Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.197
    Допаѓања:
    189.220
    Ти, како правник, би требало цело време да врескаш, I will sue you for this, I will sue you for that, само така се прават кариера и пари8).
    Не знам дали некој сака некого да уништи со корона и вакцини,а ни кој губи ни кој добива не е јасно, игранката допрва почнува. Вие со инфлацијата како, и кој го плаќа цехот:?:?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    @Acronia Доста пишуваш за автоимуните болести, еднаш пиша дека сите се такви поради нездрав начин на живот, па потоа пиша дека има и генетски фактор улога, ама ако се живее здраво и со таква дијагноза може да се продолжи животот. Првото не е точно. Второто е точно, ама не нужно. Има луѓе што цел живот живеат здраво, добиваат автоимуна болест (најверојатно имале и генетски предиспозиции), уште повеќе внимаваат на здрав живот ама пак умираат млади. Некои случаи едноставно завршуваат фатално и покрај се што прават. Една пријателка на мајка ми така прерано почина од артритис, а цел живот се хранеше здраво, се движеше, за пример беше како живее. Лека полека болеста ја изеде, ја смали како да има 90 години. Умре со болки на 50-ина години. Познавам и други случаи со други видови автоимуни болести, еден имам и дома, и многу е тешко да се контролираат. Ние се информираме и читаме, ама медицината за некои од нив сеуште нема јасни сознанија за потеклото и терапијата. Уште е се тоа во зародиш.
    Од каде знаеш кај прележани и вакцинирани кои имаат автоимуни болести дека подоцнежните проблеми кои им се јавиле се од вакцината а не од вирусот? Како се знае од кое од тие две е влошувањето?
    Моите искуства пак се дека луѓето со автоимуни болести кои ги познавам и полесно се заразија од оние кои беа со нив во моментите кога биле во контакт (значи од цела група која била со позитивниот, само тие се разболуваат), а и кога се заразија имаа потешки симптоми и повеќе се мачеа. Маж ми има последици на срцето од што го прележа ковидот, а кои ги немаше пред него, и сега ќе мора да живее цел живот со нив. Така да не сметам дека е за џабе што оваа категорија луѓе беа први за имунизација.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Ни во Шведска, ниту во Норвешка, ниту во Холандија немаа, па еве ги covid free.
    И нивното постаро население не се сите здрави. Поздрави се од ние на Балканот сигурно, но, не и здрави - здрави, во смисла да немаат хронични заболувања.
    Околу вакцината...Што да кажам Јуле?
    Еве, Израел, првиот кордон на вакцинација. Веќе се на четврта доза и повторно стапката на смртност е висока. Каде е тука објаснувањето? Зошто кај нив не запира пандемискиот ек и смртноста после толку дози вакцини? Зошто и кај нас има заболени, па и починати кои се вакцинирани со две дози?
    Многу прашања немаат одговор, и сметам дека слепото следење на препораките на власта која благовремено не обезбеди вакцини, ниту придонесе за лекување на младите починати, не е најпаметна одлука. Останатото е ваше.

    Околу последното, никаде не реков дека сакаат да не уништат. Тоа да сакаат може по брза постапка. Агендата е нешто друго, а што е тек топрвин ќе видиме.

    Не пишав дека се сите такви заради нездрав начин на живот. Пишав дека нездравиот живот е тригер за сите болести, па така и за активација на автоимуните ако постои генетска предиспозиција за такво нешто. Исто така не пишав дека автоимуна болест може да се излечи. Селективно се чита.

    Експериментална вакцина е, а ковид не е обична вироза. Луѓе по прележување и вакцинација, развиваат патогени состојби. Како е возможно да не постои простор за сомнеж?
    Ако лупусот имал шанси да се активира после 40-тата година од животот на пример, ковидот е негов тригер за на 20 година да го активира во телото на единката и направи штета на организмот. Тоа не е мала работа.
     
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Пре би рекла дека ти не пишуваш јасно. а не дека јас читам селективно, напротив. Еве и сега велиш, цитирам -нездравиот живот е тригер за сите болести, па така и за активација на автоимуните ако постои генетска предиспозиција.
    Ова е точно, ама не секогаш. Не може сите да ги ставаш во ист кош, не е толку едноставно. Пак ќе ти ја спомнам женичката што почина од артритис. Водеше здрав живот, а пак и се активираше болеста. Значи не е нездравиот живот тригер за СИТЕ болести. Не се трудам да ја намалам важноста на здравиот живот, апсолутно. Битно е тоа многу. Ете може без здравиот начин на живот ќе се јавела порано болеста, или ако не продолжила да пази може немала да доживее 50, туку ќе умрела порано. Ама не е здравата храна алфа и омега. Башка променлива материја е. Низ декадите се менуваат сознанијата што е здраво а што не е.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.197
    Допаѓања:
    189.220
    Што уствари сакаш да кажеш?
    Знаеме дека вирус тригерира автоимуна болест, веројатно истиот ризик го носи и ковид. И?
     
