сами трошоците, нели?
    Епа, зошто не и имунолошки тест?
    Во тоа се состои грижата за здравјето во информативноста и превенцијата.

    Имајќи го тој тест би знаела на кој начин ти се справува организмот при допир со инфекција или вирус, а следствено на тоа од прилика би знаела и колкави се шансите да ти биде тригер за некоја состојба во иднина.

    Зошто еве го моето искуство. Познавам минимум десет луѓе во моја блиска околина кои после прележување и примање две дози фајзер, после шест месеци до една година подоцна развија полицистични јајници, автоимуни заболувања како лупус, дијабетес тип 1, проблеми со колагенот, па се до хормонални состојби поврзани со естрогенот и тестостеронот. Впрочем, и лично се соочив со проблем на ниско железо, модрици без високи д-димери, и плус висок хемоглобин. Секој месец правев крвна слика по прележувањето и резултатот е тој.
    Затоа искрено мој совет е да не оставате така. Ако треба на приватно, тогаш на приватно нека се направат. Зошто не секој е за вакцина.
    На личност која има хипотероида или хашимото, и по дифолт има високи антитела треба ли да се даде вакцина? Дали знаеш какви компликации може да настанат? Нарочито ако веќе прележала ковид.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.196
    Допаѓања:
    258.464
    Акронија, секој води сметка за својот живот.
    Јас немам антитела, не се заразив повторно да, ама се вакцинирав оти не можам да функционирам без истата.
    Не може да чекам некој гаќи да му купи на син ми. Ова не го зимајте буквално.
    Со доза на резерва сум, исплашена повеќе од што читам се и сешто по интернет.
    Доктори на кои им верувам рекоа да се вакцинирам. Самите се вакцинираа, деца вакцинираа. Ваљда повеќе знаат од нас.
    Ко што кажа и од прележување има последици, ама не значи дека навистина лупосот е од тоа. Може сега е откриен. Обично автоимуни болести треба време за да се дијагностицираат.

    Знаеш што ми смета? Што на вакцинраните им се напиша буквално смртна пресуда, дека сега треба да очекуваат нешто да им се случи.
    А всушност никој не знае што и може да се случи.
    Живееш во страв корона да не фатеш, се вакцинираш, па живееш во страв од вакцината.
     
    На MarijaMi90, vitamina, Ahoy и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.818
    Допаѓања:
    40.891
    Пол:
    Женски
    Исхраната е многу важна да, ама не е единствен тригер за активирање автоимуни болести.Стресни состојби се уште побитен фактор, а тоа не е нешто кое може да се предвиди.
    За автоимуни не се ни знае секогаш од каде и зошто се активирала таа болест што е генетски предиспонирана, не е баш сѐ најјасно за нив, така што нема потреба да се префрли вината само на едно влијание од околината.Плус има разлика од болест до болест, од хронична стекната до автоимуна, не важи за сите истото, на пример дијабет 1 и 2.

    И јас скроз истово сакав да го кажам.:)
     
  13. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    1.728
    Па нели Венко кажа од 1 ви октомври со сертификат само во локали, ама најверојатно ќе продолже со една доза, и ќе се продолжи да се фура со лажни.
     
  14. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Како ќе биде од 1ви октомври по угостителските објекти? Ќе бараат сертификат или ќе може со една доза?
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Точно овој дел. Тоа е она за кое јас зборувам од старт. Не знаеме дали суштински треба да ја примаме, туку ја примаме поради нужност. Затоа што сме натерани и немаме избор. Во понатамошните реперкусии, колку е тоа правно и етички исправно не навлегувам.

    Воздухот, исхраната, степенот на радијација, водата, начинот на одбирање партнер и игра на гени.
    Ова се главните фактори. На што може од наведеново ние да влијаеме?
    На воздухот? Не.
    На водата? Не.
    Радијацијата? Не.
    Исхраната? ДА.

    Она на што може да се влијае може и да се коригира.
    Да, автоимуна не може да се излечи, но ако во семејството таткото, дедото, чичкото имаат автоимуни заболувања, кои се шансите детето да нема? И кога го знаеш тоа, колку - толку може да влијаеш, особено ако детето е родено здраво без претходна анамнеза, па може ќе превенираш, а може и не. Ама дека исхраната нема уддел за превенција при било која болест не се согласувам. Ниту медицината не се согласува. Не само за автоимуни заболувања, туку општо.
     
