Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.864
    Допаѓања:
    202.993
    Пол:
    Женски
    15 години со маска работам, како се штетни маските? 8 часа без прекин на ден ги носев, освен за викенд, ги носам уште. Ако беа штетни немаше да се користат како заштита при работа.
     
    На green.eyes, noteforself, Celltica и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    А како дете носеше маска додека беше на училиште?
    Тие деца треба да дишат слободно да развиваат бели дробови а не да се стискаат за воздух.
    И меѓу возрасните има кои имаат потешкотии со дишењето а мораат да носат, се борат за здив со маска, кој вели дека нема да им штети уште повеќе.
    Ако ти си во ред неможеш истото да го тврдиш и за останатите, исто е и јас неможам да тврдам дека на сите ќе им наштети.
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.594
    Допаѓања:
    212.542
    Пол:
    Женски
    Вакцинирани,маски носиме,се придржуваме колку е возможно до мерките(групирање јок,свадби,концерти,журки-јок).Не дека не ни се оди ама....се друго нормално функционираме.Не сме под стаклено звоно,се мешаме со луѓе-до сега е добро.Од маските немаме мака,се навикнавме,со жешкото потешко ама тоа е,ама да носиме.Не се билдаме со витамини,нормално храна...
     
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.878
    Јас имам во најблиска фамилија ковид доктор од инфективна и знам уште пар други доктори покрај него.
    Да знаете само и карактерно колку се сменети за овие година ипол, неможе ни да замислиме.
    Реанимираат пациенти по 1 саат за да ги спасат, за помлади пациенти буквално плачат и до ден денес. За тазе породените мајки кои починаа уште зборат. За луѓето што плачат и урлаат дека не може да дишат, а нема што да направат, со солзи раскажуваат.
    Знаете која траума ја доживуваат и никако не им се помага?
    Да не зборам за дежурствата и за што има денови кога седат над 36 саата на работа, со пола саат сон.
    Цел живот им е упропастен. Се пропија и пропушија сите. Да, учеле за тоа, специјализирале, ама никој не е спремен да гледа толку смрт во борба за воздух.
    Цел товар е на грб на 50 тина луѓе, помладите најчесто. Тие се тие и што работат.
     
    На Kitten, Billy Idol, dunika и 21 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.377
    Допаѓања:
    90.421
    Пол:
    Женски
    Проблемот е од од горе.МЗ.
    Сеуште нема протокол за матичните лекари.
    Секој лечи како мисли.
     
    На Cka и LejlaD им се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.878
    Многу голем системски проблем има и многу внатрешни несогласувања.
    И по клиникве има доктори кои 2 години пациент не виделе, само потпишуваат извшетаи. Нема никаква координација меѓу брза помош, 8 септември, Инфективна и болниците од другите градови и се е тоа на грб на пациентот. Требаше да се направи ковид центар во секоја поликлиника за преглед на полесни и средни случаи кои немаат потреба од хоспитализација.
    Вака сите земаат упут за преглед на инфективни одделенија по болници, и на тие што им треба стварно повеќе помош, не може да дојдат на ред.

    А не треба за секој пациент ренген, не треба секој пациент да се гледа на инфективна. По параметри на крвна слика уште псоле 5 ден се гледа дали некој ќе влоши. И за тие нема место, и тие чекаат за преглед заедно со 100 други на клиника на кои сатурација им е 98, немаат темп, ама слушнале дека треба преглед и ренген, па ајде дошле. Се троши и време и реагенси на лица кои апсолутно немаат потреба од болнички преглед. Ама матичниот ги пратил, за секој случај или знаат некој доктор од инфективна преку некој 10ти човек па се јавуваат.



    Тие се капацитетите,ама лошо се менаџираат скроз.
     
    На JoyJoy, mal.ecka, GirlRose и 8 други им се допаѓа ова.
  7. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Дека менаџирањето е катастрофа, така е.

    Ама дајте не споредувајте Скопје со другите градови каде е катастрофа, неписмени лечат, пола болници полни со партиски потрчковци. Вена незнаат да погодат, а не пак да дозираат кислород.
    Ставаат луѓе на кислород со сатурација 98!
    Има случаеви погрешен пациент носат за Скопје!
    Повеќето доктори и се потепаа кој да влезе во советничките листи.
    Квалитетните лекари одамна заминаа во странство или приватно.

    Ако немате отидено до некоја од модуларните болници или инфективните одделенија, ве молам не пренесувајте муабети од други, додека не осетите на своја кожа и не видите не коментирајте.
     
    Последна измена: 4 октомври 2021
    На Suhan, Billy Idol, bibiiii и 7 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Цело време неписмени лечат по другите градови, само што сега ептен дојде до израз, оти има огромна побарувачка од медицинска помош.
     