    На Angie1432 и JuLleE им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    41.783
    Пол:
    Машки

    Норвешка не Ковид фри, Норвешка само ги тргна сите Ковид мерки, благодарение на нивното население кое во 75% е вакцинирано, над 12 години.

    Не ја спомнувај молим те, без мерки е поради тоа што ти го спориш :)
     
    На GrimTheReaper, venus♡, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Луѓето со автоимуни болести на тироидата не смеат да примаат вакцина која се базира на качување антитела бидејќи тоа може да им ја влоши здравствената состојба. Додека во нашата држава воопшто не се става акцент на тој фактор кој може да донесе кобни последици. Поентата е токму тоа. Експериментална вакцина е, и не е за секој. Само затоа што не можеме да испитаме за кого е, а за кого не е, не значи дека треба сите да ја примат.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Ако се вакцинирани над 12 години (wow, демек тука не сме над 12 години вакцинирани :drunk:) зошто од истата причина во Израел не се тргнати мерките и се имплицира четврта доза, а стапката на смртност е сеуште висока?
     
  9. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Зарем ако се водиме по оваа аналогија не значи дека и сите луѓе НЕ се за вакцинација?
    Бидејќи нели медицината нема одговор за сите. Зошто тогаш кога станува збор за вакцинација одеднаш медицината има одговор апсолутно за секој пациент, а последиците од смртност на медиократен инфаркт, качени д-димери и болести на крвта се припишани исклучиво на животниот стил на пациентот а не и на вакцината?

    И баш селективно читате. Бидејќи овде имаше членки кои се логираа и пишуваа токму вакви случаи, а и ние самите знаеме дека се реални поради фактор опкружување.
     
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    41.783
    Пол:
    Машки
    Па не се над 12 вакцинирани, ептен малку се. Во Норвешка околу 400 од 600 деца во средно школо се вакцинирани. Данска е слично. Кина и Саудиска Арабија вакцинирани се 90% од децата на школска возраст.

    Тука се против тестирање на учениците во школите, не дозволувале да им го оштетат мозокот на нивните деца од брис земање пази молим те, не пак вакцинација (facepalm)

    Израел со вакцинација првично заврши уште во Јануари, не е нешто вау дека по 6 месеци паднала ефикасноста на Фајзер.
     
    На Amellie13 и JuLleE им се допаѓа ова.
  11. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Oва е прва вакцина во историјата која не дава долготрајна ефикасност, и која мора да се имплицира неколкукратно. Тоа многу зборува за нејзината делотворност, а не за процентот на вакцинирани.
     
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    41.783
    Пол:
    Машки
    Да, за грип еднаш примаш и вечно си заштитен. И тетанус исто.
     
    На Waverly Raven, GrimTheReaper, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Грип поголемиот % население прележува и без вакцина, додека ковид не. Нема допирна точка едно со друго.
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.607
    Допаѓања:
    9.058
    Пол:
    Женски
    Овие твои податоци самата си ги измислуваш за да одат во прилог кон небулозите во кои буквално се сплетка. Последната сезона на грип, пред пандемијата, буквално мораа луѓе сами да си купуваат вакцина за грип, 800 денари се плаќаше затоа што немаше доволно дози покриени од буџетот, така што навистина е неточно дека се прележува туку така , дури и обичен грип.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.197
    Допаѓања:
    189.220
    Како бе не прележува ковид без вакцина? Се читаш што пишуваш?
    Уствари шо знаеш, може пола форум зомбиња се, умреле без да ми кажат:worried:
     
    На Kitten, JuLleE и Annath им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.195
    Допаѓања:
    258.452
    Јас не примив во Мк вакцина, да бев таму ќе ставев кинеска барем, а можев и да не ставам.
    Очекуваме вакцините да делуваат кога едвај 50 % се има само имунизирано.
    Ефектот се гледа кога во цел свет ќе се достигне над 70-80.
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.175
    Допаѓања:
    27.333
    Тетка ми живее во Германија со истава состојба, автоимуна на тироидната и е одамна вакцинирана. Нема никакви проблеми. Не знам од дека овие инфо. А, да пред тоа се консултирала со врвни доктори од таму. Не знам на што се базираат овие твои заклучоци.
     
    На oblace1, LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Скроз оф топик сте.
    Нема врска хашимото со вакцините и ова е став на повеќе специјалисти и од државна од Патофиза и од приватна клиника. Најблизок случај имам во семејство што се распрашуваше, ни еден специјалист не рече дека има врска.
     
    На LejlaD, Ahoy и Angie1432 им се допаѓа ова.
  19. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Обичен грип ќе прележиш, ковид може и да не прележиш. Сезонска вакцина против грипови не е нужна. Ај, не се правете дотолку дека не сфаќате сега. :)
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.864
    Допаѓања:
    202.996
    Пол:
    Женски
    Е па вакцината е нужна за да дојде ковидот до тоа да се прележува како грипот, дури и полесно.
    Вие мислите дека туку така се става болест под контрола.
     
    На Amellie13, mal.ecka, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.