    На Филотеа и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.275
    Допаѓања:
    16.134
    Кога пред некој месец објавив статија со интервју на таткото на девојчето тука ме обвинија дека ширам патетики, жалопојки и паника. :tmi:
     
    На elimkd и Acronia им се допаѓа ова.
  17. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Таков третман и етикети добиваат антиваксерките како тебе. Уааа неписмена. :P
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.275
    Допаѓања:
    16.134
    Не ме разбираат, ниту едно мое мислење замисли :^). Ме разбираат тие убаво што сакам да кажам ама не им оди во прилог со пропагандата која ја тераат :wasntme:.

    Што е битно никој не ги отвара линковите. Само се тера едно те исто.

    Ете и директорката на инфективна кажува зошто толкав број на умрени. Самата кажува дека луѓе со тешки кардиоваскуларни состојби, терминални канцери па и луѓе што дошле во болница поради несреќа сите се запишуваат во статистиката како умрени од корона и покрај тоа што таа во најголемиот случај таа болест не била пресудна за смртта.

    Ама најбитно: "Уаа антиваксери со ниска интелигенција! Бил ГејЦ! чипови! морбили! варичела! хемотерапија!сипаници!" :x
     
    Последна измена: 28 септември 2021
    На Acronia и Amelia им се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.280
    Допаѓања:
    35.337
    Пол:
    Женски
    @Acronia ама многу придаде важност на вакциниве за автоимуни болести. Ухууу. Прими вакцина е сега чекај нешто лошо да ти се случи. УУУ поарно иди сега легни и умри да не се мачиш веднаш. Или испитај се живо и диво, направи комлетен геном што да не. Све знај цела генетска слика и што со тоа???? Или ако се испадне во ред според тебе опушти се и уживај. Генетиката и средината се во таква комплицирана врска што е навистина тешко еднмо од друго да се одделат. Ама сеуште начинот на нивната интеракција во многу сличаи е непознат па нема шанси да каже со сигурност како да се постапува.
    Малку му ја претера со важноста на овие имунолошки тестови.
    Еве обратно сценарио. На имунолошките тестови се е ОК. Дали тоа значи дека можам што сакам да правам во животов. Да јадам и пијам се што ќе ми дојде. Да не вежбам, да пушам, да се опивам и ништо нема да ми се случи. Пошто нели супер сум, немам никаква предиспозиција да развијам нешто скраја било опасно. твојата логика е таква како што читам.
    И полицистични јајници не се добиваат тек така. ПЦОС е комплицирана состојба која или ја имаш или ја немаш. Ја имаш од првпат кога ќе добиеш менструација до менопауза. Не се добива од вакцина. Јас имам и знам. Инаку во текот на животот кај 90% од жените ќе се јави некој месец кога ќе имаат полицистични јајници. Така се добиваат двојајчани близнаци. Ако две фоликули пукнат одеднаш. Ама ПЦОС е многу повеќе од цисти/повеќе фоликули на јајници. Мајка ми цел живот имала јајници налик на полицистични (мнгоу цисти и нередовна менстурација), ама нема ПЦОС. Јас имам. Од неа тоа не сум го наследила. Баба ми по татко веројатно имала ПЦОС ама тоа не знаеме зашто тогаш немало тестови. И не е ни битно. Битното е дека јас тоа го имам и треба да го менаџирам.
    Инаку мене вакцината ми го поремети циклусот тој месец кога ја примив. Наредниот месец се вратив на она што е нормално за мене. Само еден месец имав прилично долг циклус и пообилен и толку. Ништо страшно.
     
    На GirlRose, Ahoy и JuLleE им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.196
    Допаѓања:
    258.464
    @Acronia да, ја примив заради нужност, за јавното добро, оти лично прележав, неколку контакти поминав без реинфекции, да, но за да запре пандемијата мора и ние да придонесеме.
    Мерките се такви да не принудат оти ние совесност за јавното добро немаме. Како правник не се осеќам дека ми се ускратени правата оти има пандемија и секако на прво место е јавното здравје.
    Што знам, да сакаат да не уништат, немаше да ја смислат коронота и вакцините оти многу поголема е загубата од профитот во пандемијата.
     
    На fana, vitamina, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.