    На Tajnaotrovna, темјанушка и LejlaD им се допаѓа ова.
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    Мене најмногу ми е мака што млади лекари, тазе дипломирани лечат ко скроз неуки, како најпример давање антибиотик за ништо (facepalm)

    Ќе речиш млади генерации, ќе променат нешто ама не бе не :@
     
    На Tajnaotrovna, flower30, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Ќе променат, како не.
    Кој и да се вработи на државно, заглавува во машинеријата, онака како што е веќе дизајнирана.

    А дизајнирана е на мито, корупција и професионална неодговорност.
     
    На Tajnaotrovna, темјанушка, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.864
    Допаѓања:
    202.993
    Пол:
    Женски
    Оти не знаат, се штитат така. А треба да знаат дека може поголема штета да направат. Немаат којзнае каква пракса, за жал.
    Од друга страна, сите доктори на државно гледаат да те откачат што побрзо, никој ништо не гледа, не објаснува, не разговара со тебе, пишуваат извештај ко на норма, и ајде следниот. Ок, разбирам дека има гужва, има различни пациенти, можеби и поитни од мене, ама сум дошла со мака, не од ќеф, посвети ми пет минути барем. Ама не, џабе.
    Во малите градови верувам и полошо е. Ама никој не сноси одговорност за ништо, закони имаме на хартија. Да почнат да преземаат одговорност и да казнуваат за пропусти и лекарски грешки, а не за несредена административна обврска која баш и не е задолжителна, ќе биде поинаку. А дотогаш...
     
    На Tajnaotrovna, темјанушка, Billy Idol и 8 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Истиот проблем се провлекува низ сите теми у ствари:
    Нефункционални институции.

    На калач ни е оформен системот.
    Треба целосна реконструкција.
    А како? Ич немам појма.
    Оти ако препуштиме на природната еволуција, уште 1000 години нема да се смени ништо.
     
    На Tajnaotrovna, KuklickaSk, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.864
    Допаѓања:
    202.993
    Пол:
    Женски
    Тоа башка, ништо не функционира ко што треба од горе, па надолу. Пандемијава уште повеќе ни го докажа тоа.
     
    На Tajnaotrovna, LejlaD, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Чудо е како постои Македонија.
    Да не беа странчиштава и да не им требаше бафер меѓу морињата и бивша Југославија и Албанија, одамна ќе не пуштеа по вода :D
     
    На mal.ecka и Annath им се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    16.975
    Пол:
    Женски
    А како јас еве како иден лекар да променам нешто. Денеска пола саат се молиме со проф, и кажувам дека сме немале никакви вежби една ипол година и на одделот кај што треба да одам 5 дена ќе го поминам 1 ден и тоа со сила. Ми кажува како нема услови, како е хаос во здравстово, а кој треба да обезбеди јас да имам квалитетна пракса за да можам да лечам луѓе. Една ипол година слушалки немам ставено, пациент немам слушнато. Цела држава е дисфункционална. Лесно е да кажете дека докторите се неписмени, ама другава страна на приказната не ја гледате.
     
    На Tajnaotrovna, Billy Idol, noteforself и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    А младите доктори учат од старите, зашто кај нив одат на пракса додека студираат.
    Е сега дали и старите доктори знаат или знаат ама не сакаат да го споделат своето знаење со млад колега за младите да не бидат подобри од нив?
    Има и такви случаи, така да себичноста и алчноста се голем проблем во денешницата и се баш истакнати во области каде воопшто не треба да постојат такви особини.
    Можеби и самата титула доктор со време почнуваат да ја злоупотребуваат, имаме случај во нашата мила Македонија, министер, советници, кандидати за градоначалници... Абе седите си у ординација за тоа сте учеле, политика нека водат овие што учеле за тоа, ама не кај се полесни парите таму.
     
    На FridaodaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Е баш претходниот коментар ми е за ова.
     
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    Најголемиот проблем во малите градови е што сè се знае во пребрз рок. Ние сме генерално неук народ кој ќе обвини доктор дека не дал антибиотик за обична настинка кај дете и тоа ќе го прекажува на цел град мислиш го убил детето, а реално добро му направил.

    Докторите во маливе градови често препишуваат нешто ради предрасуди, да не изгубат на углед.

    Имаше така примери во коронава особено доста. Ако прво даваа само антивиротик, сега даваат антибиотик за најобични симптоми без наод, без секундарна инфекција, без ништо. Зашто ги осудуваа дека "не лечеле".
     
    На JoyJoy, LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    16.975
    Пол:
    Женски
    Џабе е колку и да дадеш се од себе во оваа скапана држава нема место за просперитет.
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    Затоа 90% од квалитетните заминаа, а останатите 10% што биле амбициозни да своето знаење го искористат тука, биле потиснати од системот и оневзможени од општеството. Со чест на исклучоци секако.
     
    На темјанушка, LejlaD и Guns N` Roses им се допаѓа ова.